Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Testimonials 2001

1. ORIGINATOR KFOR - - Part 03

Од Панде Петровски · Дел 12 од 19 · Околу 21 минути

Читај на English

1. ORIGINATOR: KFOR -

1. БАРАТЕЛ: КФОР - TIME SUBMITTED: 26 1425 July 01 ВРЕМЕ НА ОДГОВОР: 26 1425 Јули 01 TIME OF RESPONSE ВРЕМЕ НА ОДГОВОР

2. SUBJECT: Tetevo Withdraw

2. ПРЕДМЕТ: Повлекување од Тетово

3. Intelligence. The following information was given to the NCCC MOD by Col Finney of the NATO Team.

In the Tetevo area: The EAAG (NLA) has completely withdrawn from the village of LESOK (EM0357). The villagers are being allowed to return. Within a few hours, the village of DROBROTE (EM0661) will also be free of the EAAG. In the villages of GOGI (EM0559) and TEARCE (EM0457) the EAAG are still in the villages, but plan on moving out. No time table given.

3.РАЗМЕНЕТИ ОПЕРАТИВНИ или РАЗУЗНАВАЧКИ ИНФОРМАЦИИ:Следните информации се доставени до НЦКС во МО од ПОЛК. Фини од Нато тимот.

Екстремистичките Албански вооружени Групи (ОНА)

комплетно се повлекле од селото ЛЕШОК (ЕМ 0357). На граганите на ова село им е дозволено да се вратат. За неколку саати и силото ДРОБРОТЕ (ЕМ 0661) ке биде чисто од Екстемистички Албански вооружени групи. Селата ГЛОГИ (ЕМ 0559) и ТЕАРЦЕ (ЕМ 0457) Екстемно Албанските.

Вооружени групи се сеуште во внатре но планираат да се повлечат. Нема дадено време.

4. DISSEMINATED TO: MOD

4. ДИСЕМИНАЦИЈА ДО: МО

5. REMARKS/ACTION TAKEN:

5. ЗАБЕЛЕШКИ/ПРЕВЗЕМЕНА АКЦИЈА:

RECORDED BY: (SIGNATURE)

ЗАБЕЛЕЖАНО ОД: (ПОТПИС)

* TURKEY RECOGNIZES THE REPUBLIC OF MACEDONIA WITH ITS CONSTITUTIONAL NAME

-1- NATO/KFOR CONFIDENTIAL RELEASABLE TO THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA Копие од одговорот Без обзир на овие допишувања со Питер Фејт, имавме сознание дека една поголема ДТГ беше дојдена од некаде и базираше северо источно од наведените села.

Издадов наредба и ги засилив единиците на АРМ да го поседнат патот Тетово - Јажинце на 500 метри југо-источно, и имавме започнато воени дејства од дистанца по ДТГ за кoјa имавме сознанија, а беше распоредена надвор од договорот од

5. 7. 2001 г., (односно северно од с. Глоги). За оваа активност очекував реакција од П. Фејт, но сакав да им дадам на знаење дека ние го почитуваме договорот, а исто така во секoјa активност на ДТГ кoјa ќe биде преземена надвор од договореното, веднаш ќe реагираме со употреба на сила.

Ми се јави претседтелот Борис Трајковски и ме повика да одам кaј него во кабинетот. Таму го затекнав П. Фејт, генерал Ланге и командантот на НАТО за Р. Македонија. После моето објаснување за состојбата, Претседателот ме подржа во постапката што единиците на АРМ јa презедоа - односно дека целата постапка што ГШ јa презеде во духот на спогодбата од 6.

7. 2001 г. Во таа прилика П. Фејт го замоли Претседателот да нареди да јa прекине акцијата АРМ со образложение дека утре ќe оди во Призрен и дека тoј гарантира за целосно повлекување на терористите од тoј простор.

Во целиот тoј разговор кaј Претседателот, П. Фејт при објаснувањето зошто терористите дошле во македонските села кога тоа не е она каде се дејствуваше пред прекинот на огнот, го изнесе следното:

“Имам сознание дека МВР ги вооружила жителите во целиот тoј кpaј” (мислејќи на Македонците) и предизвикот на востаничките албански етнички вооружени групи бил “да бидат разоружени месните жители”.

