Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

МИРКА ГИНОВА (1916-1946) - Part 01

By Ташко Мамуровски · Part 3 of 42 · About 19 minutes

Read in English

МИРКА ГИНОВА (1916-1946)

Жените на Македонија заземаат видно место во долгогодишните борби на македонскиот народ за своето национално и социјално ослободување.Тие рамо до рамо со мажите херојски се бореа и дадоа голем број жртви за слободата на својата татковина.

Во плејадата на најистакнатите македонски жени-борци, организатори и раководители на македонската ослободителна организација НОФ за Егејска Македонија, кои го положија својот живот во борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ, беше и Мирка Гинова.

38 Таа е родена во 1916 година, во селото Русилово, Воденско, во македонско револуционерно семејство. 39 Пред да наполни две години, Мирка остана сираче од мајка, која ја изгуби во големата епидемија на грип. 40Откако го заврши основното училиште во селото Катраница и Воден, 41 таа жедна за учење, се запиша во практичната школа за напредни домаќинки во градот Воден, 42 а по нејзиното завршување замина за Лерин и 38 За револуционерната дејност на Мирка Гинова во нашиот печат доста е пишувано. Но од најзначајните досега објавени прилози се: Христо Андоновски, “Ирина Гинова - Мирка”. Глас на Егејците, Скопје, 1952, јули 2, III, 24. Од истиот автор: “Мирка Гинова”. Нова Македонија, Скопје, 1971, јули 26-30, XXVII, 8804-8808; “Ружата што не расцути”. “Македонија”, Спис. на иселениците од Македонија, Скопје, 1959 VII, 69, стр. 16;

“Учителката од Русилово”. По повод Меѓународниот ден на жената. “Нова Македонија”, Скопје, 1967, март 7, XXIII, 7323. Вангел Ајановски-Оче, “Егејската Јованка Орлеанка”. Сеќавања. Нова Македонија, Скопје, 1970, август 5-9, XXVI, 8455-8459. “Јуначката ќерка на Егејска Македонија” – Ирина Гинова Мирка. Нова Македонија, Скопје, 1951, октомври 11, VIII,

2124. “Нашата незаборавена Мирка”. 27 години од стрелањето на Мирка Гинова. Сеќавања на Софија Поптрајанова-Калпака. Спис. “Македонија”, Скопје, 1973, јули, XX, 243.

39 Татко и на Мирка Гинова, Коста Гинов, беше учесник во Илинденското востание. Види: Христо Андоновски, “Мирка Гинова”. 25 години од нејзината смрт. “Нова Македонија”, Скопје, 1971, јули 26, стр. 2.

40 Вангел Ајановски-Оче, “Егејската Јованка Орлеанка”. “Нова Македонија”, Скопје, 1970, август 5, стр. 8. Вангел Ајановски-Оче, еден од раководителите на НОФ во Егејска Македонија за Воденско, изнесува сеќавање за животот и борбата на Мирка Гинова.

41 Истото.

42 Истото.

таму продолжи да се школува во тамошната домаќинска школа.

Подоцна оди во Костур и таму ја завршува учителската школа.

43 Периодот на своето школување таа го помина под мошне тешки услови.

Според некои податоци 44 и искажувањата на нејзините соселани, Мирка шест години по ред чекала да добие работа.

Причината била што таа по народност е Македонка. Па се знае, за грчките власти беше мошне “опасно”, таа да биде назначена за учителка во некое од македонските села во Воденско каде населението зборувало на “бугарски јазик”.

Пред избувнувањето на Втората светска војна, Мирка Гинова, одвај успеала да се вработи како учителка во селото Кутугери, Воденско.

45 Нападот на фашистичка Италија на Грција, а подоцна на Хитлерова Германија /6.IV.1941/, Мирка Гинова ја затекна како учителка во македонското село Влкојанево, Воденско.

