Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Wanderers

“ОЛА ГИА ТОН АГОНА, ОЛА ГИА ТИ НИКИ!” (СЕ ЗА БОРБАТА, СЕ ЗА СЛОБОДАТА!) - Part 02

By Стојан Кочов · Part 14 of 26 · About 19 minutes

Read in English Read in English Read in Македонски

- Примери има безброј и сите ја потврдуваат историската вистина дека грчките пропаганди во Македонија под Грција жестоко се бореа за секое семејство, применувајќи најжестоки методи, сила и терор дури и за да ги присилат, на се и сешто. Си намнисувам кога Македонците ги присилуваа да ги прокопат иконите од светците и да се сменат со грчки светци, напишани на грчки. Нашите дедовци и баби велеа “Бог да чува со овие Грци? Зарем и господ Бог така ги дели луѓето по смртта?” Штама и туку одеднаш закрцка силно неговиот кревет и Божин Ристуичин, поднасрден и напнат рече: Ние Македонците доживеавме, нашите предци да се раѓат како Македонци а да се закопуваат како Грци. Бог да им е напомош на овие Грци!??

Ете, таков беше нашиот живот и сето наше верување беше да живееме барем во една хумано Комунистичко општество, но се покажа дека и кај комунистичките лидери, ние Македонците ги доживеавме истите методи,прво ни ги мобилизираа душите, а потоа се покажа дека и во Граѓанската војна 1945-1949 година и тоа “братство-единство” било време на лаги. Тоа беше време кога секој посакуваше да поседува црвена книшка како комунист. И кога се најдовме во тие редови како што велеше дедо ми со поговорката: “Кога ќе се најдеш помеѓу слепите и ти мораш да го замижиш едното око...” Сите, наседнати се најдовме со иронична насмевка, па дури и кај Сувогорски насмевка му беше доста изразита.

Му реков: – Ти ни велеше: “Го гледате ли она стрмно место?

Оттаму почнува искачувањето до слободата. Го гледате ли она езеро, онаа река, оној бунар? Таму на дното седи слободата. Го гледате ли она ниско, потсушено дрво, несреќно? Таму виси слободата. Го гледате ли својот врат, својот грклан, своето срце? Тука е спасот од ропството.” Ми побара чаша ладна вода... По неколку голтки ми вели:

-Да, но историјата не учи (ако учиме од неа) дека е нужна промена на власта, нова состојба на духот во која свеста за демократија, толеранција, човековите права и слободи ќе доминираат.

Сега се чудам; дали такво нешто би можело да се случи во мојата мала поделена земја?

Револуционерните идеи се раѓаа од противставеноста меѓу тиранијата и неправдата, од една страна, и надежда за подобар свет, од друга страна. Ние комунистите не верувавме во Бога, туку посакувавме радикално раскинување со постојаното општество. Со револуција се бараше да му се спротивставиме на секој континуитет и да поставиме нов почеток на историјата.

Вие знаете што вели Сартр, кој е атеист, а не христијанин, во своето дело “Егзистенцијализмот е хуманизам”. Тој вели: “Дури и да постои господ, ништо не би се изменило; тоа е наше мислење. Ние, се разбира, не веруваме дека господ постои, но и не е работата во неговото постоење; човекот треба да се снајде самиот и да се убеди себеси во тоа дека ништо не може да го спаси од него самиот, па дури и да е тоа доказ за постоењето на господа. Се зависи од внатрешното чувство, од она вистинскот кое е во согласност со вас и со светот.” Му реков: – Значи, вашата критика спрема тогашното општество, беше на постојната реалност и го нудевте на она што би требало да постои. А нели во таа насока ве тераше љубопитноста кон иднината и потребата човек на нешто да се надева?

А знаеме дека сето тоа му е својствено на човечкиот дух. Но зошто толку многу ги маргинализиравте националните интереси на угнетените од малцинствата во Грција?

Ми одговори: – Во почетокот за да ги придобиеме масите, тајната на успехот на нашето комунистичко агитирање требаше да го посочиме на следното: да се размножат и увеличат националните чувства, навиките, страстите и условите за граѓанскиот живот на сите, така да се добие нешто како хаос, во кој што никој да не е во состојба да разбере каде се наоѓа во таа бркотница. Тука ја чувствувам мојата поданичка свест спрема мојот народ, оти се покажа дека само така најлесно можеше селанецот наш да се најде во еден таков хаос и потоа лесно беше со него да се манипулира.

