СУВОГОРСКИ ПРОДОЛЖИ ДА ГИ ПРОСЛЕДИМЕ СИТЕ ИДЕОЛОШКИ “(ПОФАЛБИ)” ИЗМАМИ НА КПГ
СУВОГОРСКИ ПРОДОЛЖИ: ДА ГИ ПРОСЛЕДИМЕ СИТЕ ИДЕОЛОШКИ “(ПОФАЛБИ)” ИЗМАМИ НА КПГ и КПЈ:
1) Дословно текстот - резолуција на 5-от пленум на ЦК КПГ од крајот nа јануари 1949 година гласи: “Во Северна Грција македонскиот (Славомакедонскиот) народ даде се за борбата и се бори со таков хероизам и таква самопожртвуваност што предизвикуваат восхит. Не треба да постои никакво сомнење дака како резултат од победата на ДАГ и народната револуција, македонскиот народ ќе го оствари своето потполно национално воспоставување така, како што самиот сака, пролевајќи ја денес својата крв.” (ΤΟ ΚΚΕ ΑΠ ΤΟ 1931-1942, σ.155. ИЛИ:
∆ΕΜΟΚΡΑΤΗΚΟΣ СΤΡΑΤΟС, бр. 2/1949).
2) Ова се изрази и терминологија во говорот на III вонреден конгрес на КПГ од декември 1924 година! (ΤΟ ΚΚΕ, официјални текстови, т. 1. 1924, ПЛЕ 1964, с, 515)... Три дена по 5-от пленум на ЦК КПГ (30-31 јануари, 1949), на 2-от Пленум на Централниот совет на НОФ (3-4 февруари 1949)
Захаријадис, кој лично раководеше тогаш со работите на НОФ, предложи готова резолуција, која беше усвоена со јавно гласање на (дигање рака). Во неа, меѓу другото, се вели: “2-от пленум одлучи да се свика 2-от конгрес на НОФ во текот на март 1949 година... Вториот конгрес на НОФ ќе ги прокламира новите програмски принципи на НОФ што преставуваат вековен стремеж на нашиот народ. Вториот конгрес го ПРОГЛАСИ ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ЕДНА ЕДИНСТВЕНА НЕЗАВИСНА И РАМНОПРАВНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО РАМКИТЕ НА НАРОДНОДЕМОКРАТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ! (Види: “Непокорен”, од 15 февруари 1949 година).
Ете каква била идеолошката замка!? Токму во реалноста во која се наоѓаше македонскиот народ под Грција, на прогонот од своите огништа му се предлага самоопределување од челниците на КПГ.
Јасно се гледа како и од кого се правеа најголемите манипулации со нас Македонците под Грција по Втората светска војна: и ја диктираа политиката од измама во измама.
Ние Македонците, дури при крајот на Граѓанската војна (Водени насилно од македонските организации НОФ, АФЖ, КОМУНИСТИЧКИТЕ ПАРТИИ (КПГ и КПЈ/КПМ); сфатвме дека доживеавме национална човечка катастрофа и се најдовме по светот затоа што не сме биле “Грци по род.” Сувогорски малку подналутено вели, пак ќе повторам:
ЕТЕ ЗОШТО, КПГ: ФАКТ Е DEKA НАД МАКЕДОЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ВРЕМЕТОТО НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-
1949) Е ИЗРШЕН ГЕНОЦИД ОД НАЈНИЗОК ЧОВЕЧКИ ЧИН.
Тие 28.000 деца со билет во една насока, но само за македончињата, може да се нарече во човековата цивилизација:
ГЕНОЦИД ОД НАЈНИЗОК ЧОВЕЧКИ ЧИН Посебно, трагедијата на децата од Македонија под Грција, што ја доживее ја во Граѓанската војна (1948-1949), е толку болна и неописива како што вели и големиот руски писател Достоевски:
“Сите идеали на светот не вредат колку солзите на едно дете” а тоа се случи токму со прогонот на Македончињата од прадедовите и татковските огништа... Со така нареченото (Παιδοµαζωµα) - насилно чедособирство - чедократство на деца на возврат: од 3 до 14 години и од страна на грчката Кралица и од Комунистите - под мотивот: “да се спасат децата” а таквите зафати беа со политичка умисла и преставуваат деградација на човековото достоинство и најубиствено ранување на македонската нација,прогонот и маршот ЧИН НА ОДРОДУВАЊЕ.