46 Во ваквата напната воена ситуација, таа беше принудена да се врати во родното село и заедно со своите напредни соселани веднаш се вклучува во Народноослободителното движење на македонскиот и грчкиот народ против окупаторот.

Пролетта 1943 година, односно со формирањето на младинската организација ЕПОН, Мирка како член на 43 Христо Андоновски, “Мирка Гинова”. 25 години од нејзината смрт. “Нова Македонија”, Скопје, 1971, јули 26, стр. 2.

44 Христо Андоновски, “Учителката од Русилово”. По повод Меѓународниот ден на жената. “Нова Македонија”, Скопје, 1967, март 7.

45 Вангел Ајановски-Оче, Егејската Јованка Орлеанка. Сеќавања... Август 6, стр. 8. Селото Кутугери, Воденско беше населено со колонизирано грчко население. Според Христо Андоновски, Мирка Гинова за прв пат била назначена за учителка во селото Внгени, Воденско. /Христо Андоновски, Мирка Гинова. 25 години од нејзината смрт. Нова Македонија, Скопје, 1971, јули 26, стр. 2/. Но најверојатно, Мирка работела истовремено и во Кутугери и во Внгени, бидејќи тие села се во блиско растојание.

46 Вангел Ајановски-Оче, Егејската Јованка Орлеанка. Сеќавања... Август 6, стр. 8.

Реонскиот комитет на ЕПОН, стана омилена сред населението во Островската околија, а пред се кај македонската младина. 47 Од летото истата година во својство на активен член на Партијата, се појавува веќе како истакнат агитатор и организатор на КПГ и ЕАМ по македонските села во Островска околија. Во борбата што ја водеше против германско- бугарскиот окупатор и домашните предавници, од ден на ден се челичеше нејзиниот револуционерен карактер.

48 Но нејзините национални чувства и решителноста до крај да се бори против окупаторот дојдоа до полн израз кон крајот на 1943 година, кога таа дојде во допир со македонските партизански единици од вардарскиот дел на Македонија кои што во тоа време престојуваа на подрачјето на планините Кожув и Кајмакчалан.

49 50 Во летото 1944 година, односно со формирањето на Воденскиот македонски баталјон во рамките на ЕЛАС, Мирка Гинова неуморно им агитира на македонските младинци и младинки тие што помасовно да стапуваат во Македонскиот баталјон и со пушка в раце да се борат против окупаторот и домашните предавници. Благодарејќи на нејзината неуморна агитација, голем број младинци и младинки од Островска околија стапија во редовите на Воденскиот македонски баталјон на Кајмакчалан.

51 Посебна храброст и херојство Мирка Гинова покажа во битката кај месноста Муарен-Ан, меѓу селото Острово и Воден, кога партизанските единици на ЕЛАС, на 2 август 1944 година нападнаа една германска композиција натоварена со војска и 47 За револуционерната дејност на Мирка Гинова за овој период види и:

Тодор Симовски, Сеќавања за Мирка Гинова. Мемоари, се чуваат во ИНИ.

48 Истото.

49 Христо Андоновски, Мирка Гинова. 25 години од нејзината смрт..., 26 јули, стр. 3.

50 Истото. Тодор Симовски, Сеќавања за Мирка Гинова...

51 Тодор Симовски, Сеќавања за Мирка Гинова...

муниција. Таа со пушка в раце се наоѓаше меѓу првите борци на ЕЛАС кои напаѓаа против непријателот. 52 По прогонувањето на фашистичките окупатори од земјата, односно по капитулацијата на ЕЛАС, која дојде како резултат на познатиот договор во Варкиза, Мирка Гинова не само што не го предава оружјето, туку со голем оптимизам и длабоко патриотско чувство застанува на страната на својот народ и ја продолжува борбата против новите реакционерни власти во Грција, кои со уште поголем фанатизам продолжија да го тероризираат и убиваат невиното македонско население од овој дел на Македонија.