Новиот ред за Социјализам во Грција што го прокламиравме се претвори во нов неред во кој ново-старите моќници се подржани од најсилните на светот.

Беше отворена големата врата (со поделата на свери на влијание во Јалта) на целосна американска доминација над Грција.

Се случи токму така како што вели Ерих Фром (1900-1980г)

германскиот психоаналитичар: “Желбата за моќ нема корен во силата туку во слабоста” ГЛАВА ВТОРА

(Само) жртвување на Македонците и ништо не оставивме зад себе.

1. Пред да му се обратам на Сувогорски се присетив на омилениот и многу читан руски писател Андреј Тарковски. Тој пишуваше:

“Човекот треба да тежнее кон духовни величини.Должен е зад себе да остави нешта што луѓето ќе ги толкуваат илјадници годни, а не руини што ќе се споменуваат само кога ќе се зборува за катастрофа.” Андреј Таркопвски (1932-1986 г.) руски писател Првото прашање што му го поставив на Сувогорски беше:

- Дали ние Македонците можевме да ги сочуваме родните огништа од тие пропаганти по Втората светска војна? Зарем на нас Македонците ни требаше Граѓанска војна!?

Која е вистината? Кој и како ја режирал судбината за геноцидот над Македонците во Грција? Како и за кого се (само)

жртвувавме, па го изгубивме вековниот татков дом во кој беа всадани прадедовските и нашите души, па сега станавме талкачи по светот? Зарем толку лукаво се однесуваа комунистите? Каков бил тој комунистички морал?

Со тажен опул во мене, Сувогорски го затај гласот, се подвитка и како да му гори оган во стомакот, замолча, а јас со сета жестокст продолжив.

Дали ние Македонците во тој период на време имавме заедничка македонска револуционерна платформа?

Сувогорски, мe загледа испитувачки, а јас настојчиво го гледам во очи и прашувам, а тој ми вели:

- Во тоа време ние македонските комунистите, кои живеевме во Грција и Југославија и Бугарија немавме никакви контакти.

Јас лично бев и денес стојам на тоа дека ние Македонците еднаш за секогаш моравме да ставиме точка на тој штетен македонски синдром, бидејки во спротивно може многу да изгубиме. И тоа се случи.

Со прашања што беа од национален интерес на Македонците во Граѓанската војна не смеевме да имаме пазарење или ќарување ситни дневнополитички поени, ниту, пак, различни толкувања, бидејќи од нас Македонците не зависеше ништо, ама баш ич ништо. Вештачки се креираа фами.

Сувогорски, здивна длабоко и ми рече: “Тешко е да бидеш човек роб на Грците, не се разликуваат со ништо дали се комунисти или монархисти” И? Што се случи?

- Контактите се остварија во текот Втора светска војна. (1940-

1943) година.

Покраинскиот комитет на КПМ повеќето членови на ПК биле членови на КПЈ, се до 1940 годна, бил организиран и формиран во април 1940 година, а на 8 септември 1940 година одржал прва Покраинска конференција на КПМ и прифатил Македонска револуционерна оптимална програма. Во Прогласот се вели: “Илинден е денот на македонската револуција и светло и чисто македонско знаме”. А во резолуцијата пишуваше: “Политиката на национално потисканје, асимилација, див терор и преселувајне на се што е македонско, како и на македонската култура, јазик и песни се спроведува со целата крволочност. Измаченото,обесправено национално поробено македонско население се најдува пред нови и големи борби.” На таа конференција бил избран за секретар Методија Шаторов

- Шарло. Шаторов бил човек со висока македонска свест и македонските проблеми доволно ги познавал. Покрај него бил и Кузман Јосифовски, кои бил високо ценет од членовите на ПК.

