Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ВАНЕ ДОРОВ МАЛКОВ (1913-1947)
ВАНЕ ДОРОВ /МАЛКОВ/ (1913-1947)
Името на Ване Доров /Малков/ е поврзано со еден негов херојски подвиг кој се случи за време на тешките борби на планината Грамос. Имено, на 16 јули 1947 година, тој заедно со двајца свои другари, за да не падне жив во рацете на непријателот, се фрли долу во провалијата од карпите на месноста наречена Котелската Кула.
327 Овој настан се прочу насекаде и придонесе да се зајакне желбата кај борците на ДАГ да се борат со уште поголем фанатизам за скорешна победа над монархофашизмот.
Ване Доров /Малков/ е роден во 1913 година во селото Шештево, Костурско, во сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното шесттогодишно училиште во родното село тој им помагаше на своите родители во земјоделските работи.
Во 1933 година беше повикан од грчките власти на отслужување на воениот рок во градот Серес каде служеше во една коњичка единица. По отслужувањето на воениот рок тој се вработил како работник во една странска компанија во Серес.
328 Неколку дена пред избувнувањето на грчко-италијанската војна Ване тешко се повредува на работното место. Но иако не беше способен да учествува во војната против италијанскиот агресор, тој беше мобилизиран во грчката армија и како и другите војници беше испратен на Албанскиот фронт.
За време на германско-италијанската и бугарската окупација на земјата Ване Доров заедно со своите соселани со сите можни средства го помагаше антифашистичкото движење. Подоцна, по прогонувањето на странските окупатори од Грција и со воведувањето на проанглиската власт во земјата како резултат на договорот во Варкиза, тој заедно со други соселани беше 327 Доровски Ване /еден од трите/. Во кн. “За света народна слобода” с. 81.
328 Според сеќавањата на Методи Малков, од село Шештево, Костурско;
активен учесник во НОБ и ДАГ.
прогонуван од грчката полиција под обвинение дека бил автономист. Неколку пати беше затворан, малтретиран и осудуван во затворот Кожани. 329 Во февруари 1945 година, тој заедно со други другари успеал да побегне од затворот во Кожани и преминува во слободниот дел на Македонија. Тука веднаш се вклучува во редовите на Првата ударна бригада на Македонците од Грција и продолжува да се бори против остатоците на балистичките банди во Западна Македонија. 330 По расформирањето на Првата егејска ударна бригада тој се преселува во Битола каде работи при растоварувањето на вагоните.
Во септември 1946 година Ване Доров по своја лична желба заедно со една група Македонци од родниот крај, преку Албанија заминува за планината Малимади со цел да се бори против грчките монархофашисти.
331 Во тоа време на планината Малимади, Вичо и Лисец /Корештата/ дејствуваше партизанскиот одред на чело со Ристо Жабона од село Брезница, Костурско. Во редовите на овој одред Ване уште од првите денови почна да се истакнува со својата храброст. По кратко време се префрлува во одредот на Ѓорѓи Калков од село Вишени, Костурско. Во својство на десетар во овој одред тој се бори со сите борби кои беа водени на тој терен се до мај 1947 година.
332 Истиот месец беше извршена т.н. прва мобилизација на борци од сите слободни села на подрачјето Вичо и Преспа. Врз основа на таа мобилизација беа создадени нови чети и баталјони на ДАГ. Одредот во кој влегуваше и десетината на Ване Доров прерасна во чета. Со неа раководеше Мичо Валјаков од село 329 Никола Шалваринов, Хроника на селото Шештево. Ракопис, се чува во ИНИ.
330 Според сеќавањата на Никола Србиновски од село Шештево; активен учесник во НОБ и ДАГ. Истото: Според сеќавањата на Христо Малков од село Шештево; борец во редовите на Првата ударна бригада на Македонците од Грција. Во редовите на ДАГ се бори во четата на Ѓорѓи Калков, Мичо Валјаков и Атанас Каравидас, а од 1948 година работеше во Народната милиција.
331 Истото.
332 Истото.
Вишени, Костурско, а десетината на Ване прерасна во вод. Во таков состав четата на Ване заминува за планината Грамос. Во својство на командир на вод во таа чета тој ја продолжува борбата на планината Грамос се до неговата трагична смрт.
