Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Wanderers

“ОЛА ГИА ТОН АГОНА, ОЛА ГИА ТИ НИКИ!” (СЕ ЗА БОРБАТА, СЕ ЗА СЛОБОДАТА!) - Part 01

By Стојан Кочов · Part 13 of 26 · About 20 minutes

Read in English Read in English Read in Македонски

“ОЛА ГИА ТОН АГОНА, ОЛА ГИА ТИ НИКИ!” (СЕ ЗА БОРБАТА, СЕ ЗА СЛОБОДАТА!)

Дали ние, како народ преку таквата опција бевме интелектуално и воено политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет на Македонија под Грција и компактноста на македонското население по Втората светска војна?

Кога големите сили по делата на сфери на влиајние ставот им беше “Политика на статус КВО”. Кога меѓународните државни граници на Грција и Југославија истовремено по Втората светска станаа и воени граници на двата табора?

Дали со таквата стратешка, на НОФ и не сме ја лоцирале војната (спрема измисленото сценарио на “Пекол и изгорена земја”) во регионот што на туѓинците им беше како главна цел

– етнички да го преуредат и да ја закрепат граничната линија на железната завеса помеѓу двата табора?

Ако во историјата нема “Ако било”, ами има “Како било”, тогаш и во тоа е нејзината врвна мудрост. Меѓутоа, во оваа анализа можеби за оние “Чуварите” на “Историјата за Егејците”, кои уште велат дека немаше друга алтернатива, остана едно, навистина сериозно и тешко прашање: “Ако би било”. Дали, ако од демократските сили на Грција, Граѓанската војна беше лоцирана во други делови на Грција и се разбира, да ја немаше претходницата на НОФ раководена од КПМ/КПЈ, ќе ја доживеевме таквата масовност (принуда) и таквата катастрофа?

Прашањата се толку чувствителни и набиени со емоции, па дури и во овој миг кога ќе помислиме да му пристапиме со еден конструктивен став кон тајните на црнилата од минатото, се соочуваме со жестока реакција на поедини идеолошки активисти, кои и ден - денес се против секаква корекција на историјата, изигрувајќи ветерани низ туѓи војски, грконосталгичари (Ворјасовци), а од сосема јасни цели, сега се декларираа како југословеноносталгичари и само тие знаат зошто...

Можеби, сите овие противречја, најмногу се должат на тоа што нашата историја пишувана под цензурата на комитети за арбитража со историската вистина и по полавек не смогна да ги открие корените на злото и мрачните тајни на геноцидот наш и со тоа бевме одвлечени во некаква мистификација, односно цинизам, обмислен за истуркување на фактите во корист на дневната политика.

Од историјата знаеме, дека сите успешни или погубни војни, секој цивилизиран народ преку критичкиот суд на историјата има дадено историска оценка, па време е и македонската историографија да го разреши тој политички рубикон за да остави поука за иднината, бидејќи специфичната функција на историјата е токму истражувањето на тие причини. Ако земеме во оглед дека ниедна тема во Грција не беше толку релевантна во текот на столетието и остана толку жива, како онаа како да се сотрат Македонците и присвои Македонија. Ние Македонците оддамна требаше да си ги избришеме илузиите дека некој друг ќе биде повеќе заинтересиран за нас и, токму на тоа се должи успехот на елинизмот. На феноменот на нашите делби, неединство и поданичка свест. Дали нашата стратешка цел ја имаше истата функција да стори се за да не се напушти прадедовото огниште, оти тоа пред светот ќе биде и конечен документ за национален пораз. Сведочењата на настаните во трииполгодишната Граѓанска војна ни ја потврдуваат старата вистина дека војната не беше никаква случајност, дека идеолошкото насилство, бруталните мобилизации над Македонскиот народ, кој даде се од себе, а за возврат да добие смрт на своите синови, доби прогонство и разурнување на своите огништа, да не може, се до ден - денес да им запали свеќа на своите синови и браќа кои загинаа. Па зарем тоа, нели е добросмислена политичка акција.

