Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ГЕРМАНИЈА ПАЈКОВА (1931-1949)

By Ташко Мамуровски · Part 31 of 42 · About 6 minutes

Read in English

ГЕРМАНИЈА ПАЈКОВА (1931-1949)

Германија Пајкова е една од најмладите македонски борци во ДАГ која рано го даде својот живот во борбата за слободата на македонскиот народ. Таа е родена во 1931 година, во селото Герман /Преспа/ Леринско, во многубројно земјоделско семејство. Уште од најрани години, во периодот на диктатурата на Јоанис Метаксас, таа го вкуси сирачкиот живот, работејќи во ковачницата на својот татко Стојан и нејзиниот стрико Методија Пајковски. Германија, како и нејзините сестри и братот Тодор, растеше во услови што немаше можност да го заврши дури основното училиште.

По окупирањето на земјата од страна на германско-италијанските и бугарските фашистички војски, младата Гера /како што нагалено ја викаа нејзините роднини/ и понатаму продолжи да работи во ковачницата на своите родители.

464 Во пролетта 1943 година, во ковачницата на семејството Пајковци, почнаа да се појавуваат поединечно или групно антифашистички илегалци со цел да го поправаат своето оружје. Гера, иако се уште била младо девојче, покажа извонредни способности при извршувањето на овие тешки и сложени работи. За нејзините способности и квалитети при извршувањето на овие тешки работи, најблагородно се изрази нејзиниот стрико Методија Пајковски.

“... Еден ден, пишува тој во своите сеќавања, некаде кон крајот на 1943 година, во нашата работилница дојде еден југословенски партизан и не замоли да му го поправиме пушкомитралезот. Тој ден јас бев болен и не бев способен за работа. Нашата малечка Гера го зема во своите дробни раце пушкомитралезот на партизанот и со мојата помош го поправи.

Југословенскиот партизан задоволен си замина...”

465

464 Според сеќавањата на Стојан Пајковски, татко и на Германија Пајкова;

учесник во НОБ и ДАГ.

465 Сеќавањата на Методија Пајковски од село Герман за неговата револуционерна дејност во периодот 1941-1949 година. Се чуваат во ИНИ Во ковачницата на своите родители младата Гера, работеше се до прогонувањето на фашистичките окупатори од земјата. А кога се засили теророт на реакционерните власти во Грција и Егејска Македонија, кои дојдоа на власт во земјата како резултат на договорот во Варкиза, таа иако беше се уште млада, активно се вклучила во извршувањето на разни илегални задачи во корист на движењето. На состаноците, кои беа организирани од истакнати соселани, Германија опширно се запознава со ужасните ѕверства на грчките банди кои беа вршени врз невиното македонско население во нејзината околија. Подоцна, под лична одговорност на нејзиниот татко, таа почнала да врши курирски задачи. Чето пати ја пренесувала тајната кореспонденија која доаѓала од градот Лерин до илегалците во Преспанско. Кореспонденцијата Гера ја добивала од селските илегалци и веднаш потоа ја разнесувала кај илегалците во Германската планиниа и преспанските села. Тајната кореспонденција доаѓаше од Лерин преку илегалците Доне Арнаутов, Јани Шоферов, Стојан и Симо Колачкови и други. 466 Кон крајот на август 1946 година Германија, преку Никола Лангов, кој бил пратен во Лерин за да ги донесе гласачките листови, ги разнесувала истите по домовите на с. Герман, а со тоа ги агитераше селаните да гласаат за “Демократијата”.

Во септември истата година, благодарејќи на нејзината активност во борбата за ослободувањето на македонскиот и грчкиот народ, таа станала член на младинската организација ЕПОН. Во нејзините редови Гера ја продолжува својата демократска дејност.

Занаетот што го научи кај своите родители, таа го искористува да го даде во служба на борбата. Раководството на ДАГ и довери тешка и одговорна задача. Гера требаше и понатаму да работи во ковачницата на своите родители. Дење и ноќе, во многу тешки услови, таа заедно со својата братучетка Менка Пајковска изработувала 500 клинци дневно за потковување на коњите на ДАГ.

