Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ЈАНИ ПИРОВСКИ (1923-1949)
ЈАНИ ПИРОВСКИ (1923-1949)
Името на Јани Пировски е сврзано со херојската смрт на стотици македонски и грчки борци во крвопролитната битка на единиците на ДАГ за заземањето на градот Лерин во февруари
1949 година.
Јани Пировски е роден во 1923 година, во селото Косинец,
472 Кострурско, во средно-имотно земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште во родното село, Јани продолжи да се школува во Костурската гимназија. Паралелно со школувањето во гимназијата, тој успешно ја завршува и средната музичка школа. Уште како ученик во гимназијата тој имал прилика лично да ја почувствува суровата експлоатација на грчките владеачки кругови која беше вршена врз сиромашните слоеви на населението. Токму затоа, во 1938 година стапува во редовите на младинската комунистичка организација ОКНЕ и, како нејзин активен член, ги шири и пропагира револуционерните идеи на работничката класа. 473 Во 1941 година, Јани Пировски напоен со напредните идеи на работничката класа, меѓу првите во Костурско се вклучува во борбата против германско-италијанските и бугарските окупатори. Благодарејќи на неговата активност во организирањето на илегалните антифашистички тројки во селото Косинец и во другите околни села, тој беше назначен за секретар на младинската организација ОКНЕ во родното село.
474 По кратко време, во 1942 година беше избран за член на Реонскиот комитет на ОКНЕ во реонот Смрдеш-Косинец. 475 Наредната година беше назначен за секретар на Реонскиот 472 Селото Косинец се наоѓа на подножјето на планината Малимади која во историјата симболизира две светли и крвави дати од револуционерното минато на македонскиот народ од овој крај: јунаштвото на македонските востаници во борбата против турското ропство и самопрегорната борба на Македонците во решавачката битка што се одиграла летото 1948 година, во која единиците на ДАГ им нанесоа тешки удари и порази на грчките владини војски.
473 Според сеќавањата на Уранија Јурукова, од село Изглибе, Костурско, сопруга на Јани Пировски...
474 Истото.
475 Според сеќавањата на Ламбро Чолаков, од село Смрдеш...
комитет на ЕПОН за Корештата, а по кратко време беше избран за секретар на ЕПОН во три реони на Округот.
Во есента 1943 година Јани беше избран за член во Окружниот комитет на ЕПОН за Костурско. Како член во Окружниот комитет на ЕПОН тој беше задолжен да ја врши функцијата одговорен по агитација и пропаганда. Во тоа својство тој неуморно се бореше против бугарската и другите пропаганди во Костурско чија цел беше да го спречуваат подемот на народноослободителното движење на македонскиот и грчкиот народ во овој крај.
476 Посебна активност Јани покажа при агитацијата на костурската младина за нејзиното што помасовно стапување во редовите на единиците на ЕЛАС. Како искусен револуционер и комунист тој со љубов и патриотско чувство им ги објаснуваше на македонските младинци целите и задачите на вооружената борба. Според неговото мислење, во овие судбоносни моменти за македонскиот народ, масовното учество на Македонците во борбата против туѓите поробувачи, претставува решавачки фактор за извојување на своите национални и социјални права.
Формирањето на македонската Нароноослободителна организација СНОФ во Костурско Јани ја дочека со нескриена симпатија и воодушевување. Овој настан претставуваше пресвртница во развитокот на македонското народноослободително движење и поради тоа Јани со уште поголема одговорност и пожртвуваност се ангажира во организирањето и омасовувањето на македонската младина во борбата против окупаторот.
Љубовта кон ослободувањето на македонскиот народ дојде до полн израз во август 1944 година кога тој со пушка в раце се вклучи во редовите на македонскиот баталјнон “Гоце” и ја продолжи борбата за конечно прогонување на окупаторите.
477 Подоцна, со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Јани во својство на младински 476 Ламбро Чолаков, Јани Пировски. Нова Македонија, Скопје, 1971, февруари 12, стр. 10.
477 Според сеќавањата на Уранија Јурукова и Ламбро Чолаков...
раководител на баталјон во Бригадата ја продолжува својата антифашистичка борба се до нејзиното расформирање. 478 Благодарејќи на неговата неуморна активност во ослободувањето на македонскиот народ тој заедно со една група младински активисти од составот на Првата ударна бригада на Македонците од Грција Мичо Каранџа, Васко Караџа, Евдокија Баљова-Вера, Стеријана Вангелова-Славјанка и Хрисанти Цанѕовска беше делегиран да учествува на заседанието на Вториот конгрес на НОМС кој се одржа во Скопје на 6 јануари 1945 година.
