Ideological Activism: Macedonians Under Greece
Front Matter
Идеолошкиот Активизам Над Македонците Под Грција Стојан Кочов Идеолошкиот Активизам Над Македонците Под Грција Published by:
Risto Stefov Publications rstefov@hotmail.com Toronto, Canada All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, except for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
Долгогодишните копања по минатото, ми овозможија подобро да ја соглем вистината за извршен геноцид над нас Македонците под Грција. Историските студии и истражувања по извршениот геноцид над Македонците под Грција (1945-
1949) година, токму во периодот на Комунистичката Интернационала, се определив да го напишам овој труд со наслов: “Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција”, со цел да ги опишам сите идеолошки активности ставови, погледи, судбински решенија, а на штета за нашата иднина кои беа давани “од озгора” - (КПГ и КПЈ/ КПМ), а слепо прифаќани и спроведувани од НОФ и АФЖ на штета на Македонскиот народ.
Се покажа дека ние како војници на ДАГ, не го контролиравме македонското политичко движење, туку целото знаење сме го имале ставено во служба и (жаложба на живот) во акцијата што ја планирале идеолозите на војната - тугинците и нашите послушници.
Особено, сега преку едно целосно и сеопшто истражување можам да си признам и потврдам дека: Сфаќањето, ставот, погледот за светот што го истакнуваше значењето на акција, на ангажманот во остварувањето на определени општествени задачи (особено политичките) нашите организации НОФ и АФЖ, целосно беа под надглед на овие горенаведени “Очуви” и безмилосни наредбодавци. Колку повеќе детали се анализирани за акциите на НОФ и АФЖ, толку повеќе се докажува дека Југославија со своите идеолошки потези се беше во полза на Грција и на западните сили спрема поделата на сфери на влијание и решенијата во договорот за ново повоено уредување на Земејната топка во Јалта на Крим, од 4 до 11 февруари 1945 година.
Истражувањата во овој труд се: од сферата на литературата и историографијата, има за цел да дадат одговор на повеќе прашања:
1. Како и зошто беше активиран македонскиот синдром преку идеолошкиот активизам над Македонците под Грција по Втората светска војна во Граѓанската војна (1945-1949) година?
2. Со каква стратешка цел ја организиравме НОФ и кој всушност не натера на воена опција, дали тоа беше наша стратешка цел или на тугинците организирана преку идеолошкиот активизам (Оперативци на стратешки задачи) со поданичка свест кои по половина век не принудија да водиме конфортабилна политика спрема Грција?
3. Дали Македонците под Грција преку таквата стратешка опција бевме интелектуално и воено - политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет под Грција и компактноста на македонското население по Втората светска војна кога меѓународните државни граници на Грција и Југославија истовремено станаа и воени граници на двата табора?
4. Зошто ја отфрливме алтернативата со која не би била помала славата ако непријателот го победевме со ненапуштање на вековниот стремеж за сочувување на сопствениот исконски македонски простор - нашето прадедово парче земја?
5. Граѓанската војна (1945-1949) остави мирис на крв, палеж и завршен живот за нас староседелците - МАКЕДОНЦИТЕ.
Авторот Скопје, 1995 ПРЕДГОВОР Политичките манипулации спрема Македонците под Грција, од страна на КОМИНТЕРНАТА и комунистичките партии (КПГ;
КПБ и КПЈ) низ годините на војните (1940-1950) и талкањето низ полвековниот молк по Балканскиот Пакт од 1953 година, доведоа до тешки последици кај Македонците под Грција кои беа регрутирани (со насилни мобилизации) како идеолошки војници (“корисни идиоти,, ), за да им бидет жртви на нивните итереси и како конечен резултат не само што не им беше признаен политички идентитет, туку ги фрлија во тотална маргинализација и политичка дискриминација, (фрлени во идеолошкиот отпад), врзани за социјалата;посакувајќи од нив да бидат идеолошки и политички верници. Денес сето тоа се одразува и врз целокупните национални интереси на Македонскиот народ.
Македонското прашање за нив, значи претставуваше, колку политички, толку и во етнички поглед еден огромен заплет, и затоа паролата за “Обединета Македонија” која по Втората светска војна немаше никаква реалност. Сите ние Македонците под Грција ја доживеавме надвор од своите родни огништа за навек. Да зборуваме за македонска стратегија дека сме имале ние Македонците под Грција за време на Граѓанската војна е надвор од контролата на разумот, туку треба да си признаеме дека со наша крв, тугинците си испишуваа големи истории.
