Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

СОТИР ЉУТИКОВ (1916-1948)

By Ташко Мамуровски · Part 27 of 42 · About 7 minutes

Read in English

СОТИР ЉУТИКОВ (1916-1948)

Сотир Љутиков е првоборец од село Загоричани, Костурско, познато со револуционерни традиции. Тој потекнува од македонско земјоделско семејство во кое се негуваа и упорно се пренесуваа од генерација во генерација илинденските традиции.

Во куќата на Љутикови се паметаше ликот на легендарниот водач на македонскиот народ Гоце Делчев. Тој во своите патувања низ Македонија, најде гостопримство во куќата на дедо Хаџи-Јани Љутиков. 419 Уште од својата рана младост Сотир ја има почувствувано на своите плеќи тежината на националното и социјалното угнетување и поради тоа многу рано започнува и политички да го изразува своето незадоволство.

Две години по завршувањето на воениот рок во грчката армија, кон крајот на октомври 1940 година, Сотир, заедно со стотици други Македонци зема учество во грчко- италијанската војна каде беше и тешко ранет.

420 Во 1942 година, по опоравувањето, од болница се враќа во родното Загоричани и веднаш се вооружува за да ги штити своите селани од зулумите на грчките националисти.

Во втората половина на октомври 1944 година, поради непринципиелниот став на грчкото раководство на отпорот кон македонското национално прашање, Сотир, заедно со други македонски борци, во знак на протест, преминува на територијата на Вардарска Македонија.

421 Во ноември истата година, со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција во слободна Битола, тој 419 Христо Андоновски-Полјански, Гоце Делчев. Култура, Скопје, 1972, с.

200. Овој податок авторот го користи од “Спомените” на Стојче Кузманов.

420 Според сеќавањата на Васил Чулев, од село Загоричани; борец во ДАГ и раководител на работилницата за поправка на тешкото оружје.

421 Според сеќавањата на Алексо Сугарчев и Кузо Нанев од село Загоричани;

борци во редовите на Првата ударна бригада на Македонците под Грција, а подоцна во 18-та бригада на ДАГ.

меѓу првите се вклучува во нејзините редови и ја продолжува борбата против окупаторот и балиситичките банди на Џемо и Мефаил за ослободувањето на градовите Кичево, Гостивар, Тетово и Шарпланина и се бори се до крајот на април 1945 година, односно до расформирањето на Бригадата. 422 Исто така учествува и во борбите на Сремскиот фронт за конечно прогонување на германските окупатори. 423 По завршувањето на Втората светска војна, Сотир, беше назначен како помошник магазинер во Пекарската чета на Командатурата на град Белград. На 17 декември 1945 година тој беше префрлен во воениот отсек за градот Битола, каде служи се до 9 април 1946 година. Во редовите на ЈНА служеше седум месеци.

424 Кон крајот на 1946 година, Сотир, доборволно се враќа на територијата на Егејска Македонија и веднаш потоа се вклучува во борбата против новите грчки националистички банди кои што со уште поголема жестокост го тероризираа македонското население.

Кон крајот на април 1947 година Главниот штав на ДАГ даде наредба во составот на Потштабот на ДАГ “Вичо” да се формира посебна коњичка воена единица.

425 За исполнување на оваа наредба беа задолжени: Аргир Волчев, од село Бмбоки, Костурско, поранешен командир на вод, Сотир Љутиков, командир на вод, Ангел Долев, боред, Димитар Самарџиев, борец, сите од село Загоричани и Павле Чиков од село Горенци, Костурско, борец. 426 Тие за прв пат во историјата на ДАГ формираат воена коњичка единица која во многу кратко време прераснува во коњички ескадрон со околу 100 борци-коњаници, предимно Македонци. Овој коњички ескадрон од ден на ден напредуваше толку брзо што по неколку месеци под негова 422 Список на борците од Првата ударна бригада на Македонците под Грција.

Се чува во приватната архива на покојниот Михајло Керамитчиев.

423 Според сеќавањата на Ристо Мишевски, од село Мокрени, Костурско;

учесник во НОБ и ДАГ, соборец на Сотир Љутиков.

424 Воена книшка на ЈНА издадена на Сотир Љукров под број 395907.

425 Сеќавања на К. Т. Ракопис, се чува во ИНИ.

426 Истото.

контрола се најдоа неколку села од Леринска, Костурска и Кајларска околија.

Во почетокот на август 1947 година коњаниците извршија неколку успешни акции за заземањето на селата: Биралци, Рокита, Чор, Паљор, Требишта и Липинци, Кајларско.

