ГЛАВА СЕДМА Идеолошка караница за “кој повеќе ја сака Македонија и кои со кого - Part 03
56 Резолуцијата на Инфорбирото, ПБ на ЦК на КПГ ја прифати на 30 јуни 1948 година, а ЦК на КПГ на својот Четврти пленум, одржан на 28 и 29 јули 1948 година 57 Случајот го паметам како денес и се уште при секое потсетување во овие изминат 64 години, ми носи горчина.
Нашата единица која вршеше минирање на одредени борбени сектори во областа Вичо и Бела вода, беше привремено стационирана во селото Буковиќ. Еден ден се вџасив, кога видов колона од полуголи и гладни старци: родители на кои децата им беа насилно мобилизирани во единиците на ДАГ, а некои и погинати. Логорот беше лоциран меѓу месноста на селата Бесвина и Буковиќ.
58 Според Владимир Дедијер, Титов дипломат и разузнувач, бригадниот генерал Фицрој Меклин спаѓа во врвот на разузнавачите во Британија и Европа во тоа време! Меклин бил личен пријател на Черчил, а како негови достигнувања се смета тоа што прв дознал и јавил за постигнувањето на тајниот пакт помеѓу Хитлер и Сталин, како и откривањето на плановите и движењата на германскиот генерал Ромел во севера Африка.
Меклин е определен да организира контакти и сојузничка подршка за партизаните на Тито. Тој дошол во Југославија во 1943 година спуштајќи се со падобран заедно со радиотелеграфистот Бил Дикинс, задолжени за контакт со партизаните. Меклин бил дипломатски службеник во Москва и имал искуство и сознанија за комунистичката идеологија и дејствување. Тито посебно го ценел Меклин. По војната го сметал за свој пријател и му подарил куќа на островот Корчула.
Фицрој Меклин ја посетувал куќата на Корчула речиси се до својата смрт, во март 1996 година.
59 На 23.04.1945 година, во Скопје, во просториите на ЦК на КПМ, формирана е организацијата НОФ (Народно Ослободителен Фронт) на Македонците под Грција. Во составот на оваа организација се формирани АФЖ и НОМС. Од формирањето се до т.н. “Братство и единство” помеѓу НОФ и КПГ, НОФ дејствуваше спрема директивите на КПМ/КПЈ, а по тоа помина под команда на КПГ се до ликвидацијата на ДАГ и нејзиното расформирање, а нејзиното раководство, беше интернирано во логорите на Сибир.
60 Холокауст: жртви што горат во ритуален пламен или жртви што страдаат во пожар - (терминов се употребува и за страдањето на Евреите во фашистичките крематориуми.)
61 Евангелос Кофос, студирал на универзитетот “Џорџтаун” во САД и дипломирал на темата “Македонското прашање”. Кофос е идеологот на грчката политика кон нашата земја во однос на името. Во клучните години, кога се решаваше нашата судбина за признавањето на државата, приемот во ООН, се до крајот на 1995 година, или нешто подоцна, тој беше шеф на штабот при грчкото МНР, кој го отвори и го менаџираше спорот. Сите овие години работел на “Македонското прашање”. Во 50-тите години е и периодот по 1991-та, кога тој се обидува да го затвори ова прашање. Еднаш за секогаш . Тој е идеологот и архитектот кој ја дефинирал суштината на грчката политика во спорот.
Има издадено неколку книги преку Институтот за Балкански студии во Солун. Една од нив е: Кофос, Евангелос, Nationalism and Communism in Macedonia (Tesaloniki: Institute for Balkan Studies, 1964)
62 Нејскиот мировен договор: Како земја - губитничка во Првата светска војна, Бугарија потпиша мировен договор со кој изгуби многу своите теритоии. Така, Добруџа припадна на Романија, Тракија на Грција, Струмица, Димитровград (Тогашен Цариброд) и Босилеград на Србија. На страната на бугарската армија се бележат 8.750 мртви војници и офицери и 152 илјади ранети, додека на нејзината територија имало 275 илјади цивилни жртви.
63 ОЗНА и односно УДБА (Одделот за заштита на народот -Управа за државна безбедност), КОС (контра разузнавачки сектор на ЈНА), и СИД (Служба за информирање и документација при Министерството за надворешни работи на Југославија).
64 Специјален Титов разузнувач бил и Иван Караиванов, агент на советската НКВД и инструктор на Коминтерната.