Во март 1945 година, Мирка Гинова преку Вангел Шамарданов- Илинденски

53 стапува во контакт со раководството на новата македонска ослободителна организација во Воденското ТОМО.

54 Во врска со овој спор, Христо Андоновски, тогашен активист на НОФ во Воденско, во еден разговор со авторот на овој труд, го рече следното: “... Тоа беше негде околу 20 февруари 1945 година, после склучувањето договор од Варкиза. Тоа ми е познато, бидејќи бев поканет од Вангел Ајановски и присуствував на тој основачки состанок. Но кога на 26 февруари истата година минав од селото Долно Пожарско ги најдов Павле Раковски и Тодор Анастасов-Директорот кој по налог на Политичката комисија на Македонците под Грција веќе имаше поставено основни организации на ТОМО во Горно 52 Христо Андоновски, Мирка Гинова. 25 години од нејзината смрт. јули 26, стр. 3.

53 За револуционерната дејност на Вангел Шамарданов исто види: Ташко Мамуровски, Вангел Шамарданов-Илинденски /1921-1948/. Гласник на ИНИ. Скопје, 1979, XXIII, 1, стр. 263-269.

54 За местото и датата на создавањето на организацијата ТОМО постојат две верзии. Според Вангел Ајановски-Оче, таа била формирана во Воден на 20 јануари 1945 година /Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури.

Револуционерното движење во Воденско и НОФ во Егејска Македонија.

ИНИ, Скопје, 1975, стр. 158/, а пак според Павле Раковски, организацијата била формирана на 22 февруари истата година во селото Долно Пожарско, Мегленско /Павле Раковски, Во длабоката ноќ зората се раѓа. /Сеќавања, размислувања, сознанија/. Мемоари, се чуваат во ИНИ, стр. 37.

Пожарско, Долно Пожарско, Горно Родиво и Долно Родиво, а се спремаше да оди за Тресино и Саракиново...” и му даде на знаење дека не само што ги прифаќа целите и задачите на организацијата ТОМО, туку со уште поголема пожртвуваност ќе се бори против грчките монархисти и нивните националистички банди. 55 На 20 јуни 1945 година, во месноста Тупчето, меѓу селата Кронцелово и Влкојанево, близу до градот Воден, беше одржана првата окружна конференција на организацијата ТОМО.

56 На неа беше анализира досегашната работа на месните организации на ТОМО и се донесе одлука за преименување на ТОМО во НОФ за Воденско. 57 Меѓутоа, уште во почетокот на април 1945 година, Политичката комисија на Македонците под Грција престана да постои. Спрема тоа, Павле Раковски, не можел да присуствува на оваа Конференција како нејзин претставник. Самиот Раковски изјавува дека воопшто не присуствувал на таква конференција.

Од сочуваните извештаи, како на Вангел Ајановски-Оче, така и на Павле Раковски од тоа време јасно се гледа дека ништо не се знаело во Воденско за некаква Окуржна конференција на ТОМО од 28 април 1945 година. Впрочем, самиот Ајановски во својот извештај од 16 јуни истата година се уште зборува за ТОМО

55 Вангел Ајановски-Оче, Егејската Јованка Орлеанка. Сеќавања... Август 7, стр. 8.

56 Извештај од Павле Раковски, член на Главното раководство на НОФ, од 27 јуни 1945 година, за политичката ситуација во Воденско. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II. Документи за учеството на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија во Граѓанската војна во Грција 1945 година. Превод и редакција: Ристо Кирјазовски и Тодор Симовски. Архив на Македонија, Скопје, 1973, док. 47, стр. 91-92.

57 Според Вангел Ајановски-Оче, Окуржната конференција на ТОМО била одржана на 28 април 1945 година, на која присуствувал и преставникот на Политичката комисија на Македонците под Грција, Павле Раковски, кој и ја донесол на Конференцијата одлуката на Политичката комисија, организацијата ТОМО да го измени името на НОФ за Воденско /Егејски бури..., стр. 167-169.