За Кузман Јосифовски се велело дека тој по идеите и ставовите бил втор Делчев за Македонија. Тие повикувале на единство на целокупниот раздел македонски народ, во борбата против заедничкиот непријател: режимот, грабежот, насилството и националното ропство, без разлика дал се работи за делови од Македонија кои биле под српско, под бугарско, или грчко ропство. Ослободувањето на Македонија го гледал како ослободување на целокупниот македонски простор, а не само на нејзини делови, како што настојуваа околните КП кои се залагаа за парцијално решавање во постојните граници. Тој на 20 август 1940 година објави напис: “За ослободување на Македонија од под јаремот на великосрпскиот, бугарскиот и грцкиот империјализам.” Тој пишува: “...Ако Македонците немаат своја држава; за тоа тие не се криви, туку се: српските, бугарските и грчките империјалисти кои се сојузја, кои се заграбија, расцепија, поделија и поробија Македонија”.

ПК на КПМ под раководство на Шаторов бил: За ослободување на Македонија ја поврзува во заедничкат борба со останатите балкански народи; За самостоен македонски национален политичко партиски субјек, на спроти тоа, ЦКЈ кој бил политичко - партиски субјект во Македонија да биде КПЈ; врз основа на историските традиции од борбата треба да се организира самостојна, суверена Македонска Република, а не под југословенски државен суверенитет; ПК во своите определби бил категоричен за ослободување и национална суверена држава, наспроти на КПЈ, ослободување само на делот во рамките на Југославија и многу други ставови кои беа спротивни на ПК.

*** Времето на Комунистичката интернационала Тоа беше време на вистините, кога и КПЈ и КПБ и КПГ се членки, поточно секции на една иста силна авторитарна организација, како заеднички надреден орган - Комунистичката интернационала. Нејзините одлуки беа обрзувачки. Во таквата констелација на организираност не било можно едно лице самоволно да поврзе, уште помалку за присоедини цела една партиска организација, ниту некоја друга партија можела да прими таков дел од партиска организација без одлука од овој висок орган.

На 26 мај 1941 година Шаторов бил поканет на разговор со ЦК на КПБ во Софија. Таму на средбата со бугарските партиски раководители, му е соопштено решение за поврзување на ПК на Комунистичката партија во Македонија со бугарската партија, како решение на Коментерната и лично на Георги Димитров. За Шаторов тоа значело налог од највисокиот партиски орган, што тој како искусен партиски кадар знаел што значи. Шаторов, главно, ја примил таа одлука и не била грешката во тоа што ја примил одлуката, туку што не го известил ЦК на КПЈ веднаш потоа, а се понадевал дека “тие горе (во ИК) ќе се разберат”.

*** Под југословенска партиска надгледност Во меѓувреме, во Македонија пристигна инструктор на КПЈ и носи решение (од 24 јули 1941 година) потпишано од Тито, со критика за лошата работа и однесувањето на Шаторов, поради што го симнува од функцијата сектретар и го исклучува од партијата. Тоа беше повод да се свика собирот на партискиот актив на Македонија на 17 август 1941 година, на кој собир е делегиран членот на ЦК на КПЈ Петар Богданов, да се разјасни ситуацијата со статусот на Шаторов и уште еднаш да се убедат присутните дека решението за поврзување на партиската организација со бугарската партија вистина е решение на Коминтерната. Таквиот став Петар Богданов му го изложи и на Драган Павловиќ, делегат на ЦК на КПЈ, кој од своја страна го извести својот ЦК.

Приближно по десетина дена пристигна телеграма од Коминтерната, преку бугарскиот ЦК до ПК. Со одлуката се наредува: “Македонија да биде при Југославија по причини практични и целисходни. Основната борба сега се води против германските и италијанските окупатори и нивните агенти.

Имајќи го предвид военото положение во Македонија, неопхопдно е да се создаде најтесна соработка помеѓу Југославија и Бугарија особено на теренот”.

Оваа наредба, како за пример, јасно покажува кој ги носи решенијата. Врвната институција, а не Шаторов. Наредбата, всушност, стави крај на неизвесноста и на дилемите за остварување на македонската револуционерна програма.

Шаторов, кој се уште беше исклучен според решението, беше во тешка изолација.

*** Политичката платформа на грчката комунистичка партиска:

На 18 јули 1943 годин, командантот на Главниот штаб на ЕЛАС

- генералот Сарафис, со шефот на англиската мисија при Главниот штаб на ЕЛАС полковникот Еди Маерс, потпишаа декларација согласно со која ЕЛАС е сојузничка војска под раководство на командата за Средниот Исток и операциите што ги изведува ќе се спроведуваат по наредба на таа команда (120 стр. во книгата ЕЛАС од Стефанос Сарафис).

