Ideological Activism: Macedonians Under Greece
КАКО И ЗОШТО ДОЗВОЛИВМЕ И ИМ (ПОВЕРУВАВМЕ) - Part 01
КАКО И ЗОШТО ДОЗВОЛИВМЕ И ИМ (ПОВЕРУВАВМЕ)
НА ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАЛА АЗИЈА ДА НЕ ВОДАТ ВО ВОЈНА ЗА ЧОВЕЧКИ ПРАВА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!?
Истражувањата во оваа студија за феноменот на идеолошкиот активизам врз Македонците под Грција, според тоа покажаа, дека овој феномен ги потисна националните интереси во втор план, бидејќи на комунистите не им требаше самостоен и горд Македонец (во форумите на КПГ: Централен Комитет, Политбиро и воено - политичките функции од висок ранг, немаше ниту еден Македонец), туку послушни идеолошки војници. А веќе со тоа КПГ и легитимно ја одобруваше политиката на геноцид, што ја спроведуваше грчката држава на најбрутален начин за измена на националниот состав. Според тоа нивната заедничка цел е да станеме национално малцинство во својата земја; да ни се измени националната физиономија што е правено, во периодот 1924-1935 година, кога грчката влада врши геноцидни зафати над Македонците, со населување на шестотинииљадното туѓо население, со промена на топонимите на градовите и на селата, со промена на личните имиња, а КПГ во својата програма го имаше завземено ставот:
“Обединета и независна Македонија”. Меѓутоа за сето тоа, и за се друго, што ни се правело, се до ден - денес КПГ не проговорила ништо. Додека нејзината основна цел сето време беше, што повеќе Македонци да регрутира во своите редови, а потоа да ги жртвува за “ставот на партијата”. За да можат потоа да ни се закануваат за сметка на нашето македонско национално, самосознание, а со тоа да биде доведувано во се подлабока криза и македонското самочувствување, за да не оставиме белег на нашата сопствена политичка традиција.„ Идеолошкиот активизам, меѓутоа, не само што доминираше низ ветриштата на војната, туку тој се изрази и во македонската историографија (за Македонците под Грција) во своевиден историски македонски позитивизам, што покажува, дека и нашата историографија во својата акрибија и политичка апатија ја дозволи вторичната бескрупулозна агресија сега веќе врз свеста на македонскиот човек, преку идеолошкиот активизам, да се гради и взаконува идеолошката позиција како коренит и појдовен историски фактор во минатото за Македонците под Грција. Но, тоа е и доказ за трагедијата, предизвикана од апсурдната војна на туѓите стратези, во која како војна немаше кодекс на однесување, туку преку насилната идеолошка индоктринација над нашиот обичен човек (вткајувајќи го националното во една визија на космополитизам), кој беше принудуван да се спротивставува исклучиво како идеолошки субјект (стратешки фактор во планираниот геноцид). Се покажа дека геноцидот навистина ќе се оствари, доколку жртвата соработува со екзекуторот. А резултатот беше ако не пожесток, тогаш барем еднаков со насилните преселби на народите.
Ете зошто се поставува прашањето: Дали ние Македонците под Грција, веќе со членувањето во КПГ влегувавме во конфликт, кога би го поставиле прашањето за обединување со другите делови на распарчената Македонија!? Одговорот е: ДА!
Зошто? Затоа што по измената на етничкиот состав на населението што беше стратешко прашање на грчката држава и не беше само несреќна преселба на колонистите - (Маџири), но и најбитното е дека на чело на КПГ дојдоа тие колонисти кои никогаш не би посакале да се одвојат од матицата Грција пред се затоа тие добија тапија од македонската земја со нивното доселувание и сега да се најдат во т.н. Обединета Македонија во некаква балканска федерација.
Што значи, покрај рамноправност КПГ во својата програма не нудеше ништо друго и ете зошто идеолошкиот активизам под дирегенство на туѓинците донесе големо зло.
Во прилог кон оваа вистина ја ставив во функција сета фактографија од трагичната и голема суровост на животот, која покажува во колкава мерка бевме толку долго и насекаде потурнати и неподобни. А тоа значи дека само во потполност им се остварија целите на туѓинците, преку далекувидната проекција да сотрат еден национален македонски потенцијал, што со векови живеел и се борел за самостојност на своите прадедови огништа, а да уништат за тоа секој вид трајно сведоштво.
