Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Ideological Activism: Macedonians Under Greece

СФЕРИ НА ВЛИЈАНИЈА (9 ОКТОМВРИ 1944)

By Стојан Кочов · Part 7 of 26 · About 13 minutes

Read in English

СФЕРИ НА ВЛИЈАНИЈА (9 ОКТОМВРИ 1944)

Од вкупната територија на етничка Македонија во тоа време која имаше 67.422 квадратни километри, една и половина односно 51% и припадна на Грција (Според Атласот на Ларус), денес позната како Егејска Македонија.

Кралството на Србија ја доби т.н. Вардарска Македонија, односно 39%, а Бугарија, односно 9,5% и Албанија 0,5%, значи:

Грција 51%, односно 34. 385 кв. километри;

Србија 39%, односно 26.995 Бугарија 9,5%,односно 6.405 Албанија 0,5%, односно 332 1.3 КОМИТИ - МАКЕДОНЦИ Комити: борци за ослободувањето од турското ропство, а сега во четириесетите годините сите тие луѓе се имаа прогласено како борци против грчкото ропство. Тие сите беа синови или внуци на најистакнати Илинденци над кои андартите заедно со Владиката Каравангелис имаа извршено невидени злосторства во процесот на погрчувањето, а тоа го тврди и самиот Каравангелис во својата книга.

Заклетвата на овие сите комити им беше: “МАКЕДОНИЈА - за неа ние се бориме - за неа ние ќе умриме“.

Зошто со појавата на Комитите (На 5 март 1943 гоадина во Костур е формирана првата воена единица - Комити) и работите зедоа друг тек? Зошто и од кои причини тие се појавија во развластената Грција? (На 20 мај 1941 година спрема Хитлеровата наредба од 17 мај истата година, Грција е официјално поделена на окупациони зони: германска, италијанска и бугарска).

Каде беше македонскиот фактор да ја земе во свои раце судбината на својот народ. Зошто им е се препуштено на грчката и на бугарската пропагандна машинерија, што делувале уште од времето на Егзархијата и Патријаршијата? Каде се нашите национални водачи? Тие се во редовите на КПГ * (Види: на грбот од партиската книшка што им препорачувал Сталин - космополитизам и класна борба...)

Но, да видеме како постапија комунистите во врска со ова прашање, и со каква цел предложија тие да се формира СНОФ, па дури и мали воени формации (но, исклучиво во областите, каде што тие и беа формирани и селаните вооружени од комитетот), кога се знае дека со таквата минимална програмска опција со целосна рамноправност на малцинствата, не се предвидува тие да имаат право на формирање на самостојни воени формации. Каква беше сепак, таа грижа од КПГ за нас Македонците, кога ЕЛАС беше уште летото 1943 година во преговори со Англичаните?

Грижа или манипулација?

Раководствата на КПГ, ЕАМ и ЕЛАС, загрижени за ситуацијата, што се создаде во Македонија под Грција, а посебно во Костурско, Леринско и Воденско, се најдоа принудени да формираат посебна македонска организација СНОФ (Славјаномакедонски народноослободителен фронт).

Така на 20 октомври 1943 година беше формиран СНОФ, но само во Костурско и покасно во Леринско, меѓутоа не и во Воденско. Па и тоа го сторија луѓе од Обласниот Комитет на КПГ за Западна Македонија, и тоа Грците: Христос Калфас (Андреас) и секретарот на окружниот комитет за Костурско Андонис Андонопулос (Периклис) и секретарот на окружниот Комитет на КПГ за Кожанско Танасис Карцунис. (Види:

книгата “Паскал Митревски и неговото време (1921-1978)”, од Ташко Мамуровски). Ете како се роди организацијата на СНОФ, а исто така и какви се оценките за истата.

“СНОФ има голема заслуга за тоа што од селата, каде што дејствуваше, над 500 Македонци стапија во ред ЕЛАС...” (Нејасно е зошто Македонците пак ги туркаа во ЕЛАС?) и понатаму: “Секако најзначајна заслуга на СНОФ и на неговиот вооружен дел СОВ (Славјаномакедонска ослободителна војска)

претставува разоружувањето на голем дел од контрачетништвото (се мисли на комитите, но бидејќи историјата се пишуваше по југословенскиот модел, и ние Македонците станавме четници - заб.С.К.), со што се овозможи натамошниот непречен развој на НОД во тој крај”. (Види: Д-р Ристо Кирјазовски книгата “Македонски национални институции во Егејскиот дел на Македонија (1941-1961) стр.