Петто: Значи: на 30 - 31 јануари 1949 година се одржа 5- от Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Обединета Македонска држава во рамките на балканска федерација”, а на 7 март 1949 година ЦК на КПГ го демантира таквото решение. Исто така, таквиот демант го прифати и НОФ и на 2-от Пленум на НОФ од 3 февруари 1949 година. По фронтовската загуба на планината Вичо на 14 август 1949 година од политичкиот (врховниот комесар) Василис Барџиотас, беше фрлена паролата дека “Грамос ќе стане гробница на монархофашистите - владината војска” која броеше дест пати повеќе од силите на ДАГ, а на 29 август 1949 година со последните битки на планината Грамос, Главниот штаб на ДАГ објави: ...дека единиците на ДАГ са повлекуваат во Албанија, бидејќи си ја извршија херојски својата задача и тоа беше крајот на ликвидацијата на ДАГ. А на 7 октомври 1949 во Албанија, во месноста “Бурели”, по налог на КПГ беа прогласени за шпиони и предавници на револуцијата 11 членови на НОФ, АФЖ и НОМС и тие поминаа низ сибирските логори, а сите борци на ДАГ во емиграција остана со паролата од КПГ и со тоа беше остварена над секого казната без вина.

Шесто: На 23 март 1949 година КПГ ја формира КОЕМ (Комунистичка организација за Егејска Македонија) и се велеше дека за Македонците тоа преставува “Светла точка” во историјата. “КОЕМ прогласува”, се вели во резолуцијата “дека КПЈ го издаде народно - демократскиот блок и дека народите на Југославија, меѓу кои и македонскиот, ги предава во рацете на империјализмот...” Историјата наша (Секторската историја за Егејците, оценува: “Усвоената Резолуција од раководствот на КОЕМ и сите организации на НОФ, АФЖ и борците на ДАГ и служи како средство за спроведување на една хистерична кампањја против Југославија и нејзиното раководсто”. А на 16 јуни 1949 година извршниот одбор на АФЖ ги повикува Македонките во одбрана на фронтовската одбранбена линија Вичо.

Седмо: Тито и Сталин ги скара “грчката линија” Врвот на судирот меѓу Сталин и Тито беше поради тоа што Маршалот не сакаше да се откаже од помошта во оружје и опрема на партизаните во Грција за време на Граѓанската војна, откриваат тајните документи на ЦИА.

Тајни документи на ЦИА Изгледа неверојатно, но документите на американската Национална безбедносна агенција (НСА), од кои неодамна беше декласифицирана нивната тајност, покажуваат дека светот бил на работ на трета светска војна (и тоа нуклеарна) за време на епскиот судир на Тито и Сталин во голема мера и поради југословенската помош на грчките партизани за време на Граѓанската војна што почна во 1946 година. Тајните документи на разузнавачите од ЦИА откриваат дека во годините по Втората светска војна на јужната граница на Македонија се прекршувале големи геополитички игри за прераспределбата на влијанијата, па дури и менување на границите. Анализата на НСА на 11 страници за вистинската причина за пресметката меѓу Тито и Сталин открива извонредно четиво за историчарите кои ги собираат коцките за мозаикот на Граѓанската војна во Грција, учеството на тамошните Македонци во баталјоните на партизаните и југословенските војници испратени таму напомош. Оваа анализа покажува и до каде би можеле да отидат двете страни во жестоката студена војна.

Осмо: ПРЕДЛОЗИ НА КПСС КОЈА ГИ УПАТИЛА НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА На 11 април 1949 година Захаријадис беше повикан во Москва, каде што лично Сталин му дал директива ДАГ да ја прекине оружената борба. Сталин оваа одлука ја мотивираше со информацијата што ја имал, дека во текот на летнаста офанзива против ДАГ, грчката владина армија со НАТО ќе ја нападнат Албанија, а СССР поради конфликтот со Југославија, нема да биде во состојба да помогне.

На 20 април 1949 година, Захаријадис го запозна потесното раководство на КПГ со директивата на Сталин и беше изработен план за повлекување на ДАГ од Грција, кој според Сталина требало да се заврши до крајот на мај 1949 година.

Но, на 4 мај 1949 година, ненадејно, советското раковотство, го извести Захаријадис дека повлекувањето на ДАГ привремено се одлага и ДАГ да ја продолжи борбата.

Се поставува прашањето: можеме ли ние Македонците и пред овие факти да веруваме дека бевме политички – воен фактор во Граѓанската војна и дека командувавме на ДАГ како да постапува, во чии редови НОФ имаше мобилизирано повеќе од 15.000 Македонци – селани?

Треба, ли, да се трошат зборови и за манипулациите на туѓинците со нас, а и со нашите водачи од НОФ и АФЖ?!