58 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 54, с. 101-104.

На оваа конференција исто така беше избрано окружно раководство на НОФ за Воденско и беше конституиран Извршен одбор на НОФ со следните членови: Вангел Ајановски-Оче, политички секретар, Вангел Шамарданов-Илинденски, организационен секретар, Ристо Кордалов, одговорен по воени прашања и партизанскиот одред на НОФ;

Петре Попов, одговорен за пропаганда и агитација; Ристо Буковалов, одговорен по прашања за финансии; Ташко Хаџијанев, раководител по линија на младината и Мирка Гинова, одговорна за прашања со жените. 59 Од овој момент, Мирка Гинова со уште поголем полет и пожртвуваност се вклучува во борбата против грчката реакција и нејзините вооружени банди. Заедно со своите другари, таа формираше основни организации на НОФ, НОМС и АФЖ во повеќе македонски села во Воденско и на селските собири знаеше да ги запали срцата на младите македонски антифашисти. Благодарејќи на своите национални чувства и активност за ослободувањето на македонскиот народ, таа стана мошне популарна сред македонските маси и беше милото дете на македонскиот народ од Воденско.

Но грчката реакција, откако успеала да ја зацврсти својата власт во земјата, благодарејќи на познатиот договор во Варкиза, со сите сили се нафрли против демократското движење во Грција, а пред се против Македонците за нивно физичко истребување.

Како одговор на неиздржливиот терор врз македонските села во Воденско, партизанскиот одред на НОФ

60 на Кајмакчалан, заедно со групите на грчките политички прогонети борци, бивши припадници на ЕЛАС, изврши неколку успешни акции против монархофашистичките упоришта на тоа подрачје. Прво ги уништи жандармериските станици во селата: Луковец, 59 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 169-170.

60 Во пролетта 1946 година, на планината Кајмакчалан, од три партизански одреди на НОФ за Воденско беше формиран партизански баталјон, наречен Трети македонски баталјон. Извештај од Окружното раководство на НОФ за Воденско до Главното раководство на НОФ од 11 април 1946 година за ситуацијата и активноста на НОФ во округот. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III. Архив на Македонија, Скопје, 1976, док. 114, стр. 261.

Пожарско и Саракиново, а потоа воените караули во месноста Јанкулови колиби, на Кајмакчалан и во селото Горно Родиво.

61Диверзантските групи на НОФ ликвидираа и неколку предавници, односно соработници на грчката полиција.

Мирка Гинова, како член на Окуржниот одбор на НОФ и секретар на АФЖ за Воденско, беше неуморна во организирањето на отпорот против разбеснетите монархофашисти, бивши соработници на фашистичките окупатори. И затоа, грчката полиција и жандармерија со сите сили настојуваше да ја зароби за да и стави крај на нејзината револуционерна дејност.

На 28 јуни 1946 година, двајца курири, односно борци на одредот на НОФ за Воденско, Вангел Гоглев-Безандако и Ташко Бобев, одејќи од селото Влкојанево, за селото Кронцелово, односно за седиштето на раководството на НОФ, ненадејно се сретнаа со една владина единица при што дојде дури до вооружена престрелка. Овој настан, им даде на грчките владини војски сигурни знаци дека во околината на селото Влкојанево се движат партизански групи на НОФ. Малку подоцна, истите војници ги фатиле двајца козари од селото Влкојанево и под силен притисок ги принудиле да ги предадат партизаните. Козарите им признале на монархофашистите дека партизанскиот одред на НОФ е стациониран во близината на селото Почеп, односно во Почепската шума. Но, со помошта на одговорниот на организацијата НОФ во селото Влкојанево, Вани Барев, борците на НОФ навреме беа известени за опасноста што им престои.

