Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ЖИВКО ПОПОВ (1922-1947)

By Ташко Мамуровски · Part 34 of 42 · About 16 minutes

Read in English

ЖИВКО ПОПОВ (1922-1947)

Живко Попов е активен борец во македонското антифашистичко движење во Леринска околија. 495 Роден е во 1922 година во село Папажани, во сиромашна земјоделска фамилија.По завршувањето на основното образование тој им помага на своите родители во земјоделската и сточарската работа.

Следејќи го примерот на своите предци, Живко уште од првите години се вклучува во револуционерното движење. Тој, како и десетици Македонци од родниот крај, тешко ја почувствувал врз својот грб диктатурата на Јоанис Метаксас. Како што раскажуваат неговите роднини и пријатели, кон крајот на 1936 година, грчките власти во селото забележале дека Живко зборувал на македонски јазик и веднаш го затвориле во селската жандармериска станица. Грчките жандарми во селото три дена по ред на сила му давале солена риба /ренка/ и рибино масло. Бил нечовечки мачен и малтретиран.

496 За време на германската окупација на земјата, Живко меѓу првите во селото се вклучува во борбата против туѓите поробувачи и домашните предавници. Тој често пати ги собирал младинците на селскиот плоштад и им раскажувал за новонастанатата политичка ситуација во Грција.

Во јули 1943 година, во куќата на Живко Попов бил одржан состанок на македонските антифашисти во Неокаскиот реон на чело со другарите Вангел Којчев од село Баница, одговорен на КПГ за реонот Неокази, Стојан Трајчев-Стефо од Неволани, исто функционер на КПГ во околијата на Атанас Русевски од село Попадија, одговорен по агитација и пропаганда во реонот Неокази.

497 На состанокот главно се расправало за 495 За револуционерната дејност на Живко Попов, види и: Ташко Мамуровски, Револуционерната дејност на Живко Попов /1922-1947/.

Гласник на ИНИ, Скопје, 1980, XXIV, бр. 3, 243-254.

496 Сеќавањата на Атанас Русевски, за револуционерната дејност на Живко Попов. Ракопис, се чува во ИНИ.

497 Атанас Русевски, Сеќавања за настаните во периодот 1941-1945 година.

Лични сеќавања на Атанас Русевски, за неговото учество во НОБ. Се чуваат во ИНИ.

военополитичката ситуација во земјата и за потребата на формирање основни партиски организации на КПГ во селата на Неокаскиот реон. На овој состанок Живко бил примен во редовите на КПГ, и како член на Партијата бил задолжен да формира партиска организација на КПГ во родното село.

Земајќи ја предвид досегашната активност на Живко Попов, Реонскиот комитет на КПГ за Неокази, во мај 1944 година донесе решение да го избере за член на Реонскиот комитет.

Живко како член на Реонскиот комитет на КПГ беше назначен за одговорен за организационите прашања во селата Врбени, Петораци, Папажани, Асаново Село и Нов Кавказ. Тој на таа должност ги истакна своите способности. За многу кратко време успеал да воспостави основни организации на КПГ во споменатите села. Организирал состаноци со членовите на Партијата, и кружејќи по селата, го повикувал народот во борба против окупаторот. Во дејноста на Живко Попов најголема тешкотија му претставувало формирањето на основни организации на ЕАМ во македонските села. За возникнатите тешкотии, објективната причина произлегувала од фактот што Македонците немале доверба во грчкото раководство на ЕАМ.

498 Македонците од околните села многу помасовно стапувале во македонската организација СНОФ, која како национална организација ги заштитувала правата и желбите на македонскиот народ. Доволно е да се споменат селата Папажани, Врбени, Асаново Село, Попадија, Сетина, Крушоради итн. чии жители масовно влегувале во редовите на СНОФ.

Но, радоста на македонските антифашисти не траела долго. Кон крајот на април 1944 година, раководството на КПГ донесе решение да се расформира СНОФ како во Костурско така и во Леринско. Се разбира, борците и членовите на македонската организација беа мошне револтирани поради ваквата одлука на КПГ, а нивната недоверба кон грчкото раководство на отпорот уште повеќе се зголеми.

498 Истото.

