ГЛАВА СЕДМА Идеолошка караница за “кој повеќе ја сака Македонија и кои со кого - Part 02
29 Паскал Митревски од должноста секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција, по решение на ЦК на КПМ на почетокот на февруари 1945 година замина за Белград со цел да ја посетува тримесечната партиска политичка школа, која беше организирана од ЦК на КП на Југославија. (види:
Паскал Митревски и неговото време 1912 - 1978. од 1992 година).
30 Големиот револуционер Георги Димитров раководеше со Коминтерна и со Бугарија. Георги Димитров, чие име го има во сите светски енциклопедии, потекнува од македонско семјство.
Беше раководител во Коммунистичката интернационала во Москва, а во повоените година стана прв човек на бугарската држава.
31 Во декември истата 1944 година, Британците испровоцираа вооружен судир со единиците на ЕЛАС во Атина. На 12 февруари 1945 година во местото Варкиза надвор од Атина, беше потпишан истоимениот договор. По силата на овој договор капитулираа и беа ликвидирани сите еденици на ЕЛАС ширум Грција, иаку само некои нејзини единици во Атина (главно, од територијалната резерва ЕЛАС) беа победени од здружените сили на Британците и домашната реакција.
Студена војна: Многу историчари кои се занимаваат со поновата историја на Европа и на светот имаат констатирано дека состанокот на “Големата тројка” што се одржа од 17 јули до 5 август 1945 година во гратчето Потсдам близу Берлин, во дворецот Селиенкоф, во основа бил бесполезен освен за една историска релевантна последица - отворањето на таканаречената Студена војна. Од тогаш сојузниците на антихитлеровската коалиција Велика Британија (Вистон Черчил), САД (Хари Труман) и Советскиот сојуз (самодржецот на СССР Јосиф Висарионович Сталин) кои со крајни напори успееја да го победат германскиот фашизам, престанаа да се сакаат меѓу себе, отворајќи ја онаа етапа во поновата историја што дури подоцна ќе го добие името Студена војна. Железна завеса: Токму на конференцијата во Потсдам Вистон Черчил ја фомулира синтагмата за “железната завеса” што ја означи поделбата на Европа на сфери на интерес.
32 Политиката на Советскиот Сојуз спрема македонското прашање беше во функција на глобалната политика и стратегија воопшто и спрема Грција посебно. Сталин, македонското прашање, како и односот на Англичаните, Американците и Грците спрема Македонците под Грција, го користеше како покритие за својата политика што ја спроведуваше во земјите кои паднаа под влијание по Втората светска војна. Во текот на Втората светска војна комуистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија цврсто го почитуваа декларативниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници. Траба да се знае и тоа: На иницијатива на Сталин е донесена одлука за распуштање на Коментерната, со што формално е признато правото на самостојност на секоја комунистичка партија и е подржана тезата: Една држава една партија. Кога тој истиот Сталин со големите сили во Москва
(октомври 1944) ја направи делбата на сфери на влијанија и на Балканот границите да останат непроменети. Ете тоа беше одговор на сите кои гледавме спас во Русија. Тоа беше првиот удар и покажува како го изгубивме обединетиот духовен систем т.е нацијата остана без стратегија за духовен опстанок на својот етнички простор на Балканот.
33 Водечките македонски активисти, осудувани од КПГ, беа прифатени од КПМ/КПЈ. Со јавна подршка на КПМ/КПЈ се конституира Политичка комисија за Егејска Македонија
(октомври, 1944), се формира Првата македонска егејска бригада (ноември, 1944), а потоа, наместо нив се формира сенародна политичка организација “Народен ослободителен фронт” - НОФ (Истовемено АФЖ и НОМС во април, 1945), чија воено - политичка активност наскоро стана основен белег на времето во тој дел на Македонија.
34 Паскал Митревски од должноста секретар на Политичката комисија на Македонците под Грција, по решењние на ЦК на КПМ на почетокот на февруари 1945 година замина за Белград со цел да ја посетува тримесечната партиска политичка школа, која беше организирана од ЦК на КП на Југославија. (види:
Паскал Митревски и неговото време 1912 - 1978. од Т.
