Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Wanderers

ГЛАВА ЧЕТВРТА Вистините и контраверзите за Граѓанската војна во Грција - Part 02

By Стојан Кочов · Part 17 of 26 · About 13 minutes

Read in English Read in English Read in Македонски

На 21 ноември 1946 година, спогодбата ја спроведоа претставниците на Југославија и Грција т.е. на КПЈ (Иван Караиванов) и претставникот на КПГ и Јоанис Јоанидис) и со тоа програмската цел на НОФ се смени и сега се прокламира дека ќе се бори во борбен сојуз со грчкиот народ и ќе се бори за спасување на македонскиот народ од физичкото уништување, односно за целите и задачите на КПГ. Меѓутоа, по таквото “обединување” не треба да се заборави дека за многу Македонци проработи и кадровската метла. По ова дојде и времето на неподобните и непожелните. Значи со ова се потврди дека програмските цели на НОФ не беа автономни со македонски стратешки фактор, туку сме биле турнати во реализација на туѓи интереси, па тогаш се поставува прашањето: Со каква сигурност сме го повикувале народот на револуција како продолжение на нашиот светол Илинден? Дали таквата “братска” тактика на туѓинците имаше крајна цел македонското прашање дојде до македонско предавство, односно катастрофален судир? Зошто предавство? Затоа што сега од Македонците беа создадени грконосталгичари и југословенски носталгичари и не зедоа во игра од една страна КПГ и од друга страна КПЈ, а од трета жестоко не прогонуваше атинскиот режим, легитимната власт на грчката држава. Што значи, сега против Македонците беше вклучен комплет грчкиот етнички инжињеринг.

КПМ, МЕЃУ КПЈ И КПГ, ГИ ЖРТВУВАШЕ МАКЕДОНЦИТЕ ЛЕГАЛИЗИРАЈЌИ ЈА ГРЧКАТА ДОМИНАЦИЈА ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА НОФ како елита формирана од КПМ/КПЈ досега ја исполнуваше нивната програма, а од сега исклучиво ќе ја исполнува само програмата на КПГ, со која ќе и ја обезбедува нејзината моќ, како на семоќен господар над Македонците и совршено така стана. По извршените тотални мобилизации над Македонците, КПГ ја измисли категоријата “Одговорни за Славомакедонците” и како сатисфакција сите членови на НОФ во редовите на ДАГ ги поставуваше за такви одговорни. Сега, како основна задача од КПГ на НОФ и беше наложено со приоритет; од Македонците да направи идеолошки војници за полесно да ги приклучи во катастрофалното сценарио на Граѓанската војна. Сега верноста на НОФИТИТЕ се мереше со (само)жртвувањето и важеше паролата “Ола гиа тон агона, ола гиа ти ники!” (Се за борбата, се за слободата!”)

Всушност, се покажа дека ролјите на НОФИТИТЕ биле изигрувани, а не играни. На НОФИТИТЕ им се чинеше дека играат јуначки ролји, тоа го пренесуваа и на обичниот човек, кој се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца живееа со исти дух: да го негуваат македонскиот национален идентитет и да бидат единствени. Тој наш обичен човек, сега верувајќи на тие наши НОФИТИ во паролата: “Сега е моментот”, се покажа повеќе од херој, но на крај беше оставен по светот. Во “името на народот!”, тој збор беше задолжителен дел од политичкиот вокабулар, мотив и алиби за многубројните идеолошки превирања и воени цели.

Тоа се случи за прв пат во историјата на војувањето и денес секој си го поставува тоа прашање:

“Зарем било возможно, само од едно село да загинат толку многу луѓе во единиците на ДАГ?" Нема село што не даде од 60 до 100 жртви! Тоа се случи, а на Македонците им останаа необјаснети ни херојскиот македонски воин низ историјата на ДАГ, ни национално - политичките импликации, ни што за нас значеше робувањето на НОФ кон КИЈ и КИТ.

Третиот временски период на НОФ е кога по 23 декември 1947 година се до ликвидацијата на ДАГ, кога НОФ ја прифати програмата на ПДВ (Привремената демократска влада) по националното прашање: “Признавање на целосна рамноправност на националните малцинства и на нивните слободни национални активности" (види: AE: 179/47).

