Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ПЕЦО РОМЕВ (1919-1949)
ПЕЦО РОМЕВ (1919-1949)
Непосредно пред дефинитивниот пораз на ДАГ, во втората половина на август 1949 година, непријателската авијација беше мошне активна. Во тоа време штабот на 426-от баталјон на чело со Пецо Ромев се наоѓаше во еден бункер на кота 2.322, во месноста “Ќафа”, на планината Грамос. Една авионска бомба го погоди бункерот и ги разнесе телата на деветмината раководители. Меѓу нив се наоѓаше и Пецо Ромев.
Пецо Ромев е роден во 1919 година, во село Горничево, Леринско, во сиромашно земјоделско семејство. Уште како мало дете, Пецо тешко ја почувствува сиромаштијата на своето семејство. Порасна во такви маки и сиромаштија што одвај го завршил основното училиште. Но подоцна, благодарејќи на својата национална свест и самопрегорна работа, тој израсна во достоен македонски патриот и револуционер.
За време на германската окупација на Грција, Пецо Ромев, меѓу првите во Горничево се вклчува во Народноослободителното движење и со пушка в раце се бори против окупаторот. Како организатор на македонското антифашистичко движење во своето родно село, Пецо, заедно со една група борци, во август 1943 година стапува во редовите на ЕЛАС каде што се истакнува со својата храброст.
539 Кон крајот на првата половина на октомври 1944 година, Пецо Ромев, заедно со група борци од родниот крај, согледувајќи го неправилниот став на грчкото раководство на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање, премина во вардарскиот дел на Македонија.
Подоцна, во ноември истата година, Пецо Ромев стана партизан во Првата ударна бригада на Македонците под Грција
540 и во нејзините редови ја продолжи борбата против фашистичките окупатори и балистичките банди на Џемо и Мефаил во 539 Т. Поповски, Ромевски Пецо. Чест и слава на паднатите борци. Глас на Егејците, Скопје, 1952, март 13, III, бр. 20, с. 4.
540 Истото.
околината на градовите Дебар, Кичево, Гостивар, Тетово и Шар Планина.
Во почетокот на мај 1945 година, односно по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција, Пецо Ромев ја посетуваше воената школа и со успех ги положи сите испити.
Во есента 1946 година, тој меѓу првите доброволно се вклучува во редовите на македонската ослободителна организација НОФ за Егејска Македонија и во нејзините вооружени групи ја продолжува борбата против грчката реакција за одбрана и заштита на својата слобода.
Во ноември истата година, со обединувањето на македонските партизански одреди на НОФ со грчките единици на КПГ и со формирањето на заедничкиот штаб “Вичо”, Пецо Ромев припадна во одредот на Пандо Вајната.
541 Во својство на командир на вод во тој одред, тој ја продолжи борбата против грчката десница.
Една од првите борби на одредот во кој што припаѓаше и водот на Пецо Ромев беше борбата за заземањето на селото Невеска.
Иако селото не беше заземено од партизаните на штабот на ДАГ “Вичо”, но на непријателот му беа нанесени големи загуби. Пецо Ромев, уште во оваа прва борба се истакнува со своите способности и со тоа почна да го оправдува своето распоредување на местото командир на вод.
542 Во понатамошните борби на одредот на Пандо Вајната, како на пример во борбата за заземањето на селото Сребрено, Леринско, која беше водена преку целиот ден на 8 јануари 1947 година против многубројните жандармериски сили и војски од 541 Во составот на Штабот на ДАГ “Вичо” беа следните одреди: одред во Вичо со командант Пандо Вајната, комесар Ѓорѓи Христовски-Фотинос;
одред во Кајларско со командир Караберас, комесар Занис и одред на чело со Ѓорѓи Калков од село Вишени, Костурско. Според сеќавањата на Ламбро Гакидов-Џавела, од село Сребрено, Леринско, учесник во НОБ од 1943 година. Во ДАГ беше командир на чета, а потоа командант на баталјон во
18-та бригада на ДАГ; по чин мајор на ДАГ.
542 Истото.