Во текот на летото 1947 година, на планината Грамос се водеа тешки борби помеѓу единиците на ДАГ и грчките владини војски. Уште во првата битка загина командирот на четата Мичо Велјаков. Заедно со него загинаа уште други 11 борци. Во понатамошните крвави борби четата, во чиј состав влегуваше и водот на Ване Доров, од 138 борци се намали на 63 борци. За да се подигне борбениот морал кај борците, беше потребно да се пополни четата со нови борци. Во нов состав таа ја продолжи борбата во растојание од месноста “Портите”, “Гуруша”, па дури до месноста “Котелската Кула” и селото Мировлити, на планината Грамос.
Ване Доров добива наредба да ја брани Котелската височина.
Но водејќи тешки борби со непријателот, од неговиот вод останаа живи само десет борци. Во оваа критична ситуација командирот на четата Танасис Каравидас побара доброволци од останатите борци на Ване Доров со цел да го обезбедуваат отстапувањето на другите борци на ДАГ од месноста
“Котелската Кула”,
333 односно да не им дозволат на непријателските единици да им го отсечат патот на партизаните кои одеа за Котелските ливади преку црквичето Свети Илија.
Ване со уште двајца другари се реши доброволно да ја изврши оваа тешка задача. Меѓутоа непријателот со сите расположливи сили го атакуваше споменатото место, настојувајќи по секоја цена да им го отсече патот на партизаните кои се повлекуваа кон Котелските ливади. Владините војски постепено се приближуваа кон позициите на храбрите борци. Авионите бучеа над главите на тројцата јунаци и местото гореше.
Минофрлачи, артилерија и картешници се растоварија врз височината која ја заштитуваа смелите борци. Пред нив голема непријателска сила, а зад нив непристапна пропаст т.н. Харо, од 120 метри височина. Тие до последниот куршум херојски се бореа и, откако се извлекоа последните борци на ДАГ, го 333 Доровски Ване /еден од трите/. Во кн. “За света народна слобода” с. 81-
82. Истото: Никола Шалваринов, Хроника на селото Шештево...
фрлија прво тешкото оружје /пушкомитралезот/, а потоа останатото оружје преку провалијата. За да не паднат живи во рацете на непријателот, пеејќи и прегрнати, се фрлија во провалијата. 334 Нашиот народ знаејќи да ги цени своите јунаци му направи долготраен споменик со песната:
Што тоа лета, што тоа паѓа, што тоа в’тури од високи карпи во длабоки долови на планина Грамос?
Орел е тоа со здробени крила или е тоа разочаран човек?
Ни орел е тоа, со здробени крила ниту е тоа разочаран човек, туку е тоа народен борец шестевскиот јунак Ването Доров.
Од мајка, татко, од стари баби ноќе до полноќ приказни слушал за Илинден славен, за Илинден херој во пролетни утра, во летните зори, во ширните полја, во скршните гори, собирал цвеќе гороцвет бел, китки ги кител, венци ги редел, со венци красел гробови стари, на Гоце Делчев војводи смели.
Од рано детство, години млади, пискови слушал, бесилки гредал, желба му беше, љубов му беше ропство да скрши, тиранија клета, за слободата народна света, а кога хорда фашистка гнасна в Егеј во Грција налета, пласна, дружина млада со себе повел, крвави битки секаде водел.
334 Истото.
Не беше уште денот разденил, не беше уште сонце изгреало, в месноста Врахос в планина Грамос митралези ечат, гранати трескат, борците храбри, целата, чета в последен бој, в последна битка, пред зајдисонце јуначки рипна.
Ванета канат да се предаде;
в амбис се фрли, жив не се предаде.
Михаило Керамитчиев ТИНКА ДУМКОВА (1926-1949)
Меѓу храбрите жени- борци на народноослободителното движење во егејскиот дел на Македонија значајно место и припаѓа и на Тинка Думкова. 335 Таа е родена на 26 февруари 1926 година во херојското село Екши-Су, 336 Леринско, во сиромашно земјоделско семејство.
