Ideological Activism: Macedonians Under Greece
6.3 ЗА ЕДНО ТИПИЧНО АКТИВИСТИЧКО ДЕСТРУКТИВНО ПОЛЕМИЗИРАЊЕ
6.3 ЗА ЕДНО ТИПИЧНО АКТИВИСТИЧКО ДЕСТРУКТИВНО ПОЛЕМИЗИРАЊЕ
(Повод “Памфлет со опасни намери и цели”, 29 мај 1994 година во “Нова Македонија”, во врска со книгата “(Само) жртвување на Македонците под Грција”.)
Текстот (прилог) е еден еклатантен пример што зборува за начинот на размислување од годините на трагичната Граѓанска војна (1945-1949). Па затоа и посакав да го вклучам во иста функција, како и другите критички огледи во оваа книга, од причина што тука мошне впечатливо се разјаснува злото на активизмот. За преку тоа да се разјасни и деструктивноста на полемизирањето за мојата книга, што стори овој активист (осоколен повеќе и од еден сталинист), со груб и невкусен, не само наслов, туку и со примитивен приод и јазик, својствен само на таквите како него, набројувајќи повеќе од триесетина прашања, кои не се предмет на мојата книга, со нечесни пропагандни мерила да ми импутира работи, не без присутност на злоба, насилништво и непознавање, што никому не му служат, туку со тоа само ги девалвираат и самите борци од ДАГ. А, гледано судбински, ми бил мој соборец. Токму така, за односниот активист ќе стане збор во прилогот (само за еден детаљ од неговата активност) а врз непобитни аргументи и факти, што самиот аподиктично ги потврдил уште во шеесетите години во ИНИ, фонд “Мемоари” бр.Ск.4-271, фонд што има за цел да претставува општествено добро за проучување на нашата историја. Од овие две негови искажувања ќе се види што брани: Револуцијата или измамата за нашето (само)жртвување? А со тоа ќе се разјасни и неговата анимозност, ако и зошто сега во неговиот сикофонтски напис доцира уште со неговата сознајна вредност, што ја имал како контаминиран активист со поданичка свест, а според тоа се уште живее со еден конфузен оптимизам, со еден регистар од партиски ставови, и сето тоа го вреднува меѓу револуционерните придобивки во името на народот, без трошка чувство за вина и дрско одбивајќи секаква помисла за македонско национално помирување. Сега фрустриран поради:
“Дадениот ум под наем” му пречело секој што поседува сопствена глава.
Моите истражувања, што ги изнесов во книгата, анализирајќи го злото на активизмот, кој се одвиваше во корист на туѓите идеолошки интереси, а тоа со сета жестокост се одрази врз нас Македонците под Грција, и ни го донесе геноцидното истребување, овој активист го наведуваат на оценката дека книгата има опасни намери и цели. Можеби. Ете и зошто!
ОТКРИТИЕ НА ПОЛУВИНАВЕКОВНИОТ МОЛК (КОЈ Е ВОРЈАС?)
Во последно време, односно на 29 мај 1994 година, се дозволи да се погази моралниот кодекс на рубриката “Писма”, со отстапување простор на човек кој со својата вродена облепсија адјудицира и бламира со својствена вулгарна лексика, без елементарна пристојност, со неконтролирани; изливи, само со единствена цал: За да заработи некој полтронски поен (газење по самиот себе), во неговото писмо ме укорува и пред крај вели:
“И уште нешто. Наместо г. Кочов да изрази благодарност за богатото историско дело, создадено со огромен труд од Д-р Ристо Кирјазовски, кој создаде услови за создавање за севкупното минато во споменатите движења во Егејска Македонија, г. Кочов како демон се нафрли врз него со цел да го прикаже како приклонет кон некого или режимот” И според тоа што на многу аргументиран начин, јавноста имаше можност да прочита во списанието “ДЕЛО” за дејанијата на идеолошкиот активист Димитар Угриновски, во статијата:
ОТВОРЕНО ПИСМО КАДЕ ОСТАНА “Нова Македонија” од 26 мај 1995 година од професорот Димитар Димитров, нека ми биде дозволено со неколку збора и јас да му се обратам на декларираниот активист Димитар Угриновски, кој сега изигрува чувар на напишаната историја за Егејците, од две причини:
прво што темата на моето истражување е идеолошкиот активизам и самоволието во името од народот (а човечанството знае, дека сите револуции се кревани од името на народот, но ниту една не кренал народот) и како е можно во едно полувековно време здравиот разум да прифати таков историски фалшификат и да им го предава одново на идните поколенија како историска вистина и второ, што сум обвинет, баш од еден таков “теоретски” поткован активист на неприфатлив и дрзок, насилнички примитивен начин. Од неговото писмо, очевидна е умствената кадарштина на овој псевдо борец и комунист, дека некој друг (како и за време на војната) му го ангажирал органот за омраза;за да на бизарен и со крајно вулгарна тенденциозност, без основна елементарна култура на човечко општење или полемизирање.