479 Како што е нагласено и во друга прилика, веднаш по договорот во Варкиза, грчките реакционерни власти со помошта на англо-американските интервенционисти спроведоа во Егејска Македонија еден нечуен терор кој се равнеше на вистински геноцит. Согледувајќи ја тешката положба на македонскиот народ од овој дел на Македонија, Јани Пировски по одлука на раководството на Главниот одбор на НОФ за Егејска Македонија и по своја лична желба, во мај 1945 година беше испратен во родниот крај и веднаш се вклучува во борбата против бесот на грчката реакција.
480 Како искусен организатор и раководител на македонското ослободително движење тој веднаш беше избран за член на Секретаријатот во Окуржниот одбор на НОФ за Костурско 481 и секретар на Окружниот одбор на НОМС за Костурско. 482 Во тоа својство тој уште од првите денови се вклучува во борбата против разбеснетата реакција.
Постојано се движи по селата и подробно се запознава со тешката положба на својот народ. Во едно свое писмо што го испратил до раководството на НОФ од 24 август 1945 година, тој меѓу другото пишува:
“На 22 од овој месец бурандарите надвор од селото Герман фатија тројца наши другари. Двајцата се активисти на Околиското поверенство на Преспа. Овие другари, според
478 Истото.
479 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Николова /Вера/...
480 Според сеќавањата на Ламбро Чолаков и Минчо Фотев...
481 “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 9, стр. 23.
482 Истото.
информациите, се предадени од реакцијата и во 12 часот на полноќ се опколени од бурандарите. Ги однесоа во селото, каде што немилосрдно ги тепаа...” 483 Во еден друг извештај од 10 јануари 1946 година, испратено од активистите и раководителите на НОФ во Костурско Јани Пировски, Коле Панов, Уранија Јурукова и Трајче Цафаров, до Главниот одбор на НОФ, во врска со теророт во Костурско меѓу другото се вели:
“...Теророт продолжува во целата околија. Потерните единици редовно се движат и ги блокираат селата.
Од 18-20 декември 1945 година во селото Јановени бурандарите ги убија со ќотек Таки Белчев, реонски секретар на КПГ, и Влахов Пандели.
Во Костур судот кој се состои од Ахилеја Алвано, Иоани Војци, Русили лекарот и Андреја Пападопулос, без прекин им суди на сите вооружени комити, црноберзијанците кои се збогатиле во времето на војната, припадниците на СНОФ итн. Пресудите се смрт, доживотно и повеќе од 10 години затвор и конфискација на личниот имот...”
484 Во својата долгогодишна борба што ја водеше Јани Пировски за извојување на демократските и социјалните права на македонскиот и грчкиот народ покажа извонредни способности и квалитети. Поради тоа во втората половина на 1946 година тој беше избран за член на Окружниот комитет на КПГ за Костурско.
485 Подоцна, на 22 декември истата година тој стана член на Извршниот комитет на ЕАМ за Костурско. 486 Во декември 1947 година, водејќи едногодишна интензивна борба Јани тешко се разболе. Раководството на КПГ го испратил на лекување во Тирана, НР Албанија. По оздравувањето тој бил испратен во логорот Сук, близу Тирана.
483 “Егејска Македонија во НОБ, 1945”, Т. II, док. 129, стр. 245.
484 “Егејска Македонија во НОБ, 1946”, Т. III, док. 6, стр. 17-18.
485 “Егејска Македонија во НОБ, 1947”, Т. IV, док. 3, стр. 17.
486 Истото.
Тука беше сместена болницата на ДАГ и складиштата за храна која беше наменета за партизаните на ДАГ. Во овој логор Јани беше одговорен за примање и распоредување на храната по единиците на ДАГ. Исто така тој тука често пати одржуваше состаноци со ранетите борци и предавања од областа на борбата.
Во октомври 1948 година Јани Пировски, со една група борци на ДАГ се враќа во родниот крај и веднаш се вклучува во редовите на IX-та дивизија на ДАГ. По кратко време, штабот на IX-та дивизија на ДАГ со наредба го испраќа во 107-та бригада на ДАГ со задача да ја врши должноста одговорен по македонски прашања.
Во редовите на 107-та бригада на ДАГ Јани храбро се бореше се до неговата херојска смрт во битката за заземањето на градот Лерин на 12 февруари 1949 година. Неговите соборци успеале да го извлечат мртвото тело на Јани од градот Лерин и го одвеле во селото Буф, Леринско каде и го закопале.
Од погоре изнесеното можеме да заклучиме дека заслугите на Јани Пировски за развитокот на македонското и грчкото ослободително движење се навистина големи. Тој во борбата секогаш се одликуваше во својата храброст, принципиелност, скромност и доследност при извршувањето на поставените задачи.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/bright-figures-mac/32 on October 29, 2026