29). Понатаму во истата книга на стр.33 се вели: “Токму кога СНОФ ги постигна овие и имаше реални перспективи да постигне уште поголеми резултати за уште помасовно вклучување на Македонците во борбата, раководството на КПГ во април 1944 година донесе одлука за расформирање на СНОФ и на СОВ. Овој многу несреќен и штетен потег на раководството на КПГ се должи на неговата спомената политика на спогодување со десницата преку недозволени отстапки...” Еве како се роди и живееше само неполни 6 месеци организацијата СНОФ, (Сега кај нас таа е оценета како институција, а тоа ни се враќа како бумеранг во Австралија, можеби заради тоа што бумерангот е и измислен во таа земја).

А ете и какви се оценките на истата. Но, да се оценува нејзиното расформирање како “несреќен случај”, тоа покажува само дека немаме сили да си ја признаеме вистината. Дека ние Македонците всушност ја имавме препуштено севкупната наша судбина да ја решаваат други. Па така бевме и жртвувани за туѓи цели; бидејќи исто така “боси” влеговме и во Граѓанската војна од 1945 - 1949 година.

Треба исто така да се знае, дека, имено, поради отсуството на македонскиот фактор, и бугарската пропаганда на двапати посегна по нас Македонците, пред да се појават Комитите.

Првиот случај е во времето кога се водеше грчко -италијанската војна од 1940 година; тогаш бугарската пропаганда го искористи случајот со Македонците заробеници од грчката војска во Италија и побара од италијанската влада тие да и бидат предадени на Бугарија, при што сите овие заробени Македонци биле претставени како “Бугари”. Како непосреден резултат од ваквата “грижа” овие луѓе од грчките власти беа ставени на црната листа и беа прогонувани, заедно со нивните семејства, до истребување како предавници на татковината Елада.

Вториот случај е уште подрастичен. Тој се однесува на групата од 27-темина ослободени македонски и грчки комунисти од затворот “Акронавплион” на 28 јуни 1941 година, со помошта Јулија Шнајдер, под единствениот услов сите тие да примат бугарско државјанство, бидејќи биле потврдени бугарофили.

Ослободувањето на споменативе, подоцна ќе го искористи грчкиот националистички печат и некои грчки политичари, за да ја клеветат КПГ, дека наводно таа се ставила во служба на окупаторот и им ја “предала” Македонија на Бугарите.

Судбината на овие луѓе е позната, како и од кого тие станаа жртви. Еве конкретно што пишува Д-р Танас Трповски во

“Нова Македонија” од 7.04.1994 година, по поводот што му го даде мојата книга: “Ако и сакаше г. Кочов да биде објективен, можеше многу лесно да го направи тоа, бидејќи постои документација за сомневањата дека смртта негова (се мисли на неговиот стрико Лазо Трповски) е резултат и на грчките комунисти, кои видоа дека тој прво е македонски патриот и се бори прво за националното ослободување на својот народ.” Навистина, јас ова не сум го знаел, бидејќи досега во историографијата не најдов дека Лазо Трповски го ликвидираа комунистите. Знаев само за манипулацијата, но ете сега се потврди и (Само) жртвувањето.

Но, пред да видиме кои беа Комитите, интересно е и битно да се знае дека тезата “Една држава - една партија” била применувана и во новосоздадените околности во текот на окупацијата на Македонија во 1941 година. Еве што вели Д-р Ванче Стојчев во “Н.М” од 16.08.1994 година:

“Бугарската окупација на поголем дел од Вардарска Македонија (а тоа секако важење и за Егејска Македонија м.з.), сообразно со Коминтерската теза, ја мотивирала БРП(к) на извршување на нови анексии над македонското комунистичко движение. По анектирањето на Македонската комунистичка партија во Пиринска Македонија, БРП (к) се потрудила да ја анектира и комунистичката партија во Вардарска Македонија”. Па се поставува прашањето, дали таа БРП (к) не се трудела, преку разни форми, тоа да го стори и во Егејска Македонија, и дали е докажано дека таа не била вмешана во целиот тој процес на создавањето на Комитетот?