Првото етичко прашање што се поставува: Како и зошто сега овој дезертер ја брани историјата на Граѓанската војна? А познато е дека во светот на народите - нациите, никој не дозволил историјата да ја пишуваат и бранат дезертери.
Едно време помислив да го дадам на суд поради клевета, но се предомислив. Ако тој навистина верува во она што го напишал во своите т.н “мемоари” (СК./4-271), а сигурно верувал во она штом го дал во архивот на ИНИ - Скопје, нему, навистина му е местото за пред Хашкиот суд.
Тоа е г. Димитар Угриновски – Мичо - Псевдогрижник, од порано познат со конспиративното име “ВОРЈАС” во написот:
“Памфлет со опасни намери и цели” по повод мојата книга:
“(Само) жртвување на Македонците под Грција”, во која се зафаќам со прашањето - како и зошто бевме изманипулирани и жртвувани ние Македонците под Грција во Граѓанската војна
1945-1949 година.
Редно е, да му се постави прашањето на господинот (Синдрофос) Ворјас: Кој сте, навистина вие, што можете секому да му кажете: Молчат и не расуждат!!! За сопствената судбина;
за трагедијата на иљадниците Македонци, кои што минаа преку ваши раце во прегратките на смртта во герилата во Грција?
Бидејќи вие самиот сте дезертер, па самиот не дочекавте да уживате во Захаријадисовиот завет (комунистичко ветување: за обединета и независна Македонија) токму два месеца пред ликвидацијата на Демократската армија на Грција.
Господине Димитар Угриновски - Ворјас (некогашниот грконосталгичар па сега Мичо); вие само едно прашање од мојата книга засегнувате, при што најверојатно се препознавте, велејќи: “Јас лично ќе го наведам следното: од мај 1947 година па до крајот на август истата година ја имав довербата на НОФ и на штабот на 24-та бригада на теренот Пајак - Кајмакчалан планина, а со знаење на овдешните власти, дојдов во Скопје и за четири месеци испратив стотина борци во редовите на партизанските единици на НОФ-ДАГ.” Господине Ворјас, многу несериозно е дури и сега да ширите дезинформации, бидејќи повеќе од јасно е дека НОФ немаше свои единици, туку беа само воените формации на ДАГ на чело со Маркос.
Но, дозволете, г-не Ворјас, да ја дознаеме неправената вистина за вашето дејание од вашата приложена “Афтобиографија -сеќавање од покретот ЕЛАС-ДАГ за периодот од (1942-1949)
година”, што се наоѓа во одделението за документација на ИНИ (Институт за национална историја), фонд “Мемоари” заведена под број Ск./4-271 од 1960 година на 122 страници со писмо латиница.
Ете што пишувате на страница бр.73: “...Но уште на почетокот на мај месец дојдоа двајца другари грчки претставници од покретот во Скопје, по име Менелаос и Ираклис”. Види што пишува Вангел Ајановски - Оче во својата книга “Егејски Бури” стр.139.
“Од страна на раководството на КПГ и ДАГ, Грците не само што ги потценуваат македонските раководители и борци туку над нив се вршат и неправедни стрелања, како што е со примерот Киријакос, бившиот командант на Кајмакчаланскиот одред во 1947 година, кој без причина стрелаше преку 10 македонски борци. Убиените од страна на Ираклис Мелтијадис (Киријакос) се: Ташо Панајотов од гр. Воден; Ристо Зајков од Воден; Гели Утов од Воден; браќата Биризови од с. Теово;
Тоши Лушев од Теово; Крум од Понадско; Бангиев од с.
