Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ПАНДО ШИПЕРКОВ (1921-1948)

Par Ташко Мамуровски · Partie 10 sur 42 · Environ 12 minutes

Lire en English

ПАНДО ШИПЕРКОВ (1921-1948)

“...Ако имав и пет такви синови не ќе ми беше жал ако ги дадев за делото на слободата на македонскиот и грчкиот народ...”, 175 вака рече Никола Шиперков на погребот на својот син Пандо.

176 Тој е роден на 10 јануари 1921 година, во с. Смрдеш, Костурско, во сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село, продолжи да учи и да работи шивачки занает кај селскиот шивач Христо Калеа. 177 Учењето на шивачкиот занает му овозможи поблиско да се запознае со прогресивните идеи што ги ширеа напредните младинци во шивачката работилница на неговиот мајстор.

Окупацијата на Грција од страна на германските, италијанските и бугарските фашистички војски, Пандо го затекна како шивачки работник. Но тој, уште претходно напоен со прогресивни идеи, веднаш се определува за борба против окупаторот.

Во јуни 1941 година, Пандо учествува на собирот кој беше организиран по повод одбележувањето на годишнината на битката кај месноста Локвата каде што во 1903 година, во нерамна борба со турскиот аскер загинаа 13 востаници од селските чети, меѓу кои и од с. Смрдеш.

178 На 1 јули истата година, група антифашисти од селото го искористила традиционалниот селски собир, кој се одржувал секоја година на месноста Св. Врач, за да го манифестира отпорот спрема окупаторот и да ги сузбие почетоците на бугарската фашистичка пропаганда во Костурско. На собирот дојде дури до физичко пресметување со бугарските емисари 175 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ во Скопје. Скопје, 1973, дел III /бисти/, стр. 165. Ракопис, се чува во ИНИ.

176 Овој прилог, од истиот автор е објавен и во Гласникот на ИНИ, Скопје, 1982, XXVI, бр. 2-3, стр. 279-284. Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.

177 Според сеќавањата на Коста Шиперков, од село Смрдеш; борец во НОБ.

178 Според сеќавањата на Васко Макриевски, од истото село.

каде што италијанските карабинери употребија и воено оружје.

Во овој судир Пандо покажа голема храброст. 179 Во есента 1941 година, во родното село на Пандо Шиперков беше формирана првата комунистичка ќелија на КПГ. Пандо како член на таа организација активно се вклучува во борбата против окупаторот. Таа негова активност без прекин ќе трае се до неговата смрт.

Во почетокот на 1943 година, во с. Смрдеш почнуваат подготовките за формирање на партизански одред кој би го составувале партизани од родното село на Пандо Шиперков и од другите околни села.

Во доцното лето истата година, Пандо Шиперков со група истакнати истомисленици од селото Смрдеш и од другите околни села одат во партизани.

180 Од овие и од други македонски борци формиран е одредот “Лазо Трповски”. 181 За прв командант на одредот е именуван Наум Пејов, а за политички комесар Димитар Шишковски. Подоцна, односно во пролетта 1944 година, борците на одредот “Лазо Трповски” беа вклучени во составот на втората чета, во втроиот баталјон на

28-от полк на ЕЛАС.

Пандо Шиперков учествува во сите борби што ги водеше вториот баталјон на 28-от полк на ЕЛАС на теренот Вичо

182 под команда на Аристотелис Хутурас-Аријанос. Од најзначајните борби можат да се истакнат борбите за разоружување на контрачетите, нападот на германските позиции на планините Бигла и Вичо, прифаќањето и разоружувањето на ерменските единици кои беа вооружени од Германците и распоредени на теренот Лерин – Корча и други.

179 Според сеќавањата на Мичо Каранџовски, од истото село.

180 Според сеќавањата на Васко Макриевски и Мичо Каранџовски...

181 Според сеќавањата на Минчо Фотев, од гратчето Рупишта.

182 Истото.

183 Истото.

Но, и покрај искреното настојување на македонските партизани, по пат на заедничка борба против окупаторот и домашните предавници да докажат дека се за заедничко и рамноправно живеење со Грците во егејскиот дел на Македонија, раководството на КПГи ЕЛАС во Костурско продолжуваше да води политика на сомневање и недоверба спрема македонските партизани. Во знак на протест, една група борци, која служеше во вториот баталјон на 28-от полк на ЕЛАС, согледувајќи го опортунистичкиот и шовинистичкиот став на грчкото раководство на отпорот спрема Македонците од овој дел на Македонија во почетокот на мај 1944 година ги напушти единиците на ЕЛАС и премина во Вардарска Македонија каде во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада ја продолжи борбата против окупаторот на планината Караорман.

184 Заедно со групата македонски партизани во вардарскиот дел на Македонија премина и Пандо Шиперков.

Споменатата група македонски партизани од Костурско, во состав од околу 30 борци, во почетокот беше распредена во првиот баталјон на македонско-косовската бригада. Подоцна од истите партизани беше формирана посебна чета.

На 20 мај 1944 година, во селото Селце, под Карорман беше формирана првата партиска организација составена исклучиво од Македонци од Костурско, во чиј состав меѓу другите влегуваше и Пандо Шиперков.

185 На 8 јуни истата година, во селото Локов дојде до формирањето на Првата македонска ударна бригада, во чиј состав влегоа сите борци дојдени од Костурско и Леринско. Тие претставуваа посебна воена единица. За командант на Првата македонска ударна бригада беше именуван Вангел Чукаловски, а за политички комесар Никола Тодоровски-Канински.

Во втората половина на јуни 1944 година, во составот на Првата македонска ударна бригада се приклучи уште една група 184 “Егејска Македонија во НОБ, 1944-1945”, Т. I, Ахрив на Македонија Скопје, 1971, док. 105, стр. 118-119, док. 106, стр. 119-121, док. 107, стр. 121-122, док. 112, стр. 126-128 и док. 116, стр. 130-133.

185 Според сеќавањата на Васко Макриевски и Мичо Каранџовски...

Македонци од Костурско – борци на ЕЛАС и активисти на организацијата СНОФ во состав од околу 45 лица.

Кон крајот на јуни, борците од Костурско формираа посебен баталјон. Овој баталјон беше прва поголема македонска партизанска единица во вардарскиот дел на Македонија, составена од борци од делот на Македонија под Грција.

Командант на баталјонот беше именуван Атанас Коровешов.

Пандо Шиперков беше назначен за политички комесар на втората чета во Баталјонот.

186 Во првата половина на јули 1944 година, по спогодбата на КПГ и КПМ, Костурскиот македонски баталјон добро опремен со оружје се врати во Костурско со цел да ја продолжи борбата до конечното прогонување на окупаторот.

187 Шиперков и неговите другари требаше единствено со борба да докажат дека Македонците од Егејска Македонија во ништо не заостануваат во борбата на народите на Балканот за конечно прогонување на окупаторот и за извојување на своите национални и социјални права.

На 2 август 1944 година, во слободното село Поздивишта, Костурско, беше формиран посебен македонски баталјон кој го доби името “Гоце”. Основно јадро на македонскиот баталјон претставуваа борците кои дојдоа од Караорман, и кои биле напоени со офанзивниот борбен дух на југословенската партизанска војска.

188 Баталјонот влезе во составот на 18-от полк, односно во IX-та дивизија на ЕЛАС. Во овој баталјон, Пандо Шиперков беше назначен за политички комесар на чета.

Тој учествуваше во сите борби кои ги водеше баталјонот “Гоце” 186 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Николова /Вера/, од село Дмбени...

187 Писмо од Благоја Талески, секретар на Вториот областен комитет на КПМ од 30 јули 1944 година, до ополномоштвото на ЦК на КПМ во Скопје.

Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941-1945.

Т. I. Кн. 5 ИНИ, Скопје, 1975, док. 26, стр. 102.

188 Извештај од Трајче Грујовски, член на Вториот областен комитет на КПМ, од 3 август 1944 година, до Благоја Талески, секретар на Вториот областен комитет и до Лазо Хаџи Поповски, член на Вториот областен комитет. Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-

1945. Т. I., кн. 5. ИНИ, Скопје, 1975, док. 36, стр. 138.

против окупаторот и домашните предавници, и во една битка, во с. Зеленич беше ранет во ногата.

Кон крајот на септември и почетокот на октомври 1944 година дојде до повторно недоразбирање помеѓу македонските партизани во Костурско и Леринско и раководството на КПГ и ЕЛАС. Командата на ЕЛАС со наредба одлучува да го расформира баталјонот “Гоце”. Борците на баталјонот енергично и се спротивставуваат на оваа опортунистичка одлука на КПГ и ЕЛАС и повторно преминуваат во вардарскиот дел на Македонија.

189 Тие се приклучуваат во редовите на македонската војска, и влегуваат како посебна единица во составот на 49-та дивизија на НОВ на Македонија.

Од новопристигнатите борци од Костурско и Леринско и од редовните борци на македонскиот костурски баталјон, во с.

Граешница, Битолско се формира посебен баталјон. За командант на баталјонот бил именуван Атанас Коровешов, а за политички комесар Пандо Шиперков. Пандо, со баталјонот кој го сочинуваа Македонци од Костурско и Леринско се врати на теренот во Костурско за да учествува во борбите со окупаторот кој се повлекуваше од овој терен и да го подигне моралот и духот на македонското население кој беше сега двојно нападнат, т.е. и од окупаторот и од раководството на ЕЛАС. Тој во својство на политички комесар на Баталјонот успешно им се спротивстави на окупаторите, а воедно водеше и морална борба со единиците на ЕЛАС, односно со своите поранешни другари и секогаш им докажуваше дека никој нема право да ја оспорува самобитноста на македонскиот народ во рамките на грчката држава. За жал, баталјонот беше нападнат од една единица на ЕЛАС на планината близу до неговото родно село и, за да се избегне крвопролевањето, Пандо со баталјонот, преку Албанија, по трет пат преминува во вардарскиот дел на Македонија, односно во слободна Битола каде се вклучува во штотуку формираната Прва ударна бригада на Македонците под Грција составена од борци од Леринско, Костурско, Воденско, Кајларско и други.

189 Според сеќавањата на Васко Макриевски и Мичо Каранџовски...

Во својство на политички комесар на баталјон во Првата народноослободителна ударна бригада на Македонците под Грција, Пандо учествува во ликвидацијата на балистичките банди во Гостиварско, Тетовско, Кичевско итн.

Во мај 1945 година, односно по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција, Пандо Шиперков стана политички комесар на погранична единица на КНОЈ во Гевгелија, со чин капетан /прва класа/.

Во пролетта 1946 година, Пандо Шиперков, по свое лично барање беше ослободен од ЈНА и се стави на располагање на Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија. Во јули истата година, по директива на НОФ заминува во егејскиот дел на Македонија на теренот Вичо каде беше поставен за командант на македонските партизански единици кои се бореа против новите грчки десноориентирани власти и англиските интервенционисти.

Во ноември 1946 година, со обединувањето на грчките и македонските партизански единици, Пандо беше поставен за командант на заедничкиот штаб на ДАГ во Вичо.

190 Кога кон крајот на 1947 година партизанските штабови на ДАГ беа реорганизирани во редовни формации, односно баталјони, бригади итн. Пандо беше поставен за командант на баталјон.

191 Пандо Шиперков на сите горенаведени должности покажа извонредни воени и организациони способности и храброст.

Под негово лично раководство беа организирани и извршени многубројни воени операции на партизанските единици на ДАГ на секторот Вичо и Грамос како што беше битката на Невеска, Лерин, Лунѕер, Пресека, во Сорович, селото Емборе и други.

190 Врз основа на постигнатата спогодба помеѓу претставниците на НОФ и претставниците на КПГ, од 21 ноември 1946 година беше формиран и Штаб на ДАГ “Вичо” во состав: Пандо Шиперков, командант; Козмас Спанос-Аминдас, комесар и Михали Апостоловски-Гранит, интендант. Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ..., стр. 165.

191 Истото: стр. 165.

Вреди да се нагласи дека Пандо се истакна и како верен активист на организацијата НОФ за Егејска Македонија. На Првиот конгрес на НОФ, на кој учествуваше како делегат, тој беше избран за редовен член на Главниот одбор на НОФ. 192 На 8 март 1948 година, во месноста Св. Илија, меѓу селата Граче и Папрацко во Костурско, во една битка што ја водеше Пандо со својот баталјон, една непријателска топовска граната безмилосно го покоси и стави крај на неговиот борбен живот.

193 За делото и личноста на Пандо Шиперков се искажаа многу личности од раководството на ДАГ меѓу кои и Ѓорѓис Кикидас, заменик командант на Главниот штаб на ДАГ. “... Пандо Шиперков, изјавил Кикидас, беше еден од најспособните, најдобрите и најхрабрите команданти на ДАГ. Главниот штаб на ДАГ, ценејќи ги тие квалитети на Пандо, имаше одлучено да го постави за командант на бригада и понатаму на дивизија.

Неговата прерана смрт ја оневозможи реализацијата на оваа одлука на Штабот...”

194 М. Царас, капетан на ДАГ, кој служеше во баталјонот на Пандо Шиперков, за неговата личност има речено: “...Тоа простодушно Македонче од Смрдеш ја владееше тајната која ги пленуваше срцата на борците... Неговиот збор беше закон за нас борците... Суров како Васил Чакаларов, скромен како Пандо Клјашев, мислиш дека беше надарен од природата со дарбите на двата легендарни војводи од неговото родно село... Калеш, со врзана снага, со широки плеќи. Кога газеше и скокаше ти ги носеше во паметта орлите со широки крилја на планините во 192 “Егејска Македонија во НОБ, 1948”, Т. V. Ахрив на Македонија, Скопје, 1981, док. 16 стр. 45.

193 Пандо Шиперков. Чест и слава на паднатите борци. Глас на Егејците, Скопје, 1953, јуни, IV, бр. 35, стр. 3.

194 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонсиот народ..., стр. 165.

родниот крај... Тој што одеше во неговиот баталјон не сакаше да се оддели од него...” 195 Пандо Шиперков, како капетан – прва класа – на ЈНА беше одликуван со Орден за заслуги на народ. Исто така и како командант на ДАГ тој имаше повеќе пофалби и одликувања.

Животниот пат на Пандо Шиперков, иако многу краток, ќе им служи како пример на младите генерации од неговата татковина Македонија, бидејќи тој пред себе си имаше поставено за цел – борба против окупаторот и домашните предавници, борба за национално и социјално ослободување на својот народ и борба за правото на македонскиот народ на своја самобитност и посебност.

195 Н. Китопулос, Пандо Шиперков. Во кн. “За света народна слобода”.

Ликови на паднати народни борци, 1962. Политички и литературни изданија, стр. 306.