Ideological Activism: Macedonians Under Greece
4.0 ХРОНОЛОГИЈА НА ПОВАЖНИТЕ НАСТАНИ ЗА ВРЕМЕ НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА (1945-1949) - Part 02
5.0 ЕПИЛОГ Тајните на црнилата од минатото од фаталната појава на органициите НОФ и АФж, ишодот на настаните.
Кои и како не водеа во Граѓанската војна? Дали ние Македонците, ако по Втората светска војна, не влегувавме во сенароден фронт преку организацијата НОФ (формирана во Скопје на 23 април 1945 година при ЦК на КПМ/ КПЈ) ќе ја препуштевме историската шанса во разрешувањето на македонското прашање во Грција? Како пред овој тежок оклоп на историјата да ја согледаме трагичната грешка, нашето бегство од историјата и откривање на полувековните заблуди?
Кој, всушност не мобилизира и со каква стратешка цел ја оформивме НОФ (сенароден фронт) и тргнавме во оружен отпор, а ја отфрливме алтернативата која не би била помала славата, ако непријателот го победевме со не напуштање на вековниот стремеж сопствено парче земја? Зошто сме се натопориле со оружје за време кога уште не е почната Граѓанската војна? Дали опцијата на воен отпор беше наша стратешка цел или на тугинците, организирана преку идеолошките активисти (оперативци на стратешки задачи ) со поданичка свест кои по полавек не принудија да водиме конфортабилна политика спрема извршителите на нашиот геноцид? Дали ние, како народ преку таквата опција бевме интелектуално и воено политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет на Македонија под Грција и компактноста на македонското население по Втората светска војна? Кога големите сили по делбата на сфери на влијанија, ставот им беше: “Политика на статус КВО”. Кога меѓународните државни граници на Грција и Југославија истовремено по Втората светска војна станаа и воени граници на двата табора?
Дали со таквата стратешка цел, на НОФ и не сме ја лоцирале војната (спрема измисленото сценарио на “Пекол и изгорена земја” во регионот кои на туѓинците им беше како главна цел -етнички да го преуредат и да ја закрепат граничната линија на железната завеса по меѓу двата табора? Ако во историјата нема
“Ако било”, ами има “како било”, тогаш и во тоа е нејзината врвна мудрост. Но, во оваа анализа можеби за оние “Чуварите” на “Историјата за Егејците”, кои уште велат, дека немаше друга алтернатива, остана едно, навистина сериозно и тешко прашање: “Ако би било”. Дали ако, од демократските сили на Грција, Граѓанската војна би била лоцирана во други делови на Грција и се разбира да ја немаше претходницата на НОФ раководена од КПМ/КПЈ, не ја доживеевме таквата масовност (принуда ) и таквата катастрофа?
Прашањата се толку чувствителни и набиени со емоции, па дури и во овој миг кога ќе помислиме да му пристапиме со еден конструктивен став, кон тајните на црнилата од минатото, се соочуваме со жестока реакција на поедини идеолошки активисти, кои и ден - денес се против секаква корекција на историјата,изигрувајќи ветерани низ туги војски грконосталгичари (Ворјасовци), а од сосема јасни цели, сега се декларираа како југословеноносталгичари и само тие знаат зошто… Можеби, сите овие противречности ја, најмногу се должат на тоа што нашата историја пишувана под цензурата на комитети теза арбитража со историската вистина и по полавек не смогна да ги открие корените на злото и мрачните тајни на нашиот геноцид наш и со тоа бевме одвлечени во некаква мистификација, односно цинизам, обмислен за истуркување на фактите во корист на дневната политика.
