Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ТАНАС МАНОВ (1926-1947)

By Ташко Мамуровски · Part 29 of 42 · About 6 minutes

Read in English

ТАНАС МАНОВ (1926-1947)

Танас Манов е роден во селото Бапчор, Костурско, во 1926 година, во сиромашно земјоделско сточарско семејство. По завршувањето на основното училиште тој заедно со своите браќа Ѓорѓи, Мане и Јован им помагаше на своите родители во земјоделските и сточарските работи.

За време на германската, италијанската и бугарската окупација на земјата, Танас иако се уште млад се вклучува во борбата против окупаторот и работи како позадински активист, вршејќи курирска и друга дејност меѓу младината. Со оваа дејност тој се занимава се до крајот на фашистичката окупација на Грција и Егејска Македонија.

По договорот на Варкиза, Танас и неговото семејство како бивши припадници во антифашистичкото движење, беа прогонувани од тогашниот реакционерен режим во Грција.

446 Во ваквата неснослива ситуација Танас заедно со други родољуби од родното село беше принуден да премине во илегалство.

Кон крајот на пролетта 1945 година, со создавањето на организацијата НОФ во селото Бапчор, Танас Манов станува активист на НОФ. Во истиот период од страна на ЕАМ беа организирани протестни акции /демонстрации/ во градот Костур против режимот на грчката реакција. Во тие демонстрации активно се вклучи и организацијата НОФ во селото Бапчор и од другите околни села. Меѓу истакнатите демонстранти беше и Танас Манов кој извикуваше пароли против монархијата. Такви демонстрации беа организирани често пати.

447 Потребно е да се подвлече дека и татко му на Танас, Ристо, како стар комунист често пати беше малтретиран во селската 446 Според сеќавањата на Танас Андреев, од село Бапчор; учесник во НОБ и ДАГ. За време на граѓанската војна тој ја одржуваше телефонската врска помеѓу Штабот на 18-та бригада на ДАГ, односно 11-та дивизија на ДАГ, со Главниот штаб на ДАГ и со другите единици на ДАГ.

447 Истото.

полициска станица поради неговите револуционерни идеи и поради активноста на неговите деца.

Кога во првата половина на 1946 година се појавиле првите вооружени групи на НОФ на планината Вичо, борците на овие групи го најдоа селото Бапчор уште од порано организирано против грчката реакција.

Некаде кон крајот на март истата година грчката полиција го блокира селото Бапчор и изврши претрес по сите куќи. Танас и неговите другари веднаш ги известија илегалците и активно помогнаа тие да се извлечат од опасноста, односно да се засолнат во месноста “Шипково”, на планината Вичо.

448 На 18 август 1946 година, ноќно време, една воена формација на НОФ на чело со Ѓорѓи Калков од селото Вишени и Ѓорѓи Шарин-Лилјак, од селото Бапчор, негов заменик, ја нападнаа полициската станица во Бапчор. Акцијата не беше добро подготвена и поради тоа борбата заврши без успех.

Партизаните се повлекоа на планината Вичо. Меѓутоа веднаш пристигна војската од селата Вишени и Кономлати и го блокира селото. Но некои Бапчорци меѓу кои Коле Пејков, Стасе Андреев, Танас Андреев, Васил Богданов, Стратиго Богданов, Науме Димов и други кои за време на блокадата беа отсутни со своите коњи надвор од селото, по долго размислување решиле да се вратат дома за да не им ги изгорат куќите.

449 Но, некои други селани, меѓу кои Танас Манев, Васил Манев, Јован Манев, Васил Шамановски, Ѓорѓи Пејков и други, ја одбегнаа судбината на првите кои беа веднаш уапсени заедно со неколку десетици други соселани и ѕверски малтретирани во селското училиште /Васил Богданов – скршени раце, Ристо Апостолов – скршена глава итн./. Овие вторите сите до еден се приклучија во одредот на Ѓорѓи Калков. 450 448 Податоци за селото Бапчор, Костурско. Се чуваат во ИНИ.