НОФитите од духовни водачи станаа водачи на сервисни пунктови, каде што веќе по тоталните мобилизации не беше толку важно да се грижат за судбината на Македонците и Македонија, туку на која партија припаѓаат (КПЈ или КПГ) и што можеа повеќе да придонесет во нивна корист.

Ова е прилично сурова вистина, но веќе 70 години бесмислено се оправдуваме пред поколението, наместо да си признаеме дека македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонските позиции. Не успеа да се соочи со многуте сложени проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Не ги процени туѓите сили, стратешки интереси и планови. Македонците, потпирајќи се на два центри (КПЈ и КПГ) напуштајќи го едниот и приклучувајќи се на другиот и безрезервно спроведувајќи ги неговите политички интереси, доживеавме “легални миграции” помогнати и стимулирани токму од овие центри и не снајде – ГЕНОЦИД.

Деветто: Со загоцнување од цели децении генерал Маркос најпосле, во посебни интервуа за атинскиот весник ТА НЕА и за солунскиот ЕЛИНИКОС ВОРАС, изјави: - Захаријадис ја сакаше таа катастрофа... Плански работеше за тоа... Бевме предадени оа раководството на Партијата!” (Види ЕЛИНИКОС ВОРАС од “ август 1978 година). Или: - “Тогаш се уште немав дојдено до констатација дека Захаријадис е провокатор...

Захариајдис ја играше играта на Англичаните и Американците” Дим. Гусидис (дописник): “Какви докази имате за се Што денес го обвинувате? Постојат документи?” Г-л Маркос: “Имам документи... А и самите настани зборуваат! (види ТА НЕА од 22 август 1978 година).

Десетто: Во февруари 1953 година во Анкара се водени тристрани разговори за формирање на Балкански пакт за пријателство и соработка помеѓу Грција, Југославија и Турција.

Во август 1954 година се дополни и се стави во сила со потпишувањето во Блед (Југославија) за воен Сојуз помеѓу трите потписници. Балканскиот пакт од 1953 година беше еден момент како поддршка на Југославија од заканите што - беа упатувани од земјите на комунистичкиот лагер и затоа не траеше многу. Така во 1961 и трите земји оценија дека Балканскиот пакт стана мртво писмо.

Но, со потпишувањето на Балканскиот пакт имаше и разбирливи последици спрема македонското прашање, бидејќи Југославија на Грција Ја направи отстапки и тоа: го распушти “Сојузот на Македонците од Егејска Македонија” и го затвори (ликвидира) пропагаторскиот весник “Глас на Егејците”.

*** ТОА БЕШЕ ВИСТИНСКА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЗМОТ...

Сите ги ококоривме очите, а Сувогорски смирено продолжи:

Сакам да ви ја кажам мојата приказна. Во источниот Сибир пристигнав повеќе љубопитен односно загрижен. Како што е речено, лагата има куси нозе,не може далеку да оди. Бев сигурен дека нема толку години да бидам робијаш...

Тоа беше по наредба на Захаријадис ЦК на КП на Грција. Bев уапсен на 3 октомври 1949 година.

На ден 30 мај 1952 година, ми беше соопштено: За врски со меѓународната реакција и за организирана активност во нејзината корист член 58, точка 4 и 11 од кривичниот Законик на Руската Федерација. (Маките се мој и не сакам да Ве измачувам).

*** Со ноќниот воз од Белград пристигнав во Скопје на 1 март 1960 година. Беше рано утро и перонот празен. Неколку луѓе од Базбедноста ме пречекаа (по погледите тоа беше видно) но не за да ми помогнат.Со багажот и семејството, на пренатоварениот, се упатив кај единствената адреса што ја знаев - кај пријателот Вангел Ајановски - Оче. Не ме прими како стар негов раководител и другар. Кога попладне посакав да се прошетам низ Скопје, не дојде (испрати со мене еден од своите “аѓутанти”). Сепак таа вечер му бев гостин. Другиот ден се преселив во прифатилиштето “Чајр” и рече:

Од денес Катадневни ќе бидат отворени темите на универзитетот во прифатилиштето...

*** Староседелците на прифатилиштето се распрашуваа зарем овој е Сувогорски што не учеше марксизан-ленинизам и значењето на Коминтерна. Заеднички ја пеевме Интернациолата небаре ечеше од Москва се, до Костур, Лерин и Воден, ама по Граѓанската војана во годините (1945-1949), се отишло во заборав.

