Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Become a member!

Bright Figures from Aegean Macedonia (1945-1949)

ЈАНИ ЛУКРОВ (1922-1948)

By Ташко Мамуровски · Part 26 of 42 · About 6 minutes

Read in English

ЈАНИ ЛУКРОВ (1922-1948)

Јани Лукров е истакнат борец во македонското народноослободително движење и на Демократската армија на Грција од село В’мбел, Костурско. Роден е во 1922 година, во сиромашно земјоделско семејство, но со напредни револуционерни традиции.

Во 1936 година, по завршувањето на основното училиште во родното село, Јани, заедно со татко му Ристо, се пријавува кај чевларот Насо Толев во селото Руља, со цел да го изучува чевларскиот занает.

405 Наредната година, откако добро го совлада чевларскиот занает, тој отвори на сред село своја чевларска работилница.

406 Уште од самиот почеток работата во чевларската работилница добро му тргнала. Тој добро се однесувал кон луѓето, па затоа и тие го почитувале.

Фашистичката окупација на Грција, Јани го затекнала во својата работилница. Во неговиот чевларски дуќан секојдневно се слушале селски разговори. Тие разговори му овозможувале поопширно да се запознае со прогресивните идеи кои ги ширеа напредните селани. Постарите селани раскажувале за животот на Македонците под турско ропство, за деновите од Илинденското востание и за новите грчки господари коишто по Балканските војни, вршеа нечуен терор и асимилација врз македноското население по македонските села. Се разбира, ваквите разговори многу влијаеле за развивањето на неговата македонска национална свест.

407 Кон крајот на 1942 година, Јани, заедно со други напредни младинци од родното село, стапува во редовите на младинската комунистичка организација ОКНЕ и, како активен член на оваа организација стана одговорен на младинската тројка во селото 405 Според сеќавањата на Сотир Лукровски, брат на Јани Лукров; учесник во НОБ и ДАГ.

406 Истото.

407 Според сеќавањата на Никола Пановски, од село В’мбел; секретар на Околискиот и Окружниот одбор на НОФ за Костурско.

В’мбел. Благодарејќи на неговата неуморна активност во борбата против окупаторот, наредната година тој беше вклучен во секретаријатот на селската партиска организација на КПГ. 408 Во редовите на Партијата тој неуморно го агитираше народот што помасовно да се бори против окупаторот и домашните предавници.

Кон крајот на 1943 година, Јани, заедно со неколку свои соселани доброволно стапува во редовите на ЕЛАС и во нејзините борбени единици со елан и пожртвуваност се бори за прогонување на окупаторот од земјата.

Во почетокот на мај 1944 година, Јани Лукров, заедно со група македонски партизани на ЕЛАС, енергично му се спротивставува на неправилниот став на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање и, во знак на протест, се отцепува од единиците на ЕЛАС и преминува во вардарскиот дел на Македонија каде во составот на партизанските единици од овој дел на Македонија ја продолжува борбата против окупаторот.

409 Во втората половина на јули 1944 година, по постигнатиот договор помеѓу КПГ и КПМ, Јани, со една група македонски партизани од Костурско и Леринско, се враќа во родниот крај и веднаш се вклучува во редовите на новоформираниот македонски баталјон “Гоце”.

410 Во почетокот на октомври истата година дојде до повторно недоразбирање меѓу македонските партизани на ЕЛАС и раководството на КПГ и ЕЛАС. Командата на ЕЛАС со наредба одлучува да го расформира баталјонот “Гоце”. Македонските борци енергично им се спротивставуваат на оваа со ништо неоправдана одлука на КПГ и ЕЛАС и за да се избегне крвопролевањето, тие повторно преминуваат во вардарскиот дел на Македонија. Заедно со нив преминува и Јани Лукров. Во селото Велушина, Битолско, тој беше поставен за заменик

408 Истото.

409 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера, Васко Макриевски и Милтијади Ковачевски.

410 Истото.

командир на чета во петтиот баталјон кој го сочинуваа борци од Костурско и Леринско. Како посебна единица борците од Костурско и Леринско влегуваа во составот на 49-та дивизија на НОВ на Македонија. 411 Подоцна, со формирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Јани беше избран за заменик командир на чета во специјалниот баталјон на истата бригада. Во редовите на оваа бригада тој учествува во сите нејзини борби кои беа водени во околината на градовите Кичево, Гостивар, Тетово итн.

412 Во мај 1945 година, по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција, Јани Лукров беше распореден во единиците на КНОЈ, односно во составот на Четвртата бригада, чие седиште и беше градот Битола. За постигнатите борбени заслуги во единиците на ЈНА Јани беше неколку пати пофалуван и одликуван.

413 Кон средината на 1946 година, Јани по свое лично барање беше демобилизиран од ЈНА и веднаш заминува во егејскиот дел на Македонија за да се бори против новите реакционерни власти во Грција и нивните англиски помагачи. На 20 декември 1946 година доброволно стапува во редовите на ДАГ и во многу кратко време достигнува до одговорни функции. Како примерен и искусен борец тој совесно и навреме ги извршуваше сите поставени задачи. Посебна храброст и херојство покажа во драматичните борби кои се водеа на подрачјето на планините Каракамен и Кајмакчалан против владините единици. Во тие борби Јани беше унапреден во чин капетан и командуваше со чета.

414 Во 1947 година, во една жестока и крвава борба што се водеше на планината Каракамен, од детонација Јани го изгубил слухот.

Тој со голема тага и болка на срцето принудно и напушти 411 Според сеќавањата на Мичо Каранџовски и Васко Макриевски.

412 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера, Васко Макриевски и Мичо Каранџовски...

413 Истото.

414 Т. Карамешев, Лукров Јани. Во кн. “За света народна слобода”... стр. 149.

позициите на ДАГ на тоа подрачје и заминува на лекување во една од партизанските болници на ДАГ. За време на своето лекување извесно време тој престојуваше во родното село В’мбел, кај своето семејство. 415 По неколку месеци, откако здравствената положба му се подобри, тој добива наредба од раководството на ДАГ да формира самостојна партизанска единица со задача да дејствува во позадината, односно да ги обезбедува преодните комуникации од евентуалните напади на непријателот. На чело на оваа единица тој дејствуваше во Корештата, Вичо и во други околни места.

416 Во почетокот на април 1948 година, во една жестока борба беше десеткувана целата 18-та бригада на ДАГ. Подоцна, во селото Брезница, Костурско, составот на 18-та бригада беше дополнет со позадински единици на ДАГ од околните места во чиј состав влезе и четата на Јани Лукров.

На 20 април истата година, по извршената реорганизација на 18-та бригада, Јани добива наредба со својата единица да постави заседа на патот кој водеше од Костур кон Рупишта, во месноста “Костураж”,

417 близу до селото Богацко. Борејќи се храбро во оваа нерамна борба со непријателот, Јани Лукров, заедно со многу други соборци, го положи својот борбен живот во олтарот за слободата на македонскиот народ. 418 Монархофашистичките војски ѕверски постапија со телото на Јани Лукров. Тие го однесоа во Костур и таму го влечеа по улиците на градот за да го плашат народот.

Раководството на ДАГ посмртно го унапреди по чин мајор на ДАГ.

415 Според сеќавањата на Евдокија Баљова-Вера и Милтијади Ковачевски...

416 Истото.

417 Според сеќавањата на Димитар Панков, од село В’мбел; курир на Јани Лукров.

418 Т. Карамешев, Лукров Јани. Во кн. “За света народна слобода”... стр. 149.