Тресино.” Истото го потврдува и Д-р Ристо Кирјазовски во својата книга:
“НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија 1945-1949” на страницата 279.
“Откако се поврзаа со мене, тие ми прочитаа една белешка, која беше испратена од штабот на Пајко - Кајмакчалан Планина, со задача да вршам мобилизација на борци во градот Скопје и Титов Велес. Јас ја прифатив директивата и позитивно одговорив. Веднаш,уште утредента, почнав со исполнување на оваа многузначајна задача и да спремам борци за испраќање, односно префрлување за преку граница во покретот. Јас станував во Американ палата близу до кино “Култура”, а склад за собирање на оставени облеки и други работи од оние што ги префрлував преку граница, беше организирана на улица ЈНА бр.14 наречен “Херојски стан”. Местото на поаѓањето на борците ни беше одредено во вториот дел од паркот до реката Вардар (зборно место). До зборното место борците не одеа групно, туку поединечно и веднаш штом ќе се соберат доаѓаа камиони затворени со циради ги префрлуваа и поаѓаа, додека снабдувањето со ишрана беше обезбедено во една крајна куќа во Маџари. Пренесувањето се вршеше и дење и ноќе. А кога беше во прашање за поголема група, како на пример една група во состав на околу 80 борци, кога се вратиа од акцијата на пругата “Брчко - Бановиќи”, за да не би се компромитирала работата, целата група ја сместив во сегашниот Ветеринарен институт и оттаму беше испратена за Кајмакчалан. Мене ми беше напорно со оваа работа, но за таа цел ми помагаа и другарите Г. А; и А. Г, а како записничар ми беше Т.Ч; кој денес се наоѓа во Егејската зграда “Зелен Пазар” во Скопје. Од разбирливи причини, овие луѓе (неговите другари соучесници во таа акција), решив во мојата книга да не ги претставам со полно име и презиме како што се во оригиналот (Автобиографијата) на Угриновски, бидејќи и самата книга нема таква цел и функција за иселување на личности кои оствариле позитивен или негативен допринос во тоа време, туку да се види дека активизмот наметнат од туѓинците ни донесе национално зло.
“…За ова движење и работа имаше на знаење и Централниот комитет на СКМ и неколку другари, односно УДБ. Со оваа работа јас се занимавав се до почетокот на месец август и бев мобилизирал не помалку од 700 Егејци - борци и префрлив преку граница. Целата оваа работа се вршеше под строга конспирација. Но, и покрај тоа, јас лично бев доста компромитиран и многу другари борци, без да ги познавам, се јавуваа пред мене со желба да добијат врска и да бидат префрлени во покретот. Јас, се разбира, во почетокот воопшто не испраќав другари, се додека не дознаам за нив и за нивното минато, како и за моменталниот став спрема денешницата на ФНРЈ, па и покретот.
При префрлувањето, пред нивното заминување од Скопје,многу од борците имаа оставено и доста сума пари. Со тие пари јас им помогнував на оние, чии што семејства испратиле свои синови во покретот. Таа помош се состоеше во купување на платно за облека, обувки и друго”. (Подвлекол С.К.).
Кога посакав да дознам кој е г. Димитар Угриновски - Мичо и како со својствената инвектива ми импунира работи, кои не се предмет на мојата книга, и кога ја прочитав неговата “Автобиографија”, односно погорниот текст, останав вџашен и се запрашав: Кој друг народ би го дозволил ова, што го правел тој?! Навистина, не сакам да коментирам, ниту сакам да се занимавам со откривање на луѓе со такви дела. Мојата книга е јасна, и се зане кому му го упатувам големиот спектар од прашања; т.е на историчарите и на институциите, кои ценам дека се компетентни да дадат историско вреднување. Но, нека ми биде дозволено да му поставам неколку прашања на г.
Димитар Угриновски - Мичо, односно Ворјас.
1. Дали мислите дека ова дело: мобилизацијата на Егејците бегалци и нивното праќање од суверена Југославија во суверена Грција за војување во Граѓанската војна, дека е тоа кривично дело против човечноста и меѓународното право?