Како резултат на оваа спогодба англиската команда влијаеше врз развојот на ЕЛАС, во одредувањето на неговите опреции и односи со националистичките формации на ЕДЕС и ЕККА кои, иаку не беа никаква значајна сила, му се наметнаа на ЕЛАС како партнери и во режија на англиските претставници беа потпишани две спогодби: спогодбата во Плака и спогодбата во Казерта, кои наполно го ограничуваа самостојното дејствувание на ЕЛАС во најрешителните моменти за превземање на власта од страна на комунистите.

Од кажувањата на комесарот на Главниот штаб на ДАГ, членот на политбирото на ЦК на КПГ Василис Барџиотас (Неос космос бр. 2/1957)

Некаде кон средината на 1943 година веќе се водеше масовна народна борба ширум грчката држава. Токму тогаш народната ослободителна војска ЕЛАС, раководителите на КПГ - ЕАМ и ЕЛАС ја ставаат под команда на Англичаните. Како Главниот така и другите штабови беа екипирани со британски офицери по чии укажувања нередбите на британскиот Генералштаб за средниот Исток. Големи единици, дивизии, групи дивизии, беа всушност во рацете на Интелиџенс Сервис.

*** Светозар Вукмановиќ - Темпо кој како претставник на ЦК на КПЈ претстојувал во Грција летото 1943 година околу десет дена.

Комунистичката партија на Грција (КПГ), заедно со ЕАМ и ЕЛАС, водат, главно политика на потпирање на Англија. Ова, се разбира, не значи дека КПГ не го популаризира Советскиот Сојуз и Црвената армија. Но, целокупното националноослободително движение денеска се врзува во прв ред за Англија.”

*** Претставникот во Грција на Интелиџенс Сервис, Kristofer Montagu Bunthauz (Kris), заменик шеф, а потоа и шеф на британската воена мисија.

“Ако покрај движењето на Отпорот во Грција ги немаше Британските - офицери, не само грчката, туку и европската историја би тргнале по сосема друг правец…

Присуството на британската воена Мисија во Грција ги спречи комунистите во текот на 1943 - 1944 година да ја стават под своја апсолутна контрола Грција. Ако комунистите, во септемри 1944 година, кога се повлекуваа Германците, ја заземаа власта, тешко ќе беше да им се одземе таа власт пред очите на тогашната светска јавност!” Преглед на настани од април 1940 - 23 април 1949 година, кои дополнително го објаснуваат општиот тек на наставните.

ФАКТ: ТИТО РЕКОЛ Во историските записи историчарите го имаат забележано Титовито обраќање во драматичната 1940 година како генерален секретар на КПЈ, кој во тоа време упатува антологиско предупредување до соседите на Македонија: “Таа угнетена земја, натопена со крв, не е тука да служи како украс на кралската круна на некого, ниту да биде мираз на српската, бугарската или грчката буржуазија. Македонците не се Срби, ни бугари, ни Грци. Тие се Македонци и како посебен народ имаат право на своја слобода и самостојност”, истакнал Тито во своето обраќање.

*** Македонците под надгледност на Британската мисија и грчка комунистичка партија, ЕЛАС и ЕАМ:

Под притисок на состојбата во Грција и целта за ликвидирање на Костурските и другите комити, есента 1943 година создадена е СНОФ (Славо - македонски народноослободителен фронт) и партизански еденици СНОВ (Славомакедонска народноослободителна војска).

Основачката конференција на СНОФ за Костурско се одржала на 24 декември, а за Леринско на 26 и 27 декември 1943 година.

На основачката конференција СНОФ се придржувале на упатствата и белешките од Темпо и на основа тоа ја граделе платформата за заедничката борба на македонскиот и грчки народ. Како основни поставки на платформата биле:

1. Борбеното единство на македонскиот и грчкиот народ во егејскиот дел на Македонија како услов за победоносната борба против фашистичкиот окупатор;

2. Мобилизација на македонските маси во единиците на ЕЛАС за оружена борба и разгром на окупаторите;

3. Политичка и оружена борба против:комитите, Калчев, Михајлов и гестапо, кои со својата автономистичка пропаганда сакале да го насочат македонскиот народ против грчкиот и обратно;

4. Борејќи се заедно со грчкиот народ, во рамките на ЕАМ против окупаторот, македонскиот народ можел со помош на грчкиот народ да ги реализира своите национални стремежи и правото на самоопределување врз основа на принципите во Атланската повелба и сите други резолуции на големите сојузници. Со тоа се вели дека окружниот комитет на СНОФ и официјално го постави македонското национално прашање за прв пат пред Комунистичката партија на Грција.

