Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

КАКО И ЗОШТО ДОЗВОЛИВМЕ И ИМ (ПОВЕРУВАВМЕ) - Part 02

By Стојан Кочов · Part 3 of 26 · About 2 minutes

Read in English

ΨΙΧΟΠΑΤΕΡΑ∆ΕΣ од КПГ (Захаријадис и Маркос) и токму во тоа време важеше паролата: ”Уништи го ближниот свој, ако нее комунист, тој е комита - фашист!“ Во целата таа ударна идеолошка групација во уништувањето на костурските комити беа најистакнати - македонците комунисти здружени со маџирите доселеници (1924) од Пондија, во костурските села и се преставуваа како горди Интернационалисти. Каква иронија е тоа, левицата ја уништува македонштината и ги исполнува стратегиските цели на грчкото кралство, кое одамна врши геноцид над Македонците и има само една цел: “Грција да ја престави како држава; која има една нација (сите се Грци по род), една религија, еден јазик...„ Исходот ни покажа дека само Костурските Комити се раководеа од делото на Делчев и на македонските дејци - (ако треба умри за Македонија). И токму тоа ги натера да создад своја македонска војска и не сакаа да им бидат потчинети; ниту на било кој очув или ΨΙΧΟΠΑΤΕΡΙ дали е од грчката власт, или од комунистите (Интернационалисти) и затоа беа уништени.

Во историјата ќе остани забележана стратегијата на вечната желба: враќање на идентитетот, јазикот, заштита на семејство и стопани на своето прадедово огниште.

Прво: Комитите, како прави синови на својата македонска замја го воведоа македонскиот јазик (со костурскиот дијалект);

Второ: Се отворија црквите и се вршеа сите обреди на македонски јазик (крштевки, венчавки и закопи);

Трето: Месната милиција им се обраќаше на мајчин јазик.