НОФ потпирајќи се кон КПЈ или кон KIII', напуштајќи ја едната или другата и безрезервно спроведувајќи ja нејзината политика, придонесе да ја изгуби својата самостојност. Трагајќи по таа нишка на судбината наша, ни покажува колку била препуштена во туѓи раце на одредени личности, кои навистина низ целиот тој период за нас Македонците ни ја пишуваа црната страница на црвената книшка, во отсуство на македонскиот фактор. Сега, КПГ измисли нов поредок, своја филозофија за сите НОФИТИ:

“...3a сега треба да се успие нивната будност, да се пројави грижа и внимание кон HUB...” Сето тоа се правеше со умисла, преку колективното замолчување на свеста над Македонците.

Стратешки беше отстранувано тимското ангажирање на колективниот ум и уништуван преку манипулациите, што значи Граѓанската војна, беше прерасната во полигон на кој од една страна големите сили си ги одмеруваа силите и оружјето, а комунистичките партии своите идеологии над обичниот голорак македонски човек.

Овој долг период на неизвесност, претставуваше еден облик на ПОСТОЈАНО ИСЦРПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ СЕ ДО НАЈБРУТАЛНИОТ ЧИН СО ОДЗЕМАЊЕ НА МАЛИТЕ ДЕЦА, ШТО И ДЕНЕС ОСТАВИ ЛУЗНИ ВРЗ НИВНАТА МЛАДОСТ. Тоа беше катастрофален национален чин, со што конечно, беше обезмакедончена Македонија под Грција. Вистинската вина пред историјата треба да ја носиме во само ние Мкаедонците! Таквото сеќавање на вистината од ова кривулкање низ нашето паметење низ измешаната историја, главната причина за нашата судбина треба да ја бараме во нас, што ние Македонците не се организиравме и не се изборивме да го задржиме нашето опстојување како интегрален дел во грчката држава и тоа требаше да ни биде единствена алтернатива.

Ако вековниот од на нашите предци низ историјата беше кондензиран во максимата “Свиткај ме, но нема да ме скршиш!” и го издржаа турското ропство, ние под туѓите пропаганди во Граѓанската војна ја прифативме како начело, никогаш неприменетата максима во националната историја “Скршиме, но нема веќе да ме виткаш!” Така си го изгубивме огништето со гордото (само) жртвување, но и останавме документ за национален пораз, оти денеска не е случајност дека политиката калкулира со таквите реални состојби, па дури и за името. Меѓутоа, ако сакаме да резимираме за животот и борбата во служба на КПЈ и КПГ, од бегството по Граѓанската војна, зад нашата “гордост” не стоеше ни нацијата, ни политиката, ни идеологијата, тоа беше бегство од смртта. По ликвидацијата на ДАГ од КПГ и од генералите “наши” дибивме билет во една насока и тоа само ние Македонците. Па зарем, тоа не беше обмислена политичка акција за да не остават по светот, а тие да се вратат на своите огништа. Затоа тие генерали (Гусиас, Маркос, Вландас и др.) кои не водеа во битките за освојување на Лерин, Воден, Соботско, Негуш, Грамос и т.н. не не вратија и да не претстават какви што не познаваа и не пофалуваа на бојното поле?

Денес, секој воин на ДАГ си го поставува прашањето: 1. Која комунистичка партија на светот го направи тоа со своите членови кои гинеа за нејзините цели? 2. Кои генерали ја оставија армијата по светот, а тие се вратија како херои? 3.

Зошто и денеска наследниците на КПГ се плашат да му ја кажат вистината на грчкиот народ, историјата на ДАГ, таква, каква што беше и што претставуваше еден историски непобитен идентитет за Македонците во Грција?

Што е најтрагично, човекот кој се нарекуваше воин на ДАГ, кој беше мобилизиран во Граѓанската војна од нашите НОФИТИ, го оставија по светот, а тие се вратија во Југославија односно, во СР Македонија. Секако, со почести. Борците и илјадниците (одземени деца, стари и немоќни родители кои ги изгубија своите чеда) останаа по светот со колективен статус “Грчки политмигранти” во разни логори, исчекувајќи го крајот на животот. Ете, зошто годините на Граѓанската војна беа време на македонската “гордост” во рацете на туѓите политичари. Зошто и говорат овие факти. Дали сите овие дејанија на стратезите ја постигнаа својата цел? Исходот на настаните, вели, ДА. И затоа, бев обземен од неодолливата желба да покажам како беше во реалноста, а не како што прикажува нашата историографија. Ќе се согласам со “чуварите” на нашата

“Историја на Егејците”, само тогаш, кога ќе ми предочат поуверливи факти од овие што ги користев јас. Оваа истражувачка студија, не сакам да се сфати како судски процес пред историјата, но тоа е документ, со горчлив вкус на полувековното идеолошко робување. Таа лекција многумина ја научија, но многумина и не и се уште многу инфантилни Борјасовци не ја разбираат.