Темата што ја начнав во мојата книга ,,(Само) жртвувањето на Македонците под Грција”, преку голем спектар на отворени дилеми, што се од витален интерес за нацијата, можат да се сублимираат во едно супстанцијално прашање: Дали во “Историјата на Егејска Македонија„ браниме револуција, или измамата за нашето (само) жртвување?! Има ли некаква веродостојност во тоа, дека кај нас, Македонците под Грција, божем постоела нова концепција за глобално разрешување на македонското прашање по Втората светска војна, или пак произволно без јасна концепција се (не) приклучивме (чија) кон апсурдната самоубиствена стратегија за социјализам во Грција и не искористија “по комунистически” во измислената стратегија на туѓинците за “Советизација на Балканот”, или нешто друго? Но, треба да знаеме, дека десницата - власта на грчката држава, оваа војна ја нарекуваше со терминот „Антисиморикон агон” (Бандиска војана) што владините сили од 250.000 војници модерно наоружани, не ја водеа со термонот “Граѓанска војна”. Објективно гледано, повеќето од историографите за самата војна (борба) имаат напишано дека таа војна била “Партизанска борба од 90% насилно мобилизирани селани под раководството на КПГ”, а за воља на вистината ние Македонците кои учествувавме со 50 - 60% во ресурсите на ДАГ, бевме селани поведени од НОФ и АФЖ во таа војна.
Проблемот изгледаше компликуван, но така е навидум, зошто вистината е едноставна, ако гледаме чесно и непристрасно врз суштината на историската објективност. Ние, Македонците под Грција,отсекогаш бевме под надглед или во режија на црногледи антимакедонски концепции; но факт е дека ние никогаш не си посветивме доволно внимание на себеси, на нашите витални интереси,туку повеќе се надевавме дека нашиот национален проблем ќе ни го решат големите “браќа” по идеолошка припадност.
Денешните сознанија говорат, дека многу сили сторија се -македонскиот народ едноставно да го снема од Грција, неговиот автохтон глас да го заглушат. Таквите зафати беа најевидентни по Втората светска војна. Но, токму тука се поставува прашањето: што направивме ние во еден таков виуличав метеж, по строгата поделба на сфери на влијанија помеѓу двата табора и веќе по спуштената “железна завеса”? Исто така зачудува и фактот, што дури и по создавањето на македонската држава -кога пред светот стоеја две суверени држави: Грција и Југославија и кога веќе беше обеспредметена идејата за обединување на Македонија и на Македонскиот народ под Грција активистите му пропагираа да се дигне на Револуција, која им “одговара на историските потреби” и која се темели врз вековните традиции. Но, многу јасно покажуваат историските причини, дека Македонците не можат да ја остварат таквата политичка опција. За остварување на таквите политички намери организаторите се погрижија да ги фиксираат и да ги институционализираат, па за таа цел на 23 април 1945 година во Скопје беа конституирани организациите; НОФ; АФЖ и НОМС и преку нив на народот му се искажуваше “стратешката определба” со највжештен воинствен повик: “Сега или никогаш!” Тоа се правеше во периодот кога владееше идеолошката сила на туѓинците. Туѓинците, не им дозволуваа на Македонците да негуваат здрав национализам, туку тие од Македонците бараа поданичка свест, а без свеста на нацијата, невозможно е да се знае како да се создаде стратегија за сопствената земја. Значи, безпрекорно сме ја остварувале стратегијата на туѓинците. Па според тоа и факт е, дека ние Македонците (во интегрална смисла), не можевме да се видиме себеси. И не треба целокупниот товар да се товара само врз оние активности, кои што директно со народот влегоа во самиот пекол. Потоа настапи и времето, кога по многу прокламираната “наша автентична револуција”, по директива на КПЈ и КПГ го “направивме доброволно”, познатото “единство” и не “убедија” дека “КПГ не води по патот, кој математички е најдобар” и дека таа ја содржи магичната сила. А сето тоа беше само во корист за нивниот опстанок, а по цена на нашите национални интереси, во прилог на социјализмот во Грција. Потоа им поверувавме дека НОФ и АФЖ останаа како
“носители на највозвишените идеи и идеали на нашите традиционални востанија”; но од сето тоа се покажа, дека тие наши луѓе, НОФИТИ и АФЕЖИТИ, имаа само титули без власт и низ целиот тој период на времето за нив; се друго беше строго, канонски и догматски подредено до беспоговор и слепа послушност, изложени на вграден сомнеж, принудени постојано да ја докажуваат својата верност.