Но, за ова прашање Д-р Ванче Стојчев вели: “Истражувањето на односите на Коминтерната (на 15 мај 1943 год. таа била распуштена, но ИК како оперативно тело, и понатаму функционирал), Комунистичката партија на Југолсавија (КПЈ), Бугарската работничка партија (комунисти) БРП(к) и Комунистичката партија на Грција (КПГ) спрема македонското прашање, неоспорно пред почетокот и за време на втората светска војна, до неодамна, во историографската наука традиционално зависеше од дневната политика.” Но да видиме всушност кои луѓе беа Комитите во Македонија под Грција? Еве што пишуваат за нив неколкумина историографи, а ние нема причина да не им веруваме: “...Тоа што најмногу го натерало еден мал дел од македонското население да стапи во Комитетот* бил стравот од вооружените грчки националистички банди, кои во 1943 год. во Западна Македонија растураа летоци со застрашувачки пароли против Македонците, а од друга страна - не беа убедени за мнозинството од македонскиот народ и ветувањата на КПГ за рамноправност на националните малцинства кога таа би дошла на власт. Во програмата на ЕАМ воопшто не се говореше за одделни национални права на Македонците, а во првите единици на ЕЛАС, што се појавија во Западна Македонија во март 1943 г., во прво време преовладуваа националистичките елементи и во еден ден само во с Загоричани заклале 17 Македонци”. (Види: Христо Андоновски “Македонија под Грција во борба против фашизмот (1940-1944)”, стр.108.)

Еден од бројните фактори што контрачетничкото движење (се мисли на Комитите) во Егејскиот дел на Македонија не прерасна во квинслишко движење, беше целосното вклучување на неговите членови во редовите на ЕЛАС, а подоцна на ДАГ, во кои што се истакнаа плејада прославени борци, команданти и комесари на партизански единици. Голем број си го дадоа и својот живот за слободата на својот народ.” (Види: Д-р Ристо Киријазовски во рецензијата за книгата на Ташко Мамуровски “Бугарската пропаганда во југозападна и централна Егејска Македонија (1941-1944)”. И на крај, еве што вели и самиот автор на оваа книга Ташко Мамуровски.

“...честите колежи, грабежи, палежи, силувања, оргии, насилства и.т.н, што ги вршеле врз невиното македонско население грчките националисти, уфрлени во редовите на ЕЛАС како агенти и соработници на окупаторот, какви што биле Коларас, Баскакис и други, ги натерале Македонците со окупаторско оружје да ја бранат својата чест и слобода.” (Види:

стр. 49).

Немам намера да коментирам, но сепак да изнесам нешто лично, што го доживеав со илијадници такви борци во единиците на ДАГ. Тоа е случајот со Коста (Динев) Солев -Суљо, кој загина како херој и неустрашив командант и борец на ДАГ, но ете тој благороден човек не му беше дадено заслуженото место во книгата “Светли ликови од Егејска Македонија (1945-1949)” од Ташко Мамуровски, најверојатно поради тоа што и натаму некои посакуваат тие луѓе да ги нарекуваме: “...борци за целите на Хитлер и на неговите слуги на Балканот...” Што значи, дека комитите не биле против левото движење, туку во одбрана на своето македонско достоинство.

Да не заборавиме дека тие луѓе имаат деца и дека тие деца денес живеат во Р. Македонија, а повеќето од нив се покажаа како добри Македонци и стопанственици. Сакам да изразам особена почит кон г-ѓа Јагнула Паскал Куновска, која, во својот строго контролиран текст “Нови гледишта на историјата”, критички и концизно изнесува становишта, што се од исклучителна важност за виталните национални прашања.

Текст одмерен и со високо и јасно патриотско чувство, концентриран врз движењето на македонскиот фактор, а не врз интригите на т.н. “Егејскиот синдром” за (само) уништување. Г-ѓа Куновска, со овој сериозен преглед засега многу суштински проблеми и повикува, без никаква апорија, кон национално помирување, одамна промовирано како нужен чин за нацијата, од почитуваниот професор Димитар Димитров, затоа што таа имала таква судбина (како што ги има иљадници македонци) да живее виновна без вина со дедо илинденец, со татко борец против националистичките грчки банди и со браќа загинати во ДАГ.