62 На 30 јуни, истата година, командантот на одредот на НОФ за Воденско Ристо Кордалов, заедно со капетанот Адамидис Филотас-Кацонис, командантот на партизанскиот одред на КПГ за Воденско, добиле задача со една група борци да заминат за 61 Вангел Ајановски-Оче, Егејска Јованка Орлеанка. Сеќавања..., Август 9, стр. 15.

62 Според сеќавањата на Ристо Букавалов-Жуков, од село Теово, Воденско, политички комесар на Третиот македонски баталјон на Кајмакчалан и член на Окуржниот одбор на НОФ за Воденско /одговорен по финансиски прашања/; активен учесник во НОБ и ДАГ.

планината Каракамен, со цел да го земат оружјето од складиштето на тамошните партизански одреди кои беа раководени од капетанот Христос Паламас-Маврос, а потоа со се оружје да се вратат пак во Воденско.

Групата партизани, околу 50 борци, која остана на својот терен беше раководена од Ристо Буковалов-Жуков, политички комесар на Третиот македонски баталјон на НОФ. За поголема сигурност, тој ги сместил борците во месноста Старо Влкојанево и ги распоредил на четири групи. Првата група ја сместил на патот Владово-Влкојанево, втората група ја ставил на железничките мостови, третата група – на патот Воден – Влкојанево и четвртата група – на патот Луковец – Влкојанево.

Тој наредил борците дење да не прават никакво движење, а храна ќе добивале преку селската организација на НОФ во селото Влкојанево.

63 На 4 јули 1946 година, тројца членови и борци на одредот на НОФ Димитар Лимбов, од селото Владово, член на Реонскиот одбор на НОФ за Островско; Ташко Сапунџиев-Кулиман и Вангел Гоглев-Безандако, добиле наредба од Ристо Буковалов-Жуков, тие да постават заседа во месноста Дупен мост, меѓу селото Владово и градот Воден, со цел да ги ликвидираат шпионите Ѓорѓи Панчев и Ѓорѓи Бапка-Даскалот, кои ќе доаѓале од селото Владово за Воден. Меѓутоа, тие не ја извршиле наредбата, а целата одговорност си ја презеде врз себе Димитар Лимбов, објаснувајќи дека тој сам, на мирен начин, ќе ги привлече нив кон партизаните. Така, шпионите слободно си заминале за Воден. Но, Димитар Лимбов се излажал. Како што ќе покажат идните настани, поради таа негова невнимателност подоцна тој ќе стане жртва на грчките монархофашисти.

Истиот ден, групата борци на чело со Ристо Кордалов и капетанот Кацонис, откако ја извршиле својата задача на планината Каракамен, со радост и песни се вратиле во Воденско и се сместиле во месноста “Куса и Долга Ливада”. Наредниот ден, Ристо Кордалов му испратил писмо на Ристо Буковалов-

63 Истото.

Жуков, во кое му пишувал, заедно со својата група борци да се јави во спомената месност. Тој пристигнал во логорот околу полноќ. Порано тука пристигнале и кадрите на НОФ меѓу кои Мирка Гинова, Ѓорѓи Атанасов-Блаже, Вангел Шамарданов-Илинденски, Лазо Камчев и други. Тука беа дојдени и политичките кадри на КПГ, Георгиос Мустакидис-Алеко, кој беше одговорен за резервниот ЕЛАС во Воденско за времето на германската окупација; неговата сопруга Хрисула, член на Околискиот комитет на КПГ за Мегленско /Караџова/; некој си Тарзан од селото Оризарци и медицинската сестра од Воден по име Ирина.

Кадрите на НОФ, заедно со грчките другари разговарале за некои организациони прашања и ја разгледувале можноста за формирање на партизанска болница на планината Кајмакчалан.

64 Бидејќи помина скоро една недела од денот кога се дознало дека месноста “Куса и Долга Ливада” е откриена од непријателот, борците и политичките кадри на НОФ и на КПГ како да беа сиругни дека нема да имаат непријатности од монархофашистите.