Веднаш по донесената одлука на КПГ за фасформирање на организацијата СНОФ, инструкторите на Реонскиот комитет на КПГ за Неокази одржаа состанок во село Крушоради на кој се дискутирало за причините на расцепот и за понатамошните задачи на членовите на КПГ. Сите присутни на состанокот биле принудени да заземаат критичен став спрема македонските борци што преминале во вардарскиот дел на Македонија.

Во август 1944 година, раководството на КПГ за Неокаскиот реон донесе решение да се изврши делумна мобилизација на резервистите од тој реон со цел да се засили редовниот ЕЛАС.

Живко Попов, кој во тоа време ја вршел функцијата инструктор на КПГ во селата на својот реон, беше еден од првите што се вклучил во извршувањето на мобилизацијата. Тој ги обиколуваше соседните села и, вршејќи агитација, им објаснувал на Македонците, дека дојде времето на долгоочекуваната слобода.

Покрај својата секојдневна организациона работа во Реонот, Живко Попов вршеше и пропагандна дејност. Тој меѓу другото пишуваше по ѕидовите на куќите во селата пропагандни пароли со антифашистичка содржина.

Еден ден Живко го наговорил Атанас Русевски, заедно да ја напишат паролата “Да живее ККМ”, што на грчки значи Комунистичка партија на Македонија. Иако во Грција не постоеше македонска комунистичка партија, Живко занесен од своите македонски национални чувства го убедил својот другар да ја напишат таа парола. Истиот ден, дојдоа другарите инструктори од Реонот. Вангел Којчев, штом ја видел паролата, веднаш им направил остра забелешка. Тој, со страв, ги советуваше да ја избришат споменатата парола веднаш по одржувањето на состанокот.

499 На споменатиот состанок /август 1944 година/ се разгледуваше и прашањето за отварање на македонски народни училишта. Во својот говор Живко истакна дека во околијата има доста слободни села во кои може да се спроведе настава на 499 Атанас Русевски, Сеќавања за настаните во периодот 1941-1945 година...

македонски јазик. Доволно е да се споменат селата што се наоѓаат во горниот тек на реката Стара Река.

Залагањето на Живко Попов не им се допадна на некои другари од реонскиот комитет на КПГ за Неокази. Тие со иронија му забелелжале дека тој многу брза и дека Лерин се уште не е ослободен од окупаторот па за какви училишта тој сонува?

Овие зборови му ги рече инструкторот на ЕАМ за Неокаскиот реон, Ламбро Комбос, од село Петораци, инаку доселеник од Кавказ.

500 Во тоа време се подготвуваа избори за нови членови во селските народни одбори и пратеници за околиски одбори чие седиште беше градот Лерин. Другарите Ѓорѓи Баничотов-Перикли, Мичо Неделков, Атанас Русевски, Дине Робев, Танас Ашлаков, Ристо Васев-Добри, Ставро Кочев-Јанко и други лица добија посебни директиви за начинот на спроведувањето на изборите. Посебна задача му припадна на Живко Попов, кој беше задолжен да ги обиколува сите села во неговиот реон и да врши агитација меѓу населението за успешно спроведување на изборите.

501 Но што туку почнала интензивната изборна работа, во почетокот на октомври 1944 година, почнаа да се влошуваат работите во резервниот ЕЛАС. Резервистите, еден по еден бегаа по своите домови, а други преминаа на територијата на Вардарска Македонија, а потоа се вклучија во редовите на југословенските партизански единици и ја продолжија борбата против окупаторот. Една група борци на чело со Ѓорѓи Турунџиев, премина во село Бач, Битолско. Во ова село се собраа и другите останати борци, кои поради неправилниот став на раководството на КПГ и ЕЛАС спрема македонското национално прашање, беа принудени да се отцепат од единиците на ЕЛАС и да преминат на југословенска територија.

Во ноември 1944 година беше одржан состанок на Реонскиот комитет на КПГ за Неокаскиот реон, на кој главно се 500 Сеќавањата на Атанас Русевски, за револуционерната дејност на Живко Попов...

501 Истото.