427 На 12 август истата година, во ноќта тие влегоа и во селото Емборе, Кајларско каде што постоеше жандармериска станица на МАИ /Единица за безбедноста на провинцијата/. 428 По неколку дена коњаниците повторно го нападнаа селото Липинци, Кајларско. Во оваа акција учествуваше и една чета од 18-та бригада на ДАГ на чело со Ламбро Гакидов-Џавела. Со првиот напад на заедничките сили, вооружените селани панично се повлекоа во градот Кајлари.

429 Во втората половина на август 1947 година коњаниците ги нападнаа непријателските упоришта на Шестевската Бука т.н.

“Буковик”, Костурско. Акцијата заврши без успех. По тричасовна жестока борба тие се повлекоа во селото Габреш, Костурско.

Во текот на септември истата година, коњичкиот ескадрон изврши неколку успешни акции во костурските села кои дотогаш се уште се наоѓаа во рацете на жандармеријата. Тие беа Маврово, Здралци, Сливени, Жупаништа, Света Недела и Горенци.

430 На ова место треба да се нагласи дека во сите овие акции Сотир Љутиков херојски се бореше, а на своите соборци им служеше за пример.

427 Според сеќавањата на Глигориос Лукрис, од село Псодери, Леринско;

учесник во НОБ и ДАГ, интендант на коњичкиот ескадрон кој дејствуваше во составот на единиците на Штабот на ДАГ “Вичо”.

428 Информативен билтен на Штабот на ДАГ “Вичо” од 15 август 1947 година за дејноста на единиците на ДАГ во подрачјето на Вичо. Архив на Македонија. Збирка: “Егејска Македонија во НОБ 1945-1949” АЕ: 182/47 година.

429 Според сеќавањата на Ламбро Гакидов Џавела од село Сребрено, Леринско; командант на баталјон во 18-та бригада на ДАГ.

430 Сеќавања на К. Т. ...

Во текот на јануари и февруари 1948 година коњичкиот ескадрон ги држеше позициите во близината на селото Раково, Леринско. Од ова место коњаниците извршија успешни напади на селата Света Петка, Клабучишта, Негочани, Каленик, Клештина и на аеродромот близу до градот Лерин. 431 Кон крајот на февруари истата година, коњичкиот ескадрон, по наредба на Штабот на ДАГ “Вичо” се префрлува во селото Жервени, Леринско. Тука пристигнува и потполковникот на ДАГ, Несторас Жогас со околу 35 борци-коњаници од Хасија Тесалија. Тој ја донесува и наредбата на Главниот штаб на ДАГ во која стои дека двата ескадрона треба да се обединат во баталјон. Обединувањето беше извршено во село Жервени.

Така се формира посебен коњички баталјон на ДАГ.

432 За командант на баталјонот беше поставен Несторас Жогас, а политички комесар Кирјако Цалев од село Дмбени, Костурско.

Сотир Љутиков беше назначен за командир на вод на околу 25 борци-коњаници.

По обединувањето на двете коњички формации, во почетокот на март 1948 година, коњичкиот баталјон се префрлува на секторот на планините Пајак-Кајмакчалан, каде ги продолжуваа воените акции против вооружените селани во некои села во Воденско, Гуменџиско и Ениџе-вадарско. Во селото Тушим кон коњичкиот баталјон се приклучува третата коњичка единица т.н. “Кајмакчалан” со околу 40 борци.

433 Во втората половина на март 1948 година коњичкиот баталјон пристигнува на планината Пајак. Првата акција на коњаниците во која Сотир покажа посебна храброст беше нападот на селото Европос, Гуменџиско.

Во почетокот на април коњаницата извршува успешни напади во селата Трифулчево, Недирчево, Ениџевардарско, Бојмица, Гуменџиско и Владово, Кронцелово, Воденско. Одбиени беа 431 Според сеќавањата на Глигориос Лукрис.....

432 За формирањето и дејноста на коњичкиот баталјон на ДАГ, поопширно види: Ташко Мамуровски. Некои воени акции на коњичкиот баталјон на ДАГ. Гласник на ИНИ, Скопје, 1979, XXIII, бр. 1, с. 177-198.

433 Според сеќавањата на Глигориос Лукрис...

некои непријателски контранапади на селата Мала и Голема Ливада, Гуменџиско и селото Северјани, Мегленско.

Во средината на април 1948 година, во падината на планината Скра, се водеше една од најжестоките борби во која учествуваше коњичкиот баталјон.

434 Во оваа нерамна борба, заедно со многу други свои соборци херојски го положи својот живот во олтарот за слободата на македонскиот народ, командирот на вод во коњичкиот баталјон на ДАГ Сотир Љутиков.

Посмртно Главниот штаб на ДАГ го произведе во чин капетан.

434 Истото.