Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ПЕТРЕ ПОПОВ (1908-1962)
ПЕТРЕ ПОПОВ (1908-1962)
Голем број видни активисти и раководители на организацијата НОФ паднаа директно во рацете на грчката полиција и жандармерија. Некои од нив беа веднаш ликвидирани, а многу други беа осудени на долги години затвор, каде маченички го изгубија свотот живот или беа пуштени пред самиот смртен чин. Таков беше случајот со Петре Попов. 517 Петре Попов е роден во 1908 година, во селото Долно Родиво, Мегленско, во сиромашно земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село, тој им помагаше на своите родители во земјоделските и сточарските работи.
Кон крајот на октомври 1940 година, Петре, заедно со други свои соселани беше мобилизиран во грчката армија и веднаш беше испратен на Албанскиот фронт.
По распаѓањето на Албанскиот фронт, Петре Попов се враќа дома и заедно со други свои напредни соселани Ѓорѓи Јачев, Петре Пејков, Мици Мицанов, Ѓорѓи Костов и други во родното село формира тројки на КПГ, со цел да се организира народот во борба против окупаторот.
518 Ваквата илегална активност на Петре трае се до летото 1942 година, кога кадрите на КПГ и ЕАМ во Воденско успешно ќе се поврзат со политичките активисти од Долно Родиво и од другите соседни села во Мегленска околија.
Летото 1943 година, на подрачјето на планината Кајмакчалан, во месноста Бела Вода, се појавија и првите партизански единици на ЕЛАС. Петре Попов, со помошта на членовите на партиската организација во родното село веднаш се поврзува со штабот на ЕЛАС на Кајмакчалан и се договара да ги снабдува неговите единици со храна и облека.
517 Борецот Петре Попов, иако не загинал директно во борбата, земајќи ја во предвид неговата револуционерна дејност за која го жртвуваше својот живот, се решивме и него да го вклучиме во плејадата на паднатите борци.
518 Според сеќавањата на Вани Аџиев, од село Долно Родиво, Мегленско;
акитивист на ТОМО и НОФ во Воденско.
Во септември 1943 година, на Кајмакчалан почнаа да дејствуваат поголеми партизански единици на ЕЛАС.
Истовремено селаните од Мегленските села самоиницијативно почнаа да организираат разни манифестации и протести во кои го изразуваа своето незадоволство против окупаторот, а со тоа почнаа поактивно да се организираат против него. Тоа се должи пред се на неуморната агитација на Петре Попов и на другите политички организатори од овој терен.
Од овој момент, Петре со уште поголем елан се вклучува во борбата против странските окупатори и домашните предавници. Благодарејќи на неговата активност и пожртвуваност во борбата против германско-бугарските окупатори, во летото 1944 година, беше избран за член на Тресинскиот реонски комитет на КПГ чие седиште му беше селото Тресино, Мегленско.
Петре Попов, иако не беше директен учесник во редовите на Воденскиот македонски баталјон на ЕЛАС, кој го сочинуваа македонски доброволци од Мегленско и Воденско, тој неуморно го агитираше македонското население од својата околија што помасовно да стапува во редовите на македонската војска. Малку подоцна, кога дојде до расцепот помеѓу македонските партизани на ЕЛАС и раководството на КПГ и ЕЛАС поради неправилниот став на грчкото раководство на движењето во врска со македонското национално прашање, Петре останува на теренот на својата околија и ја продолжува својата антифашистичка дејност против окупаторот и домашните слуги.
519 Во почетокот на 1945 година, со формирањето на македонската ослободителна организација ТОМО во Воденско, Петре Попов стана член на Реонскиот одбор на ТОМО во Мегленско и беше одговорен по агитација и пропаганда.
520 Во својство на политички раководител во македонското ослободително движење во Воденско, Петре, во многу тешки 519 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 159-160.
520 Истото.
услови, неуморно го агитираше македонското население што помасовно да стапува во борбените групи на ТОМО чие седиште им беше планината Кајмакчалан.
Подоцна, во јуни 1945 година, на одржаната Окружна конференција на организацијата ТОМО во месноста “Тупчето” меѓу селата Кронцелово и Влкојанево, Петре Попов стана член на Окружниот одбор на НОФ за Воденско и ја вршеше функцијата одговорен по агитацијата и пропаганда.
521 Во првата половина на февруари 1946 година, Окружниот одбор на НОФ за Воденско, согласно со решенијата на Главното раководство на НОФ изврши нова прерасподелба на задачите и работата на своето членство. Вангел Ајановски-Оче /секретар на Окружниот одбор на НОФ/ замина за Мегленска околија; Мирка Гинова, остана во Окружното раководство на АФЖ; Јани Јакита-Темпо, заедно со Јани Саракачанов-Нано, од Градското раководство на НОМС, премина во Окружното раководство на НОМС; Лазо Камчев, заедно со Такис Сотириу-Самиотис, се префрли во Негуш, а Петре Попов, заедно со Вангел Шамарданов-Илинденски, замина за Островска околија со цел да организира на овој терен месни организации на НОФ, НОМС и АФЖ.
522 Во тоа време теророт од страна на грчката реакција насекаде беснееше. Грчката власт, со помошта на својата полиција и жандармерија, Македонците секојдневно ги апсеше, малтретираше и ги убиваше под изговор дека тие биле автономисти.
На 23 март 1946 година, една потерна жандармериска единица преку предавство ја обиколи јавката на Реонскиот одбор на НОФ во селото Јаворјани и, во нерамна борба го уби секретарот на НОФ од тој терен, Панајот Божинов. Петре Попов беше тешко ранет и заедно со курирот Атанас Љачков од село 521 Истото: с. 169-170.
522 Записник од одржаниот состанок на Окружниот одбор на НОФ за Воденско, од 12 февруари 1946 година, во врска со организационата структура на НОФ. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 44, с.
109-110.
Месимер, беше уапсен а потоа под стража беше спроведен во воденскиот затвор каде жандармите ѕверски го мачеа. Ѓорѓи Костов-Сандански, од село Долно Родиво, инструктор во Окружниот одбор на НОФ, бегајќи по дожд од куршуми, успеал да се спаси. 523 По извршената истрага во Воден, Петре Попов беше осуден на доживотен затвор, а потоа беше испратен во солунските затвори. По 16-те години поминати во грчките злогласни затвори, се разболе од туберкулоза и тогаш грчките власти решија да го ослободат. Неколку месеци подоцна, во 1962 година, тој почина во своето родно село.
524
523 Извештај од Окружниот одбор на НОФ за Воденско до Главното раководство на НОФ од 24 март 1946 година, за политичката ситуација на организацијата НОФ во округот. Истото: док. 86, с. 86, с. 207. Види и:
Проглас на Окружниот одбор на НОФ за Воденско од 24 март 1946 година, до Македонците, Грците, Власите и Албанците, со кој ги повикува да се обединат и заеднички да му се спротивстават на монархофашистичкиот терор врз Македонците. Истото: док. 87, с. 208. Овој проглас, најверојатно погрешно е објавен и во: “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 63, с. 113-114.
524 Вангел Ајановски-Оче, Егејски бури..., с. 417. Истото: Според сеќавањата на Вани Аџиев...
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/bright-figures-mac/35 on October 29, 2026