гарнизонот на гратчето Сорович, а која заврши со голем успех, 543 потоа борбите за заземањето на селата Лехово, Негован, месноста Врапчиња, Цереово /Кили Дервен/ и други, Пецо Ромев ги потврдува своите квалитети и се истакнува со голем авторитет меѓу борците. Како примерен командир беше сакан од сите. 544 На 25 април 1947 година, во борбите за уништување на жандармериската станица во селото Загоричани, беше ранет командирот на одредот Пандо Вајната. На другиот ден, односно со неговото заминување на лекување, одредот, кој броеше околу 180 борци, по наредба на штабот на ДАГ “Вичо” беше поделен на две чети. На првата чета командир беше назначен Ламбро Гакидов-Џавела, 545 а на втората чета Пецо Ромев. Овој настан е многу значаен за историјата на ДАГ на подрачјето Вичо. Имено, на тој ден, во штабот на ДАГ “Вичо”, за прв пат од досегашните одреди се формираат чети. 546 На 30 април спроти 1 мај 1947 година, партизанските единици на планината Вичо, со помошта на другите единици на ДАГ, по втор пат го нападнаа селото Невеска. Пецо Ромев, со својата чета доби задача од штабот на ДАГ “Вичо” да ја нападне и уништи жандармериската станица во Невеска. Задачата беше успешно извршена. Селото беше преземено и, заедно со околината стана слободна територија на ДАГ.
547 Во оваа борба Пецо се здобива со уште поголемо борбено искуство.
По неколку дена, односно на 8 мај, Пецо добива задача да ја уништи жандармериската станица во Преспанското село Л’к.
Жандармериската станица беше потполно уништена. Беа ликвидирани околу 30 монархофашисти. Со помошта на заедничките акции на ДАГ, целата Преспа стана слободна територија на ДАГ.
543 Сеќавања на Ламбро Гакидов-Џавела за периодот 1945-1949 година. Се чуваат во ИНИ.
544 В. Шамановски, Пецо Ромев. Во кн. “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци..., с. 239.
545 Сеќавања на Ламбро Гакидов-Џавела за периодот 1945-1949 година.
546 Истото.
547 Истото.
По кратко време, четата на Пецо Ромев, заедно со другите единици на ДАГ, од теренот Вичо се префрлува на теренот на Сињачко и заедно со месните единици учествува во борбите против владините војски и жандармеријата за ослободување на селото Грчка Блаца, Кајларско кое беше составен дел на слободната територија Вичо.
По овие успешни акции на единиците на ДАГ, непријателот се затвори во градовите Костур, Кајлари, Сорович и Лерин.
Пецо Ромев, заедно со својата чета и другите единици на ДАГ, кои стационираа на теренот Вичо, доби задача да ја брани слободната територија Вичо од евентуалните напади на владините војски. Тоа е веќе време, кога од досегашните чети и новодојдени борци почнаа да се формираат баталјони на ДАГ.
Така четата на Пецо влегува во составот на баталјонот под команда на Аргир Ковачев, од село Зрелца, Костурско. Тој во составот на овој баталјон и понатаму ја продолжува борбата против грчките владини војски на теренот Вичо, Сињачко и Кајмакчалан.
Кон крајот на август 1947 година, командата на баталјонот со која раководеше Аргир Ковачев, односно во која влегуваше и четата на Пецо Ромев, ја презеде Пандо Вајната по неговото враќање од болница.
548 На 1 септрмври истата година, владините војски, со специјализирани единици од четирите споменати градови ја започнаа т.н. есенска офанзива против единиците на ДАГ на теренот Вичо со цел повторно да ја окупираат слободната територија на партизаните. Баталјонот на Пандо Вајната успешно ги одби првите напади на монархофашистите кои доаѓаа од правецот на градовите Костур и Сорович. 549 Посебна 548 Според сеќавањата на Аргир Ковачев, од село Зрелца, Костурско; активен учесник во НОБ и ДАГ.
549 Информативен билтен бр. 19 на Агит – проп при Штабот на ДАГ за Вичо од 22 септември 1947 година, за воените акции на ДАГ “Вичо” во месец септември истата година. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, док. 76, с. 290-291.
храброст покажа четата на Пецо Ромев, која на 27 септември целосно го разби еден непријателски вод. За овој херојски чин, неговата чета беше посебно пофалена. 550 По оваа неуспешна офанзива на непријателот, четата на Пецо Ромев, која влегуваше во составот на баталјонот на Пандо Вајната и понатаму ја продолжува борбата против владините војски на теренот Вичо. Исто така тој врши и самостојни акции на теренот Сињачко и Кајмакчалан.