ДАЛИ СНОФ, НОФ, АФЖ И НОМС СЕ СОЗДАДЕНИ СЛУЧАЈНО?
Уште на почетокот сакам да потенцирам: “Само лаици можат да веруваат дека се што се случувало во Граѓанската војна (1945
- 1949) било случајно!” По поделата на Македонија (1913), се велеше дека Македонија стана буре барут на Балканот, кое во секој момент може да експлодира. Како и Зошто? Затоа во политиката, исто како и во животот, ништо не е случајно.
Во оваа книга е опишана скриената историја; за сите македонски поделби и расколи, посебно за годините 1940 - 1949 во кои ние Македонците под Грција доживеавме геноцид и ги изгубивме за навек нашите родни огништа.
За нас Македонците под Грција, во политиката немаше ништо случајно. Се беше зацртано во грчката стратегија, испланирано, со денови, месеци, па и со години по поделата на Македонија во 1913 година. Грчките стратези имаа разни варијанти за обезмакедончување на дел по поделата што им припадна под нивна власт. Доколку не успее првата, се активираше вторта, третата и независно од кои се прави; Левите сили или државната политика која имаше политички систем на ,,Конвенционална држава,, (Еден крал, една нација, еден јазик и една црква), од сите да направи ,,Грци по род.“ ПО ПОДЕЛАТА НА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИТЕ НАЈСУРОВИ И ГЕНОЦИДНИ ЗАФАТИ ГИ ДОЖИВУВААТ ОД ТУГИНЦИТЕ Во целиот период на владеење, ретко се оставаше простор за грешка или превид. Историјата на левите сили покажа дека моќниците најчесто своите грешки настојуваа да ги маскираат, да ги прават помалку видливи, прекриваат со превезот на заборавот. Тоа го покажаа во текот на Втората свеска војна и Граѓанската војна. Суровоста на животот растеше, неподносливата омраза кулминираше кон Македонското население.
Истражувањата покажаа како и зошто токму од левите сили се уништени Комитите, и потоа организирана е и Граѓанската војна (1946 - 1949) години. Прикажани се тајните на владеењето, фактите што ретко се запишани во историските книги и како е прикриена вистината.
Во целата таа ударна идеолошка групација во уништувањето на костурските комити беа најистакнати - македонците комунисти здружени со маџирите доселеници (1924) од Пондија, во костурските села и се преставуваа како горди Интернационалисти. Каква иронија е тоа, левицата ја уништува македонштината и ги исполнува стратегиските цели на грчкото кралство, кое одамна врши геноцид над Македонците и има само една цел: ,,Грција да ја престави како држава; која има една нација...“ Исходот ни покажа дека само Костурските Комити се раководеа од делото на Делчев и на македонските дејци - (ако треба умри за Македонија). И токму тоа ги натера да создад своја македонска војска и не сакаа да им бидат потчинети; ниту на било кој ОЧУВИ или ΨΥΧΟΠΑΤΕΡΙ дали е од грчката власт, или од комунистите (Интернационалисти) и затоа беа уништени.
Во историјата ќе остани забележана стратегијата на вечната желба: враќање на идентитетот, јазикот, заштита на семејство и стопани на своето прадедово огниште.
Прво: Комитите, како прави синови на својата македонска замја го воведоа македонскиот јазик (со костурскиот дијалект);
Второ: Се отворија црквите и се вршеа сите обреди на македонски јазик (крштевки, венчавки и закопи);
Трето: Месната милиција им се обраќаше на мајчин јазик.
* * * ЛИДЕРОТ НА КПГ, СЈАНТОС ПОБАРАЛ ПОМОШ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА КОМИТИТЕ ОД КПЈ И СЕ СРЕТНАЛ СО ЦРНОГОРЕЦОТ ТЕМПО Во разговорите Сјантос со Темпо во август 1943 година, Сјантос го прифатил барањето на Темпо во Егејска Македонија да се создадат специјални единици кои својата агитациона пропагандна работа ке ја водат на македонски јазик. Ете како била измислена првата мамка: Конкретно СНОФ беше организирана, но не од Македодонците. Никој не се ни запрашал зошто?
Неодамна читав една книга, која ме предизвика од насловот, односно поднасловот кој гласи: - “Македонската националноослободителна платформа во Егејскиот дел на македонија, јануари 1944 година” од Д-р Литовски Александар.