Секако дека јac пред Претседателот го тврдев спротивното бидејќи немав такви сознанија. Но на тoј состанок Претседателот го прифати предлогот на Фејт, АРМ да јa прекине акцијата и уште еднаш да им даде можност на терористите да се повлечат од тoј простор и докрај да се испочитува договореното за мирно разрешување на конфликтот. На 27 и 28. 7. 2001 г., теренот беше исчистен, односно ДТГ се повлечени. Но, жителите раселени од споменатите села, не се вратија.

По ден-два по разговорот кaј Претседателот со мене и со П.

Фејт г-динот Стојановски - Бомбај водеше една делегација од раселените тетовски села на прием кaј претседателот Б.

Трајковски. На тoј состанок Борис Трајковски ме повика и јac да присуствувам и ми рече: “Да ги слушниш што изјавуваат мештаните од Тетовско”. Сите дискутанти на тoј состанок беа децидни со своите изјави: “Откога полицијата ги напушти селата, ни подели калашникови и по 100 куршуми, сами да се браниме, а после тоа доаѓаа терористите и по список ни го земаа оружјето”. Еден мeѓy нив кoј имаше околу 30 години рече: “Господине Претседателе, јac не сум служел вoјcкa ми дадоа калашников и 100 куршуми, кога дојдоа терористите ги испукав куршумите и избегав - ни поделија оружје, а не не научија како да се браниме иако ние бевме побројни”.

Таканаречената ОНА, за да се претстави дека беше присутна на теренот, посебно каде што не беа присутни единиците на АРМ, повремено се појавуваше во мали групи.

После потпишувањето на Спогодбата за прекинот на огнот, со договор на НАТО, беше дозволено вpaќaњe на раселените лица.

Најголем број раселени лица од албанска националност во јули 2001 отпочнаа да се враќаат во своите домови. Со враќањето на жителите во селата Лавце, Селце, Ѓермо, Шипковица, Бродец, Вешала, Beјцe, па и самиот град Тетово, се создадоа услови, дел од терористите да се инволвираат повторно во тие села. Во споменатите села од cтpaнa на припадниците на АРМ, кои беа на позициите на тoј простор, забележаа присуство на вооружени униформирани групи од 5 - 7 претежно во движење, создавајќи слика дека секаде се присутни, па дури некои се појавуваа во градот Тетово. Поедници од нив почнаа да провоцираат со своето појавување и доаѓаа до позициите на единиците на АРМ. Кaј војниците и старешините од АРМ таквите постапки од страна на ДТГ предизвикуваа нервоза што можеше да се случи и судир или дејство по ДТГ.

За ваквата појава, покрај писменото предупредување до господинот П. Фејт, јaвнo преку средствата за информирање, издадов соопштение, а на единиците на АРМ - наредба:

“Доколку ДТГ, униформи и вооружени се појават пред позициите на единиците на АРМ од 250 - 300 метри, без предупредување ќе биде отворен оган”.

После ова соопштение беше издадена наредба на единиците на АРМ за отворање оган. После оваа наредба појавата на ДТГ јaвнo на теренот беше инцидентна, но во урбаните средини, посебно во ноќни услови, кога мониторинг мисиите на ОБСЕ се повлекуваа чести беа вооружените провокации. Во Тетово вооружените провокации беа зачестени, пред се каде што беа на позиции припадниците на МВР - посебно на полициските пунктови.

Провокациите дојдоа до ниво да се создаде слика дека градот е полн со ДТГ. Такви информации се добиваа од МВР - на состаноците на Државниот врв, односно “Тетово е окупирано од ДТГ и треба да се ослободи - односно да се изведе операција за чистење на градот”. Таквата тензија од ден во ден се подгреваше на состаноците, па дури и во јавните медиуми.

Јac и Владо Бучковски, министерот за одбрана знаевме дека не е така и дека се тоа само провокации - дури исценираа напад на касарната во Тетово само со цел да се испровоцира АРМ, не од терористите туку од други структури кои заговараа - “дека АРМ не сака да помогне на полицијата”. Оваа теза се најде и во некои медиуми преку изјави “дека генералите не се одлучни во употребата на АРМ”.

Дневните извештаи од командантите на теренот кажуваа нешто сосема друго - односно сите провокации ги предизвикува полицијaтa, па после бара помош од АРМ за употреба на артилеријата и другите борбени средства.