Мамуровски 1992година.
35 Караиванов бил специјален Титов разузнувач и агент на советската НКВД и инструктор на Коментерна. А Перо Симиќ, во својата книга, “Тито - Тајна на столетието” за македонското издание ТОПЕР, Скопје 2009 стр. 240, пишува: “На Петтиот конгрес на КПЈ во нејзиниот ЦК избран е и енкаведеовецот Иван Караиванов Шпинер. Три години порано, овој бугарски екстремист не добил очекувана положба во комунистичката власт во Софија, па Тито го повикал, своите амбиции да ги оствари во Југославија. Од железничката станица во Белград заминал право во резиденцијата на Тито на Дедиње: - Дали докажавте дека нашата партија е верна на револуцијата и на Коминтерната - прашал Валтер.
- И повеќе отколку што треба! - одговорил Караиванов.
...Тито му дал на Караиванов - Шпинер, вила на Дедиње, го избрал во својот Централен комитет и му овозможил да стане пратеник во Сојузното собрание на Југославија. Го прогласил за “Јунак на социјалистиката работа”, кого челниците на КПЈ го ословувале со “револуционер кому светот му е татковина”...” 36 Непосредни соработници и инструктори на генерал Маркос Вафијадис биле и: Ѓуза Радовиќ, Обрад Трниниќ, Мишо Врбица, Велимир Доцниќ, Светислав Стојановиќ и Петар Луциќ, сите од КОС на Србија. (Види КОС и УДБА - Акциите и документите на тајните служби).
37 На седницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македонија формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата полковникот Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “...Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политка на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомкедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикета жагент на непријателот” итн. Врз основа на лажни обвинувања во 1948-1949 година и подоцна, повеќе Славомакедонци беа уапсени, а некои од нив и ликвидирани...
(Ам, Ф-21/1600).
38 Според КПГ Трумановата доктрина значи потчинување на Грција на американските интереси, потоа КПГ смета дека Грција под раководство на САД ќе послужи како мостобран против балканските народни републики и Советскиот Сојуз. На 20 јуни 1947 година е потпишан Грчко-американскиот договор за реализација на доктрината. Во договорот е предвидено зајакнувањето на теророт преку примена на планот за масовни апсења, како што се од 9-10 јуни 1947 година и други.
39 Пролета 1947 година македонската организација НОФ постигна крупни политички и организациони успеси. Во редовите на НОФ, АФЖ и НОМС членуваа 16. 349 лица. Во регуларните единици на ДАГ се бореа повеќе од шест илјади Македонци и Македонки. Слободната територија што беше создадена главно на територијата на Егејскиот дел на Македонија, беше претворена во работилница каде што стари и млади, жени и мажи, работеа за потребите на ДАГ.
40 Панихида во Штип за 150 млади, кои беа насилно земени од суверената Југославија и испратени во суверена Грција, во прегратките на смртта во Граѓанската војна, само затоа што тие беа родени таму... На страниците на “Н.М” од 29 мај 1994 година веќе и отворено се идентификува кој го правел таквиот “национален долг” и им го покажал патот до “слободата”, на овие млади луѓе, кои што ги оставија коските на Грамос. Тоа е Синдрофос Мичос (како што се претстави: политичар, револуционер и мобилизатор). Тој вели: “...Дојдов во Скопје и за четири месеци испратив стотина борци во редовите на ДАГ.” (Во заклетвата на борецот во редовите).
41 Во градот Костур има биста на генерал Џејмс А. Ван Флит, како прв човек на американската воена мисија, тој сторил многу за да заврши Граѓанската војна со успех на грчката владина армија.