По поразот на теренот Вичо, владините војски се повлекоа во градовите, оставајќи по една чета на стратегиските места со цел да го контролираат движењето на партизаните. Такви чети беа сместени во селата Невеска и Сребрено и еден баталјон во гратчето Клисура. На тој начин, непријателот им го спречи движењетo на партизаните тие преку ден да се движат спрема Соровичкото Поле и Сињачко. Со цел да се ослободат партизаните од непријателските единици на тој терен, во ноември 1947 година беше донесена наредба баталјонот на Пандо Вајната да организира напад против една владина чета која стационираше во селото Стребрено. За нејзиното целосно уништување, важна улога одигра и четата на Пецо Ромев.
551 На тој начин беше ослободен патот спрема Соровичкото Поле.
Командата на баталјонот, ценејќи ги борбените искуства на Пецо Ромев, во понатамошните борби му доверуваше уште посложени борбени задачи.
Во почетокот на март 1948 година, 18-та бригада на ДАГ, во чиј состав влегуваше и баталјонот на Пандо Вајната, односно четата на Пецо Ромев, по наредба на Главниот штаб на ДАГ, тргна во пречек преку Сињачко, Бурино, Венца, Хасија и Антихасија на една херојска невооружена колона која доаѓаше од Југот на Грција со цел да и го олесни патот за кон планината Грамос. Но пред извршувањето на оваа борбена задача, во командниот состав на 18-та бригада на ДАГ беше извршена нова реорганизација. На местото на Козмас Спанос-Аминда, командант на бригадата беше поставен Пандо Вајната.
550 Дневна наредба на Штабот на ДАГ на Вичо за постигнатите успеси на единиците на ДАГ од ова подрачје. Истото: док. 81, с. 302.
551 Според сеќавањата на Ламбро Гакидов-Џавела...
Баталјонот на Пандо Вајната го презеде Ламбро Гакидов- Џавела. На вториот баталјон, командант беше именуван Јанис Кеврекидис-Фокас. Пецо Ромев останува во истиот баталјон, односно во баталјонот на Ламбро Гакидов-Џавела и ја врши функцијата командир на чета. 552 Пречекот на спомената колона беше извршен со два баталјона од составот на 18-та бригада на ДАГ. Борците на бригадата, откако го напуштија теренот на Сињачко пристигнаа во Бурино.
Тука тие веднаш се ангажираа во тешки борби со единиците на 9-та владина дивизија кои пристигнаа од градот Кожани.
Целата сила на непријателот, 18-та бригада ја привлече на себе, а со тоа не им дозволи на владините војски да го заградат патот на спомената колона. Водејќи херојски борби, 18-та бригада го продолжи патот по определениот правец. Таа среќно го помина теренот на Хасија и Антихасија, а со тоа и помогна на очекуваната колона да се извлече од опасноста. 18-та бригада успешно ја изврши својата задача.
Меѓутоа сите резерви на храна беа исцрпени. Целото население од соседните села беше евакуирано во градови и не постоеше можност да се снабди бригадата со храна. За таа цел беше изработен оперативен план да се нападне селото Агнадија. Во овој напад Пецо Ромев со својата чета успеал да ги уништи непријателските бункери, а со тоа жандармериските војски ги принуди во панично бегство. Борците на бригадата одземаа голема количина прехранбена стока и конфискуоваа околу 4.000 грла жива стока.
553 Во текот на целиот поход, Пецо Ромев во целост ги потврди своите воени квалитети и поради тоа беше земен предвид од штабот на бригадата веднаш штом се појави околност да биде назначен за командант на баталјон. Подоцна тоа и се случи.
Во април 1948 година, Штабот на ДАГ за Западна Македонија даде наредба да се одвои баталјонот на Ламбро Гакидов-Џавела
552 Истото.
553 Според сеќавањата на Наум Димовски-Чакало, од село Опсирино, Леринско; учесник во НОБ и ДАГ, командир на чета во баталјонот на Пецо Ромев.
од 18-та бригада, а потоа да се врати на планината Вичо, а баталјонот на Јанис Кеврикидис-Фокас да остане на теренот на планината Грамос.
