Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ВАНГЕЛ ШАМАРДАНОВ – ИЛИНДЕНСКИ (1921-1948)

By Ташко Мамуровски · Part 7 of 42 · About 14 minutes

Read in English

ВАНГЕЛ ШАМАРДАНОВ – ИЛИНДЕНСКИ (1921-1948)

Со духот на Илинден, Македонците ја продолжија својата националноослободителна борба во Втората светска војна. Тој континуитет на македонската борба се симболизираше и со давањето имиња на воените единици на видни македонски илинденски дејци. Револуционерот Вангел Шамарданов 118 ја имаше ретката чест – го носеше псевдонимот “Илинденски.” Вангел Шамарданов е роден во 1921 година, во с. Кронцелово, Воденско, во сиромашно земјоделско семејство но со богати револуционерни традиции. Уште како едногодишно дете останува сирак. Неговиот татко, Вани, бил убиен во 1922 година од непозната арамиска банда.

119 Но благодарејќи на неговата мајка, тој можеше да расте и да се школува. Основното училиште го заврши во своето родно село. Според кажувањата на неговите роднини и пријатели, тој уште како мало дете бил многу бистар, умен и трудољубив. Секогаш по наставата во училиштето многу им помагал на домашните во полските работи за да можат да си обезбедат егзистенција.

Вангел често пати доаѓаше во градот Воден, каде се дружеше со напредни младинци и со тоа си ги збогатуваше своите знаења за тешкиот и огорчениот живот на македонскиот народ. Имаше голема желба да го продолжи своето школување во воденската гимназија, но поради немање на материјални средства за живеење, тој не можеше да ги реализира своите желби.

Во времето на германската окупација Вангел Шамарданов, како и многу други Македонци од Воденско, беше организиран во КПГ и ЕАМ. Но, поучен од дискриминаторската политика на грчките власти спрема македонскиот народ и поради неправилниот став на раководството на КПГ и ЕАМ во однос на 118 Овој прилог, од истиот автор е објавен и во Гласникот на ИНИ, Скопје, 1979, XXIII, бр. 1, стр. 263-269, Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.

119 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ од Скопје, Скопје, 1973, дел III, /бисти/, стр. 39-40. Ракопис, се чува во ИНИ.

македонското национално прашање, тогаш тој не пројавува некоја посебна активност. 120 Присуството на македонската национална свест и љубовта кон својот народ дојдоа до полн израз во летото 1944 година кога дојде до формирање на Македонскиот партизански баталјон на Кајмакчалан. Уште од почетокот на неговото формирање, Вангел Шамарданов, иако не беше директен учесник во редовите на Баталјонот, со голема радост и воодушевување ја прими таа вест.

Во почетокот на 1945 година, со формирањето на македонската ослободителна организација ТОМО, Вангел Шамарданов со уште поголема љубов се вклучува во борбата против грчките монархофашисти и поради неговата активност во борбата за ослободување на македонскиот народ, тој стана и член на Окружниот одбор на ТОМО за Воденско.

Организацијата ТОМО на планината Кајмакчалан формира и свој партизански одред од македонски активисти на ЕАМ и ЕЛАС, кои по капитулантскиот договор во Варкиза беа прогонувани од страна на грчката полиција и жандармерија.

121 Со цел да се синхронизира и организира дејноста на македонското национално-ослободително движење во егејскиот дел на Македонија против теророт на грчката реакција, како што е споменато е во друга прилика, на 23 април 1945 година беше формирана организацијата НОФ за Егејска Македонија.

На 20 јуни истата година, на неколку километри надвор од Воден, меѓу селата Кронцелово и Влкојанево беше одржана Окружна конференција на организацијата ТОМО. На конференцијата беше анализирана дотогашната работа на формираните месни и селски организации на ТОМО и се донесе решение за преименување на организацијата ТОМО во НОФ за Воденскиот округ. Во новиот Окружен одбор на НОФ за Воденско во својство на член меѓу другите беше избран и Вангел Шамарданов.

120 Истото.

121 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури. ИНИ, Скопје, 1975, стр.163.

Вангел Шамарданов, познат веќе и со псевдонимот Илинденски, со уште поголема љубов и пожртвуваност се зафати да ги извршува своите задачи. Од крајот на октомври 1945 година беше одговорен по финансиите во Окружниот одбор на НОФ за Воденско. 122 Од ноември истата година беше одговорен за печатот и заедно со Мирка Гинова беше задолжен да формира месни организации на НОФ во Мегленска околија.

123 Од втората половина на февруари 1946 година тој заедно со Петре Попов од село Долно Родиво, по одлука на Окружното раководство на НОФ за Воденско, беше испратен во Островска околија да организира месни организации на НОФ, НОМС и АФЖ на овој терен, 124 а од април истата година стана одговорен за идеолошка работа во Окружниот одбор на НОФ за Воденско. 125 Кон крајот на 1946 година 126 Нивна цел беше да ја реализираат спогодбата на НОФ со КПГ и во Воденско, бидејќи тоа тие претходно го направиле во Костурско и Леринско. На активот на кадрите на НОФ од Воденско, на кој присуствуваа и претставници на КПГ, Паскал Митревски ги изнесе начелата на таа спогодба, убедувајќи го кадарот на НОФ дека таквата спогодба е неопходна, дека НОФ ќе остане и понатаму како посебна организација, но дека таа ќе се раководела од КПГ. 127 На состанокот на активот на НОФ беа извршени нови промени во Окружниот одбор на НОФ за Воденско и за политички 122 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 179, стр. 341.

123 Истото: док 197, стр. 372)

124 “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 44, с. 110.

125 Истото: док. 116, стр. 268.)

126 Не е позната точната дата. Според Вангел Ајановски-Оче, тие пристигнале во Воденско во ноември 1946 година /Вангел Ајановски-Оче, “Егејски бури..., стр. 232/, а пак според искажувањата на покојниот Михајло Керамитчиев, кој по спогодбата на НОФ со КПГ, стана секретар на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија, тие пристигнале кон крајот на декември истата година.), во Окружниот одбор на НОФ за Воденско пристигна дотогашниот секретар на Главниот одбор на НОФ Паскал Митревски заедно со други членови на раководството на НОФ. Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 232.

127 Истото.

секретар беше поставен Вангел Шамарданов-Илинденски. Тој на таа должност остана се до мај 1947 година. 128 По спогодбата на НОФ со КПГ се појавија меѓу нив некои нерасчистени организациони и политички прашања, и, имајќи го предвид теророт на монархофашистите против демократското движење кој уште повеќе се засили, беше неопходно да се расчистат тие прашања и да се синхронизира борбата против заедничкиот непријател. За таа цел, Главниот одбор на НОФ, на 20 мај 1947 година, на месноста “Мишови Колиби” на Кајмакчалан свика т.н. Земска конференција на НОФ за Егејска Македонија.

129 На оваа конференција /собир/ секретарот на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија, Михаило Керамитчиев, поднесе реферат за внатрешната и надворешната ситуација во земјата, за успесите, односно слабостите и за натамошните задачи на НОФ. 130 На овој собир организациите на НОФ од Гуменџиско и Ениџевардарско беа обединети со организацијата на НОФ за Воденско и од тогаш тие се раководеа од Окружниот одбор на НОФ за Воденско. За политички секретар во новиот Окружен одбор на НОФ за Воденско беше избран Лазо Поплазаров, од с. Добролишта, Костурско, а дотогашниот секретар на НОФ за Воденско, Вангел Шамарданов-Илинденски, по одлука на Главниот одбор на НОФ и во согласност на Покраинскиот комитет на КПГ беше поставен за политички комесар на поголема единица на ДАГ на Кајмакчалан, 131составена од околу 800 борци, предимно Македонци. 132 Вангел Шамарданов-Илинденски уште од првите денови на борбата се соочува со националистичката и дискриминаторската политика на дел од раководството на КПГ и ДАГ што ја спроведуваа спрема политичкиот кадар на НОФ и македонските борци на овој терен. Тој со сите сили им се 128 Истото: стр. 243.

129 АМ, Збирка: Егејска Македонија во НОБ, 1945-1949, АЕ: 142. Истото:

Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., 236-242.

130 Истото: АМ, Збирка: Егејска Македонија во НОБ, 1945-1949, АЕ: 142.

131 Позната од документите како 576-ти баталјон на ДАГ.

132 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ..., с. 40.

спротивставуваше на погрешните тези на раководството на КПГ и цврсто ги бранеше целите и принципите на македонското национално-ослободително движење, но не најде разбирање кај старешинскиот кадар на ДАГ.

Во еден негов извештај, од 30 јули 1947 година, испратен до Главното раководство на НОФ, тој ја изнесува лошата состојба во ДАГ и бара да се преземат итни мерки за отстранување и сузбивање на неправилната политика на раководството на КПГ и ДАГ, истакнувајќи дека во спротивно оваа штетна политика ќе доведе до катастрофални последици за движењето. Во извештајот меѓу другото се вели:

“...Покрај масовното учество во борбата на Славеномакедонците со 70 до 75 отсто и покрај воената, материјалната и економската помош на ДАГ и покрај големиот развиток на ДАГ во нашиот окург, кој се должи на Славомакедонците и на нивната организација НОФ, постои сериозна болест кај грчките соборци. Никаква доверба и почит немаат кон Славомакедонците иако се овие поборбени, поеднодушни, пореволуционерни, политички и идеолошки поизградени, без никакви двоумења во споредба со грчкиот елемент кај кого постои обратното. За пример може да служат дезертерствата на Грците, додека од страна на Македонците нема такви појави, и доколку ги има тие се безначајни и веројатно се должат на лошиот однос на кадрите спрема партизаните, а кои и вам ви се познати...” “...Нашиот народ во текот на двегодишната борба против монархофашизмот раководен од својата организација НОФ идејно и политички се изгради и ја издигна својата национална свест и низ друга призма ја гледа ситуацијата. Најголемо барање му е да се издигнат кадрите во ДАГ и сака да гледа во раководството Славомакедонците, а ова нешто денес не се прави онака како што требаше да се направи. Сето тоа човек може да го види само тогаш кога живее во редовите на ДАГ каде што постојано се коментира меѓу македонските партизани.

Постои голем шовинизам кај грчкиот елемент, а тоа е резултат што раководството не се зафати колку што требаше тоа да го искорени. Кај македонскиот елемент не постои шовинизам, тој е исчезнат и доколку постои тој е незначителен. Конкретно сакам да изнесам за мојата функција. За многу работи не ме запознаваат моите колеги-старешини, но тие работи еднострано го интересираат само мојот колега воениот командир Андреа.

133 Многу работи се вршат скришум од мене, а кореспонденцијата на баталјонот многу пати оди лично на командантот, без да се запознаам и јас со содржината”.

“...Го молам раководството да посвети посебно внимание, бидејќи главната тежина и одговорност ја сноси тоа, бидејќи таквите односи можат да и нанесат големи штети на општата борба. Во оваа критична ситуација наместо да правиме чекори напред ние правиме чекори назад. Ова егоистично, недругарско, ненародно однесување и недобро оценување на ситуацијата ни штети и ќе се раскинува братството и единството на двата народа кое денес е фактор и првенствена задача за конечна победа. Таквите односи не се оправдани во никој случај...”.

134 Во есента 1947 годниа Вангел Шамарданов добива наредба од Главниот штаб на ДАГ, заедно со својот баталјон, да замине од Кајмакчалан за Југозападна Егејска Македонија и Епир. Во тоа време ДАГ имаше заземен став да води фронтална борба против монархофашистичките единици на секторот на планината Грамос и за таа цел таму ги концентрираше своите единици.

На 25 декември 1947 година Штабот на 670-та единица на ДАГ даде наредба да се нападне и преземе гратчето Коница, во Епир.

135 136 Преземањето на Коница од страна на единиците на ДАГ претставуваше акција од големо значење, бидејќи Коница го спречуваше слободното движење и обединување на силите 133 Андреас Андонакис-Орестис.

134 Види: извештај од Вангел Шамарданов-Илинденски, политички комесар на 576-тиот баталјон на штабот на ДАГ Пајак-Кајмакчалан. АМ, Збирка:

Егејска Македонија во НОБ, 1945-1949, АЕ: 170; Истото: Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 245-249.

135 Иљо Димовски-Гоче, Акцијата за преземањето на Коница. Глас на Егејците, Скопје, 1950, декември 1, I, бр. 4.

136 Овој прилог, од истиот автор, со мали измени е објавен и во Гласникот на ИНИ, Скопје, 1979, XXIII, бр. 2-3, с. 247-250.

на ДАГ што се наоѓаа на подрачјето т.н. Загорија со силите на ДАГ на планините Грамос и Вичо. 137 Во огорчените борби за Коница, заедно со својот баталјон учествуваше и Вангел Шамарданов.

138 По завршувањето на борбите се дознало дека тој загинал на мистериозен начин. 139 Но до денес не е пронајден ниту еден документ во кој се тврди за местото и денот на неговото убиство. 140 Од некои искажувања на негови соборци се тврди дека тој загинал во борбите на Грамос 1948 година како офицер на ДАГ. 141 Но и тоа не е сигурно. Постои сомневање дека убиството на Илинденски беше извршено подло. Тоа произлегува од разговорот што го водел тој неколку месеци пред неговото убиство со Павле Раковски, член на потесното раководство на НОФ за Егејска Македонија, односно одговорен по агитација и пропаганда во Главниот одбор на НОФ. Раковски во своите сеќавања пишува: “...Малку време пред да се случи тоа, Шамарданов доверливо ми беше признал дека многу се плаши од грчките “другари” околу него, дека еден ден ќе го “спастрат”. Тоа се случи под овие околности: Минував по Кајмакчалан некаде во април-мај 1947 година, 142 па сретнав една група борци-Македонци. Читаа еден леток. Овде постоеше клон од Главниот штаб на ДАГ – негов беше летокот. Грчки

137 Истото.

138 Програма за споменично одбележување на настаните и ликовите од револуционерното минато на македонскиот народ..., стр. 40; Истото: Вангел Шамарданов-Илинденски. Глас на Егејците, Скопје, 1952, ноември 13, III, бр. 28.

139 Истото.

140 Борбите на единиците на ДАГ за заземањето на градот Коница траеја од 25 декември 1947 година до 10 јануари 1948 година /Види: Иљо Димовски-Гоче, Акцијата на ДАГ за заземањето на Коница.../, а Првиот конгрес на НОФ за Егејска Македонија беше одржан на 13 јануари 1948 година на кој Вангел Шамарданов бил предложен во кандидационата листа за избор на новото централно раководство на НОФ /Види: Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 256/, следствено Шамарданов не можеше да загине во борбите за Коница.

141 Ајановски, Вангел-Оче, Сеќавања и критички осврт за развојот на работничкото, комунистичкото и националното движење на Македонците во Воден и Воденско, дел II, стр. 370. Ракопис, се чува во ИНИ.

142 Средбата, за која зборува Павле Раковски, не би можела да се случи пред 20 мај 1947 година бидејќи до тогаш Шамарданов не беше политички комесар на баталјонот.

леток на грчки јазик. Се обраќаше исклучиво до грчкиот народ.

Ни збор за македонскиот народ, за македонските борци, за овие пред мене што ги затекнав да го читаат. А Македонците овде ја претставуваа основната сила на единиците на ДАГ, во некои, Македонците беа 80-85%. И не само тоа. Од борците дознав дека тие самите биле регистрирани како Грци. Имено, членовите на командата и штабот на клонот од Главниот штаб на ДАГ не го признавале националното постоење на македонскиот народ. Македонците ги сметале за Грци...” “Ме изненади и тоа што комесар на баталјонот, чии припадници беа оваа група борци, беше бившиот претседател на Окружниот одбор на НОФ за Воденско, Вангел Шамарданов. Останавме сами. На прашањето: како тој може и ја трпи ваквата ситуација?

Долго време молчеше, не одговараше. Неговото лице потемне, изразувајќи длабока болка. На крајот, кратко ми одговори: “Ми е страв... Тие и така еден ден ќе ме “спастрат” “...Не помина многу време потоа, комесарот на баталјонот, Вангел Шамарданов доби куршум во грб, а масата македонски борци беа испратени на кланица на грчкиот Југ...” 143 Интересно е, а секако не е случајно и тоа што неговото име не се споменува во книгата “Ироес ќе мартирес” /Херои и маченици/, во издание на раководството на КПГ во емиграција, 1954 година, иако таму се споменуваат и обични борци.

Неговото име не се споменува ни во книгата “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци. Политички и литературни изданија, издадена во 1968 година на македонски јазик, а во издание на истото раководство, која содржи ликови и биографии на македонски активисти и борци од Егејска Македонија.

На крајот да заклучиме дека со смртта на Вангел Шамарданов-Илинденски како и на многу други истакнати борци од егејскиот дел на Македонија не беше спречен револуционерниот бран на македонскиот народ во борбата за извојување на неговите национални и социјални права, туку напротив, таквите стремежи и тенденции се движеа по една 143 Цитирано од Павле Раковски: “Во длабоката ноќ зората се раѓа”.

/Сеќавања, размислувања, сознанија/, Скопје, 1973, стр. 140-141. Се чуваат во ИНИ.

нагорна линија, за да добијат во текот на Граѓанската војна во Грција еден помасовен карактер. За тие права и идеали Илинденски го жртвуваше и сопствениот живот.