Види - “Η αληθεια για τα παιδια της Ελλαδας, ΕΒΠ, 1952” Вршени се геноцидни зафати со знање на КПГ 1.) БРИШЕНИЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО НА ДЕТЕТО ЗАМЕНЕТО СО СПЕЦИЈАЛНА БРОНЗЕНА ПЛОЧКА ШТО ТРЕБАШЕ ДА НОСИ НА ВРАТ СО ЛИКОТ НА ГЕНЕРАЛ МАРКОС И АРИТМЕТЧКИ БРОЈ ОД: 1, 2, 3…
Едно дете вели: Јас добив број 521 и кога ме прозиваа на романски,требаше да се јавам на зборовите “Чинч суте доузеч ши уно.” Ете македонското дете во срцето на Европа и светот се најде под број наместо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ Од Македонштината не остана ништо!?
2.) ВО ЧИЈ ДУХ СЕ ВОСПИТУВАЛЕ ДЕЦАТА?
(Ете што останало во сеќавањата на едно дете, зборува авторт на книгата: ΡΑΠΤΗΣ ΜΙΗΑΛΗΣ: <Τυχεροι µεσα στην Ατυχια>.
(Среќни во Несреќата). Раскажува Михалис Раптис:
Детските живеалишта: Тулгеш, Синаја, Орадеа, Роман, и Клуз на Р. Романаија и ги слушавме ненаситно хронографиите на Апостоли Спилиу, кои се пренесуваа со кристален глас од сите мои другари. На крајот од секое емитување избувнувавме со чудна одданост и викавме:
“Да живее Д А Г!”
“Да живее Маркос!”
“Непријателот нема да стапне на Грамос и Вичо!” “Чив е Маркос?!”, викнуваше некој, а ние одговаравме во еден глас:
“Наш е Маркос!”
“Ние чиви сме?!”
“На Маркос!!”, одговаравме пак во еден слеан глас.
По сменувањето на Маркос Вафијадис од главнокомандувач генерал на главниот Штаб на ДАГ, на негово место сега во нашите усти небаре ни го поставија Никос Захаријадис, генерален Секретар на КПГ и пак викавме со исто возбудување и живост, но и фанатизам како што викавме за Маркoс... тоа ни беше секојдневна молитва. Партијата, за нас децата и обичните членови на партијата беа престорени во фетиш, на што им придававме магична и надприродна сила. Си спомнувам дека не ја разликувавме партијата од раководството, таа невидена моќ, таа надсила и невидимото мудро раководство, со својот механизам... за нас партијата беше во многу случаеви, небаре сите членови на П. Б (Полит-Бирото) и на тоа раководство како главен бог е главен Никос Захаријадис...
По измените (ликвидацијата на ДАГ). Се за Борбата на народот наш! (се мисли на грчкиот).
Изменија работите, се измени името на родио-станицата... Ќе слушате од сега по јасно и по чисто, но не “Гласот на слободна Грција”, таа отиде, сега ќе продолжиме да ја слушавме “Гласот на Слободата”.
3.) РЕГРУТАЦИЈА ЗА ПРАЌАЊЕ НАФРОНТОВИТЕ НА ВИЧ И ГРАМОС НА ОДЗЕМЕНИТЕ ДЕЦА КОИ ВЕЌЕ БЕА ЗГРИЖЕНИ ВО Н. РЕПУБЛИКИ БЕЗ НИКАКВА ВОЕНА ПОДГОТОВКА.
Во залудните напори на раководството на КПГ за решение на проблемот на резервите на ДАГ, презеде потег со кој во голема мера беше девалвиран проколамираниот хуманитарен карактер и мотив на евакуација на децата. Имено, во април - мај 1949 година. ГШ на ДАГ ПДВ решија да извршат регрутација на нови борци од редовите на евакуираните деца во источнитеевропските земји. За таа цел, беа издадени соодветни наредби и директиви и беа испратени специјални емисари.
Регрутацијата на децата се вршеше со широка пропаганда и со примена на притисок, не по возраст, туку по висина, и на тој начин беа регрутирани деца на возраст од 12-13 години.
ТОА ПОКАЖУВА ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НОФ И АФЖ, СПРЕМА РАКОВОДСТВОТО НА КПГ БЕА ТОЛКУ СЕРВИЛНИ ШТО СЕТО ТОА ГО ПРЕМОЛЧИЈА, ВО ЦИВИЛИЗИРАНИОТ СВЕТ. СЕ ПРАШУВАМ КАКО ПОИНАКУ ДА СЕ ИМЕНУВА ЗЛОСТОРСТВОТО.
Токму ние со македонските организации НОФ и АФЖ се покажаа дека, не ги познававме суровите реалности на меѓународнта политика (дека силните го прават она што можат, а слабите она што мораат).
Што значи истражувањата покажуваат дека ние Македонците масовно бевме турнати како во (стапица за глувци), силно пропагирано наводно чекориме по “Патот на слободата” низ поданичкиот идеолошки активизам (без свое раководство и своја македонска стратегија не доведоа да го изгубивме прадедовото огниште и да се најдеме на “Патиштата на прогонот и големите преселби”?!
Значи, учествувајќи слепо и покорно пред КПГи асистирањето од КПЈ во таквата идеолошка измама македонскиот народ доживеа не виден ГЕНОЦИД.
ЗОШТО ТАКА СЕ СЛУЧУВАШЕ СО НАС МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА?!
Сега во книгата “Петте Судбоносни Години во Ег. Македонија (1945 -1949)” Кирјазовски (издадена но, не во “Институтот за национална историја” туку издавач се канцеларијата на “Децата бегалци”. Киријазовски се што досега се прикриваше, го разоткрива и потврдува дека: “На 23 април 1945 година по иницијатива и раководство на КПЈ - КПМ во Скопје е оформена организацијата НОФ (Народноослободителен фронт) на Македонците од Егејската Македонија. Едновремено во состав на НОФ беа формирани: женската организација АФЖ и младинската организација НОМС.
Всушност, се работи за проширување на дејноста на истоимените оргаанизации од Вардарскиот во Егејскиот дел на Македонија. Членовите на главното раководство, речиси беа демобилизирани борци од Првата егејска македонска бригада.
Работата на НОФ ја раководеа инструктори на ЦК на КПМ. Прв инструктор беше Словенецот Миха Маринко, потоа Никола Минчев, Димитар Димитриевски -Пекар, а од страна на Егејска Македонија јас (Павле Раковски.).
Програмските цели и задачи на НОФ, ни ги соопштил Цветко Узунвски - Абас организационен секретар на ЦК на КПМ и министер за внатрешни работи на НР Македонија. Абас, меѓу другото ни рече:
“Југославија стана центар на револуцијата на Балканот и дека македонското прашање стана југословенско прашање, поради што КПЈ во Егејска Македонија формира партиски организации на и политички масовни организации НОФ, АФЖ и НОМС.
Задача на тие организации е да му дадат југословенска ориентација на македонскиот народ и македонското движење да поминат под раководството на КПЈ. Македонскиот народ од Егеј ќе го најде своето целосно воспоставување само во рамките на Федеративна Народна Република Југославија” Види: АМ, Архив на Македонија, Ф-20/276,Ф-20/196.
СО ОФОРМУВАЊЕТО НА НОФ, МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ВО ПЕТТЕГОДИНИ (1945 - 1949) СЕ НАЈДОА ВО СТЕГИТЕ НА БИНАРНИТЕ ПОЛИТИКИ; ОД ПОЗИЦИЈА СО КОПНЕЖ ЗА “ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА” ДО ЧУВСТВО НА ГЛУВОСТ, ПРОГОНСТВА И ИСТРАЈНОСТ - НАДВОР ОД ПРАДЕДОВИТЕ ОГНИШТА.
Денес секој од нас се прашува? Имаше ли НОФ и АФЖ визија до каде одат!?
Дали македонскиот народ (проколнат) тргна по “врвицата” на тој историски и воен данок? Таа колективна и поединачна траума се уште и по толку години остана отворена како македонска рана!?
Во напишаната секторска “историја за егејците” не е објаснето:
посебно политичките пораки за масовноста на жената и одземанието на малолетните деца (1-14 години), никогаш не беа јасни, а тоа во историјата преставува: ПОЧЕТОК НА ГЕНОЦИДОТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА.
Но од исходот на настаните и формирањето на организацијата за жените АФЖ (кое важеше само за Македонките, а не за Гркинките жени кои немаа женска организација како АФЖ за Македонките организација), јасно е едно; дека целта на стратезите им беше да направат од старото традиционално македонско семејство “политичко семејство” и полесно да манипулираат и да го стават во функција на обезмакедончувание на македонската куќа и со крајна цел уништување на македодонското семејство.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/23 on October 29, 2026