Тој пишува: стр. 233 “...во третманот на македонското национално прашање во егејскио дел на Македонија веке се институционализира македонското движење од Егејскиот дел на македонија преку СНОФ.” На страница 236 пишува:
“Всушност, при разгледувањето на политичко - пропагандно дејствување на СНОФ може сосема јасно да се забележат две доминантни насоки на дејствување. Првото дејствување во насока ма привлекување на македонското население во ЕАМ и КПГ, и второ, дејствување во насока зацврстување на одделниот македонски национален идентитет во Егејскиот дел на Македонија.
Се стаписав и замолчав; и од првиот и од вториот став!?
Старите велеа: “Секоја замисла е лесна кога не се зема предвид суштината - стварноста.” Овој наш автор д-р Литовски, зарем не знае дека СНОФ ,,Славомакедонци,, преставува племенски атрибут?
Нема потешко за Македонецот, кога македонската наука и по толку години (пола век) го тера да им ги слави измамите на тугинците: Сјантос и Темпо како преставници на левите сили -КПГ и КПЈ. Тие со право гледаа на нас Македонците како на
,,Корисни идиоти,,.
* * * ФАКТ Е ТАКВИОТ ЧИН ПРЕДЛОЖЕН ОД ЛЕВИТЕ СИЛИ ГО ПРИФАТИЈА И МАКЕДОЦИТЕ КОМУНИСТИ И ЕЛАСТИТЕ, НО НЕ И КОМИТИТЕ МАКЕДОНЦИ Гревот и грижата за нас Македонците - прекрстени во ,,Славомакедонци,, односно манипулацијата, ја плативме и ние борци во Граѓанската војна 1946-1949 година!!??
Дали навистина КПГ (Грчките комунисти) отстапуваа и беа против расистичките и асимилаторските закони, донесени од грчката влада во врска со нас Македонците Под Грција?!
Не! Но, не само СЈАНТОС како секретар на КПГ, туку и ТЕМПО преставни од (КПЈ) на Грците им го потврди тоа со предлогот за создаванието на СНОФ. Зарем Темпо не знаеше дека Македонците во вардарскиот дел се само Македонци, а не ,,Славомакедонци,, и дека со тоа се обезличува македонскиот идентите?!
По Првта светска војна Грците за македонците смислиле ново име ,,СЛАВОМАКЕДОНЦИ,,. Убедени дека вистинските Македонци се Грци (Оваа теза ја пропагираше костурскиот Владика Каравангелис), овој пат не дозволиле никакви остапки и при утврдувањето на етничкиот идентитет на Македонците зборот македонец е заменет со ,,Славомакедонц,,.
Името ,,Славомакедонци,, е промовирано при изготувавањето на етничката карта за македонија во 1918 година од страна на Сотиријадис, кој по потекло е Грк. Утврдувајќи го новото име за Македонците, грчките научници... (види повеќе во книгата -Македонија не е грчка), од турскиот генерал полковникот Ердоган Ознал.
По предлогот на Темпо (КПЈ) и согласноста на Сјантос (КПГ), но не и на Македонците - СНОФ (Словеномакедонски народен ослободителен франт) се формира на 20 октомври 1943 година во селото Сничани, Костурско од секретарите на обласниот комитет на КПГ, за западна македонија од - Христос Калфас -Андреас и секретарот на окружниот комитет на КПГ за костурско Андонис Андонопулос - Периклис, како и секретарот на окружниот комитет на КПГ за кожанска, Тансис Карцунис.
Сето тоа беше со умисла да ги разбијат и привлечат комитите со уверување дека веќе формирани се македонски организации.
Така сега во Македонија под Грција, имаме -,,Славомакедонци,, - (Комунисти), Еласити и Комити.
Уште веднаш по своето создавање, славомакедонски батаљони добиле задача да пристапат кон ликвидацијата на комитските формации. На 21 август 1943 година Костурскиот батаљон нападнал неколку вооружени комитски села и успеал да разоружа голем број комити.
Кон крајот од август околу 300 комити од костурско стапиле во лерински - костурскиот македонски батаљон кој припаѓаше во составот на ЕЛАС и под команда на капетан Маркос.
Капетаниос Маркос, од македонските батаљони бараше прекомандување кон Епир со нови задачи.
По добиените закани од грчките комунисти, спрема Македонците кои беа организирани во СНОФ и откажаа од командата на ЕЛАС, еден поголем број еласити - само Македонци, (но сега не и Маџирите), го напуштија народот и своите родни села, пребегнаа во Југославија и на 18 ноември 1944 година во Битола ја формираат “Егејска бригада” и беа распоредени во југпсловенската армијата на Тито.