Тинка, како и многу други Македонки од нејзиното родно село уште од рани години ја почувствува сиромаштијата и тежината на сирачкиот живот. Нејзиниот татко, за да му обезбеди егзистенција на семејството, беше принуден да оди на печалба во Јужна Америка.
337 Основното училиште го заврши во своето родно село. Во училиштето секогаш беше една од најдобрите ученици. Покрај своите училишни обврски Тинка и помагаше на својата мајка во домашните и полските работи.
338 За време на германската окупација на Грција и Егејска Македонија, а особено од 1943 година, Тинка активно работи во младинската организација ЕПОН. Како член на оваа организација таа беше неуморна во политичката работа.
339 По повлекувањето на германските окупаторски сили од Грција и по капитуланскиот договор во Варкиза, Тинка Думкова не ја прекинува својата револуционерна активност. Уште од првите денови по реставрацијата на националистичкиот режим во Грција таа активно учествува во илегалната борба против новите десничарски власти во Грција. Заедно со своите другарки од родното село, собираше храна и ја носеше во 335 Овој прилог е објавен и во Гласникот на ИНИ, Скопје, 1981, XXV, бр. 2-3, с. 397-400. Тука го даваме со некои мали измени и дополнувања.
336 Селото Екши-Су е старо македонско село во Егејска Македонија во непосредна близина на гратчето Сорович. Порано се викало Врбени, но Турците го нарекле Екши-Су /Кисела Вода/ поради тоа што тука извира минерална вода.
337 Според сеќавањата на Пандо Ташковски, од истото село; борец во НОБ и ДАГ.
338 Истото.
339 Думкова Катина. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 86.
Леринскиот затвор каде беа затворени од грчките власти родољуби Македонци. 340 По задача на организацијата ЕПОН, Тинка Думкова им помагаше и на затворениците од Преспа и околијата, т.е. од пограничните села, чии роднини не можеа да им помогнат.
На состаноците, кои често пати ги организираше, Тинка ги агитираше девојките и жените да плетат чорапи, фанели и друго за потребите на илегалците. За таквата работа беа фатени од грчките власти соселанките Менка Воденичарова, Верка Воденичарова и Олга Шерифова и беа одведени во Леринскиот затвор, каде беа подложени на страшни мачења.
341 На 7 мај 1945 година, во родното село на Тинка Думкова, национал-стражарите нападнаа неколку куќи и фатија тројца селани, кои ѕверски ги претепаа.
342 Во почетокот на ноември 1945 година, во истото село беа уапсени, а потоа испратени во затворите Димитар Стумтаки, Стефан Ромбов, Евангело Кристамџи и Јани Содра.
343 На 1 мај 1946 година, монархистите повторно го блокираа селото на Тинка Думкова и на враќање тие уапсија околу 200 селани. Тие 6 дена по ред беа тепани.
344 Истите монархисти опљачкаа и запалија 30 куќи, а сите жени, деца и стари ги затворија во селското училиште и три дена по ред ги оставија без јадење. 345 Во 1947 година, пред очите на Тинка Думкова, на сред село беа ѕверски мачени, а потоа живи изгорени нејзините соселанки, 340 Според сеќавањата на Пандо Ташковски и Ѓорѓи Турунџиев, од истото село; еден од првоборците во НОБ од Леринска околија.
341 Истото.
342 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 24, с. 51.) На 11 мај истата година, монархистите влегоа во другите куќи на селото, а бидејќи не ги најдоа мажите, кои спиеја надвор, тие ги малтретираа жените и децата и извршија грабеж. (Истото.)
343 Истото: док. 188, с. 356.
344 “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 202, с. 447.
345 Истото: с. 446.
сестрите Веса и Ники Стрежови и Матка Попова. 346 Џелатите ги гореа со нагорено железо додека не умреа од причинетите рани. Посебно ѕверство џелатите покажаа спрема Матка Попова, која ја мачеле пред очите на нејзините четири малолетни дечиња и мажот.
Во истата година монархофашистите ја изболе со ножови пред очите на нејзиниот десетгодишен син Сијка Стрежова, сестра на ѕверски убиените Веса и Ники. По долгите мачења, џелатот Бабурис ја закла во суровичкиот учесток. Умре без да каже ни збор за својата илегална дејност.
