Ideological Activism: Macedonians Under Greece
ЗАКЛЕТВА - Part 03
3. Дали “македонскиот синдром” беше дело на еден тотален светски неред, на вакумот по завршувањето на Втората светска војна, на уште не дефинираната светска политика на двата табора (социјалистичкиот и капиталистичкиот), што можеше да се види уште во почетокот на војната (1945-1947) тешко е да се каже. Се покажа дека максималната ангажираност само преку Македонците не даваше јасна слика за конечната победа и за некаква социјалистичка револуција во Грција. Се надевавме ли дека преку таквата советизација, ние Македонците ќе се најдеме во една Балканска федерација и ќе го решевме прашањето; или тоа беше неконтролирана еуфорија на голем ризик и без одговорност? Тоа се само некои од прашањата. Во книгата “Ксенократија”, што излезе во 1975 година - дело на екипа стручњаци, под редакција на Џон Фриман стои: “...На почетокот на февруари 1948 година, една југословенска делегација пристиган во Москава. Во составот на делегацијата беа Кардељ, Ѓилас и Владимир Дедиер. Сталин ги прими во Кремљ и во разговорот, што го водеше, го нападна Белград, дека превзема самоволни иницијативи и постапки во основните и клучни прашања од надворешната политика, без да се советува со Москва. Кардељ посака да се оправда, но Сталин го прекина со висок тон: “Не, не прашувате за ништо, и не се согласуваме со сите ваши меѓународни иницијативи. Не се согласуваме со вас, југословенските другари, дека треба да продолжите со помош на грчките партизани. Таа борба нема никаква надеж дека ќе успее.” Исказот на Сталин го кажува и Дедиер во книгата “За Тито” (1953, страница 218). Но и Ѓилас во својата книга: “Разговорите со Сталин” (стр.182), го потврдува сето тоа, што го пишува Дедиер, со надополнување, дека Сталин го рекол и тоа дека - Револуцијата (борбата) во Грција треба да престане! Како што пишува Ѓилас, тој го употребил и зборот “СВЕРНУТ”, што има значење: “да се завитка, како што се собира килимот.” Потоа Сталин, свртен пак кон Кардељ, го прашал:
Верувате ли дека револуцијата (борбата во Грција) ќе успее?
- Ако американската интервенција не се зголеми, одговори Кардељ, и ако грчките партизани не прават сериозни политички и стратешки грешки...
Но Сталин го прекина нервозно: “- Ако, ако, ако... Не! Прават грешки. Тие немаат ни најмала шанса за успех. Што мислите, дека Велика Британија и Соединетите Држави - Соединетите Држави најмоќната држава на светот - ќе ви дозволат вам да ја скршите линијата на комуникациите кон Средоземјето.
Будалштини, глупости. Револуцијата во Грција треба да ја прекините колку што е можно поскоро...” Ѓилас, стр.182.
Што значи дека клучот на таа војна беше во рацете на Американците. Тие беа вистинските господари на таа војна, и само тие имаа задача да ги одбранат своите интереси што значи, политичарите ги започнуваат војните, политичарите решаваат кој е тој момент кога треба да заврши војната. Но, таа војна беше најтешка и најнеобична за нас, изманипулираните Македонци.
4. Смеевме ли ние Македонците да заборавиме дека се наоѓаме во една експлозивна зона и од поодамна бевме меѓу дипломатијата и топовите, како што пишуваше и солунскиот весник “Неа алитија” (Нова вистина) од 17 април 1946 год.
*”СУДЕТИ”**. “На северните граници на Грција се наоѓаат Судетите на третата војна. Тие се “Славомакедонците”. Ако Грција не се ослободи од нив, третата светска војна ќе почне на грчката граница. Но, сите тие треба да си одат од Грција... Или треба да бидат ликвидирани. Па така ним им успеа она, што го наумија. Преку сите и севозможни манипулации - македонското население го иселија од вековните огништа. И од сето тоа, што е најстрашно и најтрагично, истрелите од војната се уште одекнуваат, и како стварност, и како потсетување; но само уште кај нас, Македонците, расејани по светот. Тоа им беше полесно за остварување кога им успеа да не облечаат во униформата на ДАГ…
5. Зарем можеше на нашиот поход да му биде гаранција т.н.
Балканска конфедерација? - намера, која спаѓаше во стратегијата на балканските игри. Особено кога се знаеше колку и какви туѓи интереси зад сето тоа се кријат (некаква советизација на Балканот). Па така само неупатените и можат се до денес да веруваат во некаква грчко - југословенски односи, без никаква улога во тоа на историските фактори од видот на (Букурешкиот договор и други). Освен што е неточно таквото очекување е, и наивно. Тоа беше време на еден исклучителен сплет на околности, и нив во полна мера ги искористија инструкторите во корист на Грција - за да не прогонат сите нас и со тоа да се решат проблемите околу македонското прашање. Неупатените можат и понатаму да веруваат дека во Граѓанската војна, НОФ и АФЖ биле “носители на револуционерните идеи и идеали на Илинден и на револуцијата”, и дека како тие биле избрани од нацијата да го кренат народот во револуција за социјализам во Грција. За воља на вистината што ние претставуваме како воено - политички фактор ќе го наведе следното искажување.Во книгата “ДАГ -прашања истратегија и тактика на раководството”, од М.Г -Џумеркиотис, каде што се зборува за сегрчкото воено политичко советување на стратешките прашања и за развојот на понатамошната тактика, одржана на 15.01.1948 година, авторот вели:
“На ова советување, што се одржа на Вичо, зедоа учество 22-ца функционери на партијата и на војската на ДАГ.” Информираше Гусјас за сите порази, за расцепот на КПГ и за грчката левица. На ова советување беа присутни: Захаријадис, Иоанидис, Маркос, Барџиотас, Стрингос, Зографос, Колијанис, Вазванас и.т.н, но не беше присутен ниту еден Македонец, и тоа на територијата на Вичо! Што значи, Грците не ги мешаа многу работите. Ние можеме и се до денес да си живееме со тие одамнешни желби, без визија. Но, тие се покажаа итри и прагматични. И тие го сочуваа пленот, што го зграбија со Букурешкиот договор во 1913 година, односно во Версај 1919 година.
Ќе ги наведам само последните манипулации на КПГ со нас Македонците, како краен резултат. Бидејќи доста ЕЛАСИТИ, ЕАМИТИ И КОМУНИСТИ се и понатаму склони да се придржуваат кон опскурнтизам; но тоа веќе прерасна дури и во идеална здодевност на нашето историско минато и убеденост дека Македонците и оваа лага разумно ќе ја проголтат...
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/10 on October 29, 2026