42 Бројката е се поконкретна и поприфатлива, спрема извештајот на УНСЦОБ, од август 1949 (А/935, стр. 16) во кој се потврдува: “Во периодот на 1948 година, околу 25.000 Ellinopoula (Грчиња) се иселени од Грција и се сместени на териториите на Северните соседи на Грција и во друи земји.” Во јануари 1950 година, еден претставник на Грчкиот Црвен Крст, поднесе извештај: “За збирниот број на грчките деца кои добија азил во северните земји на Грција и дека бројката во јануари 1950 година, достигна до 28.296”. Истовремено, тој даде и една прегледна анализа за збирниот број на децата и во кои земји се стационирани: “Албанија: 2.000, Бугарија: 2.600, Унгарија: 3.000, Полска: 3.000, Романија: 3.801, Чехословачка:
2.235, Југославија: 11.600.” (Извештајот на УНСЦОБ А/1307, 1950, стр. 23.). Во книгата, за воспитувањето на децата, од Танасис Мицопулос, вели дека: “имаше и повеќе од 25.000 деца” (види: 1979, sтр.15, но и Василис Барџиотас, прокоментира, дека сме иселиле 25.000 деца, а владата во Атина, тој број го покачува на 28.000).
43 Моја забелешка: навистина КПГ и ДПВ си го одржаа ветувањето пред светот и се изборија по војната да се вратат, но само децата “Грци по род”. Оттогаш половина век, се слуша само лелекот на макеоднските родители и на тие деца и се прашуваат: зошто не се погрижи оваа КПГ за Македончињата да ги врати. Зошто заборавила дека на илјадници од нив нивните тактовци и мајки ги имаат оставено коските на Грамос, борејќи се само за интересите на КПГ!?
44 Партизанскиот весник (ДАГ) “Ексормиси” излегуваше на секој петнаесет дена. Се уредуваше и се печатеше на планината Грамос.
45 На 16. 06 1949 година. Извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е. Македонија усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтовската линија Вичо.
46 СЛАВОМАКЕДОНЦИ?! Дали ние Македонците по волја наша или на КПГ прифативме да се викаме од Македонци во “Славо-Македонци”? Зошто и како се сложивме со таквиот племенски атрибут кој важеше за идентификација на Македонците Словени. Дали тоа грчките комунисти го направија со умисла и во најголем дел го внесоа и во целокупната историска документација од Граѓанската војна (1945-1949), а ние тоа го прифативме и го правевме на сиот глас, па дури и се гордеевме дека пишуваме историја на Славомакедонците.
Се поставува прашањето: Дали овој прв човек на НОФ, за што историографијата вели дека НОФ претставуваше воено политички фактор, тоа го прави од незнаење? Тоа не може да биде, бидејќи тој истиот беше прв човек при формирањето на организација СНОФ во Костурско (20 октомври 1943 година), но исто така и прв човек на организација НОФ во Скопје (23 април 1945 година) и добро знаел зошто е избришана буквата “С”, што значи не “Славо”.
Грчкото општество (држава) по поделбата на Македонија (1913-
1919) година, односно со етничките промени од 1920-1940 година, изработи повеќе или помалку експлицитни правила и модалитети за политичко интервенирање со цел да се справи со културната разнообразност и плуралноста на идентитетите кои настанаа по етничките промени од две поголеми групи: 1.
“Вистинските национални припадноци со корен-Македонците” и 2. “Лажните национални припадници со доселеничко потекло-Маџирите (Пондии)”. Ставот и целта на грчкате влади низ целиот тој период им била и останува до денес: Да се скрши историскиот спој Македонија-Македонци. И не случајно Македонија под Грција, беше именувана во Ворија Елада Грците, добро знаат дека: Именувајќи не во “Славомакедонци” тоа претставува племенски атрибут на идентификација на Македонците Словени и одговара на периодот пред 4-от век кога се случи големата преселба на народите од старата татковина на Словените и дека немаме ништо со античките Македонци и со нивните атрибути. Значи, целта им е да му кажат на светот дека древна Македонија не е татковина на овие- СЛАВОМАКЕДОНЦИ. Тоа и денеска некои од светските медиуми го пропагираат во таа насока и во корист на грчката пропаганда.
До сега, од таквите пропаганди сме доживеале разни толкувања за КОРЕНИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИДЕНТИТЕТИ и тоа: за националниот идентитет има берем три видувања меѓу самите Македонци. Едни ги наоѓаат своите корени во античка Македонија; други, во автохтона словенска струја од деветнаесеттиот век на АСНОМ; додека трети зборуваат за бугарски корени. Види: повеќе информации во мојата книга:
“Идеолошкиот активизам над Македонците во Грција” издавач “Матица македонска”, Скопје 2000 година.