Од историјата знаеме, дека сите успешни или погубни војни, секои цивилизирани народи преку критичкиот суд на историјата има дадено историска оцена, па време е и македонската историографија да го разреши тој политички рубикон за да остави поука за иднината, бидејќи специфичната функција на историјата е токму, истражувањето на тие причини. Ако земеме во оглед, дека ниедна тема во Грција не беше толку релевантна во текот на столетието и остана толку жива колку; освен како да се сотрат Македонците и присвои Македонија. Ние Македонците одамна требаше да си ги избришиме илузиите, дека некои друг ќе биде повеќе заинтересиран за нас и токму на тоа се должи успехот на елинизмот. На феноменот на нашите делби, неединство и поданичката свест. Дали нашата стратешка цел ја имаше истата функција да стори се за да не се напушти прадедовото огниште, зашто тоа пред светот ќе биде и конечен документ за национален пораз. Сведочењета на настаните во три и полгодишната Граѓанска војна ни ја потврдуваат старата вистина дека војната не беше никаква случајност, дека идеолошкото насилство, бруталните мобилизации над Македонскиот народ, кој даде се од себе, а за возврат да добие смрт на своите синови, доби прогонство и разурнување на своите огништа, да не може, се до ден - денес да им запали свеќа на своите синови и браќа кои загинаа. Па зарем тоа, нели е добросмислена политичка акција. Политичката трагедија на НОФ. Дали во три и полгодишната војна НОФ имаше своја автономна програмска цел или еволуираше спрема интересите на туѓинците и зошто? Првиот период на време од 23 април 1945 година кога беше формирана и раководена од КПМ/КПЈ, до 21 ноември 1946 година програмската цел и беше: НОФ, да се бори за извојување на националните права и правото на самоопределување на Македонците под Грција. Ова е период кога дејствуваше надвор и независно од КПГ и беше раководена од КПМ/КПЈ (Види: Кирјазовски 1995/10). Нема сомневање, дека оптималната стретешка цел на НОФ (КПМ/КПЈ) им беше да ги опфати тотално сите Македонци под Грција и ги стави во функција на сенародниот фронт за реализација на програмската цел. Но, се поставува прашањето:
Ако таквата стратешка цел ја прифативме како грижа од КПМ/КПЈ, тогаш, зошто само за неполни три месеци, овие највисоки тела на Југославија беа против паролата: “Да го свртиме оружјето кон Солун”, односно: “На Солун, не на Сремскиот фронт!?” Тие македонски војници, беа немилосрдно казнети и ликвидирани. Тоа го направија против сопствената армија “Титова”, знаејќи ги последиците од поделбата на сфери, а сега по три месеци, од кои интерес го правеа спрема Македонците под Грција? Ете зошто е апсурд во историјата, кога од една се оди во друга крајност и затоа е повеќе од јасно, дека формирањето на НОФ, беше уште една НОВА БАЛКАНСКА ЗАБЛУДА. (Види ЦИА Тајните на на ЦИА).
Така изабраната елита на НОФ, навистина уште во почетокотоствари завидни резултати, а тоа говори дека кај македонскиот човек беше допрено исконското национално чувство и мирно ги прифати сите мобилизации, верувајќи им на кадрите на НОФ. Но со тоа се покажа, дека веќе е створено локалното жариште на идната војна, но дали елитата на НОФ како македонски фактор можеше да се носи со барањата и целите на сенародното национално ослободително движење за обединета Македонија? Ќе можеше ли македонскиот субјективен фактор, сега по Втората светска војна, да се соочи со многуте сложни проблеми, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори? Ќе беше ли во состојба да ги процени нивните сили, стратешките интереси и планови и врз основа на тоа да ја гради својата политика, стратегија и тактика? Но, се поставува прашањето: Зошто КИМ/КШ ro охрабруваше се подлабокото воено ангажирање на НОФ во Грција, кога знаеше дека во тој период на време беш склучен договорот во Варкиза и со таа спогодба левите сили му ја имаа предадено власта на десницата. И, кога уште се знаеше и Московскиот договор меѓу Сталин и Черчил во октомври 1944 година, дека Грција подпадна под сферата на влијание на Велика Британија и САД.