дискутираше за отцепувањето на македонските партизански единици од составот на единиците на ЕЛАС. Меѓу другите дискутанти по ова прашање беше и Ламбро Комбос. Тој, употребувајќи вулгарни зборови против македонското раководство на отпорот, им даде на знаење на присутните дека Илија Димовски-Гоце и неговата “клика” се дезертери. 502 На состанокот дојде до остри расправии, а поголемиот дел од присутните ја осудиле погрешната политика на КПГ и ЕЛАС по македонското национално прашање.

Согледувајќи го непринципиелниот став на КПГ и ЕЛАС спрема Македонците од овој дел на Македонија, Живко Попов, заедно со група борци, во знак на протест премина во вардарскиот дел на Македонија и веднаш потоа се приклучи во редовите на Првата ударна бригада на Македонците од Грција како политички комесар на чета.

503 По расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Живко Попов, заедно со група Македонци од составот на военополитичкиот кадар на бившата Егејска Бригада, по предлог на Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија беше испратен да го посетува курсот за политичко усовршување.

По успешното завршување на курсот, Живко, заедно со другарите Коста Џингов, од село Крушоради, Коле Патков, од Асаново Село, Тане Каркачов, од село Воштарени и Алексо Божаров, од село Сетина, илегално се враќа во родниот крај и му ги објаснуваше на народот причините на расцепот меѓу македонските борци кои преминаа во Вардарска Македонија и раководството на КПГ и ЕЛАС.

504

502 Истото.

503 Атанас Русевски, Сеќавања за настаните во периодот 1941-1945 година...

504 Извештај од Џоџо Урдов од 25 август 1945 година до Главното раководство на НОФ за ситуацијата во Леринско. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 130, с. 246. Истото: Извештај од Окружниот одбор на НОФ за Леринско до Главното раководство на НОФ за организационата дејност и општата ситуација во округот. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 127, с. 242. Истото: Според сеќавањата на Алексо Божаров, од село Сетина, Леринско; учесник во НОБ и ДАГ.

Во август 1945 година, Живко Попов, по одлука на Окружниот одбор на НОФ за Леринско, беше испратен на теренот во Леринска околија со задача да одржува врски со народот и да дава информации, со кои ќе го запознаваше Окружното раководство со положбата на населението. 505 Освен наведените задачи, тој требаше да ја среди и организационата техника во неговата околија. 506 Од овој момент, Живко Попов, со уште поголема љубов се вклучува во борбата против грчките монархофашисти и поради неговата активност во ослободувањето на македонскиот народ, кон крајот на октомври 1945 година, тој беше избран за секретар на Околискиот одбор на НОФ за Леринско.

507 На таа должност остана се до крајот на 1946 година, односно до неговата трагична смрт.

Иако немаше услови за организациона работа во околијата каде што работеше Живко Попов, но сепак, во многу кратко време тој успеа да формира основни организации на НОФ, НОМС и АФЖ во сите села на Баничкиот и Воштаренскиот реон.

508 Благодарејќи на организационата работа, што ја вршеше со голема одговорност, Живко имаше можност да се запознае од близу и со тешката положба на македонскиот народ во својата околија. Тоа се гледа и од неговиот извештај од 18 јануари 1946 година, испратен до Главното раководство на НОФ. Во него, меѓу другото, се вели: “Во двата реона, Воштарени и Баница, продолжува истата ситуација, се врши терор од бурандарите и месната реакција. Во сите села се испратени судски покани и селаните се осудуваат од 3 до 100 години затвор, со обвинување 505 Истото: “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 127, с. 242.

506 Истото: “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 130, с. 246.

507 Извештај од Лазо Поплазаров од 13 ноември 1945 година, за ситуацијата и теророт во Леринско. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 186, с. 352. Истото: Извештај од Христо Коленцев од 19 декември 1945 година до Главното раководство на НОФ за организационата дејност на НОФ од 15. XI до 15. XII 1945 година и ситуацијата во Леринско. “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II., док. 227, с. 437.

508 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. III., док. 9, с. 26.