47 Извештај на Специјалната комисија на Обединените Нации за Балканот. Генералното Собрание. Официјални Протоколи.
(Report of the United Nations Special Committee on the Balkans.
General Assembly, Official Records): Трето Заседание прилог бр.
8(А/574) со датум 30 јуни 1948 ), стр. 18 и 29.
48 Извештај на Истражната комисија до Советот за безбедност во врска со инцидентите на грчката граница: Пред да ги дадеме нашите предлози, Комисијата чувствува дека би било корисно, накусо да ја рекапитулира состојбата долж северната грчка граница, а нашите предлози се насочени кон ублажување и поправање на ваквата ситуација. Прво, од страна на грчката влада беа изнесени обвинувања дека нејзините три северни соседа ја помагаат герилскта војна во Грција. Второ, денес во Грција постои една нарушена ситуација што претставува наследство од минатото, а чии причини можат да се пронајдат во грчкото трагично искуство за време на војната, во нејзината окупација од страна на Италијанците, Германците и Бугарите, во герилската војна што се водела за време на окупацијата, во политичката жестина и економските тешкотии предизвикани од војната.
Следното што треба да се спомене, е одбивањето на најголемиот број од споменатите земји да ги прифатат како конечни нивните граници, на начинот на кој тие се дефинирани денеска. Некои од таквите барања на сосема легитимен начин биле покренатаи пред форумот на Обединетите нации или пред другите надлежни меѓународни тела, но нивното зголемување несомнено ја влошува и без тоа веќе опасната ситуација.
Натаму, во случајот на Македонското прашање, барањата не се истакнати пред Обединетите нации, туку во говорите на одделните влади или во органите на печатот контролирани од страна на владите. Искористувањето на Македонското прашање на ваков начин, според мислењето на Комисијата, претставува позитивна закана за мирот на Балканот (автор подвлекување) и само може дополнително да придонесе на постојните тензии и сомневања и да ги зголеми националните страсти, кои беа оглед на воените искуства, не само што воопшто не се намалени, туку дури и се заострени поради нивната идентификација во голем број случаи со политички идеи.
Исто така, како нешто што треба да се спомене, е присуството во Грција, од една, и во Југославија, Бугарија и Албанија, од друга страна, на политичките бегалци од различните територии, кои во голем број учествувале во политичките борби што биле водени во нивните земиј за време и по војната. Некои од тие бегалци се сместени во близината на границите на земјата од каде што тие побегнале. Некои пак, за време на нивниот егзил, се ангажирале во политички и воени активности и преголем број од нив, живеат во надеж дека некој насилен пресврт на ситуацијата ќе им овозможи да се вратат во нивните домови, под услови што тие ќе ги изберат. Други бегалци се жртви на паниката што се шири и ако ним им се даде слободен избор, тие со задоволство би се вратиле во своите домови. Меѓутоа, постојаното присуство на сите нив под условите под кои тие живеат во моментов, сосема јасно, сериозно претставува сериозен фактор што придонесува за постојаната ситуација.
Конечно, насилството и нивото на пропаганда што се користи од некои од протагонистите во нивните меѓусебни односи не можеше, а да не биде забележано од страна на Комисијата за време на нејзиниот престој во четирите земји. Ваквата пропаганда секогаш служи за разгорување на страстите, што и онака, се поприлично разгорени... Комисијата сугерира Советот за безбедност да и стави до знаење на Грчката влада дека тој е подготвен, ако таа влада тоа го бара, да ги стави на располагање своите добри услуги за да се изнајдат сите можни средства за реализација на таа мерка.