КАДЕ ИСЧЕЗНА ПОЛИТИЧКАТА СТРАТЕГИЈА НА СНОФ, НОФ И АФЖ ШТО ЈА ПРОПОВЕДАА ПО СЕЛАТА НАД МАКЕДОЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА?
Незадолството на некои македонски комунисти - Еласити, водени од својата сервилна свест и несватлива поданички порив, сега кои преминаа во Југославија, се обидоа да го одбранат неодбранливото: уништувањето на Комитите и напуштањето на родниот крај, конкретно на Македонија под Грција.
На 23 април 1945 година во Скопје, од пребеганите борци од Македонија под Грција и подолго се раководеа од КПМ/КПЈ, но никогаш јасно и отворено не се објасни кои стоеше зад овој чин. И конкретно, дали овој потез беше фатален за нас Македонците под Грција?
Истражувањата покажаа дека сите членови на НОФ и АФЖ беа ограничени со државничко лидерски потенцијал и дека КПГ и КПМ/КПЈ лесно манипулираа со нив и беа користени во селата само за нивно претворање во послушни и извршители на точно зацртаните цели и задачи дадени од “Озгора„. За брзо време НОФИТИТЕ и АФЕЖИТКИТЕ, по селата станаа најсилни центар за СОЗДАВАЊЕ ИДЕОЛОШКА МОЌ. Факт е дека токму во тој период на време, немало поприфатливи од таквите идеолошки активисти. Таквата акција на КПГ и КПЈ во текот на целата историја не се памти, а практички се покажа дека им беше потребна таквата провокација посурувоста на животот и омразата спрема грчките власти и тоа им овозможи да се турни македонскиот народ во војна.
Токму во тоа време, ако погледнеме малку подлабоко и пошироко, некои настани веќе беа навестени Од “Големите сили“ на конференцијата одржана во Јалта на Крим, од 4 до 11 февруару 1945 година. Односно направен е договоро за ново повоено уредување на Земкината топка. Според тоа, со таквата подела на сфери на влијание, според тоа трите сојузни држави (Америка, Англија и СССР) отворено ги обелоденија своите општи цели и претензии, така што Грција подпадна под влијание на Англија и Америка и токму тоа траба да го сфатат НОФ и АФЖ дека нашата македонска крв ја леевме за да бидеме ископачени со планираниот ГЕНОЦИД за што молчиме 70 годин. Зачудива фактот, сите тие актери ниту помислуваат да ја преземат ИСТОРИСКАТА ОДГОВОРНОСТ.
Се поставува прашањето: дали македонската историја, до денес јасно кажа:
“Како и од кого ние Македонците под Грција добивме потик за војна, (токму по Втората светска војна) во годините на Граѓанската војна (1945 - 1949), а бевме злоупотребени и терани да се саможртвуваме за туѓа идеологија од регрутираните “корисни идиоти” политичари и граѓански активисти (на КПГ и КПМ/КПЈ), кои имаа основна функција да произведуваат уплашена и дезорганизирана маса на обични селани, само со една цел масовно да ги турнат да учествуваат во конфликтти и војна.
* * * Конкретно: истражувањето е вршено за костурскиот регион;
како и зошто, со нашата македонска не грижа, направивме се;
од вечниот македонски Костур Леринскиот и Воденскиот да стане загубена татковина.
Македонците под Грција, добро го познаваа Грчкиот фашизам, уште од 1913 година, сe до овие години како маршираше и беснееше. Во целиот тој период на време, комунистите (Ја сочинува доселениците од Пондија и беа водачи на КПГ) не понудија нова прогресивна визија за вистински соживот со Македонците, туку тие потхрануваа со нова доза на омраза и од Македонците се бараше, катадневно нови жртвени јагниња.
Положбата на Македонците (членови на КПГ) во тие години бевме поразително. НОФ и АФЖ мораа да молчат. Сервилноста пред мокниците на КПГ и покасно пред КПЈ, царуваше, глупоста се прогласуваше за мудрост, членувањето во КПГ за доблест, а во суштина преку идеологијата беа третирани како регрутирани корисни идиоти. Тоа се потврди од КПГ и од КПЈ.