Непосредни соработници и инструктори на генералот Маркос Вафијадис биле и: Ѓуза Радовиќ, Обрад Трниниќ, Мило Врбица, Велимир Доцниќ, Светислав Стојановиќ и Петар Луциќ, сите од КОС на Србија. Слободан Марковиќ имал задача по потреба илегално безбедно да го донесе и враќа од Белград генералот Вафијадис. (Види: КОС и УДБА - Акциите и документите на тајните служби).
65 Александар Ранковиќ, со партизански прекар Марко, е роден на 28 ноември 1909, во околината на Обреновац, Србија, творец на КОС и УДБА и нивна жртва.
66 Неколку дена пред Новата 1945 година, во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, означено и како вонредно, на кое жвеликанотж Јосип Броз не доаѓа. Го праќа Словенецот Едвард Кардељ - Бевц. Магепсан од величината на гостинот, Колишевски понизно го слуша, а тој пак, без стеснување, на заминување му соопштува непријатни работи.
Ближи крајот на војната, му рекол Кардељ на Колишевски, а со тоа ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на македонија има пет големи минуси:
најдоцна почна со востанието, најудобно ја мина окупацијата, имаше најмали разурнувања, имаше најмалку жртви и, конечно, не учествуваше во ослободувањето на Југославија.
Лазо избезумен го прашува Кардељ, што да прави. Овој ладнокрвно му вели: Првите три работи не може да се исправат.
Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и да стрела, а вие да пратите голема единица на Сремскиот фронтж.
Поопширон: Дарко Јаневски “Фокус”: “Дали знаеме се за бунтот на кале во јануари 1949 година.” 67 Германос Каравангелис роден е во 1866 година во с. Стипси на островот Лезбос. Го завршува минхенскиот Универзитет со голем успех и желба му била да се оддаде во просветата како професор по теологија, но по барање на грчката влада во 1900 година е назначен за Митрополит на Костурската Епархија.
Каравангелис за кратко време по сите костурски села создава цела мрежа од свештеници, учители и други, кои ги поткупуваше со златни лири. Тој во овие свои спомени детално ги опишува акциите и најсуровите методи што ги вршел при погрчувањето заедно со Павлос Мелас, началник и организатор на грчките андарски чети, кои се појавија во Македонија во
1901 година.
68 ПАО - Пауџидес (Сегрчка ослободителна организација) која ја сочинуваа поранешни полициски началници и офицери на поранешната грчка армија (ЕС) и други разни националистички антинародни елементи. Организацијата ПАО во соработка со воено-окупационите власти се обидуваше во редовите на ЕЛАС да инфилтрира свои офицери и агенти со задача да ги ликвидираат партизаните Еласити комунисти. Такви инфилтрирани офицери како Кирцидакис, Зисис и Мандаропулос беа осудени и физички ликвидирани кон крајот на април 1943 година.
69 На седницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македоннија, формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “...Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политика на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомакедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикетата ‘агент и непријател на народот’ и ‘Титови агенти’ и.т.н.” Сликата е направена во Алмата, по излегувањето од сибирските затвори. Но, по меѓусебните политички распави, кога сите дојдоа во Скопје, а Павле Раковски, посака да се вратат кај борците во Ташкент и да побараат од КПГ одговорност, тие го прогласија за руски шпион. И кога сите се вратија во Скопје му ја “посекоја” главата и пред Југословенскиот режим го прогласија за руски шпион. А токму во тој период на време беше најжестоката расправија по меѓу Стали и Тито. Сликата ја објави Драган КЛЈАКИЧ во книгата “Генерал Маркос” во 1979 година.
*** III дел
*** РАКОВСКИ 3 ГЛАВА ПРВА Како и кои беа тие што ја решаваа судбинат на Македонците под Грција во годините на Граѓанската војна
(1940-1949)
Сувогорски извади една вкоричена книга со наслов ЗА МАНИПУЛАЦИИТЕ И ЛИЦЕМЕРИЈТА НА КПГ НЕПОБИТНИ ФАКТИ Од Мемоарите на Маркос Вафијадис ЗА ИЗВРШЕНИТЕ ПОЛИТИЧКИ МАНИПУЛАЦИИ И ЛИЦЕМЕРИЈА НАД МАКЕДОНЦИТЕ ШТО ГИ ВРШЕЛЕ ГЛАВНИТЕ ВОДАЧИТЕ ВО ГРАЃАНСКАТА БИЛЕ:
МАРКОС ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА И ЗАХАРИЈАДИС СЕКРЕТАР НА КПГ ЗНАЧИ ГЛАВНИТЕ АКТЕРИ ШТО ЈА ПРОЕКТИРАА И РЕШАВАА СУДБИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ГОДИНИТЕ НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА (1945-1949) СЕГА СЕ ЗНААТ, А НИЕ МАКЕДОЦИТЕ ДОЖИВЕАВМЕ ГЕНОЦИД И МОЛЧИМЕ!