Интересен е молкот на НОФИТИТЕ И АФЕЖИТКИТЕ, кои грчевито кај Македонците ја пропагираа воената идеологија на некој од очувите на КПЈ и КПГ, за масовно да го турнат македонецот во проектираното црвено губилиште и да доживееме геноцид и прогон од своите родни огништа, сите тие по завршетокот на Граѓанската војна, молчат како залиени.
* * * КПГ и ПДВ и Штабот на ДАГ и даваа доминантен белег на партиската и грчката политика, едноставно сега Захаријадис кадровските решенија ги прави според критериумот, личната верност и послушност, за личности кои без својот партиски активизам и без сервилност што требаше да ја поседуваат би биле целосно анонимни, а своите права остануваше да ги бараат преку цврсто врамените партиски правила.
Ние Македонците и ден - денес не можеме да разбереме, дека КПГ, правеше толку, колку што не ќе и забележеше грчката државна односно режимска власт, спрема нас Македонците како староседелски народ кои тредиционално и со векови живеел на својата етничко - исторска територија, која по поделбата на етничка Македонија (1913) во рамките на грчката држава стана угнетен народ и третиран како малцинство кое нема право на поново обединување со својот матичен народ и право на самоопределување. Но, ете, сведоци сме, дека КПГ не го бранеше така македонскиот народ под Грција, туку го бранеше тој минимум програм како за сите малцинства што се создадоа и живеа на туѓа етничко - историска територија и за целиот тој период на време КПГ и владината политика не третираше како малцинство на етничко - историска грчка територија и по извршениот геноцид во Граѓанската војна не исфрлија од родните огништа без право на враќање, ако не се декларираме како “Грци по род”, а КПГ се до ден - денес остана како набљудувач на судбината на Македонците кои најмногу и веруваа.
Таквите политички манипулации од КПГ и КПЈ не можеа ни да останат без сериозни последици, и тоа не само врз нивниот интегритет, туку тоа се одрази и врз целокупноста на македонскиот народ, бидејќи преку нив народот го прифати ритамот на глобалната индоктринираност, се додека не се престроивме во редовите на КПГ, односно ДАГ, во типични идеологизирани војници, што значи: бевме војници за борба против империјализмот во Грција, а не војска на нашата автохтона револуција (што беше прокламирана на почетокот додека траеше мобилизацијата). И сега веќе бевме на работ на нашиот биолошки опстанок, испречени спроти армијата која што располагаше со оружје од највисоко технолошко рамниште, раководена од американскиот генерал Ван Флит специјалист за герилата. Така, како логичен резултат, на заблуденост од туѓинците, со најпримитивна политика спрема сопствениот народ, на сцената стапуваат повеќестраните форми за нашата испроектирана селекција (геноцидното чистење) што значи од таквите замаскирани стратешки сили беше всушност направено се да не натераат да се одважиме и да ја браниме правдата со оган и меч. Ете како беше доведен Македонскиот народ во една трагична историска ситуација меѓу погоре изложеното и саможртвувањето за барањето на националните цели под присилно наметнатата улога на идеолошките војници.
По таквата катастрофа, КПГ, за да го релаксира политичкиот набој, ги обвини сите тие, кои си ја извршија својата “света” задача; тие, што го кренаа народот на како што ја нарекуваа револуција. А кога ситуацијата ги имаше сите знаци на трагедија тогаш се виде и растот и падот на идеолошките активисти. Но, апсурдот е во тоа, што тие не беа казнети од противникот, туку од самиот сојузник, со кој до вчера гинеа за иста цел да го победат империјализмот и да воспостават социјализам во Грција. Сега веќе тука, за нас Македонците, важеа идеолошките системи на туѓинците. Меѓутоа ништо чудно, кога последиците од таа Граѓанска војна политички се експлоатираа како на кому одговара; а со тоа се продолжи и во историографијата и во литературата, која е напишана поради тие мотиви.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/1 on October 29, 2026