дека биле припадници на контрачетниците, соработници на Германците, Бугарите и на Гоце... “Бурандари и вооружена реакција крстосуваат низ целата околија, со цел да го тероризираат и пљачкаат демократски настоениот народ...”. 509 На 5 јануари 1947 година, другарите Живко Попов, Илија Црнаков, Гиго Аџикиров и Трифко Попов добија задача од Окружниот комитет на КПГ за Леринско да влезат во селото Пателе, со цел да ги најдат луѓето кои знаеле каде е скриено оружјето, односно да го организираат пренесувањето на оружјето на планината Вичо; да воспостават врска со партиската организација на КПГ и НОФ на селото и да им укажат помош на сите оние што сакале да заминат во редовите на ДАГ.

510 Уште во селото Белкамен тие беа известени дека во Пателе ќе ги чека Спиро Благоев од истото село. Тие се договориле со Спиро дека тој ќе биде сместен во куќата на Методија Џогата. 511 Од село Белкамен другарите тргнале вечерта на 6 јануари. Кога пристигнале во близината на Пателе, Илија Црнаков, иако знаел дека полициската станица е сместена во куќата на Димче Парпулов, односно во горниот дел на селото, покрај железничката пруга, сепак решил со групата да помине покрај железничката пруга. Досега не се познати причините на ваквата постапка.

Групата кога стигнала кај месноста “Мачорви Дол”, била забелажана од полициската стража. Но полицајците решиле да не пукаат. Најверојатно тие се исплашиле и ја оставиле групата партизани да влезе во селото. Илија Црнаков, за да ги стави во заблуча полицајците решил со другарите да не влезе веднаш во селото. Тие се упатиле кон планината во правец кон црквичето Св. Ду. По кратко време, се вратиле назад и влегле во

509 Извештај од Живко Попов, за организационата положба на НОФ во реоните Воштарени, Баница и Лерин. “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т.

III, док. 19, с. 47.

510 Спиридон Благоев, За херојската постапка на група борци на ДАГ: Илија Црнаков, Живко Попов, Гиго Аџикиров и Трифко Попов. Сеќавања, се чуваат во ИНИ.

511 Истото.

отворениот тунел. Од тунелот пак се вратиле назад, но назадечки /со заден чекор/ за да го заблудат непријателот.

Откако ја извршиле оваа измислена операција, тие покрај црквата Св. Петка, по долот, влегле во селото и се сместиле во куќата на Ванчо Олев. Домаќинот бил многу исплашен поради нивното појавување, и не сакал тие да останат во неговата куќа.

Во ваквата ситуација другарите отишле во една празна куќа која Ванчо Олев ја користел како племна. 512 Кога се разденило, веднаш се слушнало шум кај железничката станица. Во тој момент другарите го забележале возот полн со војска и полиција застанат на отворениот тунел. Војската и полицијата почнала да го блокиреа селото.

513 Бидејќи другарите се наоѓале близу до пругата, а постоело опасност да бидат откриени, решиле да се префрлат во куќата на Методија Џогата, каде ги чекал Спиро Благоев.

Меѓутоа војската и полицијата почнале да го претресуваат селото куќа по куќа со цел да ги фатат илегалците. Веднаш биле окружени и куќите на Спиро Благоев и на Павел Попмитрев, односно квадратот каде биле скриени партизаните. Илегалците, откако влегле во приземјето, ја затвориле вратата со клуч, натрупувајќи ја со сандаци за да издржи во случај да се обидат војниците да ја отворат. Од заната страна на куќата на Џогата исто имало вратничка со излез во дворот на Коле Клеанев.

Другарите се решиле да ја затворат и таа врата, бидејќи постоела опасност монархофашистите да влезат и од таа страна на куќата. Така и се случило. Војската влегла во дворот на Коле Клеанев. Војниците со автомати се спремале да влезат во куќата каде биле скриени другарите, кои решиле, во случај да бидат пронајдени, да се пробијат по секоја цена, а потоа да се сретнат во селото Љубетино.

Нападот на војската бил извршен од дворот на Коле Клеанев.

Една група војници дошла до вратничката и почнала силно да чука. Жената на Митко Клеанев, Гена, им викала на војниците да не чукаат, објазнувајќи им дека во куќата живее само еден

512 Истото.

513 “За света народна слобода”. Ликови на паднати народни борци.

Политички и литературни изданија. 1962, с. 223.