Комисијата даде и свои предлози:
А. Комисијата му предлага на Советот за безбедност тој да им предложи на владите на Грција, од една, и на Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна тие да направат се што е во нивна моќ за да воспостават нормални добрососедски односи, да се воздржат од сите дирекни или индиректни акции... Комисијата верува дека во сферата на нејзината истрага, натамошните случаи на поддршка на оружените банди формирани на територијата на една држава, што преминуваат на територијата на некоја друга држава или одбивањето на владата и покрај барањето на засегнатата држава, да ги преземе сите можни мерки на својата територија за да ги лиши таквите банди од секаков вид помош или заштита, Советот за безбедност треба да го третира како закана за мирот во смисла на Повелбата на Обединетите нации.
Б. За да се обезбеди ефикасна машинерија за регулирање и контрола на нивните заеднички граници, Комисијата предлага Советот за безбедност да им предложи на засегнатите влади тие да склучат нови конвенции по примерот на Грчко-бугарската конвенција од 1931 година, земајќи ги предвид потребите на постојната ситуација. (тнр. Грчко-бугарската конвенција за размена на населението). Значи се предлагаше ТРАНСФЕР НА МАЛЦИНСТВАТА.
В. За да се реставрираат нормалните услови долж границите по меѓу Грција, од една, и Албанија, Бугарија и Југославија, од друга страна, и со самото тоа да се помогне во воспоставување на добрососедските односи, Комисијата препорачува формирање на посебно тело...
49. Делегацијата на Советскиот сојуз приговара на изнесените предлози за Грчкото прашање:
“1. Горенаведените предлози на ниту еден начин не произлегуваат од фактите и документите што ги собра Комисијата за време на истражувањето на ситуацијата во Северна Грција и на нејзините северни граници, туку тие се втемелени само на некои незасновани претпоставки на грчката влада во врска со пружањето помош на герилата од страна на северните соседи на Грција.
2. Предлозите ја прифаќаат можноста за постоење на гранични инциденти, конфликти, па дури и акти на агресија, во иднина во односите помеѓу Грција, од една, и Југославија , Бугарија и Албанија од друга страна, и покрај тоа што Комисијата нема никакви основи за давање на предлог од ваква природа.
3. Предлозите предвидуваат мерки што се однесуваат не само на Грција, туку на Југославија, Бугарија и Албанија исто така, иако од документите што беа на располагање на Комисијата, сосема е очигледно дека тензична ситуација постои во Грција и дека тамошните нереди не се случуваат само во северниот дел, туку во цела земја и така тензичната ситуација и нередите во Грција се последица на внатрешни причини.
4. Воспоставувањето на постојана гранична комисија или на тело што би го преставувало Советот за безбедност, на начин како што се предвидува со предлозите, како и склучување на конвенции и договори меѓу Грција, Југославија, Бугарија и Албанија, во огромна мерка претставува ограничување на суверените права на тие држави во решавањето на нивните меѓусебни односи.”
50. Полската делегација ги изнесе следниве приговори на изнесните предлози од Комисијата за Грчкото прашање:
“1. Мерките во целост се неефикасни, бидејќи тие ги земаат предвид само симптомите, а не и причините за неприликите што постојат во северна Грција и долж нејзините северни гранци. Фактот што предложените мерки се неефикасни, може лесно да го загрози престижот на Обединетите нации.
2. Некои од предложените мерки се чини дека не го земаат предвид фактот што не постојат дипломатски односи меѓу Грција, од една страна и Бугарија и Албанија, од друга страна.
3. Во врска со предлогот изнесен под Б, во кој се сугерира формирање на постојано контролно тело, оваа мерка се чини несоодтветна заради следните причини:
(а) таквото контролно тело ќе ги загрози суверените права на Грција, како и на Албанија, Бугарија и Југославија.
(б) тоа ќе претставува мерка на присила во однос на Албанија, Бугарија и Југославија. Оваа мерка, на ниту еден начин нема да биде оправдана со резултатите до кои дојде истрагата на Комисијата. Токму затоа, наместо да доведе до подобрување на постојните тешкотии, таа може да доведе до сосема спротивни резултати.”