Верувам, овие две мои книги “(Само) жртвувањето на Македонците под Грција” и “Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција” е можност да бидат скромен прилог во промената на генерациите, да се создаде сопствен и колку е можен поразумен суд за Македонците под Грција, за и тие луѓе да се најдат во интегралната историја на македонскиот народ.

Без научни претензии, моето иследување е засновано врз еден стремеж да им се каже на младите луѓе вистината за Македонците под Грција. Оти ние Македонците (во отсуство на интегралниот фактор) дозволивме во Граѓанската војна (1945 -

1949) да доживееме сила врз сила од КПГ и КПЈ и со тоа ја обезмакедончивме Македонија под Грција. Ние! Ние, Македонците дозволивме да бидеме:

1. Еден голем дел жртви.

2. Еден дел извршители (под туѓи идеолошки замки) и најголемиот дел (гледано интегрално од целокупната етничка Македонија) полувековни набљудувачи на народот кој ни се ретчи и просторот што ни се тесни.

На крајот на ова иследување, сакам да кажам дека ги почитував аргументите и не сакав да ја измислувам историјата. Сакав само да ја изразам длабочината на трагедијата на Македонците под Грција, која уште се држи во тајност.

Едноставно, морав да кажам за еден мошне значаен дел од нашата историја, уверен дека ќе биде корисно за историографијата и потребно за понатамошното проследување на историјата за Македонците под Грција.

Македонската приказна од април 1945 - до октомври 1946 остана во сенка.

Македонските организации НОФ и АФЖ како најголеми гласници во мај 1945 година ги имаа опфатено комплетно, скоро сите Македонци, рече Сувогорски.

Замолча и погледна преку рамото на Петре Магдин чувствувајќи дека врата зад него се отвори и продолжи:

Политиката беше толку навлезена во секојдневниот живот на луѓето во македонското население, што Македонците своето постоење во поврзуваа исклучиво со КПГ (НОФ и АФЖ) за која би го дале и својот живот.

Сето тоа беше толку матно што секое агитирање од КПМ/КПЈ и КПГ,беше политика која не му служеше на македонскиот народ под Грција.

Целиот тој процес беше на силната и бесмислена пропаганда добро се менаџираше од КПМ? КПЈ, но од апсект на човечки судбини, токму во тој период на време се удри ирастури најсвето кај Македонците, а тоа е: СЕМЕЈСТВОТО И ДОМОТ кое од памти века беше свето нешто, сега беше во рацете на Нофитите и Афежитките. Значи, станува збор за едно од светите нешта за семејствата, а тое домот.

Катадневно во својот дом да се нахрануват и вдомуваат скоро формираните партизански единици, што значи ние од НОФ И АФЖ македонското населие го претворивме во една бесмислена пожртвуваност и го натеравме да верува на шите бесмислени пароли: СЕ ЗА БОРБАТА - СЕ ЗА ПОБЕДАТА И СЛОБОДАТА!

А таква акција траеше од 1945 се до август 1949 година кога Ние Македонците се најдовме надвор од нашете домови и доживеавме ГЕНОЦИД.

*** Сувогорски, дури извикуваше дури на глас:

Тоа беше безумие, безумје, безумје! Тие беа нашите дела, бесмислени и сервилни, кон идеолошкиот активизам...