Баталјонот на Ламбро Гакидов-Џавела, откако се врати на теренот Вичо веднаш ги продолжи борбите против непријателот, напаѓајќи го во градовите Сорович и Лерин и во околината на Сињачко. Пецо Ромев доби задача со својата чета да го нападне селото Чеган, Воденско. Тој преку целиот ден блокирано го држел непријателот во селото.
На 25 мај истата година, Пецо Ромев со својата чета ја одигра главната улога во операцијата за уништувањето на непријателското упориште во селото Горенци.
554 Малку подоцна, во јуни тој успешно ја води својата чета против жандармериските сили при нападот на селата Горна и Долна Клештина каде беа уништени сите упоришта на непријателот.
Исто така храбро се бори кај месноста “Црна Вода”, надвор од селото Зеленич, Соровичко, каде целосно ја уништува една автомобилска колона. Во борбата го запленува и потпоручникот Вегли кој служеше во обавештајната служба во Сорович.
Во почетокот на јули 1948 година, баталјонот на Ламбро Гакидов-Џавела, во чиј состав влегуваше и четата на Пецо Ромев, по наредба на Штабот на ДАГ за Западна Македонија заминува за планината Грамос. Тука се водеа главните операции на ДАГ против владините војски т.н. летна офанзива на непријателот на планината Грамос. Пецо Ромев со својата чета беше распореден во месноста “Гупата” – едно од најосетливите места на одбранбениот систем. При водењето на секојдневните крвави борби, иако непријателот располагаше со големи сили и воена техника, Пецо со своите борци не отстапуваше ни една педа. Во една од тие жестоки борби тој се ранува во левата нога и веднаш заминува на лекување во главната болница на ДАГ.
555
554 Според сеќавањата на Васил Батакоја-Карафотијас; учесник во НОБ од 1941 година, комесар на потштабот “Вичо”. Во ДАГ командант на баталјон, комесар на група артилериски единици. По чин потполковник на артилеријата.
555 Според сеќавањата на Ламбро Гакидов-Џавела...
Во моментот кога дојде до принудно повлекување на единиците на ДАГ од теренот на Грамос, односно по оздравувањето на Пецо, заедно со неколку борци и тој се префрлува на планината Вичо. Тука веднаш беше распореден како командир на чета во
18-та бригада на ДАГ, во 425 баталјон чиј командант беше Ламбро Гакидов-Џавела.
Во герилските борби кои ги водеше 18-та бригада на теренот на Сињачко, Пецо Ромев покажа посебни организациони способности и се истакна со својата храброст.
На 1 ноември 1948 година Пецо Ромев, заедно со 18-та бригада на ДАГ учествуваше во борбите за заземањето на гратчето Ератира, лоцирано на патот кој водеше од Кожани кон Костур.
Овој град беше силно упориште на непријателот против единиците на ДАГ.
На 10 спроти 11 ноември истата година, 18-та бригада од селото Влашка Блаца изврши успешен напад на гратчето Сијатиста, близу до градот Кожани. Во борбата извонредни способности покажа и Пецо Ромев.
На 20 ноември борците на 18-та бригада по втор пат извршија успешен напад на градот Кајлари.
За време на повлекувањето на 18-та бригада на ДАГ од теренот на Сињачко спрема теренот на Антихасија, на патот беше ранет командантот на 426-от баталјон од истата бригада, Јанис Кеврекидис-Фокас. Неговиот баталјон веднаш го презеде Пецо Ромев, кој до тогаш беше еден од најспособните и најхрабрите командири на чета.
На 19 декември 1948 година, 18-та бригада на ДАГ под команда на Пандо Вајната со двата свои баталјони, под команда на Пецо Ромев и Ламбро Гакидов-Џавела и една саботерска чета пристигна во шумите на планината Каракамен со цел во скоро време да го нападнат и да го заземат градот Негуш. На планината Каракамен во составот на 18-та бригада влезе и двочетниот баталјон под команда на капетанот Толис.
Целта на борците на 18-та бригада и на другите единици на ДАГ во таа акција беше тие да ги уништат приградските упоришта во Негуш, односно да влезат во градот за да го локализираат непријателот во своите гнезда и со тоа да завладеат со останатите делови на градот. Со овој удар партизаните настојуваа да го заблудат непријателот кој ќе настојуваше од Солун да му помогне на градот Воден што беше истовремено нападнат од борците на ДАГ. 556 Пецо Ромев со својот баталјон доби задача да ги уништи бункерите на прилазните патишта, кои водеа кон градот Негуш, а потоа да се вовлече кон центарот на градот, односно да ја заобиколи жандармеријата за да ја изолира од секакво движење.
