Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

АТАНАС КОРОВЕШОВ (1918-1945) - Part 02

By Ташко Мамуровски · Part 6 of 42 · About 3 minutes

Read in English

Во јавката се наоѓаа другарите Атанас Коровешов, Коста Џинов-Бабјанчето Коста Џинов-Бабјанчето роден е во 1916 година, во село Бабјани, Ениџевардарско. Организиран беше во ЕАМ во јули 1943 година. Истата година стана член на КПГ. Во април 1944 година стана член на Реонскиот комитет на КПГ на Калиница, Ениџевардарско. Беше партиски организатор во селата Бабјани, Маврејново, Мандалево и Дреново. Во септември истата година беше исфрлен од својата функција, најверојатно за македонофилство. Кон крајот на март 1945 година влезе во редовите на македонското народноослободително движење.

Подоцна стана член на Околискиот одбор на НОФ за Ениџевардарско. На 2 септември 1945 година беше предаден заедно со другите другари, близу селото Корнишор. Падна херојски во борбата против монархофашистите.

114 Тодор Анастасов, Ристо Крлев, Божин Каранфилов и Атанас Љувчев.

Атанас Љувчев, роден е во 1921 година, во село Баровица, Гуменџиско. Во октомври 1942 година беше организиран во КПГ. Во 1943 година работеше како одговорен на ЕТА во своето родно село. Во април 1945 година влезе во редовите на македонското народноослободително движење. Во мај истата година влезе во воената група на НОФ на планината Пајак. На 2 септември 1945 година беше предаден заедно со другите другари. Загина херојски близу селото Корнишор.

115 На 2 септември 1945 година, ноќта монархофашистите пристигнале близу до скривалиштето на илегалците и веднаш го обиколиле. Другарите не знаеле за нивната опасност. Прв стражарел Атанас Коровешов. Долго време тој стражарел, но ништо не забележал. Него го заменил Атанас Љувчев. Кога почнало да се разденува, Атанас Љувчев, трчајќи, почнал да вика: “Другари, сме сардисани!...” Илегалците изненадени, 114 Види: Извештај од Лазо Поплазаров до Главното раководство на НОФ од 14 септември 1945 година, за дејноста на организацијата НОФ и ситуацијата во Гуменџиско и Ениџевардарско. “Егејска Македонија во НОФ, 1945”, Т. II.

док. 145, с. 273-274.

115 Истото.

веднаш го фатиле правецот кон селото Корнишор. Атанас Љувчев, како најмлад во групата, прв се упатил кон една височинка. Но монархофашистите, пукајќи по него, смртно го погодиле. Но и Божин Каранфилов, кој држел автомат, исто така отворил оган против непријателот. Во нерамната борба погинаа уште двајца раководители на НОФ: Атанас Коровешов и Коста Џинов-Бабјанчето. Тодор Анастасов успеал да се засолни под една густа капина. 116 Исто така успеале да се спасат Ристо Крлев и Божин Каранфилов.

По кратко време, Ристо Крлев, откако се извлекол од опасноста, пристигнал во главната јавка на раководството на НОФ, на височината Гандач. Таму го сретнал Лазо Поплазаров, функционер на НОФ и подробно му раскажал за трагедијата на своите другари.

117 Наскоро, на височината Гандач пристигнале и другарите Тодор Анастасов и Божин Каранфилов.

Истиот ден, односно на септември, монархофашистите ги натовариле на коњ погинатите раководители на НОФ и ги спровеле во Ениџе Вардар за да го застрашат народот.

Така загина Атанас Коровешов, еден од најверните синови на македонскиот народ, а заедно со него и Коста Џинов-Бабјанчето и Атанас Љувчев, одани борци на македонското ослободително движење во времето кога му биле најпотребни на својот народ.

116 Т. Анастасов, Првото крварење на НОФ... Глас на Егејците, Скопје, 1951, септември 4, II, 14, с. 4. Истото: Христо Андоновски, Збогум Насо и Коста.

Иселенички календар, Скопје, 1969, с. 158-160.

117 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 145, с. 272-272.