Раководството на КПГ, меѓутоа, уште во зачетокот ги имаше ограничено секакви иницијативи и ги имаше насочено против комитите. Затоа што во програмските начела на ЕАМ и на ПЕЕА и при спогодбата со избеганата влада и англиската мисија не ги признаваше правата на Македонците, ниту пак им помагаа на Македонците да создадат такви сили, туку ова се беше со умисла против формирањето на комитите со македонските барања.

Историски факт е: Раководствата на КПГ и ЕАМ, се до април 1944 година, го користеле СНОФ за свои политички и воени цели, пред се во пресметка со комитското движење.

Тоа за нас Македонците беше чисто по моделот на познатиот:

Балкански синдром на предавнвици и патриоти, а сега:

МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ НА ПРЕДАВНИЦИ И ПАТРИОТИ.

Ете зошто: Прогласуванието за предавници комитите беше пресметка со политички противник, односно највулгарен облик.

- Македонец-против Македонец.

*** По не успехот, обврските што ги презел Сјантос, лидерот на КПГ за уништување на комитите, побарал помош од КПЈ за КПГ и се сретнал со Црногорецот Темпо.

Во разговорите на Сјантос со Темпо, во август 1943 година, Сјантос го прифатил барањето на Темпо во Егејска Македонија да се создадат специјални единици кои својата агитациона пропагандна работа ќе ја водат на македонски јазик.

Ете како била измислена првата мамка: Конкретно СНОФ беше организиран, но не од нас Македонците.

Силно зачкрипи креветот и се јави еден од наседнатите жители на прифатилиштето и рече:

- Неодамна читав една историска книга, која ме предизвика од насловот, односно поднасловот кој гласи: “Македонската националноослободителна платформа во Егејскиотдел на Македонија (јануари-1944 година)” од д-р Литовски Александар. (Скопје 2008). Тој пишува (стр.233): “...во третманот на македонското национално прашање во Егејскиот дел на веќе институционизиранизираното македонско ослободително движење од Егејскиот дел на Македонија преку СНОФ.” На стр. 236 пишува: “Всушност, при разгледувањето на политичко-пропагандното дејствување на СНОФ може сосема јасно да се забележат две доминантни насоки на дејствување. Првото, дејствување во насока на привлекување на македонското население во ЕАМ и КПГ, и второ, дејствување во насока на зацврстување на одделниот македонски национален идентитет во Егејскиот дел на Македонија.” Сувогорски замолче, онеме само главата ја нишаше.

А Божин Рисуичин на повисок тон со прашање кон сите вели: -“Секоја замисла е лесна кога не се зема предвид суштината- стварноста.” Овој наш човек доктор на наука д-р Литовски, зарем не знае дека СНОФ-”Славомакедонци” претставвува племенски атрибут? Нема потешко за Македонецот, кога македонската наука и по толку години (половина век) го тера да им ги слави измамите на туѓинците Сјантос и Темпо како претставници на левите сили, КПГ и КПЈ. Тие со право гледаа на нас Македонците како на “Корисни идиоти”.

*** По подолгиот молк Сувогорски продолжи: Да тоа беше време кое во историјата се памети како “Балкански Синдром на предавници и патриоти” Така и ние Македонците се поделивме...

Грижа? Или!?

Нели и ние Македонците прекрстени во Славомакедонци е искористена од Комунистите Грци и Македонци манипулација, која ја плаќавме и ние борците во Граѓанската војна 1946-1949 година?

Дали навистина КПГ (грчките комунисти) отстапуваа и беа против расистичките и асимилаторски закони, донесени од грчката, а тоа се гледа дек на почетокот на мај 1944 година ги расформираа македонските организации СНОФ и СОВ, бидејќи преставувале основна пречка во преговорите на КПГ со грчката владата во бегство и со граѓанските партии за формирање на коалициона владамза што била закажана средба во половината на мај 1944 година.

Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, загрижени за ситуацијата, што се создаде во Македонија под Грција (со оформувањето на Комитите) и посебно во Костурско, Леринско и Воденско, се најдоа принудени да формираат македонска организација СНОФ. Тоа со умисла организирано го сторија луѓе од Обласниот комитет на КПГ во Западна Македонија, и тоа Грците: Христос Калфас (Андреас) и секретарот на Окружниот комитет за Костурско Андонис Андонопулос (Периклис) и секретарот на Окружниот комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис.

Расформирањето на СНОФ За шест месеци од своето постоење организацијата СНОФ во Костурско со помош на ЕЛАС, успеа да ги разбијат а осакатените да ги придобијат.

Комитите беа омасовени во своите редови повеќе од 4.770 членови, што значи Македонците поверуваа дека “СНОФ е единствената народноослободителна организација што ќе ги исполни националните и социјалните барања на македонскиот народ под Грција”, види: “Словеномакедонски Глас” број. 3 април 1944 година. Се пропагира: дека “СНОФ е новата ВМРО на Македонците, што ќе го доведе до крај делото на Илинден...” Решението на КПГ за расформирањето на македонската организација СНОФ (која си ја изврши функцијата, со придобивање на Комитите во своите редови , не само што се покажа како најгруба манипулација, туку и совршено политичко и физичко ликвидирање на Македонците и елиминирање од светската политичка сцена во Грција-практички се оствари, тоа што го бараше грчката влада во бегство), сега за грчкото раководство на отпорот (КПГ, ЕАМ и ЕЛАС) претставуваше непотребна, бидејќи пред грчката реакција за да се постигне по секоја цена “национално единство” со грчките буржуаски партии и со власта во бегство, со коишто КПГ на 20 мај 1944 година го потпиша познатиот капитулнски договор со кој се запечатуваше судбината на НОБ.

На 26 септември 1944 година во италијанскиот град Казерта беше потпишан уште еден договор меѓу КПГ, ЕАМ, ЕЛАС и грчката влада во бегство на чело со Георгиос Папандреу и Британскиот Штаб за Среден Исток. Со овој договор беше постигната согласност грчките герилски сили да влезат под команда на грчката влада во бегство. Меѓутоа, своето право грчката влада во бегство му го пренесе на англискиот генерал Скоби. Се разбира и овој договор преставува уште една отстапка на грчкото раководство на отпорот во корист на грчката влада во бегство.

*** Сувогорски продолжи и рече: - На 5 мај 1944 година почнаа преговорите за поделба на Балканот на сфери на влијанија.

Велика Британија стекна превласт во Грција, а Советскиот сојуз во Романија. Под притисок на Британците, на 20 мај 1944 година во Либан, КПГ, ЕАМ и ЕЛАС имаа потпишано спогодба со кралската влада по што се расформира коалиционата влада.

Комунистите на Македонија на својата конференција одржана на 25 јуни 1944 година еднодушно се определија за откажување на договорот во Либан, како и за тоа: НОД да примени револуционерна тактика што ќе ја потпре врз сопствените сили и врз НОВ на југословенскате народи. Во раководството на КПГ се издифернцираа две групи: едната беше за прифаќање на договорот, а другата, за негово откажување.

Групата која што се залагаше за прифаќање на Договорот надвладеа. За таквата определба многу придонесе и ставот на Советската воена мисија на чело со полковникот Григори Попов која на 28 јуни 1944 година пристигна на слободната територија. Тој, познавајќи ја тоталитарната организацијата и начинот на кој Сталин ја имаше сменето руската еднопартиска диктатура во тоталитарен режим, а револуционерните комунистички партии по целиот свет во тоталитарни движења, беше преку ликвидирање на фракциите, напуштање на внатрешно партискта демократија и трасформирањето на националните партии во ограноци на Коминтерната раководени од Москва. Москва, беше апсолутна цетрализација на управувањето, кај сите комунистички партии.

Советскиот граѓанин Григори Попов, сега висок претставник и ополномоштен од советската партиска власт, му преостануваше само да рече:

“Ето директива... Так сказал товариш Сталин!” Конечно на 17 август 1944 година ЦК на КПГ донесе решение да го прифати Договорот и да учествува во коалиционата влада на чело со Гергиос Папандреу.