1.3.1 ФАКТИ И АРГУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТИ ОД КОСТУРСКО Од дневникот на комитата Васил Јанакиев - Мусолини.

(Дневникот го поседува неговиот син Др. Ристо Ивановски, Скопје.): На 18 април 1942 година, фармирана е комисија од пет члена: Васил Јанкиев, од село Мањак - Костурско, член на ВМРО обе; Лука Диманин, од село Дреновени - Костурско; Бај Кољо Шестеварот, член на ВМРО обе; Танас Низамов, преведувач. Барале прием кај италијанскиот генерал РАВАЛИ кој бил командант на градот Костур. Од сите нив му била образложена намерата со претходен увод за нас Македонците, дека сме посебен народ и дека по поделбата на Македонија (1912-1913) нашиот народ е подложен на страшен теророр за погрчување, кој систематски е почнат уште во далечната 1900 година со специјално умисленото доаѓање на Владиката Каравангелис** и вооружените формаци под раководство на Павлос Мелас за освојување на Македонија.

Но, и со настанатата етничка промена на населението, т е со донесувањето на колонистите од Мала Азија од кои сега имаме посебно тероризирање од нивна стран и од страна на Грците, односно организацијата ПАО**, во која членуваат исклучиво грчки националисти. Тие секојдневно организирале разни рации и пљачкања (на добиток, жито, сирење, маст и други продукти)

и измачувања над македонското население кое е од најнезаштитените, па дури ни од италијанските власти. Многу од Македонците кои биле пред италијанските власти намерно обвинувани за Комунисти и кои биле апсени и тепани до смрт, за разлика од, Грците кои биле затворени како Комунисти, но биле ослободувани. Потоа му објаснил, дека сите неопходни продукти кои многу тешко се набавуваат (сол, шеќер, масло, газија и др.) за македонското население биле недостапни.

Последното барање било, ако е можно да им се дозволи и на Македонците да им се додели канцеларија која директно ќе општи со италијанските власти, бидејќи од Грците не можат да најдат заштита и разбирање. Равали им рекол, дека ќе бара објаснување и од италијанските власти и дека наскоро ќе им одговори. Одговорот бил позитивен и на 5 март 1943 година било свикано собрание од 48 члена кои имале преставници од разни села. На истото собрание било решено да се оформи организација под името “МАКЕДОНСКИ КОМИТЕТ” за Костурско само за самоодбрана, во кој членувале повеќе од 54-60 села. Им било дозволено дури да се наоружат, бидејќи им требало да се заштитат во развластената Грција.

На собранието биле избрани со гласање:

1. Пандо Макриев, од село Четирок за главен командант на Штабот во Костур.

2. Паскал Калиманов, од село Добролишта за командан на сите наоружани селски комити.

3. Лука Диманин, од село Дреновени за помошник на командантот на Штабот.

4. Бај Кољо за главен војвода на Костур.

5 Христо Насков, од село Езерец за секретар и помшник на командантите.

6. Васил Јанакиев - Мусолини, од село Мањак, офицер за информации и врски.

7. Кузе Шестеварот, за реонски војвода.

Вкупно бројот на оружани Комити биле околу 9.742 лица, главно со лесно оружје кое било дадено со специјална дозвола од италијанската команда на костурскиот гарнизон и дека ќе бидат исклучително под нивна заштита и контрола и нивните дејанија ќе бида ограничени, само во атарот на Костурските села и ќе можат меѓусебно да се помагаат и дека повеќе не треба да им се потчинуваме на грчките органи.

На 24 јули 1943 година во Костур се славело, се извикуваа пароли:

Драги Костурчани! Бидете храбри како што и ви доликува на потеклото!

Да живее овој најсветол наш ден Илинден! Да живее слободарскиот дух на Костурчани! Да живее цела Македонија!

Потоа по ова пристапија сите комити кон една маса покриена со црвено кадифе на која беа вкрстени кама и пиштол и даваа заклетва: