Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ЃОРЃИ КАЛКОВ (1916-1948)

By Ташко Мамуровски · Part 21 of 42 · About 7 minutes

Read in English

ЃОРЃИ КАЛКОВ (1916-1948)

Меѓу првите основачи на македонските партизански групи на НОФ кои беа формирани на планината Вичо во периодот 1945-1946 година беше и Ѓорѓи Калков, првоборец од село Вишени, Костурско.

Ѓорѓи Калков, е роден во 1916 година, во сиромашно земјоделско семејство. Неговиот татко, поради тешката економска положба, беше принуден да оди на печалба во далечна Америка. По кратко време тој ги прекинува врските со своето семејство и повеќе не се враќа дома.

По завршувањето на основното училиште во родното село, Ѓорѓи, заедно со својот поголем брат Начо /Дамјан/ и помагаше на својата мајка во земјоделските работи. Покрај домашните работи, тој работеше и како измеќар кај селските богаташи.

354 Во 1936 година беше повикан на отслужување на воениот рок во градот Солун каде служеше во една коњичка единица.

По окупирањето на земјата од страна на германско-италијанските и бугарските војски, италијанските власти во Костурско формираа специјални единици, т.н. баталјони за прогонства и претреси, со цел да ги апсат прогресивните селани, а пред се оние кои доследно се бореа против окупаторот. Во ваквата неснослива ситуација, раководството на отпорот во Вишени постојано ги советуваше селаните дека доколку тие забележат непријателски движења во близината на селото, веднаш да преземаат претпазливи мерки, односно да се скријат во планината. Вака се правело постојано.

355 Но еден јулски ден во 1941 година, Вишенци дознале дека кон нивното село се доближува една италијанска вооружена единица. Се разбира, сите мажи се сокриле во шумата. Италијанските војници почнале веднаш да го претресуваат селото куќа по куќа, но не ги нашле мажите. Меѓутоа, селаните дознале дека 354 Според сеќавањата на Димитар Прстенаров, од село Вишени, Костурско;

активен учесник во НОБ и ДАГ. Борец во одредот “Лазо Трповски” и во Првата ударна бригада на Македонците од Грција.

355 Хроника за селото Вишени, Костурско. Се чува во ИНИ.

тие ги барале само комунистите. Мајка му на Ѓорѓи, откако разбрала дека Италијанците ги барале единствено комунистите во селото, отишла во шумата и го повикала синот да се врати дома, објаснувајќи му при тоа дека за него не постоела опасност. Но таа се излажала. Ѓорѓи штом се вратил дома, веднаш беше уапсен и беше ставен во костурскиот затвор на една година строг затвор. 356 По ослободувањето од затворот Ѓорѓи ја продолжува својата патриотска активност. Со сите можни средства тој го помагаше антифашистичкото движење на македонскиот народ против окупаторот.

Еден мајски ден во 1943 година партизаните од мешовитиот Леринско-Битолски одред, по претходниот престој во селото Бапчор, Костурско, се префрлиле во месноста “Козјак”, во шумата близу до “Јанчов Извор”, која се наоѓа на границата меѓу селата Вишени и Бапчор. Тука тие се камуфлирале за да се одморат. Еден од партизаните, по име Костас Кициридис, во долината си ја пасел маската што го носела оружјето на одредот.

357 Тој ден Ѓорѓи Калков и неговиот соселанец Спиро Цуљов, кои работеа како полјаци во Вишени, обиколувајќи го својот реон се погодило да поминат по споменатата месност. На растојание од околу 30-40 метри, тие забележале еден сомнителен човек со пушка на рамото кој си ја пасел маската.

Двајцата полјаци претпоставувале дека овој човек бил грчки “андарин”, па и затоа се решиле да го убијат. Но за среќа, Ѓорѓи смртно не го погодил Костас Кициридис, туку лесно го ранил во раката. Партизнаните на одредот, штом го слушнале истрелот од пушката, веднаш се дигнале на нозе и се упатиле кон селото Вишени за да го фатат виновникот. Ѓорѓи и Спиро многу се исплашиле од овој несреќен случај и поради тоа биле принудени да се засолнат во соседното село Тиолишта. Кога случајот се заборавил, Ѓорѓи се обратил до раководството на отпорот во селото со молба да го земе под заштита, оправдувајќи и дека тој згрешил. Откако се се завршило среќно, 356 Според сеќавањата на Димитар Прстенаров...

357 Според сеќавањата на покојниот Спиро Цулев; борец во НОБ и ДАГ.

тој во редовите на резервниот ЕЛАС ја продолжи борбата против окупаторот. 358 Како што е нагласено и в друга прилика, во текот на пролетта и летото 1945 година грчките банди, со помошта на атинската влада уште повеќе го засилија теророт против демократското движење, а пред се против Македонците и комунистите кои за времето на фашистичката окупација на Грција и Егејска Македонија како први се најдоа на чело на борбата и најактивно се бореа против странските поробувачи. Во ваквата неснослива ситуација, Ѓорѓи Калков, сакајќи да го избегне своето апсење, им се придружува на група македонски илегалци од родното и соседните села и со пушка в рака заминува на планината Вичо за да се бори против новите реакционерни власти во Грција.

Како искусен борец на планината Вичо веднаш беше поставен за командир на една вооружена група која имаше за цел да го заштитиува македонското население од ужасот на грчките банди на тоа подрачје. На чело на оваа група борци тој остана до почетокот на декември истата година.

359 Зимата 1945 година, поради студот групата партизани на планината Вичо мораше да се расформира. Еден дел од нив се вратиле по своите домови, а другите, меѓу кои и Ѓорѓи Калков, преминале во Битола.

Во почетокот на јули 1946 година Ѓорѓи, заедно со група Македонци од родниот крај, повторно заминува на планината Вичо.

360 Тука се поврзува со други македонски родољуби и веднаш се вклучува во борбата против грчката реакција.

Благодарејќи на неговата неуморна активност и военото

358 Истото.

359 Извештај од Главното раководство на НОФ од 19 јули 1945 година за политичката ситуација во Егејска Македонија и за ставот на КПГ по македонското национално прашање. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т.

II, Скопје, 1973, док. 89, с. 162.

360 Според сеќавањата на Методи Малков, од село Шештево, Костурско;

првоборец во НОБ и ДАГ.

искуство, тој повторно беше назначен за командир на вооружена група на НОФ. 361 Со текот на времето групата на НОФ на чело со Ѓорѓи Калков израсна во чета. Таа енергично дејствуваше на подрачјето на планината Вичо, Костурско, Леринско и Преспанско.

Благодарејќи на нејзините успешни акции, беа ослободени голем број македонски села и врз основа на тоа се создаде слободна територија на подрачјето Вичо.

На планината Вичо Ѓорѓи Калков со својата чета раководеше се до пролетта 1947 година, а потоа беше преместен во Берско, односно Хасија, во 670-та единица на ДАГ.

362 Потребно е да се нагласи дека Ѓорѓи Калков не беше само искусен камадир на ДАГ, туку и истакнат политички организатор во македонското ослободително движење.

Благодарејќи на неговата неуморна активност во ослободувањето на македонскиот народ на Првиот конгрес на НОФ тој беше избран за член кандидат во раководството на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија.

363 Во почетокот на март 1948 година, четата на Ѓорѓи Калков, заедно со другите единици на ДАГ учествуваше во славниот пречек на новомобилизираните, но се уште невооруужени борци кои доаѓаа од Румели за планината Грамос. Оваа операција во историјата на ДАГ е позната под името:

“Херојскиот поход на колоната на невооружените од Румели”.

364 На 16 март истата година, во месноста “Кунџупија”, на планината Пиерија, Ѓорѓи, заедно со неколку борци од својата чета, беше обиколен од непријателот. Во таа нерамна борба, 361 Според сеќавањата на Ристо Малков, од село Шештево; борец во Првата ударна бригада на Македонците од Грција, а во ДАГ борец во четата на Ѓорѓи Калков.

362 Калков Ѓорѓи. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 111.

363 “Егејска Македонија во НОБ, 1948”, Т. V. Скопје, 1981, док. 16, с. 45.

364 Ѓорѓи Калков. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 111.

борејќи се херојски, го положи својот живот за слободата на својот народ. 365 Посмртно Главниот штаб на ДАГ го именува во чин мајор.

365 Истото.