ДА ГИ ПРОСЛЕДИМЕ СИТЕ МАНИПУЛАЦИИ И ЛИЦЕМЕРИЈА ШТО СЕ ПРАВЕНИ НАД МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕКУ КПГ (НОФ И АФЖ-КОЛИШЕВСКИ И ТИТО .
ИЗВОРОТ: ΤΟ ΑΡΗΕΙΟ ΤΟΥ ЕMΦΥΛΙΟΥ (Воениот архив на Грција за Граѓанската војна)
Каква беше политиката на ККЕ (КПГ) по Македонскато прашање!?
Следи од оставината на Генерал МАРКОС ВАФИАДИС:
Η πολιτική του Κ.Κ.Ε. για το “Μακεδονικό” από τον Μεσοπόλεµο ως τον Εµφύλιο σύµφωνα µε τον Μάρκο Βαφειάδη (4 Ιωάννης Φιλίστωρ 4 Μαρτίου 2011)
Превод:
Политиката на КИТ 3a “Македонското прашање" од меѓувојните до Граѓанската војна согласно исказите на Марко Вафијадис.
(4. Иоанис Филистор. 4 Март 2011)
А за нас Македонците кој е Маркос Вафијадис!? Колонист од Средна Азија, грк по род, во Македонија доселен е 1924 година и вработен како тутуноработник. Тој, по Граѓанската војна, се врати во Грција, на Атинскиот аеродром го дочека началникот на генералштабот на воените сили на Грција за време на Граѓанската војна, и од се срце се прегрнаа. На прашањето на новинарката од неделмикот АЕпикера". Во што беше смислата на неговата борба, Маркос одговорил: “Смислата беше во тоа што ги протеравме Славомакедонците од северните краеви на Грција и Македонија да остане грчка." Види “Нова Македонија", 25. 02. 1992. Ете зошто се борел во Граѓанската војна како комунист, а ние се саможртвувавме затоа што им верувавме на комунистите дека ни го решат - “Македонското прашање".
Во 1946 Захаријадис со договорот Тито-Паскал-Захаријадис им ја дава цела македонија заедно со Солун, како и на 5-от пленум во 1949, објавено дека се решева и за секогаш и незавсна и со нејзините државнички надлежности и за Тракија, нарушувајќи го бесрамно договорот Ha б6-от Конгрес на КИ за малцинствата...
Паскал Митровски од должноста секретар на политичката комисија на Македонците под грција, по решение на ЦК на КПМ на почетокот на февруари 1945 година замина за Белград со цел да ја посетуава тримесечната партиска школа, која беше организирана од LIK на КП на Југославија (Види: Паскал Митровски и неговото време 1912-1978, од 1992 година)
Зошто паскал е поставен за министер, Маркос и Тито тврдат: Се согласувам со вафијади секогаш, промената на политиката на Захаријадис на 5-от Пленум и свртувањето кон KOH “ Независна Македонија”, се направи со цел за да ги активира луќето од Македонија-Македонците славомакедонци масовно да учествуваат во редовите на ДАГ, оделувајќи ги од водачот нивни Паскали од воената-политичка послушност кон Тито и Југославија,што веќе по раскинувањето со Сталин.
ТУ дел ДОСИЕ За херојот на романот “Талкачи” Добрин Сувогорски-Гоце (Павле Раковски-Гоце), син Мара и Мијаиле, роден на 23 мај 1913 година во село Долно Клештина, Леринско.
N:Акт.АО-238 (Тајшед логор О-41)
N:Акт. Бр.К19-126/2 (Скопје “Ресенска” 6/1-4)СРМ Почина на 10 февруари 1990 год. во Скопје
*** Оставина под бр.1881/81 сл.IV.905 str. 52, ИНИ. Што зборуваше Раковски за сите соборци, а како му вратија тие најубаво сведоштво е романот Талкачи Иронијата на животот читателот најдобро ќе ја разбере.