Ние Македонците, можеби не знаевме за постоењето на политика на “Статус - КВО", но како можеле да не знаат КИМ, КИ и КИ ? Ho, од друга страна зачудува изјавата на Маршал Тито, дадена во Москва во “Њујорк Тајмс" во која вели: “...Ако Македонците од грчките области изразат желба да се обединат со другите Македонци од Југославија, ќе ги почитуваме нивните желби...". Ho, како да се протолкува оваа изјава Kora самиот Тито на средбата на 15 септември 1944 година во Белград, по меѓу него и Стериос Анастасијадис (член Ha ПБ на ЦК на KIII') , Тито го изнесе следниот став: “Југославија нема никакви претензии кон грчка Македонија и целата кампања (околу обединувањето) нема ништо заедничко со неговото мислење... Можете да му соопштите на грчкиот народ дека тој нема никакви претензии за грчка Македонија. Прашањата за границите се меѓународни и не треба да се брза со поставувањето на тоа прашање." А еве што за ова вели историчарот Д-р Иван Катарџиев во својот фењтон во “Н.М.од 1.10.1994г." — “Македонското национално движење и територијалниот интегритет" -ГРЕШКИ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ОБЕДИНУВАЊЕТО: Ова од академик се вели: “Разумно голтање на лагата. Сосема нереално беше да се бара обединување на другите делови на Македонија во рамките на Југославија, а вардарскиот дел да се прогласува за пиемонт на обединувањето. Во НОБ постојано е присутно прашањето за обединувањето, но дали поради отпорот пред се од Англија можело да се направи неште повеќе од тоа што е направено?” Во овоа катастрофално сценарио, злото да биде поголемо, сега македонскиот човек под Грција, од идеолошките активисти на сенародниот фронт е предупредуван: “Ако не си со нас, Ти си фашист и против нас!” Во тој матен временски период се преплетуваа новите и старите термини и доаѓааво судир и нејаснотии. Тука беа и конфузните околу обединувањето на Македонија, во Балканска федерација, Конфедерација, Автономија и на крај за сецесија и.т.н. Секако сите тие контрадикции не беа само академски и терминолошки, зошто противното толкување не беше прашање на вистината, туку политичко средство за спекулирање или зачувување на идеолошката активност. Аргументите беа излишни пред таквата идеолошка бруталност на тугинците. Лозинката “Лесно ќе биде.
“и навистина се случи со нас Македонците кога преку агитацијата на НОФ, ни се внесе како сопствен мит за воената сигурност и тоа исклучиво без вербалните ветувања и упорно неприфаќање на реалноста на мигот во кој живеевме и ете зошто проектантите на геноцидот им успеа стратегијата” ќе биде лесно со нас Македонците”. По ова, во поход против Македонците, со најголема жестокост беа ангажирани најцрните оружени банди и целокупниот десничарски печат и другите средства за информирање. Грчките обвинителства и истражните органи ги обвинуваат Македонците, дека тие биле бандити, предавници, авантуристи, сеционисти и крипто фашисти. Грчката влада настојува потфатот на НОФ, АФЖ и НОМС да го озакони со цел да ги уништи Македонците, како физички, така и духовно да ги деградира преку донесените закони: 4124/45; 753/45; 453/45; 43/45; ТОД/45; Декретот Г/46 И други. Но, како што се гледа, дека сите овие закони се донесени пред да почне Граѓанската војна (31.03.1946 година е почеток на Г. војна). Но, трагедијата е во тоа што политичките решнија се донесуваа во Белград и се до денес историографите на КПМ/КПЈ, не презема одговорност, сакаат да останат молчаливи, бидејќи ишодот на настаните се покажаа дека формирањето на НОФ, беше најголема грешка во историјата и развојот на македонската нација и затоа е нејасен, не објаснив, премолчен и во корист на дневната политика, туркајќи го проблемот надвор од интересите на матичната историја на Македонците во некаква “Историја за Егејците” и сета вина е посочена на членовите на НОФ. Зошто? Тоа уште еднаш потврдува, дека во историјата за Македонците под Грција, со политичка умисла запретани се уште многу тајни за извршениот геноцид и за навек напуштените огништа. Зошто едноставно, не можам да сфатам како македонскиот проблем би можел да се реши со оружена сила. Вториот временски период на НОФ е од 21 ноември 1946 година, се до 23 декември 1947 година кога се формира ПДВ (Привремената демократска влада ) на Грција. Првото соочување со националниот пораз на НОФ.