2. Дали мислите дека ова дело спаѓа во кривичните дела против слободата и правата на граѓаните, повреда на рамноправноста на граѓаните, зошто вие велите: “...воопшто не испраќав другари се додека не дознам за нив и нивното минато, како и моменталниот став спрема денешницата на ФНРЈ, па и покретот”. Тука спаѓа и противзаконитото претресување, зошто велите: “...пред нивното заминување од Скопје многу од борците (тука грешите, бидејќи тие уште не беа борци, туку обични граѓани) имаа оставено и доста пари...” Па вие на тие семејства, што испратиле синови, сте им купувале басма (платно). Можете да објасните под сума какви пари биле:динари, злато, сребро, долари, марки, драхми итн? И зошто не сте им ги вратиле на нивните семејства, туку сте им купувале вие разни басми?
3. Велите дека “Целата оваа работа се вршеше под строга конспирација и за ова движење и работа имаше на знаење и централниот комитет на СКМ и неколку другари, односно УДБ”. Можете да наведете кој ви беше шеф и соработници на УДБ, и кои другари беа задолжени со истата задача за другите градови? Или мислете дека е тајна?! Но, цивилизираниот свет тоа го направи.
4. Во вашето писмо од 29 мај 1994 година велите дека сте биле испратени од НОФ; додека во вашата “Афтобиографија” пишувате: “...Уште во почетокот на мај 1947 г. дојдоа двајца другари грчки претставници (значи туѓи прсти - С.К.) од покретот во Скопје по име Менелаос и Ираклис...” По нивните иструкции што сте правеле вие, погоре објаснивте.
5. Зошто сето тоа го вршевте толку тајно, зошто го криевте од сопствениот народ? Зошто тие луѓе не беа испраќани со гордост, ако се одеше во револуција и, како што се пропагираше, дека стануваше збор за продолжение на Илинден за ослободување на Егејска Македонија? Зошто самите вие дезертиравте, ако бевте толку многу за ослободувањето на Македонија, туку му ги предадовте нашите луѓе на чевларот, унапреден во генерал, Гусјас и на тутуноберачот генерал Маркос, и понатаму се знае нивната судбина? Јас лично познавам многу од нив, бидејќи тие дојдоа во единиците на ДАГ на Грамос. Имате ли барем сега макар и трошка сознание, дека таа војна за нас Македонците беше катастрофална?! Мене ми изгледа уште сте во заблуда; бидејќи и тврдите, а и високо мислите, дека Захарјадис ни даде право на отцепување, и дури да направиме обединета Македонија. Не знам, треба ли со вас воопшто да се разговара?!!!!!
6. И, на крај, да ве прашам:дали не чувствувате потреба да ги објавите списоците со имињата на луѓето, што ги испративте на гибел, барем да се споменуваат при Панихидите. Оти многу луѓе уште ништо на знаат за своите чеда, татковци, браќа и другари. Да ви кажам искрено, на Панихидата за 150 млади од
“Трите чешми”, што се одржа во Штип ме трогна, кога камерата ја прикажа една старица со избледени насолзени очи. Таа ми заличи на еден мој храбар соборец, кој беше покосен од рафал во месноста “Клефтис” на Епир. Господине Угриновски, очигледно е дека уште сте обземени со кулминацијата на цинизмот. Дека: “Народот конечно ќе заборави! И ќе продолжи да игра во сопствената драма!” Впрочем, евидентна е и вашата фрустрирана намера: со инсинуации, посакавте, и со импровизирани умозаклученија да одбегнувате да ги вреднувате проблемите, што се покренуваат пред нашата историографија и сите државни институции, а кои се од витален интерес за нацијата, по полувековниот молк, и ги поведовте нив на тотална маргинализација, со невиден сарказам и со неморална иронија.Следејќи ве низ вашето писание, така осоколен со некаква Сталинистичка Коминтерност, уште со тоа пропагандно мерило, мојот критички осврт кон слабостите (дури промашени работи во интерес на дневната политика) го толкувате како политички акт врз историјата и, за да се одбрани сето тоа, манипулирате со емоционалната тензија кај обичниот страдалник, со уфрлање на прашања и на такви личности, на кои јас им оддадов признание на првата страница од мојата книга, и тука завршуваат вашите амбиции. Па, откога ја прочитав вашата “Автобиографија” во ИНИ, познавајќи го крикот на тоа време, решив дека е бесцелно да го разглобувам вашето дејание, туку, откривајќи го проблемот со незаконската мобилизација, го нареков: Откритие на полувековниот молк. И затоа г. Угриновски со славното име Воријас, останете да уживате во славата на антифашистички херој и маченик. Но, судбината сепак си поигра со вас (ве натераа), како бумеранг отворајќи го ова болно прашање за Македонецот. И ви се вратија “најтемните” сегменти во моментот кога тоа најмногу не ви требаше. Значи времето не простува, тоа е жестоко, ужасно. Сурово е проклетството, со кое ги проколнува народот тие што посегнаа по засечувањето на македонскиот корен. За насилно оѕемените деца, како што велите и таму бевте главен актер - не сакам да зборувам. Тоа е објаснето во мојата книга:
колку беше сурово во очите на мајките и на децата; и кога на 20 деца сте им одредувале по една мајка. А другите сте ги испраќале на фронт и повеќето не се вратија. Тие тогаш мали деца уште трагаат по ликот на нивната мајка. И како резултат им подаривте да носат храм од патила, и немоќ да се вратат во татковите огништа.
