Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

КРСТО МАНГОВ (1912-1949)

By Ташко Мамуровски · Part 9 of 42 · About 7 minutes

Read in English

КРСТО МАНГОВ (1912-1949)

Револуционерното костурско село Дмбени даде огромен број борци во македонската национално-ослободителна борба, меѓу кои потесно место заземаат: Нољо Бриченко, Лазо Поптрајков, Лазо Москов, Лазо Трповски и други. За време на Граѓанската војна во Грција, поради масовното учество на неговите жители во движењето на отпорот, во 1948 година до темел беше уништено од грчките монархофашисти. 164 Во периодот 1945-1949 година, селото Дмбени изгуби и голем број свои верни синови и ќерки. Еден од најистакнатите е и Крсто Мангов. Тој е роден во 1912 година, во сиромашно земјоделско семејство.

Уште од најмлади години тој ги следи револуционерните традиции на своите претци и со голема љубов се вклучува во борбата на национално и социјално ослободување на македонскиот народ.

По окупирањето на грција од страна на германско-италијанските фашистички агресори, Крсто Мангов меѓу првите во селото се вклучува во борбата против туѓите поробувачи. Во 1943 година, поради неговата активност во ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ стана член на Околискиот комитет на КПГ за Костурска околија.

Истовремено во редовите на СНОФ, тој неуморно го агитираше македонскиот народ во борба против туѓите агресори и домашните предавници.

165 Неговата револуционерна активност посебно беше забележана во борбата против бугарската фашистичка пропаганда која во тесна соработка со германско-италијанските окупатори и со грчката квислиншка власт ги вооружуваше заведените од бугарската пропаганда елементи во Костурско во борба против Народноослободителното движење на македонскиот и грчкиот народ. 166

164 Атанас Близнаков, Д’мбени и револуционерното минато во Костурско.

Мисла, Скопје, 1982, стр. 196-198.

165 Евдокија Фотева-Вера, Крсто Мангов. Нова Македонија, Скопје, 1971, август, XXVII, 8819, стр. 5.

166 Истото.

Со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција во ноември 1944 година, Крсто Мангов стана политички комесар на баталјон во Бригадата, 167 до крајот на Втората светска војна се бореше во таа должност.

По потпишувањето на капитулантскиот договор во Варкиза, Крсто Мангов доброволно се враќа во родниот крај и, како искусен раководител, подоцна меѓу првите се вклучува во организирањето и омасовувањето на македонскиот народ во редовите на организацијата НОФ во Костурска околија.

168 Спроведувајќи ја програмата и директивите на Главното раководство на НОФ, тој неуморно и пожртвувано работи за зацврстување и проширување на македонското народноослободително движење во својата околија. Често пати организираше и протестни акции против нечуениот терор на грчките вооружени банди и, заедно со прогресивните Грци, се бореше против крвавиот терор што го наметна грчката реакционерна влада.

На 20 мај 1947 година, на Земската конференција на НОФ, одржана во месноста “Мишови Колиби” на Кајмакчалан, Крсто Мангов беше избран за прв секретар на Околискиот одбор на НОФ за Костурска околија.

169 Уште од првите денови на таа должност, тој со љубов и пожртвуваност се вклучува во борбата против бесот на грчките вооружени владини војски. Водејќи секојдневни борби тој херојски се бореше против грчките монархофашисти и два пати беше ранет.

Во еден свој извештај од ноември 1947 година, кој го испратил до раководството на Главниот одбор на НОФ во врска со воено-политичката ситуација во Костурска околија го пишува следното:

“...Монархофашизмот повторно ја почна својата стара тактика и почна да употребува поварварски средства, мислејќи дека на тој 167 Според сеќавањата на Васко Макриевски, од село Смрдеш, Костурско и Минчо Фотев, од гратчето Рупишта.

168 Атанас Близнаков, Д’мбени и револуционерното минато во Костурско..., стр. 182.

169 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., стр. 242.