Кога не здогледа, наседнати на железните кревети забележав, во неговите очи некаква радос и како да му заискрија очите.

Правејќи голем чекор преку прагот да влезе.

Се зашеметив, се зашеметив, се појави човек, кого никој не го викна. Но почнав да си намнисувам некои детали од минатото...

Но, она што Сувогорски строго го сочува за себе (Така задоен од Комунистите) беше најмногу, крвавата приказна за Граѓанската војна и беше спремен да ги разоткрие и да ги соголи луѓето на кои неизмерно им верувал како на членови на Партијата и по редот на комунистичката хиерархија, секогаш со будно око и покорно ги извршуваше партиските задачите, оти токму така било решено од горе: “Се за борбата, се за победата” и така им на ложувал на своите починети. Се чувствуваше горд, кога така течеа и се исполнуваа задачите од НОФ и АФЖ, наредени од КПГ и КПМ/КПЈ.

Сега потпрен на бастунот облечен во руската топлогрејка,а на глава имаше оптегната шапка од астраган.

Не барал со денови, да не види како дремиме во прифатилиштето и ги броиме и пребројуваме зидовите од плитар... Живееме бесполезен живот и како да ја очекуваме смртта... Се чувствуваме осамени. До вчерашни соборци се одбегнуваат. Се делат копончиња за колективно ручање.

Мириса на ждриговина и киселеност на отстоена чорба...

Сувогорски остарен и слинат во снагата, гласот здебел и успивен продолжи да чекори. Чекорот му беше предпазлив и одмерен, барем така изгледаше, но во неговата длабочина сепак затрепери гласот што пробиваше низ ходникот на старата барака од прифатилиштето во “Чаир” не поздрави на мешан руски јазик со “Здраствујте! Мои дорогие незаборавни соборци!

Сонот ми се оствари. Слава богу... Ми се ствари сонот...” Зад брчките на олабавеното малку намуртено избраздено чело, бездруго, тој се уште ги носи грдите слики што му беа оцртани во логорот “Тајшед 041” во СССР. Неговото лице е неодгатливо, недостапно и строго. Во неговиот поглед, а врз усните има нешто замислено-испрашувачко, додека со мали чекори ми се приближува да ме прегрни а во рака држеше книга од Хана Арент “Изворите на толитаризмот”.

Сувогорски е таков, беше доста своеглав човек, иаку тоа никој не му го земаше за зло.

Таков си е, си помислив, познавајки го уште од пред, па и во пеколот на војната, тој секогаш сакаше да влезе во рсправа со силен противник кому ќе му се предаде после страшното одмерување на мислите. Длабоко во себе сакаше некој кој ќе му биде негов идол. Копнееше по посилен од себе, некој самонаречен-марксист или интернационалист...?

Го загледав зачудено и направив усилби, за да се вратам од сегашноста во минатото. Во нашата младост. Пред мене стој белокос човек кој толку ми наликуваше на даскалот Сувогорски, а еве пред мене беше тој истиот партиски идеолошки активист, со кого ме врзуваа многу преживувања, од живот како што се кулминацијата на фашизмот како универзално зло, така и комунизмот. И едната и другата идеологија умеат на своите приврзаници да им зазвучат романтично се додека не ја освојат власта и едната и другата идеологија ги окрвавуваат рацете оној момент кога од политичката теорија ке станат сурова практика. И како што сега вели Сувогорски и двете идеологии се штетни, но се далеку од исти.

Кажете ми нешто за Вас, се обидував да ја скршам тишината.

Тој ме гледа восторжен, а јас стојам како снаморен, молчам и се думам: “Колку остарел човекот?”. Небаре како јас да сум подмладен низ изминатите 65 години. Го мачеа многу нешта.

Најмногу го мачеше тоа што неможеше да размислува за многу нешта што го мачеа поради главниот настан,времето преживеаните војни, сибирските затвори, но и се не можел да го запишал а не запишаното тешко се запаметува. Во сибирските затвори, не му давале хартија, ниту карандаш (обичен молив).

– Здарво, Добрине! Кликнав. – Зошто стоиш? Влегувај и седни.

Ете тука...