По истражувањето дилемата е: дали тогаш кај Македонците воопшто имало востанички дух? Мора да бидеме свесни за вистина. Да ги отфрлиме лажните престави за Егејска Македонија создавани за туѓи потреби и туѓи интереси, тоа денес е факт.
* * * Кои беа водачите, како и од кого беа создадени и раководени организациите СНОФ, СНОВ, НОФ, АФЖ и НОМС и од кого беа строго контролирани и која им беше целта на тугинците?
Тие имаа за цел да се подгрева страста на Македонецот и агитираа за подемот на комунизмот кај обичните македонски селани!? Зошто токму тие обични луѓе ја платија сметката?!
Доживееа геноцид и за навек останаа по светот и само затоа што не биле “Грци по род”?!
Овие историски вистини можат да вознемират и обеспокојат, за тоа што за нас Македонците тоа е новост, изминатите 70 години и токму поради извршениот геноцид над Македонците, многу ретко нешто ќе се кажеше, но не и правата вистина Идеолошката офанзива на левицата, со својот космополитизам (против македонската национална свест), страшно го разниша македонскиот староседелски корен и ја спаси грчката стратегијата да остане конвенционална држава: ,,Еден крал, една нација, една црква, еден јазик” на кралството на Грција, а од нас Македонците направија Тлкачи, и да се саможртвуваме.
Несфатливо е и ден - денес, како Македонците комунисти кои биле во редовите на ЕЛАС да учествуваат во ,,БРАТОЈАДСТВОТО,, уништувањето на Комитите!? Комитите преставуваа една компактна целина, организирана од 64 костурски села, со повеќе од 9. 800 вооружени македонски комити, кои застанаа храбро и достоинствено против грцизмот и не сакаа да ја прифатат елинизацијата и да се откажат од националниот идентитет и името Македонци. Наместо тоа да го валоризираме како национален отпор, во нашата историја го оцрнавме преку сите можни идеолошки етикетирања. Но, што е за чудо, и во новиот поход (Граѓанската војна 1945 - 1949), скоро со истите команданти (Маркос, Химарос, Аријанос и др.)
кои ги уништија Комитите, Македонците пак насилно и масовно беа ангажирани од КПГ дури и остатокот од сите тие комити што останаа живи или нивните синови, но сега како “подобни синови” на КПГ!
Во историја наша појавата на комитите е неверојатен миг на македонската стварност, на место да имаме почит и достоинство спрема сопствениот народ, ние постојано влегуваме во политички игри со тие, кои најмногу го носеа гревот за уништувањето на костурските комити. Комитите беа против нашето мутирање: на името во Славомакедонци и во идентитетот во Словени и тоа не само од страна на грчката држава, туку и од комунистите на КПГ. Тие, тивко, нечујно, безболно и привремено организираа СНОФ, кое траеше (кратко) до уништувањето на комитите.
Ако земеме предвид, дека во светот, нема нација која срушила нешто што било создадено (автохтоно) од сопствениот народ, тогаш ние Македонците сме први! Токму за гревот што ги уништивме македонските комити, а потоа комунистите Македонци по Граѓанската војна, се најдоа протерани како не грци по род…
Но, треба да знаеме, дека комитите се тие кои ја доживееја најстрашната дискриминација од грчката држава што ја спроведуваше спрема Македонците, дури и пред да се родат, а од родната (сопствена) историјата се заборавени, па дури и непромислено анатемисани. Поделбите на “фили” или “мани”, кои во повеќето случаи вештачки се одржуваа (потикнувани од туѓинците) срамно и понижувачки зборува за македонскиот народ.
Прашањето е: Кој ни то организира Братојадството?! Зошто, како и од кого ние Македонците сме прекрстени во Славомакедонци!? Од народ со историја, јазик и култура и своја земја не направија со племенска одредница - Славомакедонци!?
Значи, во овој период на време (1930 - 1949), со нас Македонците (Домородците - Ендопите - староседелците)
манипулираат левите сили - КПГ и генетски не модифицираа во “Славомакедонци” и тоа важи за комунистите, а за комитите -им препишуваат, дека тие се Фашисти и треба да се уништат!
Кои беа левите сили и раководеа со КПГ и со органите на партијата? Тие беа луѓето што беа донесени по размената; со Турција и Бугарија, т.н. Просвиги од Пондија, односно Маџири.
Така Комунистите, работејќи на тој проблем, како што им требаше, во тој период на време, го направија СНОФ, со цел да изврши разоружување на комитите - Македонци.