начин ќе ја постигне својата цел, со блокадите, со кои не му дозволуваше на населението ништо да изнесува од градот...” На последниот состанок на Окружниот одбор го констатиравме следното:

1/ убиени 5; 2/ тепани 6; 3/ обесчестени жени 7; 4; уапсени 37;

5/ ограбени овци 1.450; 6/ опљачкани куќи 47; 7/ изгорени куќи 5; 8/ изгорени плевни 50 и многу други лошотии за кои немаме податоци...” Пропагандните напори на монархофашистите се насочени кон тоа како и на кој начин да влезат во редовите на демократското движење. Настојувајќи да уфрлат разни агенти во нашите редови, шират разни пароли дека ги разбиле партизаните, дека партизаните нема каде да се потпрат, дека се борат за странски интереси, за интересите на Тито и Димитров, дека ги земаат на сила вашите девојки за да им мине времето, дека НОФ е контрачетничка организација, а неговите раководители се вемеровци, дека на оној што ќе се фати да е организиран во НОФ ќе му биде судено и ќе биде осуден на смрт. Од лошотиите што ги изнесовме погоре, тие, главно, се вршат против словеномакедонскиот елемент, бидејќи оттаму тие ја гледаат опасноста. Увидувајќи дека словеномакедонскиот народ зеде најактивно учество и во вооружената и во невооружената борба, непријателот ги впрегна сите сили да го уништи.

Покрај сите страшни и нечесни средства што ги применува, тој сепак не успеа да го поколеба нашиот народ. Иако во времето на операциите успеа да создаде една збрка, сега народот го расчисти својот став и неговиот морал почна да се издига на висок степен и да се воодушевува со демократското движење и да дава се за борбата. Вербата на нашиот народ произлегува од следново: 1/ што нашиот народ е поврзан душевно со борбата;

2/ што на политичко-идеолошкиот сектор се разви до поголем степен и е во состојба да расчисти и да разбере каква е политиката на демократското движење, а каква на империјалистите и 3/ што ги гледа успешните удири и тактика на ДАГ и неуспесите на монархофашизмот...”

“Нашиот народ, организиран во НОФ, чувствуа едно олеснување и му верува на НОФ. Тој разбра дека раководен од НОФ ќе успее да ја зајакне својата борба и да го уништи непријателот...”

“...Словеномакедонецот организиран во НОФ, раководен од НОФ, почнува да чувствува дека е Македонец, неговото национално сознание да се наоѓа на многу високо ниво, така што ако некој му прозбори нешто што е спротивно на словеномакедонската реалност ќе му ги извади очите. Тој е горд што е Македонец и дека се бори за да ги добие националните права...”

170 На Првиот конгрес на НОФ за Егејска Македонија кој беше одржан на 13 јануари 1948 година, во селото Вмбел, Костурско, Крсто Мангов беше избран за член на Главниот одбор на НОФ, 171 а на Вториот конгрес на НОФ, кој се одржа на 25-26 март 1949 година, во селото Нивици, односно во месноста “Африка”, Преспанско, беше избран за член на Извршниот комитет на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија. 172 Претходно беше избран за претседател на Околискиот одбор на Народната власт за Костурска околија. 173 Од овој момент Крсто Мангов, со уште поголема љубов и пожртвуваност се бори и работи за спроведување на линијата на НОФ – како политички носител на народната власт – за организирање проширување и зацврстување на локалната народна власт, за отварање на македонски народни училишта итн. Но таа негова патриотска активност беше прекината на 11

170 Извештај од Крсто Мангов, секретар на Окружниот одбор на НОФ за Коструско, до Главното раководство на НОФ за дејноста на НОФ во месец октомври 1947 година. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, док. 117, стр. 379-383.

171 Именичен список на членовите на Главниот одбор на НОФ на Македонците од егејскиот дел на Македонија избрани на Првиот конгрес на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1948”, Т. V, док. 16, стр. 45.

172 Истото: док. 185, стр. 347.

173 “Егејска Македонија во НОБ, 1949”, Т. VI, док. 129, с. 265. Истото: “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци. Политички и литературни изданија, 1962, стр. 153.

август 1949 година, односно неколку дена пред завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Имено на тој ден, во непосредна близина на селото Брезница, Костурско, односно на линијата на фронтот, во моментот кога се водеа жестоки борби помеѓу единиците на ДАГ и единиците на грчката кралска армија, една непријателска артилериска граната смртно го погоди и стави крај на неговиот револуционерен живот. Од истата граната погина и генералот Никос Теохаропулос-Скотидас, командант на X дивизија на ДАГ. 174 Крсто Мангов како и десетици Македонци од егејскиот дел на Македонија целиот свој живот го посвети во борбата на национално и социјално ослободување на македонскиот народ, и како таков за секогаш ќе си остане во мислите на својот народ.

174 Евдокија Фотева-Вера, Крсто Мангов. Нова Македонија, Скопје, 1971, август 11, XXVII, 8819, стр. 5.