Утрото, на 6 јули, околу 8-часот, пристигнал во месноста“Куса и Долга Ливада”, во Почепската шума, курирот Ѓорѓи Митрев-Гунуш, од селото Почеп кој со големи тешкотии се пробил низ обрачот на непријателот, целиот мокар од пот.

65 Тој прв ја донесол веста дека кон Почепската шума се приближува една непријателска единица заедно со пушкарските банди од селото Драгоманци. Курирот Ѓорѓи проценувал дека ги имало околу

600 добро вооружени непријателски војници. 66 64 Вангел Ајановски-Оче, Егејска Јованка Орлеанка. Сеќавања..., Август 9, стр. 15.

65 Курирот Ѓорѓи Митрев-Гунуш бил испратен од Ташко Мамуровски-Искрата, роден од истото село; активист на КПГ во Воденско. Член на Реонскиот одбор на НОФ за Островско, односно секретар на АКЕ од страна на НОФ.

66 Според сеќавањата на Ристо Буковалов-Жуков...

Штабот на двата партизански одреди /Ристо Кордалов, Ристо Буковалов и Кацонис/, веднаш почна да ја испитува ситуацијата. Требаше да се преземаат претпазливи мерки. Но, бидејќи од ниедно село кои што беа во близината како селата Влкојанево, Теово, Луковец, Кронцелево и други, немало никакви извештаи за движењето на непријателот на тој терен, тие дошле до заклучок дека тука се работи за Драгомански пушкари, кои често пати крстосувале на тоа подрачје. Но сепак, за секој случај, Штабот на двете единици презеде претпазливи мерки.

Борците се договориле дека со случај ако треба да отстапат, да се најдат во месноста “Старо Влкојанево”. Исто така, тие се договориле одбраната да ја раководи Штабот на двете единици, а Ристо Кордалов, со една група борци да ги заштитува заднинските кадри на НОФ и КПГ. Тие се уште го подготвувале планот за одбрана кога изненадено забележиле дека непријателската војска се најде очи в очи пред нив. Борците веднаш отвориле оган во очи и бочно.

Меѓу борците во одредот, кој го сочинуваа околу 60 вооружени партизани, се наоѓаа и околу 30 политички раководители и заднински работници на НОФ, односно новодојдени партизани меѓу кои и неколку комунисти од градот Воден, кои се уште не беа вооружени. Борбата беше жестока. По тричасовна крвава пресметка, непријателот изврши голем притисок, а со тоа уште повеќе го стесни обрачот на борците. По кратко време, една десетина борци, под силен притисок, беше принудена да отстапи од своето одбранбено место. Непријателот тоа го искористи и, откако изврши ново прегрупирање на своите војници, со јуриш го зазеде логорот на борците на НОФ. Во оваа критична ситуација дојде и најзлокобниот момент.

Кадрите на НОФ и на КПГ, на чело со Мирка Гинова, место да ја следат патеката кон закажаното зборно место, односно кон Старо Влкојанево, како што претходно ги советуваше Штабот на двете единици, од досега непознати причини, тие тргнале во сосема друг правец, право во рацете на монархофашистичките џандари.