*** ДОКУМЕНТ БР; А-176 Социјалистичка Република Македонија ИЗВРШЕН СОВЕТ НА СОБРАНИЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДО ПАВЛЕ РАКОВСКИ СКОПЈЕ Ул. “Ресенска” бр 6/1-4 Во одговор на Вашата жалба испратена до м-р Глигорие Гоговски, претседател на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија во прилог Ви доставуваме одговор на републичкиот комитет за труд, здравство и социјална политика бр. 13-5935 од 5.10 1989 година Прилог 1 ШЕФ НА КАБИНЕТОТ Душан Стојанов
*** ПОСЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА СУВОГОРСКИ ПОСЛЕДНОТО ПРЕДАВАЊЕ НА СУВОГОРСКИ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) ЗА НАС МАКЕДОНЦИТЕ (ПОСЕБНО) ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НА ВОЈНАТА; КОГА ИДЕОЛОГИЈАТА СЕ ИМАШЕ ПРЕТВОРЕНО ВО ТЕРОР. ТОГАШ НАД МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОЈАВИ КАКО НОВА ФОРМА НА ВЛАДЕЕЊЕ ОД СТРАНА НА КПГ.
Сувогорски, го положи ракописот над една расклатена маса, завзеде став и се вдаде во прелистување на пожолтените белешки со течно објаснување на историските настани во кои и тој бил член во една од ново оформрните организации НОФ и сега признава како дисциплинирани и полека ги прифаќал потскриените намери КПГ за нашето обезмакедончување и вели: “Колективната и поединечната траума се уште се отворена македонска рана. Македонскиот народ е избришан од својата родна вековна земја и прогласен за виновен. Секој слободноумен човек ќе се запраша: Како може народ кој дал 20.000 жртви, доживеа ГЕНОЦИД И ДА БИДЕ ВИНОВЕН!?”
*** Долго остана занемен,чиниш чекаше одговор од нас уплашените наседнати над расклатените железни кревети. Но, во еден миг продолжи: (Забележав дека отворена му беше книгата од ХАНА АРЕНТ, род. 1906 г. во Германија -ИЗВОРИТЕ НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ и рече:
- СО НАПУШТАЊЕТО НА БОЛШЕВИЧКА ИДЕОЛОГИЈА КПГ СЕ ПРЕТВОРИ ВО МОДЕЛ НА ТЕРОР, КАКО НОВА ФОРМА НА ВЛАДЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЦИЈА.
Македонски организации НОФ и АФЖ, сега под диктат на КПГ се забележува од нивната идеолошка содржина и пропагандните слогани, беа кои служеа за агитирање и барање да бидат спроведувани. Сега КПГ како господар со своите пропаганди и лаги, го прави тоа што до вчера го правеа овие македонски организации во корист на КПЈ.
Или поточно, ја влечеа, ја туркаа се подалеку Македонија од реалната суштина по Втората светска војна. Можеби на почетокот имале други мотиви, но покасно почна да царува стравот. Од страв луѓето станаа зли, сурови и подли, а некои дарежливи и добри.
За нас Македонците под Грција, се влечеа дебели конци од надвор и четири години не лажеа нас Македонците со извртената слика за нашата македонска вистина и желби за обединета Македонија.
Така почна демакедончувањето од страна на комунистичките партии и стана континуиран процес. Македонците се најдоа поделени и приврзаниците кон КПГ или кон КПМ/КПЈ кои до вчера нудеа “Обединета Македонија” сега тоа го прави КПГ и целата акција ја води генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис.
Тоа се случи по истиот начин на кој Сталин ја имаше сменето руската еднопартиска диктатура во тоаталитарен режим, револуционерните комунистички партии по целиот свет во тоталитарни движења, беше преку ликвидирање на фракциите, напуштање на внатрешно-партиската демократија и трансформирање на националните комунистички партии во ограноци на Коминтерната раководени од Москва. Сега Захаријадис, настапува по истиот модел.
Тој лично на 5-от пленум на ЦК КПГ паролата (фрлајки ја идеолошката јадица) официјално вели: “Хероизмот на Славомакедонците и таквата самопожртваност е што предизвикува восхит”.
А пак во реалноста кај нас Македонците животот беше сосема поинаков: она што ни се случуваше од комунистичките партии КПГ и КПЈ, македонските oрганизации НОФ и АФЖ, (вклучувајќи ме и мене како РАКОВСКИ) кои имавме изгубено контакт со реалниот свет на македонскот народ му ја пеевме истата песна и сега ЗАХАРИЈАДИС продолжувавме да лажи да правиме планови за иднината наша, а децата - Македончиња, веќе беа протерани низ светот, а тоа преставуваше еден дел како да е извршен планираниот геноцид.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/22 on October 29, 2026