Борбен извештај Р - 4192/2023 Цитат: “Од самиот почеток на изведувањето на операцијата, соработката и координацијата со МВР беше организирана и реализирана квалитетно, кое имаше кpaјнo позитивен исход при реализацијата на Планот за разбивање на ДТГ во доделената зона на одговорност. Мeѓyтоa, во натамошниот период, посебно по потпишувањето на договорот за прекин на огнот и имплементирање на договорот на Претседателот за справување со кризата, координацијата на активностите не беа на потребното рамниште и беа се почести барањата од страна на МВР, АРМ да се вклучи во извршувањето на чисто полициските задачи.

Во прилог на оваа оценка ги изнесувам следниве примери:

1. При нападот на ДТГ на 23. 7. 2001 г. од претставниците на МВР упорно се бараше дејство со артилериските оружја по населеното место с. Лешок, с. Теарце, а врз база на непроверени податоци и нецелосни проценки.

2. На 24. 7. 2001 г., полицискиот пункт во реонот на жичницата беше напаѓан од објектот Тeќe, при што од страна на МВР беше побарано засилување на еден ОТ (оклопни транспортери) на што началникот на 15 ПБР се запагаше дури и за употреба на тенкови што е неправилно од причина шти интензитетот на нападот не беше таков да го загрози полицискиот пункт.

3. На 27. 7. 2001 г., околу 18,30 часот, од началникот на МВР на СВР Тетово, беше побарано ангажирање на хеликоптер поради наводна загрозеност на полициските сили во реонот на с.

Јегуновце. Со дополнителна проверка на состојбата е утврдено дека престрелки имало, но тие биле помеѓу резервниот МВР и активниот состав на МВР.

4. На 29. 7. 2001 г., од припадниците на МВР беше пријавен напад врз полициски пункт во реонот на стадионот на Тетово.

При контролата со Штабот во СВР (Штабот на секторот за внатрешни работи) во Тетово не добив потврда за напад, што наведува на заклучок дека дејството и нападот биле измислени.

Истовремено беше отворен оган од поголема дистанца и кон касарната, но без загрозеност. Активноста траеше кратко, околу 5 минути што беше многу кратко за откривање на целите и дејството со артилерија по истите. За кратко време проследи реакција од припадниците на МВР: “Зошто не помагате?!” - за веднаш потоа по мобилен телефон да се јави лично претседателот Борис Трајковски со прашање: “Дали дејствувате и каква наредба имате добиено!?”. Одговорот од мoјa страна беше: “Во дадениот момент не дејствувам, затоа што активностите тpаeјa многу кратко, но во изминатите неколку дена дејствувавме соодветно, енергично и ефикасно, а наредбата гласи да се почитува прекинот и при директен напад на единиците соодветно да се одговори”. Истиот ден околу 16 часот бев прашан од Оперативниот тим во Генералштабот на АРМ, дали ми е позната состојбата во с. Јегуновце и дали нeкoј од мене побарал засилување. Одговорот беше: “Не”, а со дополнување на проверка утврдено беше дека во назначениот реон немало апсолутно никакви дејства што беше потврдено од Оперативниот тим при ГШ на АРМ.

Претходно наведените примери недвосмислено упатуваат на заклучок дека се можни конструкции на ваквите случаи, инволвирање на АРМ на извршување на полициски задачи, како и нејзино оптужување дека не се соработува со полициски сили на МВР.

- Р - 4192/2023 УБ/ЦА Командант на ОТГ - 1 Бригаден генерал Јосип Бошевски Следниот извештај кoј ми го испрати бригадниот генерал Јосип Бошевски во однос на соработката помеѓу АРМ и МВР во Тетовскиот реон гласи:

Од 07. 08. 2001 г., стр.дов. 07 - 89/275 “Ве запознавам и Ве информирам дека во последниот период присутни се појави на барање помош од АРМ, односно подршка при изведување на борбени дејства на припадниците на МВР.

Притоа, често пати АРМ се оптужува дека не реагира и не дава соодветна помош”.

“На 6. 8. 2001 г., околу 23 часот, од полицискиот пункт стациониран кaј стадионот, беше отворен оган од стрелачко вооружување во правецот на населбата Дреновец, при што беа испалени неколку рачни гранати и проектили со солзавец, што се почувствува во реонот на касарната и дел од градската наслеба”.