Овој временски период не претставува само гордо потклекнување на НОФ, туку и политичка трагегедија. Сега настана една деликатна рамнотежа помеѓу НОФ и КПГ и КПЈ и се очекуваше само ефектот од големиот стап спрема НОФ од КПГ за ненаучената лекција. Зошто сега КПГ бараше суров закон против сите членови на НОФ? Што значи, за НОФ беше и поуката од КПЈ, спрема логиката: Ако една управа е создадена (наложена) од политиката, таа секогаш ќе биде слуга на политиката. Почна да се спроведува ригорозната политика која не признаваше противници и така стотина политички и паметни кадри се поминати низ чистилиштето како “Најголеми Македонски синови”, а потоа фрлени како “Предавници на македонството”. Сурова правда. Сега КПГ, преку овие НОФИТИ, посака народот да го натерат да гледа како на единствен и вистински претставник на Македонците е КПГ, а сите други се предавници, или помали Македонци и што е најважно да го натераат целокупниот народ да ја прифати одговорноста за да даде се од себе, и за се поголем потик за локалната сцена на разулавениот ритам на огнот. За да по војната бидеме сите заслужни, никој не виновен, а всушност, се беше поинаку, и проблемите се далеку повеѓеслојни и посложни.
На 21 ноември 1946 година, спогодбата ја спроведоа преставниците на Југославија и Грција т.е на КПЈ (Иван Караиванов) и претставникот на КПГ и Јоанис Јоанидис) и со тоа програмската цел на НОФ се смени и сега се прокламира дека ќе се бори во борбен сојуз со грчкиот народ и ќе се бори за спасување на македонскиот народ од физичкото уништување, односно за целите и задачите на КПГ. Но по таквото “Обединување”, не треба да се заборави дека за многу Македонци проработи и кадровската метла. По ова дојде и времето на неподобните и непожелните. Жигот стана секојдневна работа: водачите односно (стопаните на КПГ и КПЈ) инсистираа на секој (од своето стадо) да си го добие вжешниот печат, за да нема забуни при броението на примероците, односно да не се меашата грлата, на кој од очувите им припагаат. Просто речено: Снофитите, Нофитите, афежитите и Номситите: - со години се именуваа: на Титоисти и Захаријадовисти.
По Граѓанската војна времето ни потврди: дека програмските цели на НОФ не беа автономни со македонски стратешки фактор, туку сме биле турнати во реализација на туѓи интереси, па тогаш се поставува прашањето: Со каква сигурност сме го повикувале народот на револуција како продолжение на нашиот светол Илинден? Дали таквата “Братска” тактика на тугинците имаше крајна цел да македонското прашање дојде до македонско - македонско предавство, односно катастрофален судир? Зошто предавство? Затоа што сега од Македонците беа создадени грконосталгичари и југословенски носталгичари и не зедоа во игра од една страна КПГ и од друга КПЈ, а од трета жестоко не прогонуваа.
Атинскиот режим - легитимната власт на грчката држава, што значи, сега против Македонците беше вклучен комплет грчкиот етнички инжењеринг со најсурова акција и динамика на прогон.
НОФ како елита формирана од КПМ/КПЈ, досега ја исполнуваше нивната програма, а од сега исклучиво ќе ја исполнува само програмата на КПГ, со која ќе и ја обезбедува нејзината моќ, како на семоќен господар над Македонците и совршено така стана. По извршените тотални мобилизации над Македонците, КПГ ја измисли категоријата “Одговорни за Славомакедонците” и како сатисвакција сите членови на НОФ во редовите на ДАГ ги поставуваше за такви одговорни. Сега како основна задача од КПГ на НОФ и беше наложено со приоритет; од Македонците да направи идеолошки војници за полесно да ги приклучи во катастрофалното сценарио на Граѓанската војна. Сега верноста на НОФИТИТЕ се мереше со (само) жртвувањето и важеше паролата: “Ола гиа тон агона, ола гиа ти ники!” (Се за борбата - се за победата).
Всушност, се покажа дека рољите на НОФИТИТЕ биле изигрувани, а не играни. На НОФИТИТЕ им се чинеше дека играат јуначки рољи, тоа го пренесуваа и на обичниот човек кој се до 1945 година македонскиот народ под Грција имаше цврсто духовно и национално единство. Постарите Македонци и нивните деца живееа со исти дух; да го негуваат македонскиот национален идентитет и да бидат единствени. Тој наш обичен човек, сега верувајќи на тие наши НОФИТИ во паролата: Сега е момент…, “се покажа повеќе од херој, но на крај беше оставен по светот. Во “Името на народот!”, тој збор беше задолжителен дел од политичкиот вокабулар, мотив и алиби за многубројните идеолошки превирање и воени цели.