Иако тој, задлабочен во своите мисли, внимателно ме набљудува, не толку за да ме препознае, колку што сака да се увери да ли сум спремен да ги ислушам сите негови тајни што ги носел низ неговиот идеолошки активизам, особено во Граѓанска војна во годините (1945-1949), кога живеел под засилен надзор и се до прогонот во сибирските логори.

Кога се сретнаа нашите очи, двајцата стоевме така скаменето.

Во неговите очи видов,очајност,но и љубов кон сите нас,поранешени негови соборци. Тој се насмевна и забележав дека кај даскалот останал истиот непроменлив израз што го имал пред половина век кога со насмев ни зборуваше за нашата иднина со изградба на едно општочовечко и рамноправно општество за благодет на сите. Така повеќето го паметат, кога Сувогорски пред македонските селани го повторуваше ленинскиот принцип и му се радувме сите.

Уште го носам во мислите, кога ни зборуваше за “Обединета Македонија.” Сега сиот растреперен од болка и разгневен од јад поради поразот на неговите револуциони идеали: за “Обединета Македонија”. Таквата убеденост ја имаше стекнато кога во Јануари 1945 година го прочита проектот за што преговараа делегациите на Југословенската и Бугарската влада и првиот член гласаше: “Владата на Бугарија и владата на Југославија изјавуваат дека пристапуваат кон обединување на јужните Словени преку образување заедничка федеративно уредена држава која ќе се вика Федерација на јужните Словени (ФЈС) со заедничко народно преставништво, со заеднички министерства за надворешни работи и војска и сите заеднички установи и министерства кои конечно ќе се установат во заедничкиот устав на ФЈС”.

*** Сувогорски како човек беше одмерен и внимателен во секоја своја искажаност, исполнет со една восхитувачка воздржаност и таинственост.

Му пожелав добредојде во својата татковина. Тој седна, се смири и ме гледаше во очи:

Го прашав: – Како си даскале?

Тој, беше среќен поради средбата, беше срдечен, отворен и пријатен, но доста емотивно и расчуствително, се созеде и се насмевна, а образите се уште му беа пламнати. И по 65 години не го напуштаа сеќавањата за бурните настани од тоа време. Се потруди да се совлада и ми одговори:

– Знаеш дека секогаш мислев на сите вас. Оти знам дека вие живеевте со носталгијата за родниот крај. Значи, по половина век и повеќе, конечно си во Македонија.

Му велам: – Си спомнувам; дружеше со социјалистите.

Добрин, се потстокми и ми вели: – Па добро, јас отидов подалеку од нив, посакав да го следам комунистичкото движење. Но, секоја идеологија има своја патологија. Како национализмот, така и комунизмот. Јас бев против секаков национализм, бидејќи национализмот е опасен, а тоа го знаев и видов од Грците спрема нас Македонците и аку сите ние бевме членови на КПГ.

Замолча и некако со чудна вина ми вели: - Кога размислувам за сето она,ми се чини како сам да си копав во срцето гроб.

Ние Македонците не успеавме да оформиме Комунистичка партија и се придржувавме спрема Ленинскиот став: “Една држава една партија...” и ние Македонците под Грција си останвме како сираци во Комунистичката партија на Грција. И што се случи?

Кога Македонците подпаднаа во тугите партии,тие постапуваа како ќе им наложат и така ги присвојуваа нивните раководители,а тоа значеше нивните очуви. Например конкретно КПЈ од Тито, а КПГ од Захаријадис. Токму тоа се случи во Граѓанската војна и резултатот беше поразителен, пред се за самите Македонци. И кога биле игнорирани, и кога биле посакувани, и кога меѓу себе се уништуваа. А што е вистина, така било со векови, или некому пречеле, или ги присвојувале или меѓу себе се убивале.

Во тој миг се појави Божин Ристујчин и со рапав глас го отвори дневникот и рече: “Никој никогаш не се спасил од разоткривање и никој никогаш не пропуштил да признае. Сега истражувачите се преокупирани па со нас, односно со проучување на политичката битка на НОФ и АФЖ, но падзаскривајкисе и од нивна поданост не им дава да ја кажат вистината што ја доживееа Македонците и сега по прогонот само што фатил корен и чиј личен живот го устроил во прогонство идентификацијата со секој друг, дури и со тугинецот ја прави со цел да го зачува душевното здравје.

Дедо ми велеше: “Во тоа време, кога еднаш ќе ја признае туѓата зломисла, човек може да биде сигурен за извесно време дека ќе биде мртов.