467 Ценејќи ја нејзината благородна работа во 466 Според искажувањата на Стојан Пајковски и Методија Пајковски...

467 Според искажувањата на Менка Пајковска, од село Герман; учесник во ДАГ.

ковачницата на своите родители, поетот Паскал Паскалевски 468 го пишува следното: “...Со жилавите свои раце цврсто го држеше чеканот и маваше со сила на црвеното железо, како нејзините другари против врагот на фронтот. Умор не знаеше.

Нејзините очи блескаво светеа и секој удар беше нож во срцето на непријателот...” 469 Во ковачницата на своите родители Гера работеше се до крајот на септември 1947 година.

Во октомври истата година, вршејќи секојдневна напорна работа, Германија Пајкова се разболе од жолтица.

Раководството на движењето и нареди сега таа да изработува само 200 клинци дневно. Но Гера и понатаму изработуваше 500 клинци дневно.

Во март 1948 година се вклучува во работата на кооперативата на слободната територија на ДАГ. Благодарејќи на нејзината неуморна работа и тука таа често пати беше пофалувана преку печатот на НОФ.

Во октомври истата година, Германија со пушка в рака доброволно стапува во редовите на ДАГ. Бидејќи беше се уште млада за да се бори со оружје против непријателот, нејзините најблиски ја советуваа да замине во слободниот дел на Македонија и таму да се школува. Но таа категорички одби. На своите роднини Гера им велеше: “Прво да се ослободиме од грчките монархофашисти, а потоа ќе се школуваме...” На 12 февруари 1949 година, Германија Пајкова, како борец во 14-та бригада на ДАГ учествува во борбите за заземањето на Земјоделското училиште во градот Лерин. Во оваа жестока и крвава борва во која единиците на ДАГ претрпеа катастрофален 468 Поетот Паскал Паскалевски е роден во село Долени, Костурско. Во времето на Граѓанската војна во Грција беше член на Агит-проп на НОФ и поет чии песни беа објавувани во весникот “Непокорен” и во списанието “Нова Македонка”, органи на Главниот одбор на НОФ и АФЖ за Егејска Македонија. Беше директор на курсот за народни македонски учители “Гоце Делчев”.

469 Цитирано од Паскал Паскалевски, Пајкова Германија. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 183.

пораз, таа беше тешко ранета во лицето. При отстапувањето на борците на ДАГ од градот, носителките на ранети, мислејќи дека е мртва, не ја земале со себе. Но откако се освестила, грчките војници ја заробиле и привремено ја сместиле во леринската болница. На другиот ден, во болницата дојде нејзиниот соселанец Петре Мучкаров заедно со лекарот Спиропулос за да ја советуваат како таа да зборува пред воениот суд за да може да се спаси. Но таа категорички одби и не се согласи да зборува против борбата на својот народ. По кратко време, без никакво судење беше стрелана во Лерин заено со други заробеници. 470 Германија Пајкова умре во цутот на својата младост. Но народот нејзината храброст не ја заборави. Народниот поет Паскал Паскалевски и ја посвети следнава стихотворба:

КОВАЧКА Од бедност и новеља, ковачка стана Чупенце влезе во работниот свет Во незрела младост, во утрина рана Го истата тешкиот човечки гнет.

Во раката чеканот цврсто го држи, И мава со сила на наквасен враг Ко огинот искри нејзината мржња, Со чекан го брани татковиот праг!

Во очите нејзини пламени светат, А в градите млади се собрала јад Од класовна мржња и класовна свеснот Да избави народ од фашиски ад.

Шеснаесетгодишно девојче младо, Германија знае што значи црн труд, На нејзина возраст девојките в градот Со кукли си играат, се гледаат ко цут.

470 Според искажувањата на Петре Мучкаров, од село Герман.

В Германини раце, чеканот пее, Искрите летаат во чудесен дожд, На секој удар слободата грее, И в срцето фашиско лут става нож. 471 471 Цитирано од Монографијата со спомен-албум за село Герман – Преспанско. Скопје, 1979, стр. 75.