Тоа се случи за прв пат во историјата на војувањето и денес секој си го поставува тоа прашање:
“Зарем било возможно, само од едно село да загинат во единиците на ДАГ толку лиѓе од исто село? А, пак што како доказ е ,дека нема село кое не даде од 60-100 жртви. Но, ете тоа се случи и што е најважно за Македонците остана;
неразбирливо и несфатливо, затоа што не се објеснети: ни херојскиот македонски воин низ историјата на ДАГ, ни национално политичките импликации; за нас Македонците што значеше робувањето на НОФ кон КПЈ и КПГ.
Третиот временски период на НОФ е кога по 23 декември 1947 година се до ликвидацијата на ДАГ, кога НОФ ја прифати програмата на ПДВ (Привремена демократска влада), која од никоја држава не беше призната, и не се призна, одсем што самата себеси што се признаваше) по националното македонско прашање: “Признавање на целосна рамноправност на националните малцинства и на нивните слободни национални активности” (Види: АЕ:179/47).
НОФ потпирајќи се кон КПЈ или кон КПГ, напуштајќи ја едната или другата и безрезервно спроведувајќи ја нејзината политика, придонесе да ја изгуби својата самостојност. Трагајќи по таа нишка на судбината наша ни покажува колку била препуштена во туѓи раце на одредени личности, кои навистина низ целиот тој период за нас Македонците ни ја пишуваа црната страница на црвената книшка, во отсуство на македонскиот фактор. Сега, КПГ измисли нов поредок, своја филозофија за сите НОФИТИ:
“…за сега треба да се успие нивната будност, да се пројави грижа и внимание спрема нив…” Сето тоа се правеше со умисла преку колективното замолчување на свеста над Македонците. Стратешки беше отстранувано тимското ангажирање на колективниот ум и уништуван преку манипулациите што значи Граѓанската војна, беше прерасната во полигон на кој од една страна големите сили си ги одмеруваа силите и оружјето, а комунистичките партии своите идеологии над обичниот голорак македонски човек.
Овој долг период на неизвесност (време на идеолошка пропаганда, која беше спроведена со таква динамика на жестокст и разузнувачка акција само и само со цел да се изгуби од лицето на таа земја индентитетот на Македонецот), претставуваше еден облик на ПОСТОЈАНО ИСЦРПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ СЕ ДО НАЈБРУТАЛНИОТ ЧИН СО ОЅЕМАЊЕ НА МАЛИТЕ ДЕЦА (ПРОГОН СПРОВЕДЕН ВО МОЛК) ШТО И ДЕНЕС ОСТАВИ ЛУЗНИ ВРЗ МЛАДОСТА НИВНА. Тоа беше катастрофален национален чин, со што конечно беше обезмакедончена Македонија под Грција. Вистинската вина пред историјата треба да ја носиме во поголемата мера само ние Македонците!
(Авт. превод. “Педомазома (масовно оѕемање на малолетни деца) на андартите и дадилките (девојки и жени) назначени од кралицата Фредирика.
“...Секако еден дел на тие дејанија се однесуваа и за спасување на децата, во условите на војна и од сите опасности и страдања.
Но и за двете страни не можеме лесно да ги игнорираме човековерувањето и аргументите дека станува збор и за едно обмислено преместување на децата. За андартите, е многу веројатно дека децата ги сметаа за една идна воена човечка резерва, бидејќи во март 1949 УНСЦОБ прими многу известувања и жалби за оѕемените деца и дека биле принудени од страна на андартите да се вратат за да се борат во нивните редови. Во 1948, веројатно се очекуваше дека војната ќе потрае, од колку што можеше бргу да заврши и така од оѕемените деца постојат веродостојни докази дека биле по бројно вратени во Грција да се борат.” Таквото сеќавање на вистината, од ова кривулкање низ нашето паметење низ измешаната историја, главната причина за нашата судбина треба да ја бараме во нас, што ние Македонците не се организиравме и не се изборивме да го задржиме нашето опстојување како интегрален дел во грчката држава и тоа требаше да ни биде единствена алтернатива.