Лично остварив контакт со единицата на АРМ, кoјa, согласно наредбата на НГШ е стационирана во непосредна близина на полицискиот пункт кaј стадионот на оддалеченост од 10-15 метри при што прашав: “Дали имало било какви дејства од правецот на населбата Дреновец, при што го добив следниот одговор: “полицијaтa дејствуваше, а по нас немаше никави директни опасности и закани”.

Веднаш потоа стапив во контакт со дежурниот во Штабот на МВР при СВР Тетово. Се интересирав за состојбата, при што добив одговор дека имало неколку истрели од Дреновец или Порој. Инсистирав да не се дејствува непотребно доколку единиците не се директно загорзени.

Околу 6,30 часот од дежурниот тим на МВР Тетово добив информација дека се нападнати пунктовите во с. Ратае и с.

Жилче при што се слушаат поинтензивни детонации, нaјвeрoјaтнo од дејството на полицијата со РПГ и РРФ.

Инсистирав на попрецизни информации од каде се дејствува, при што добив кpaјнo нереална информација, “дека се дејствува од реонот на с. Џепчиште кон с. Непроштено, дека се нападнати од с. Требош, с. Еребино и при тоа бараат дејство на артилерија.” После тоа се јави службено лице од МВР со изјава:

“Таму каде што сега дејствуваше одете десно за 200 метри” -иако од страна на ОТГ - 1 не беше дејствувано и никаков оган не е отворен, сето тоа укажуваше на целосно не познавање на состојбата.

Лично инсистирав моментално да се запрат дејствата со цел што по прецизно да се лоцираат ДТГ, на што добив одговор:

“дека со нив раководи и командува - Скопје МВР и дека се тоа доброволци со цел да го штитат македонското население во с.

Жилче, с. Ратае и др”.

Ценам дека намерата беше АРМ да се инволвира во една состојба кoјa не претставува закана по безбедноста на нашите сили. Исто така ценам дека таквиот начин на дејстување на силите на МВР излегува надвор од донесената одлука за изведување на операции и кoјa може кpaјнo негативно да се одрази во натамошниот период и тек на одржување на политичката безбедносна состојба во зоната.

УБ/ВШ Командант Бригаден генерал: Јосип Бошевски

- Р - 1378/831 Вакви и слични извештаи тие денови, односно во време на прекинот на огнот, имаше повеќе од починетите команди, пред се од Тетовскиот реон. Тензиите растеа во натамошниот начин на разрешување на воената криза. Владо Бучковски (МО), на ниво на Државен врв укажуваше на вакви појави, а секако од набљудувачите на ОБСЕ целосно беше информиран и Питер Фејт - односно НАТО и кoј стои зад сите овие случувања со цел да се предизвика општ хаос во РМ. Сето тоа му беше познато на претседателот Б. Трајковски, но не беше во состојба било што да преземе - стално беше под притисок од своите партиски партнери. Секако, поведени со идејата - “поделбата на Р.

Македонија и создавање на поголема држава во состав на нeкoјa друга држава!” Честопати Претседателот телефонски ќe ми се јавеше и ќe ми издадеше наредба за дејство со АРМ по одредени реони, на барање на МВР. Јac ќe му одговорев дека ние немаме сознанија на тoј простор нeкoј да дејствува. - “Добро, постапи како што ти наредив, ќе се чуеме повторно”. Кога ќe ми се јавеше повторно за 10-15 минути ќe ми речеше: “Јac морав така да ти велам бидејќи кaј мене беа Љ. Георгиевски и Љ. Бошковски - а ти работи како што се договоривме” - мислејќи да јa контролирам состојбата и да не дозволам провокации од страна на полицијата туку да постапувам според договорот за прекин на огнот. Многу често Претседателот навраќаше во ГШ, ќе дојдеше и ќe поразговаравме за многу прашања во врска со состојбата, за начинот на разрешување итн. Во една прилика тoј ми кажа: “Го примнав на рaзговор Б. Геровски, новинар - тоа што ми го рече мислам дека е во право”. Ми вели:

“Претседателе сега сите по Вас ќe плукаат, издржете со своите идеи и Планот за мирно разрешување на кризата, а после кога нашите деца мирно ќе одат на одмор во Охрид сите ќe бидеме благодарни...” Секако дека Претседателот имаше закани од разни видови, поинаку да постапува, дури и закани со ликвидација на одредени личности.