557 Единиците на ДАГ успешно ја извршија оваа задача. Тие го држеа Негуш под контрола целиот ден и целата ноќ, така што дури на 23 декември во утринските часови се повлекоа во шумските предели на планината Каракамен, а потоа се префрлија на планината Кајмакчалан.
Малку подоцна, во вториот напад на градот Негуш од страна на единиците на ДАГ, Пецо Ромев со својот баталјон успешно ги изврши истите задачи. Тој успеал да ја уништи жандармеријата и да зароби голем број полицајци, меѓу кои и самиот командант.
Во периодот од 12 февруари 1949 година до 10 август истата година, баталјонот на Пецо Ромев се наоѓаше на истите позиции каде се подготвуваше за одбранбени позиции според паролата “Непријателот нема да помине на Вичо”.
На 10 август, околу 4,30 часот, непријателот тргна во општа офанзива против единиците на ДАГ на планината Вичо.
Владините војски тргнаа од правецот на Лерин преку селата Нерет и Лагени со големи пешадиски сили, артилерија и 556 Мајорот Пецо Ромев – смелиот борец на ДАГ. Спис. “Илинден”.
Политички орган на ЦС на организацијата “Илинден”, 1954, јули-август, III, бр. 4, с. 25-26.
557 Истото.
авијација. Пецо Ромев со својот баталјон беше добро подготвен да ги дочека непријателските единици. Тој им нанесуваше големи штети и не им дозволуваше тие да се приближат до одбранбената линија на партизаните.
Ноќта на 10 спроти 11 август, непријателот успеа на неколку места да ја разбие одбранбената линија на единиците на ДАГ и да се вовлече во позадината, обиколувајќи го и баталјонот на Пецо. Но тој не ја губи контролата над своите борци. Со командирите на четите ја координира борбата спрема создадената сложена ситуација.
На 11 спроти 12 август, Пецо Ромев, водејќи жестоки и крвави борби успеал да го извлече својот баталјон од обрачот на непријатлот.
558 Ноќта тргна во правец кон планината Врба. Во наредните два дена дава силен отпор на непријателот и со наредба се повлекува на територијата на Албанија, впрочем како што го направиле и другите единици на ДАГ.
По неколку дена, по наредба на Главниот штаб на ДАГ, Пецо Ромев заедно со борците на 18-та бригада се враќа на теренот на планината Грамос. Но, непријателот не губи многу време и, веднаш ги префрлува своите единици на секторот на планината Грамос.
На 28 август 1949 година, непријателот на планината Грамос од сите страни почнува со општата офанзива, употребувајќи ги сите расположливи сили со сета воена техника. Единиците на ДАГ беа принудени да ги напуштат своите позиции и тактички се повлекуваа спрема височните на Главниот Грамос од 2.322 м.м.в. Пецо Ромев со својот баталјон се повлече во месноста Ќафа.
На 30 август,
559 во утринските часови, поради големите бомбардирања од страна на непријателот не беше поштеден и бункерот на Пецо во кое беше сместен целиот баталјонски штаб. Заедно со Пецо загинуваат и неговите девет другари, меѓу кои комесарот на баталјонот Михалакис Роидис, 558 Сеќавањата на Ламбро Гакидов-Џавела за периодот 1945-1949 год...
559 Според сеќавањата на Наум Димовски-Чакало...
комесарот на чета Дорче Глувчев од село Папажани, Леринско, политичкиот комесар на чета по име Јанис од селото Рудник, Кајаларско и други.
Така заврши животот на Пецо Ромев храбриот командант на 426-от баталјон во 18-та бригада на ДАГ. Како активен учесник во македонското ослободително движење за времето на НОБ и ДАГ тој се истакна со извонредни воени заслуги. Тој загина десет саати пред издавањето на наредбата на Главниот штаб на ДАГ за дефинитивното отстапување на единиците на ДАГ од територијата на Грција.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/bright-figures-mac/37 on October 29, 2026