Ако вековниот од на нашите предци низ историјата беше кондензирана максимата: “Свиткај ме, но нема да ме скршиш!” и го издржаа турското ропство, ние под туѓите пропаганди во Граѓанската војна ја прифативме како начело кое никаде и никогаш неприменетата максима во националната историја:
“Скршиме, но нема повеќе да ме виткаш!”, си го изгубивме огништето со гордото (Само) жртвување, но и останавивме документ за национален пораз, оти денеска не е случајност дека политиката калкулира со таквите реални состојби, па дури и за името. Но, ако сакаме да резимираме за животот и борбата во служба на КПЈ и КПГ, од бегството по Граѓанската војана, за нашата “гордост” не стоеше ни нацијата, ни политиката, ни идеологијата, тоа беше бегство од смртта. По ликвидацијата на ДАГ од КПГ и од генералите “наши” добивме билет во една насока и тоа само ние Македонците. Па зарем тоа не беше обмислена политичка акција за да не остават по светот, а тие да се вратат на своите огништа. Зошто тие генерали (Гусиас, Маркос, Вландас и др.) кои не водеа во битките за освојување на Лерин, Воден, Соботско, Негуш, Грамос и т. н, не вратија и да не претстават какви што не познаваа и не пофалуваа на бојното поле?
Денес, секој воин на ДАГ си го поставува прашањето:
Која комунистичка партија во светот, тоа го направи со своите членови што гинеа за нејзините цели?
Кои генерали ја оставија армијата по светот, а тие се вратија како херои?
Зошто и ден - денес наследниците на КПГ, се плашат да му ја кажат вистината на грчкиот народ историјата на ДАГ, таква, каква што беше и која претставуваше еден историски непобитен идентитет за Македонците во Грција?
Но, што е најтрегичното, дека човекот кој се викаше воин на ДАГ, кој беше мобилизиран во Граѓанската војна од нашите НОФИТИ и тие не оставија по светот, а тие се вратија во Југославија, односно во СР Македонија. Секако со почести.
Борците и иљадници (оѕемените деца, стари немоќни родители што ги изгубија своите чеда) останаа по светот со колективен статус на “Грчки политимигранти” во разни логори исчекувајќи го крајот на животот... Ете зошто годините на Граѓанската војана, беа време на македонската “гордост” во рацете на тугите политичари. Зашто и говорат овие факти. Дали сите овие дејанија на стратезите ја постигнаа својата цел? Ишодот на настаните покажува: ДА. И затоа бев обземен од неодоливата желба да покажам како беше во реалноста, а не како што е прикажана во нашата историографија.
Ќе се согласам со “чуварите” на нашата “Историја за Егејците”, само тогаш, кога ќе ми предочат поуверливи факти од овие што ги користев јас. Оваа истражувачка студија, не сакам да се свати како судски процес пред историјата, но тоа е документ за горчливиот вкус на полавековното идеолошко робување. Таа лекција многу мина ја научија, но многу мина и не ја научија и се уште многу инфантилни Ворјасовци не ги разбираа:
МАКЕДОНСКИТЕ ПОДЕЛБИ И РАСКОЛИ!
Верувам, дека овие две мои книги: “(Само) жртвувањето” и “идеолошкиот активизам над Македонците под Грција” е можност да бидат скромен прилог во сменоста на генерациите да се создаде сопствен и колку е можен поразумен суд за Македонците под Грција, за да и тие луѓе се најдат во интегралната историја на македонскиот народ. Без да имам особени научни претензии, моето иследување е засновано врз еден стремеж да им се каже на младите луѓе вистината за Македонците под Грција. Зошто ние Македонците (во отсуство на интегралниот фактор) дозволивме во Граѓанската војна (1945-1949) да доживееме сила врз сила од КПГ и КПЈ и со тоа ја обезмакедончивме Македонија под Грција. Ние! Ние, Македонците дозволивме да бидеме:
1. Еден голем дел жртви (загинати по бојштата на Граѓанскат војна), а ни вните семјства по извршениот геноцид кон целокупниот македонскиот народ се најдоа масовно раселени низ европските земиј.
2. Еден дел извршители (под туѓи идеолошки замки пребегнаа во Југославија, а најголемиот дел од активните обични борци се најдоа во емиграција).
3. За геноцидот на Еврејте и за геноцидот во сребреница знаеме, а дали ќе проговори нашата историја за нашиот македонски геноцид!?
4. Најголемиот дел (гледано интегрално од целокупната етничка Македонија) останаа полувековни набљудувачи: за народот што ни се ретчи и просторот што ни се тесни.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/19 on October 29, 2026