51 Делегацијата на Советскиот сојуз приговара на изнесените предлози за Грчкото прашање:
“1. Горе наведените предлози на ниту еден начин не произлегуваат од фактите и документите што ги собра Комисијата за време на истражувањето на ситуацијата во Северна Грција и на нејзините северни граници, туку тие се втемелени само на некои незасновани претпоставки на грчката влада во врска со пружањето помош на герилата од страна на северните соседи на Грција.
2. Предлозите ја прифаќаат можноста за постоење на гранични инциденти, конфликти, па дури и акти на агресија, во иднина во односите помеѓу Грција, од една, и Југославија , Бугарија и Албанија од друга страна, и покрај тоа што Комисијата нема никакви основи за давање на предлог од ваква природа.
3. Предлозите предвидуваат мерки што се однесуваат не само на Грција, туку на Југославија, Бугарија и Албанија исто така, иако од документите што и беа на располагање на Комисијата, сосема е очигледно дека тензична ситуација постои во Грција и дека тамошните нереди не се случуваат само во северниот дел, туку во цела земја и така тензичната ситуација и нередите во Грција се последица на внатрешни причини.
4. Воспоставувањето на постојана гранична комисија или на тело што би го преставувало Советот за безбедност, на начин како што се предвидува со предлозите, како и склучување на конвенции и договори меѓу Грција, Југославија, Бугарија и Албанија, во огромна мерка претставува ограничување на суверените права на тие држави во решавањето на нивните меѓусебни односи.”
52 Полската делегација ги изнесе следниве приговори на изнесните предлози од Комисијата за Грчкото прашање:
“1. Мерките во целост се чинат не ефикасни, бидејќи тие ги земаат предвид само симптомите, а не и прижините за неприликите што постојат во северна Грција и долж нејзините северни граници. Фактот, што предложените мерки се неефикасни, може лесно да го загрози престижот на Обединетите нации.
2. Некои од предложените мерки се чини дека не го земаат предвид фактот што не постојат дипломатски односи по меѓу Грција, од една страна и Бугарија и Албанија, од друга страна.
3. Во врска со предлогот изнесен под Б, во кој се сугерира формирање на постојано контролно тело, оваа мерка се чини несоодтветна заради следните прижини:
(а) таквото контролно тело ќе ги загрози суверените права на Грција, како и на Албанија, Бугарија и Југославија.
(б) тоа ќе претставува мерка на присила во однос на Албанија, Бугарија и Југославија. Оваа мерка, на ниту еден начин нема да биде оправдана со резултатите до кои дојде истрагата на Комисијата. Токму затоа, наместо да доведе до подобрување на постојните тешкотии, таа сосема добро може да доведе до сосема спротивни резултати.
53 “Репатрирање на грчките деца”- “Repatriation of Greek Children”. (First Joint Report by the International Red Cross and the League of Red Cross Societies), Женева, 5 октомври 1949, стр. 2 54 На 23 март 1949 година КПГ ја формира КОЕМ (Комунистичка организација за Егејска Македонија) и се велеше дека за Македонците тоа преставува “Светла точка” во историјата. “КОЕМ прогласува, се вели во резолуцијата дека КПЈ го издаде народно - демократскиот блок и дека народите на Југославија, меѓу кои и македонскиот, ги предава во рацете на империјализмот...” Историјата наша (Секторската историја за Егејците), оценува: “Усвоената Резолуција од раководствот на КОЕМ и сите организации на НОФ, АФЖ и борците на ДАГ и служи како средство за спроведување на една хистерична кампањја против Југославија и нејзиното раководсто”. А на 16 јуни 1949 година извршниот одбор на АФЖ ги повикува Македонките во одбрана на фронтовската одбранбена линија Вичо.
55 Како последица од Балканските војни (1912-1913) и со Букурешкиот мировен договор од 28 јуни (10 август) 1913 година, санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август ) 1920 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија, Бугарија и подоцна Албанија ги доби Долна Преспа и Голо Брдо. Грција доби 34.356 км2 или 51% од македонската етничко-историска територија; Србија 25.713 км2 или 39%; Бугарија 6.798 км2 или 9,5 % и Албанија 0,5 % од македонската-историска територија.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/wanderers-talkachi-e-book-macedonian/21 on October 29, 2026