347 Ѕверствата на монархофашистите, извршени во селото Екши-Су и во другите македонски села во околијата, уште повеќе ја зголемија омразата на Тинка Думкова и на нејзините соселанки кон фашистичките банди. А кога се засили граѓанската војна во Грција, на позив на македонската ослободителна организација НОФ, од селото Екши-Су излегоа партизани над 120 лица.
348 Во летото 1947 година и Тинка доброволно излезе партизанка.
Од родното село таа отиде во планината Радуш, близу селото Ајтос, Леринска околија и стапи во одредот на Мати Булев.
Оттаму, заедно со други доброволци, таа беше испратена во редовите на ДАГ.
Во четата на Третиот баталјон од 108-та бригада на ДАГ, Тинка беше десетар и одговорна за жените. Во баталјонот се истакнуваше со својата храброст и борбеност и им служеше како пример на другите борци. Нејзините соборци се гордееја со неа и ја почитуваа.
349 Во летото 1948 година, кога се водеа тешки борби на планината Грамос против грчките владини војски, по наредба на командата на баталјонот, Тинка беше префрлена од првата во втората линија на фронтот на височината Превал, кај ранетите 346 Думкова Катина. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 86. Истото: с. 94.
347 Хроника за селото Екши-Су. Ракопис, се чува во ИНИ.
348 Истото.
349 Грчкиот и славјаномакедонскиот народ во ДАГ. Спис. “Македонче”, 1953, март, год. IV, бр. 3, с. 8.
партизани. Тука нејзината задача беше да ги охрабрува борците.
Давајќи таква наредба, командата на Третиот баталјон од 108-та бригада на ДАГ сакаше да ја зачува од неизбежната смрт на која Тинка и се изложуваше со својата храброст. Но таа упорно настојуваше да се врати пак на првата линија, велејќи му на капетанот Ѓорѓи Рачко дека нејзиното место не е тука, дека таа треба да замине пак таму каде се наоѓа нејзината бригада. 350 По долги настојувања Тинка замина за Грамос, кај нејзината бригада.
Преку целиот поход од планината Вичо до Грамос, покрај непријателската линија, на 2 април 1949 година, храбрата Тинка беше неуморна. Трчаше од едно место на друго и им помагаше со мајчина љубов на своите другарки и другари во тие тешки моменти. Во пресеката на Алевица, кога нејзината чета го сечеше бодливиот тел на непријателската линија, Тинка и тука покажа вистинско јунаштво.
Рано утрото, на 5 април 1949 година, четата на Тинка Думкова се наоѓаше близу до карпите на Котелската височина, од каде пред две години, тројца младинци, борци на ДАГ се фрлиле за да не паднат живи во рацете на непријателот.
351 На тој ден, уште од самото утро започна нерамна борба меѓу единиците на ДАГ и владините војски. Две непријателски единици ја нападнаа четата на Тинка Думкова. Партизаните ги разбија непријателските сили и заедно со другите единици на ДАГ повторно го ослободија Грамос.
Тинка Думкова на височината Вулгара, Котелско /Грамос/, се бореше храбро како секогаш. Исправена, одеше од едно место на друго и ги охрабруваше борците да не се плашат. Но, околу 11 часот изутрината, кога Тинка за момент се дигна за да и помогне на ранетата другарка која беше близу до неа, падна една непријателска бомба и ја рани во стомакот, раката и ногата.
352 Нејзините другари ја извлекоа од борбата и ја преврзаа. Таа и полумртва не сакаше да остане назад. Се помачи да ја крене главата, да ја види борбата за последен пат.
350 Истото.
351 Думкова Катина. Во кн. “За света народна слобода”..., с. 87.
352 Истото.
Макар што беше страшно погодена, Тинка собра сили да им викне на другарите: “Напред другари!... Удрете!... Одмаздете се за нашите борци!”. Фрлајќи ја последната граната против монархофашистите таа се фрли од карпата долу со зборовите:
“Да живее народната демократија!”. 353 Така загина Тинка Думкова, една од најхрабрите ќерки на македонскиот народ, гордоста на 108-та бригада на ДАГ.
353 Грчкиот и славјаномакедонскиот народ во ДАГ...
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/bright-figures-mac/20 on October 29, 2026