Да, тоа ми го велеше и дедо ми: “Од беда може да се побегне, но од бедни луѓе не...”

*** Сувогорски продолжи: Го одбрав поопасниот пат. Но од мене се бараше да го жртвувам семејството, па и татковината, правото на сопственост, и најсветлите вредности од личниот живот. Едноставно да му служам на пролетерските маси и жестоко да ја напаѓам буржуаската елита. Секоја генерација верува дека е современик на големи промени и ништо по толку години не се разликува, ниту денешната. За разлика од нашата генерација која беше носител на идеите за Советизација на Балканот и во светот, се покажа дека бевме жртви, оти во земјите каде што социјализамот како систем доживеа колапс се роди многу посилен и многу по суров капитализам.

Нееднаквоста драстично се зголеми. Денешната генерација која е носител на современите промени им дава актуелност на економските, политичките и културните промени обединети во поимот Глобализација. Денешното е време на планетарното ширење на глобалниот капитализам. Да, од твоето намнисување навистина, изненаден сум!

Му реков: – Знам дека ти ни зборуваше за човечко општество видено во еден “програм за најубав свет” и многу други докази и скици што тогаш ја имаа формирано Ти умееше да не наелектризираш, дури така што би можел да не однесеш на крајот на светот. А покрај сето тоа, сите велеа дека си и чесен човек и, како твоето огромно богатство од кое еден добар дел си бил спремен да го поделиш на сиромасите.

Се сеќавам (дома нашите велеа си намнисувам) на лекциите од историјата за феудалните кметови кои ги држеле во полуропство зависните селани. Не знам по чија иницијатива беше, но едно утро селаните од јаснополе и Рудино осамнаа зачудени: на секој плет, на секој плитарски ѕид, на секоја козја патека беа испишани пароли:

“Да ја уништиме монархијата!”, “Да го уништиме патриотизмот!”, “Да ја уништиме религијата!”, “Нашата цел е - Комунизамот!” Гласот му беше природен и мирен, барем така изгледаше, но во неговата длабочина сепак затрепери и се опули во сите нас, а жените имаа одамна замолкнато.

Даскалот, молчејќи, не ги симнуваше очите од мене со болен поглед ми рече:

- Идеолошкиот активизам над нас Македонците под Грција во тие судбоносни години посебно во 1945-1949 г. на поданство, најважното што се случи беше: разградуванње на националниот идентитет и на крај доживеавме ГЕНОЦИД.

Тоа беше време кога големите сили во Јалта, разигруваа шах -мат варијанти и на Балканот со подела на свери на влијание.

Тажен си, но и јас сум огорчен.

Богољубе, ти незнам да ли си ја чул руската поговорка која гласи; “Со куршум може да се убие човек, а со збор може да се водат полкови во војна.” Му одговорив: – Да! Сум ја слушал таа руска поговорка.

Тој рече: – Тогаш беа потребни објаснувањата за “гнилиот капитализам” и патот на слободата дека бил зацртан во нас.

Главната метода за освојување на власта беше: да се обединат луѓето и откако ќе се обезличат, со нив беше лесно да се управуваат од водачот кој единствен има личен печат и

“Харизма”.

Беше тоа време еднакво на чудо и во грчката и во југословенската партија на комунисти. Тоа го правеа со умисла комунистите. Генерациите “требаше да се освестуваат идеолошки”. Всушност, се преповедаше идеологијата и доктрината на социјализмот и дека сите требаше да размислуваме за можниот рај на овој напатен и долго поробен мал народ македонски.

Настана штама,замолкна кучето со оној страшен лавеж кога Сувогорски влезе во бараката,чиниш и тоа свати дека ние стар пријател на на сите нас...

Мебелот во прифатлиштето беше толку стар и преполн со железни кревети, а велеа дека бил специјално опремен за луѓето

- Талкачи и не викаа “Егејци”.

Такви беа креветите, само човек што ќе седни на него и пружините крцкаа како да се истурија куп џамлии по подот.

Правеа голем шум, со секое помрднување.

Разговорот што беше прекинат, во еден миг на Сувогорски како да му опуштил синџирот со кој му бил врзан јазикот во годините на прогонството.

Тој, беше седнат на крајчето од креветот и со поглед не наблудуваше сите. Го сврти погледот кон мене и продолжи.