По кратко време, капетанот Кацонис, со својата група борци пристигнал на местото каде се наоѓал Ристо Буковалов со своите борци, а бидејќи логорот беше заземен од непријателот, постоеше опасност монархофашистите да ги фатат живи. Тие се решиле со своите борци да го пробијат обрачот кој што се повеќе се стегаше, а потоа да го фатат ридот меѓу “Куса и Долга Ливада”. Така и направиле. За среќа, тие не наидоа на непријателска војска и така безбедно се сместиле на споменатиот рид. 67 Но, пред да се смрачи, Ристо Буковалов и Кацонис го пратиле борецот Толи во селото Влкојанево со цел да дознае нешто повеќе од своите соселани за ситуацијата во околијата. Тој веднаш штом се вратил на споменатиот рид, ја донесол најтрагичната вест. Борецот Толи им соопштил на своите другари дека монархофашистите во битката што ја воделе во Почепската шума, ја заробиле Мирка Гинова заедно со своите другари: Томе Михајлов, од с. Гугово околиски активист на НОФ; Димитар Лимбов, од с. Владово, реонски активист на НОФ; Ѓорѓи Пројов, од Воден, реонски активист на НОФ; Петре Попдимитров-Дирекот, од Воден, реонски активист на НОФ; Ристо Стојанов, од с. Месимер, реонски активист на НОФ; Георгиос Мустакидис, од с. Карасинанци, Гуменџиско, активист на КПГ во Воденско; неговата сопруга, Хрисула, член на Околискиот комитет на КПГ за Мегленско /Караџова/ и медицинската сестра од Воден, Ирина. 68 Ристо Буковалов и капетанот Кацонис, со своите борци околу 20 лица, преку ноќта се префрлиле од Влкојанско место во Кронцелско место и ги осамнало во месноста т.н. “Момин Гроб”. Таму биле скриени преку целиот ден и не правеле никакво движење. Вечерта, пак го продолжиле патот и пристигнале во главната база на групите на НОФ т.н.

“Бунарот”, во Родивско место. Тука ги сретнале другарите:

Ристо Кордалов, Вангел Шамарданов-Илинденски, Ѓорѓи 67 Според сеќавањата на Ташко Мамуровски-Искрата и Ристо Букавалов- Жуков...

68 Список на убиени активисти на НОФ и АФЖ од Воденско по договорот во Варкиза. “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV. Архив на Македонија, Скопје, 1980, док. 137, стр. 428.

Атанасов-Блаже, Лазо Камчев и околу 20-тина борци, кои успеале да се пробијат низ обрачот на непријателот. 69 Како што е нагласено и во друга прилика, групата политички раководители на НОФ и на КПГ, на чело со Мирка Гинова и Георгиос Мустакидис, при повлекувањето од месноста Куса и Долга Ливада, наместо да ја следи патеката на одредот на НОФ, таа тргна по сосема друг правец и од заседа падна просто во рацете на монархофашистите. Од нив само Мирка носела со себе пиштол. Таа откако ги испукала сите куршуми, монархофашистите навлегле во кургот и во меѓусебна физичка борба ги заробиле борците. Оѕверените фашистички џандари уште оттука почнале да ги малтретираат кадрите на НОФ и на КПГ, а најповеќе Мирка.

По кратко време заробениците биле префрлени и затворени во манастирот над селото Влкојанево. Грчките џандари настојувале што побрзо да го откријат идентитетот на заробените. За таа цел биле повикани некои нивни соработници од околните села и, дознавајќи дека во рацете ја имаат прославената Мирка Гинова и неколку раководители на НОФ, уште оттука почнале да ги малтретираат на најѕверски начин.

Со удари на кундаци, со тупаници и со корнење на косите, грчките џелати настојувале изгледот на заробениците да го направат таков што кога ќе ги водат во Воден, населението од околните села да се убеди во нивната бедна состојба. На пример на Мирка и ги соблекле нејзините алишта и ја облекле во партали и така ја влечеле за косите по улиците на Воден, изложувајќи ја на подсмев пред насобраниот народ. Но народот со голема омраза ги гледаше ѕверските постапки на оѕверените монархофашисти.

70 Но сето тоа беше само почеток на она што го доживеаја заробениците. Самата Мирка, неколкупати била носена надвор од градот Воден, кај месноста “Ѓаваљочица”, била закопувана во земјата до вратот, а потоа застрашувана со истрели од 69 Според сеќавањата на Мице Кукулев-Прилеп, од село Баово, Воденско;

учестник во НОБ и ДАГ и Ристо Буковалов-Жуков...

70 Христо Андоновски, Ружата што не расцути. Списание “Македонија”, Скопје, 1959, VII, бр. 69, стр. 16.