Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)
ВАНГЕЛ МАНГОВ (1912-1947)
ВАНГЕЛ МАНГОВ (1912-1947)
Меѓу видните македонски револуционери и комунисти од Костурска околија, кои целиот свој живот го посветија за слободата на својот народ е и Вангел Мангов. Тој е роден во 1912 година, во село Жупаништа, во сиромашно земјоделско семејство, но со прогресивно-револуционерни идеи. Во 1926 година, откако го заврши основното училиште во родното село, тој жеден за учење го продолжи своето школување прво во Костурската, а потоа во Цотилската гимназија. 435 Уште како гимназијалец, Вангел опширно се запознава со напредните идеи на работничката класа и класно се определува за програмата на работничкото движење во земјата. Поради ваквите негови идеи тој беше исклучен од гимназијата.
Во 1930 година на еден собир во црквата над селото Дреновени, Костурско, Вангел истапува со пламенен говор против експлоатацијата на работничката класа. Поради ваквото негово истапување тој беше уапсен од грчката полиција и беше ставен во костурскиот затвор.
436 Во периодот 1933-1936 година, Вангел Мангов, кој веќе беше познат како активен пропагатор на комунистичките идеи во својата околија, активно учествува во пропагирањето на програмата на комунистите во предизборната кампања за парламентарни избори во Грција. Поради ваквата негова револуционерна дејност тој повторно беше уапсен од грчката полиција, а потоа осуден на четири месеци строг затвор.
437 Во 1939 година, за време на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција, Вангел, заедно со стотици други комунисти од Костурско, по трет пат беше уапсен од грчките власти, потоа ѕверски беше мачен и осуден на девет месеци затвор. Вреди да се подвлече и тоа дека поради неговите револуционерни идеи, 435 Мангов Вангел. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 151.
436 Според сеќавањата на Ана Мангова, сестра на Вангел Мангов; учесник во НОБ и ДАГ.
437 Мангов Вангел. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 151.
неговата куќа постојано беше претресувана од страна на грчката полиција и жандармерија. 438 По ослободувањето од затворот, Вангел Мангов беше мобилизиран во грчката армија, а потоа испратен на фронтот за да се бори против италијанскиот агресор.
Подоцна, по растурањето на Албанскиот фронт, тој со елан и пожртвуваност се фрли во борбата против германско-италијанските и бугарските окупатори на земјата. Активно работи за собирање и складирање на напуштеното оружје од грчките војници кои се повлекуваа од Албанскиот фронт и за организирање на селаните во борба против странските окупатори и домашните предавници.
Во 1942 година Вангел беше уапсен од окупаторските власти, а тоа поради убиството на предателот капетан Лакис и осуден на 11 месеци строг затвор. Неговата трагедија стана уште поголема кога во затворот беше фрлена и неговата сопруга Софија заедно со нивното дете, а кое поради свирепите мачења умре во затворот.
439 По ослободувањето од затворот, Вангел Мангов не престанува да се бори. Тој веднаш се вклучува во антифашистичкото движење, во почетокот како раководител во политичките организации во Костурско, а потоа како политички комесар на еден партизански одред на ЕЛАС.
440 Исто така, тој неуморно го агитира македонското население против опасноста од бугарската фашистичка пропаганда во неговата околија која настојуваше да ги фрли Македонците во меѓусебна братоубиствена војна.
Во мај 1944 година, Вангел, заедно со други македонски борци на ЕЛАС, несогласувајќи се со неправилната политика на КПГ и ЕЛАС во однос кон македонското национално прашање, во 438 Според сеќавањата на Мичо Шишков, од село Жупаништа; комесар на одредот “Лазо Трповски”. Во 1945 година стана секретар на Окружното раководство на НОФ во Костурско-Преспанскиот реон.
439 Мангов Вангел. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 151.
440 Истото.
знак на протест преминува во вардарскиот дел на Македонија и во составот на македонските единици од тој дел на Македонија ја продолжува борбата против окупаторот и домашните предавници. 441 Подоцна, во ноември истата година, во својство на политички комесар на баталјон во Првата ударна бригада на Македонците под Грција, тој храбро се бори за конечно прогонување на окупаторот и балистичките банди во околината на градовите Тетово, Кичево и Гостивар.
По расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција, Вангел Мангов, заедно со група Македонци од родниот крај го посетуваше партиско-политичкиот курс во Скопје. По успешното завршување на курсот беше даден на располагање при Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија.
Кон крајот на пролетта 1945 година, Вангел Мангов, заедно со други другари се враќа во родниот крај на планината Малимади и ја продолжува борбата против новите реакционерни власти во Грција.
Подоцна, во 1946 година, благодарејќи на неговата неуморна активност и пожртвуваност во борбата против грчката реакција тој станува политички комесар на партизански одред.
442 Во многу кратко време се истакнува меѓу борците на ДАГ. Тој е веќе искусен револуционер и борец за македонски права, и не случајно, грчките власти во 1946 година преку весниците објавија парична награда од 250.000 драхми за неговата глава.
443
441 Повик од СНОФ за Костурско до македонскиот народ, со кој под притисок од раководството на КПГ е осудена акцијата на Наум Пејов и други Македонци за отцепување од ЕЛАС. “Егејска Македонија во НОБ 1944-1945”, Т. I, док. 105, с. 118-119. Истото: Писмо од одредот на ЕЛАС -“Вич” до единицата на НОВ на Македонија во Преспа, со кое бара да ги врати 30-те борци кои се отцепиле од ЕЛАС и минале во редовите на НОВ на Македонија. “Егејска Македонија во НОБ 1944-1945”, Т. I... док. 109, стр.
122-123.
442 Мангов Вангел. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 152.
443 Истото.
На 26 март 1947 година, Вангел Мангов заминува по борбена задача кон Сливенскиот манастир каде стационираше една непријателска единица. Но ненадејно, преку предавство на патот беше заробен од владините војници. Тој не губи многу време... Некако успева да се ослободи од рацете на непријателот и, настојувајќи да се спаси, се фрли од височината на една карпа во реката Бистрица. Еден непријателски куршум смртно го пронижува.
На другиот ден, селаните од селото Сливени го најдоа мртвото тело на Вангел Мангов на брегот на споменатата река.
444 Монархофашистите со камион го пренесоа во полициската станица во Четирок. Таму џелатите му ја отсекоа главата и му ја ставиле во една кутија. Потоа му ја дадоа на едно мало дете по име Паскал да ја донесе во Костур за да го плашат народот. 445 444 Според сеќавањата на Ана Мангова...
445 Мангов Вангел. Во кн. “За света народна слобода”..., стр. 152.
Use the left and right arrow keys to turn the page.
Printed from https://macedonianhistory.ca/narrative/bright-figures-mac/28 on October 29, 2026