Господине Угриновски, велите дека длабоко сте биле навредени од мојата книга и ја нарекувате ненаучен памфлет (во кој можеби се препознавате?) и дека сум се освестил по 45 години да ги покренам овие неправилности, па затоа ја оценивте за невалидна. Тоа е ваш проблем. Но, не ви доликува на годините да поганите; па дури да ги клеветите и да им сугерирате и со познати трудови од висок ранг. А, иронијата да биде поголема, тоа го правите токму вие!? Ете зошто нема никогаш да прифатам во иднина полемика со такви Ворјасовци. Ова, што го сторив сега г. Угриновски, мислете оценив дека требаше да се објасни целото ова прашање со вашите непобитни аргументи и затоа вашето писмо треба да се сфати како врисок на нечиста совест г. Угриновски, жалам, но на тоа е крај, за еден СИКОФАНТ!
П.с. Да се надеваме, ние сите што ги изгубивме најблиските, дека еден ден ќе ги достигне раката на македонската правда, до сите овие Псевдогрижници - Ворјасовци.
6.4. БИБЛИОГРАФСКА БЕЛЕШКА ЗА ПРИЛОЗИТЕ ВО КНИГАТА По магистралата на злото: Вија Костур - Иркутскаја област, објавен во македонско сонце, 7.10.1994 година;
Повик за човекување, објавен во македонско дело, 28.1.1994 година;
Конзистентна аргументација на нашето битие, об јавен во македонско дело, 4.2.1994 година;
Со златно цвеќе до тајните сили на духот, објавен во македонско сонце, 14.7.1995 година.
Молитва: да ни се врати божјото потекло, об јавен во македонско сонце, 25.11.1994 година;
Одблесок низ обрачот на нашево доба: ИТИС ТИМЕ ФОР ЧАНГЕ!, објавен Македонско сонце 9.12.1994 година;
Зрело и смело забраздување низ збигорениот забо рав на злата коб, објавена во списанието “Современост” октомври - ноември бр. 7-8, 1993 година;
Осаменички вик низ ветриштата на глуво раздобје, објавен во Македонско сонце, 23.9.1994 година;
Најчистиот спомен на едно детство во едно утро на големиот рид, објавен во Нова Македонија “ЛИК” 18.7.1993 година;
“Црвениот коњ” до работ на успехот, објавен во Нова Македонија, 13.6.1981 година;
За некои карактеристики на македонските свадби во леринските горски села, објавен во иселеничкиот календар 1978 година;
Геноцид над македонците под Грција (1945-1949) во Граѓанската војна:
1. Време на растајнување, објавено во македонско дело, 17 март
1995 година;
2. Сјајот и бедата на “возвишените” цел, објавено во македонско дело, 24 март 1995 година;
Трајно сведоштво за (не) човештината на човекот, објавено во македонско сонце, 5.05.1995; Аус тралиум Мацедониан Њееклѕ 17-24 мај 1995 година;
Со возвишена ода низ тајните глетки на судбината, објавена во македонско сонце, 7.07.1995 година;
Агонијата на верноста и отпадништвото, објавено во “Дело” 23.06.1995 година; “Македонско сонце” 23.06.1995 година;
Конечно, во храмот на македонската Историја, об јавено во “Македонско сонце” 25.08.1995 година.
Скенирање по изгубеното за човекување,објавено во “Дело” 13
.02.1997 година.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/23 on October 29, 2026