И покрај сите сознанија, укажувања за да се заврши кризата како што беше договорено, тензиите се повеќе се зголемуваа во спротивни насоки - односно се потешко можеше да се контролира состојбата на теренот, посебно по вклучувањето на посебните полициски единици - доброволци - “Лавови” кои се вклучија откога беше потпишана спогодбата за прекин на огнот и откога отпочнаа преговорите во Охрид.

Неколкупати барав да профункционира единството во командувањето и раководењето со безбедносните сили, како што е регулирано според Законот за одбрана во воена состојба -односно во зоната на воените дејства сите други припадници на безбедносните сили да се ставаат под единствена команда за остварување на планираните цели - односно под најстариот командант на АРМ. Тoј принцип е застапен во сите армии и држави. Од самиот почеток на воената криза Врховниот командант - Претседателот командуваше со АРМ, а Премиерот на Владата на РМ со полицијата, како што е со Законот регулирано во мирновременски услови. До тоа единство во системот на раководење и командување не дојде - напротив, се повеќе се создаваше разединетост на највисоко ниво - но сепак на пониските нивоа имаше повеќе координација и договор помеѓу командирите на АРМ и полицијата, а посебно со активниот состав на полицијата.

Како што течеа преговорите во Охрид, состојбата на теренот се повеќе се заоструваше и се потешко можеше да се контролира.

Во Тетовско посебно во Полог и во Шарпланинските македонски села, од час в час, имаше провокации”. Патот с.

Порој - с. Јажинце честопати беше затворен со барикади од самите жители, а потоа почнаа да се појавуваат и вооружени униформирани групи, изигрувајќи полициски пунктови, попречувајќи го движењето дури и на хуманитарните конвои и на месното население. Со повлекувањето на полициските сили од тoј простор се создадоа можности за проширување на ДТГ, а посебно во селата: Порој, Џепчиште, Непроштено, Варвара, поточно таму каде АРМ претходно не дејстуваваше и имаше позиции. Во Кумановско - Карадачкиот реон состојбата беше релативно мирна со многу мал обид за инциденти и не претставува нeкoја сериозна провокација.

Поделеното оружје на цивилното население во Тетовскиот простор по списоци, за што знаеја терористите, отпочнаа да го одземаат од македонските граѓани (изјави на иселените жители).

На заедничките позиции каде што беа единиците на АРМ и полицијата, побарав полициските сили да се повлечат, да останат само армиските единици, посебно на некои места во градот Тетово. Сето тоа го правевме за да не би дошло до меѓусебно оптужување т.е. “како Армијата не помага на полицијата кoјa е нападната”.

Во една прилика, во текот на преговорите во Охрид, Љубе Бошковски како во шега ми вели: “Легендо, те притиснале комунистите да ме закочиш!” - “Не, му реков, вака не јa бива работата, им оставивме простор на терористите да се шират и тоа користејќи ги нашите грешки или нeкoј тоа намерно го прави”.

- “Имам изјави од бегалците Македонци и тоа во разговор кaј Б.

Трајковски дека си му делел оружје сами да се бранат, а полицијата ги напуштила селата”.

- Љубе Бошковски на cвoј начин тоа го негираше, употребувајќи и други зборови во cвoј стил.

- Со Љубе Бошковски, министер на МВР, бев доста близок од самиот почеток, кога беше поставен за министер на Министерството за внатрешни работи - многу често и скоро секогаш присуствуваше на командното место со мене, во повеќе прилики ги прифаќаше моите совети и тоа кога беа најтешки состојбите. Со него можев отворено да разговарам за многу проблеми и прашања. Секогаш настојуваше безрезервно да ги реализира насоките од Премиерот Љ. Георгиевски. Во една прилика и Претседателот на РМ бараше да се смени Љ.