Мамката беше, што дури на Македонците комунисти им дозволија да оформат во склопот и под команда на ЕЛАС една воена единица која се викаше СНОВ - (славјаномакедонска ослободителна војска), што за комитите преставувала сериозна мамка.
Ако направиме еден пресек на историските настани; со цел да откриеме: дали Македонецот решавал за судбината на својот народ во годините (1940 - 1949)!?
Одговорот е не. Во годините 1945 - 1949 година, се јави нова реалност, која мирисаше на крв и омраза и пред сe го зафати секое село во егејска, Македонија и сите до еден Македонци беа заразени од омраза и гнев. Идеолошките Јунаци, без да им трепни око посегнуваа по туг живот со оправдување како компензација. Таквиот краен апсурд продолжи дури и во Граѓанската војна (1945- 1949) и на крај се најдовме надвор од татковото огниште…
Зошто само во Македонија отсуствуваше организирано политичко движење што би ги артикулирало желбите и барањата на Македонците?
Одговорот е банален: немало луѓе што мислеа МАКЕДОНСКИ!
Едно од прашањато е:
Кој ни то организира Братојадството?! Зошто, како и од кого ние Македонците сме прекрстени во ,,Славомакедонци,,!? Со племенски преѕнак!
Значи, во овој период на време (1930 - 1949), со нас Македонците (Домородците - Ендопите - староседелците)
манипулираат левите сили - КПГ и генетски не модифицираа во “Славомакедонци” и тоа важи за комунистите, а за комитите -им препишуваат, дека тие се Фашисти и треба да се уништат!
Така Комунистите, работејќи на тој проблем, како што им требаше, во тој период на време, го направија СНОФ, со цел да изврши разоружување на комитите - Македонци.
Мамката беше, што дури на Македонците комунисти им дозволија да оформат во склопот на ЕЛАС и нивна команда, една воена единица која се викаше СНОВ -(славјаномакедонска ослободителна војска), што за комитите преставувала сериозна мамка.
Ако направиме еден пресек на историските настани; со цел да откриеме:дали Македонецот решавал за судбината на својот народ во годините (1940 - 1949)!?
Првите прашања се:
Како и зошто го изгубивме своето прадедово огниште во Костур и Костурско? Лерин и Леринско, Воден и воденско и т.н.
Од национален апсект, тоа не е смрт на еден дел од нацијата и не само на Костурчани, туку е загуба на Македонската нација, затоа што тоа е геноцид!
Преку историските настани, ќе откриеме дека Македонецот не решавал за судбината на својот народ во годините 1940 - 1949 година, туку решавале тугинците.
Истражувањата покажаа дека идеолошкиот активизам над Македонците под Грција (1940 - 1949), дека ние Македонците се саможртвувавме за туѓи стратешки и политички интереси, а тоа беше - наша историска бесмисленост; со наша крв да си испишуваат големи туѓи истории. Но најжалосно е што има уште многу Македонци кои не сфатија дека војна без пропаганда нема, и таа војна уште ја нарекуваат: ,,Револуција и Македонците во неа учествувале доброволно...“ Жалосно, ние Македонците немавме никаква стратегија се до извршениот геноцид над нас во Граѓанската војна, а нашата историја дури и денденес, не замајува со разни филозофии;
наводно разни македонски организации, делувале се до Втората светска војна, а повеке од јасно е дека никогаш по Илинденското востание ние Македонците не го кренавме гласот против грчкиот стратешки зафат за измена на етничкиот состав на населението во тој македонски дел - Маџирите со самото населување грчкта држава им даде Тапија од македонската земја.
И затоа, денес историјата за Егејска Македонија и Костур ја пишуваат доселениците... од Пондија.
Токму во годините 1940 – 1949 г. исклучиво доселениците (Маџирите) го активираат идеолошкиот активизам - особено доаѓа до израз на разни трендови на кампањи, виртуелни и вистински пропаганди војни, со суровост на жигосување, кое стана секојдневна работа на: комити, комунисти, еласити, гркомани и борци за обединета Македонија. А тоа допринесе Македонците одвнатре политички да бидат разјадени, предадени и насилно подврзани за идеолошки: ОЧУВИ од КПЈ (ТИТО, ТЕМПО, КОЛИШЕВСКИ И Ц. УЗУНОВ) и од Грците-
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/ideologkiot-aktivizm-e-book-macedonian/2 on October 29, 2026