А грчката власт преземаше незапамтени терористички акции;

убиства и прогонства над обичните селани кои имаа национално македонско чувство. Посебно селаните кои масовно беа организирани од овие активисти на НОФ и АФЖ, сите беа луѓе без професија, но стапувајќи во овие организации политиката им стана професија и повекето станаа “Ловци (Рибари) на човечки души” и сите тие идеолошки активисти го натераа македонскиот народ да гледа во празно, но не само во војната, туку и по војната кога илјадници Македонците беа заборавени и оставени по светот да талкаат, а земјата на нашите предци ја оутуѓивме и остана пуста. Големите староседелски духови кои беа длабоко врзани замјата (јазик, народ - нација, црква, што во името на народот се исполнуваше смислата и индувидуалната егзистениција и значењето на колективното содружништво како македонски народ под окупација на Грција, но никогаш не беше приватено наложувањето на Грчката држава дека во неа Македонците станале Елини), сега беа потиснати од “револуционерните” поданички сили на НОФ и АФЖ.

Дали ние Македонците токму во овој период на време под раководство на КПЈ/КПМ, не свесно им го предизвикавме државничкото право на грчката влада (према меѓународното право да не гони) да ги преземе сите ужасни акции против нас, и да завршат со геноцидни зафати?

Што значи Македонците од НОФ и АФЖ во 1945-1946 година, под команда на КПЈ/КПМ беа натерани со своите акции, сосема полека да ја отворат вратата на прогонот и геноцидните акции, за да излезат за секогаш од своите домови и потем жртвувајќи во редовите на ДАГ, сосем обезличени со растурени семејства, да се прогоната и да се најдат пред затворена вратата (како луѓе: по род не Грци), за да не се вратат никогаш во своите прадедови огништа.

Значи, сега, по 60 години, од овој историчар имаме официјални јасни факти, кои даваат одговор; дека македонскиот народ во Егејска Македонија што?

Што рекол колишевски - да се допишата... одете доле и слушајте ја КПГ.

Колишевски ни вели: “Ние сме составен дел од Демократска Федеративна Југославија и сите работи што стојат меѓу нас и некоја друга држава може 3единствено да се решат преку единствената влада на маршал Тито” ни подвлече Колишевски.

продолжи Цветко Узунов Егејска Македонија го организира и го натера да ги “фати планите# КПЈ/КПМ, но немаме одговор: која им беше целта на КПЈ/КПМ на чело со Тито и македонското тогашно раководство, што ги натераа Македонците од Егејска Македонија да го земат оружјето и да ги фатат планите уште пред официјално да почне Граѓанскат војна во Грција?

Но, треба одма да се каже дека со оформување на македонските организации НОФ и АФЖ од КПЈ/КПМ во Скопје, ние Македонците од Егејска Македонија добивме два лути противници: КПГ и новата грчката влада кои непоколебливо го бранеа суверенитетот на Грција.

*** Наместо историска анализа – вербализам Иаку книгата “П. С. Г. во Ег. Македонија (1945 - 1949)” претставува нафрлена и не организирана историска граѓа, содржи многу провокации и неаргументирани историски настани кои повикуваат на ново, стрпливо и систематско хронолошко подредување и пообективни судови. Тоа ни покажува дека во пишуваната историја за “егејците” беше и останува изгубена чесноста, вистинољубивоста, справедливоста, правда и правичноста. Се поставуваат многу прашања, но најбитното е што се слабо застапени воено -политичките анализи и необјаснива останува ГЛАВА ПЕТТА Невидени манипулации-Самоопределување на Македонците.

Во армискиот весник на ДАГ “Прос ти ники” (кон победата) на 10.3.1949 година беше објавена паролата “Создавање на независна македонска држава во рамките на Блакаска демографска федерација” беше напуштена.

Четиригодишната Граѓанска војна ја промени својата природа.

Поточно, причините (целта им беше да се тотално изврши мобилизација на Македонците) поради кои се води војната го променија својот редослед по важност. Мотивите за паролата беа политички и според таквата положба се бараше од Македонците да прифатат тотална мабилизација на целокупното население.

Сувогорски не можеше да издржи,небаре чувствуваше како да му гори оган во стомакот. Си ги поднамести очилата на носот, воздивна и рече:

“Со векови, ние Македонците или некому пречеле или соседите на присвојувале, или меќусебе се убивале, како што е познатот, на II конгрес на НОФ (25-26 март, 1949 г.) работите се одвиваа едноставно во духот на V-от пленум на ЦК на КПГ за самоопределување на независна македонска држава.

Основната цел на очувот Захаријадис му беше на II конгрес на НОФ да го прокламира општонародното востание на македонскиот народ и да изврши ТОТАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА И ЧИСТКА.