слеп самец. Војниците го напуштиле дворот и се упатиле кон куќата на Џогата, односно каде се наоѓале другарите. Овие кога разбрале дека нападот на војската ќе биде извршен од дворот на куќата каде што биле скриени, решиле да ја отворат вратничката и да влезат во дворот на Митко Клеанев. Но не успеале да излезат од куќата каде биле скриени. Најверојатно некој од војниците ги забележал. Војската повторно се вратила во дворот на Клеаневи. Другарите успеале да влезат во приземјето. Преку едно вратниче тие излегле во дворот на Борис Багрев и преку ѕидот се нашле во дворот на Борис Јарев.

Другарите се договориле да го продолжат патото заедно со Илија Црнаков, односно да излезат први, а Спиро Благоев да остане последен за да ја затвори вратничката.

Илегалците успеале да излезат преку дворот на Борис Багрев кај Јареви и се нашле на улицата кај Смилајкови. Но Спиро Благоев ја изгубил врската со другарите, односно не знаел во кој правец тие заминале.

514 Живко Попов и Илија Црнаков успеале да стегнат до куќата на Ванчо Олев и преку неговиот двор влегле во истата племна каде се скриле во моментот кога влегле во селото, а Гиго Аџикиров и Трифко Попов биле сретнати од војници и полицајци пред да стигнат до куќата на Олеви и затоа биле принудени да свртат во улицата на Алиломови. Скокајќи преку ѕидот, се нашле во куќата на Фере Ристев.

Меѓутоа, Илија и Живко биле забележани од војниците и полицајците и веднаш племната била опсадена. Тие почнале да пукаат со автомати и митралези. Почувствувајќи дека ќе бидат откриени, Илија и Живко решиле да се скријат на таванот.

Куќата, односно племната била висока и немало таван, а имало само големи, голи греди. Живко како помлад, по ѕидот се качил прв и застанал на гредата, а автоматот го обесил на греда за да му помогне на Илија да се качи и тој на гредите. Последниот откако се качил се упатил кон аголот за да се скрие. Кога Живко сакал да го откачи автоматот од шајката, неочекувано 514 Спиридон Благоев, За херојската постапка на група борци во ДАГ...

истрелил два пати и куршумите го погодиле во главата. Веднаш потоа Живко паднал на подот.

Истрелите ги слушнала војската и почнала да се приближува кон племната. Селската полиција дошла во куќата на Ванчо Олев и му наредила да ја запали племната. Но Ванчо се откажал, не сакал да биде убиец на Илија Црнаков и Живко Попов. Полицајците многу го мачеле. На крајот го принудиле да ја истури кантата пред вратата на племната, а потоа да ја запали племната.

515 Илија Црнаков можел да издржи се додека пламенот и чадот не го загрозувале неговиот живот. Тој се приближил до прозорецот за да може да диши и на аголот го забележал полицаецот Ѓорѓи. Илија решил да скокне од прозорецот и да бега. Ја подготвил рачната бомба и кога полицаецот се појавил на аголот му ја фрлил под нозете. Полицаецот се исплашил и се засолнил зад другиот агол. Рачната бомба не експлодирала но додека полицаецот очекувал бомбата да експлодира, Илија скокнал и се истркалал во еден дол со висина околу 10-15 метри. Тој успеал да побегне и да се спаси.

Ноќта, ококу 23 часот, сите жители на селото Пателе биле повикани со камбаните да излезат на централниот плоштад на селото. На видно место бил изложен трупот на изгорено човечко тело. Луѓето не можеле да го познаат чие е телото.

Сите жители на селото насилно биле принудени да поминат покрај изгореното тело. Тоа било телото на Живко Попов. Се создала ужасна слика. Почнале апсења на невините селани.

Насекаде се слушало страшна врева. Луѓето плачеле...

516 Единствен сведок за трагичната смрт на Живко Попов е Илија Црнаков, кој ноќта на 6 спроти 7 јануари преку курир го известил Спиро Благоев за трагедијата на Живко.

Така загина Живко Попов, еден од првите организатори на македонската ослободителна организација НОФ во Леринско.

Тој со својата револуционерна дејност даде редок пример на

515 Истото.

516 Истото.

човек кој беше верен спрема својот народ и остана таков до крајот на својот живот.