449 Според сеќавањата на Ристо Цигулев, од село Бапчор; учесник во НОБ и ДАГ. Истото: Според сеќавањата на Танас Андреев...

450 Според сеќавањата на Ѓорѓи Пејков, од село Бапчор; учесник во НОБ и ДАГ; командир на чета во 18-та бригада на ДАГ.

Сите затвореници, вкупно 64 лица беа спроведени во селото Жервени каде селаните колку можеа им помогнаа на ранетите.

Од селото Жервени со камиони беа префрлени во Костур. Тука повторно беа подложени на малтретирање и беа ставени на потсмев на реакционерните елементи. Од 64-те лица 15-те беа испратени во затворот во Кожани и изведени пред воен суд.

Неколку дена потоа во Кожани ги доведоа и останатите. Овде во затворот останаа од август 1946 година се до јануари 1947 година. Дури наредната година беа обратно доведени во Костур и изведени пред воен суд. Со амнестијата беа ослободени 59 лица, а останатите 5 лица беа задржани во затворот како најопасни за режимот. 451 По кратко време и тие беа ослободени.

На 12 март 1947 година, таткото на Танас, Ристо заедно со својот син Ѓорѓи, преку предавство повторно беше уапсен од грчката полиција во својата колиба. Двајцата беа осудени од воен суд во Костур и беа испратени во грчките злогласни затвори. Тие имаат одлежано по десет години затвор во разни концентрациони логори во грчките острови.

452 Танас Манов кој во меѓувреме се наоѓаше во одредот на Ѓорѓи Калков, по воспоставувањето на борбеното единство помеѓу единиците на НОФ и единиците на КПГ во ноември 1946 година, продолжи да се бори во редовите на ДАГ. Тој учествува во многубројни борби на планината Вичо. Тука беше ранет во ногата. По неговото оздравување повторно се враќа во редовите на ДАГ и продолжува да се бори во разни места на Егејска Македонија и Грција.

451 Податоци за селото Бапчор, Костурско... Истото: Според сеќавањата на Ѓорѓи Пејков...

452 Не можат да се заборават и заслугите на Мане Манов, братот на Танас Манов. Тој е роден во 1924 година. За време на Граѓанската војна во Грција, еден краток период тој му беше личен курир на истакнатиот македонски револуционер и борец во ДАГ Пандо Шиперков. Подоцна се вореше во редовите на 18-та бригада на ДАГ во четата на Ѓорѓи Пејков. За време на летната непријателска офанзива, во 1948 година на планината Грамос, Мане беше тешко ранет. Почина во градот Корча.

На 31 март 1947 година во борбата на единиците на ДАГ за заземањето на селото Ревани, Костурско, Танас Манов падна пронижан од непријателски куршум. 453 Монархофашистите и по неговата смрт ѕверски се однесоа со неговото тело. Тие му ја отсекоа неговата глава и набиена на копје ја однесоа во градот Костур. Тие ја покажуваа неговата глава низ улиците на градот за да го плашат народот и да докажат на реакцијата дека го убиле храбриот македонски партизан Танас Манов.

Во знак на признание за херојската смрт на Танас Манов кој што беше трета по ред жртва во редовите на ДАГ од селото Бапчор, народниот творец му ја испеа следната песна:

Зар за тебе, Македонијо, со голем мерак се борев, со голем мерак се борев, тебе да те ослободам.

Од прва рана јас откинав, втора рана не ме остави, за да шетам нашите гора, нашата мила Македонија.

Мајка Танас си го чека, па назад да му се врати, ама Танас ми го нема, тој ми падна и загина.

Плачи, мајко, плачи татко, плачи, сестро, мојата младост, плачи горо, плачи сестро, плачи оба да плачиме.

Тие за твоите лисја, горо, јас за мојата младост, твоите лисја, горо, сестро, пак назад ќе ти се врнат.

Ама мојата младост, горо, назад нема да се врни.

453 Според сеќавањата на Ѓорѓи Пејков... Истото: Податоци за селото Бапчор...