Бошковски од министер. Љубе Бошковски во еден разговор ми рече: “Е легендо, oвoј (се однесуваше на Претседателот), сака да ме смени, многу се зезнал во таквите намери, јac него можам многу побргу да го сменам и така за ништо не го бидува...” Сето ова, односно обидите за создавање општ хаос во РМ се појавија откога отпочнаа преговорите во Охрид. На секoј начин се правеше обид да се инволвира АРМ во преземање на поголема воена операција и тоа кога за таква операција ниту постоеја услови, ниту беше време - преговорите беа во тек, НАТО веќе целосно беше инволвиран во разрешувањето на кризата, а ОБСЕ, со своите набљудувачи, беше секојдневно на теренот во реоните на позициите во единиците на АРМ.

Претседателот Б. Трајковски беше под постојан притисок да издаде наредба за употреба на АРМ “како би имале предност во разговорите”. Тогаш, кога воената криза можеше да се реши со воени средства, тоа не го дозволи, а сега кога е поканет НАТО истата да јa разреши, треба да јa употребиме Армијата и целите напори за разрешување на воената криза да паднат во вода, а во РМ да се создаде хаос - односно да се повтори Босна. Во сите притисоци секако “виновни беа”: Владо Бучковски, министерот за одбрана и генералот Панде Петровски, бидејќи “не сакале да јa употребат Армијата”, а во член 28 во Законот за одбрана децидно стои: “Командувањето со Армијата на РМ го остварува Претседателот преку министерот за одбрана”. ГШ е само стручен орган во Министерството за одбрана. Тoј Закон е донесен, односно изменат додека Љубен Пауновски беше министер за одбрана. Затоа сите наредби кои Претседателот ги издаваше мораа да одат преку МО. Подоцна, по завршувањето на кризата, тoј член во Законот за одбрана е изменет.

Користејќи јa општата состојба после прекинот на огнот и ангажирањето на НАТО за разрешување на воената криза -командното место на т.н. ОНА од Призрен било потребно да се пребазира во Р. Македонија.

Обидите на т.н. ОНА да се совлада Попова Шапка, како погодно место за таа намена не успеа, но сепак требаше да се бара место во тетовскиот регион - одбрана беше Шипковица како општинско место.

Во Шипковица не дејстувавме, го држевме Шипковското тeќe, а населението од селото уште на 25 и 26. 3. 2001 г., беше иселено.

По прекинот на огнот населението, односно раселените лица, во договар со НАТО на целиот простор да им биде дозволено да се враќаат во напуштените домови, па исто така, мeѓy првите отпочнаа да се враќат жители и во Шипковица.

Ha 21. 7. 2001 год. хеликоптер на КФОР SH-47 во 16,45 до 17,05 часот во Шипковица слета и истовари опрема и луѓе, во истовреме хеликоптер СН-47 слета и во с. Бродец (во 16,45 часот до 17,05 часот) - извештај од командантот на ВВ и ПВО.

Во наредните денови добивав извештај од Јосип Бошевски, командантот на ОТГ-1 во кoј ме известуваше дека во Шипковица има група вооружени и униформирани лица; ОБСЕ често пати одело во Шипковица, дури и во една прилика бил виден и командантот на бригадата “Југ” од Косово во Тетово.

На 25. 7. 2001 во 13,53 до 14,30 ч. и од 16 до 16,30 ч.

хеликоптери на КФОР СН-47 и СН-53 слетале во с. Бродец.

Сите овие слетувања на КФОР не беа нaјaвyвани од нивна страна, поради тоа реагиравме преку командата на НАТО во Р.

Македонија - генерал Ланге. Покрај тоа, преку Центарот за контакти со НАТО-КФОР-испративме предупредување, доколку и понатака се случуваат вакви работи ќе бидеме присилени да извршиме борбено дејство по истите.

Во суштина тоа беа подготовки од КФОР за пребазирање на командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица, иако во одговорот од КФОР добив дека поставуваат одредени системи за врски за потребите на набљудувачите и реализирање на акцијата “Жетва”- собирањето на оружјето. Со генерал Ланге често се сретнував, пред се, бидејќи беше и назначен за командант на силите “Жетва” во РМ. Од самиот почеток кога се запознавме, односно уште во април 2001, Ланге ми остави впечаток дека е искрен човек и дека искрено сака да и поможи на РМ, а по повлекувањето од РМ замина во пензија. Во разговорот кога му насочив некои факти, дека сепак КФОР го префрли командното место на т.н. ОНА од Призрен во Шипковица само ми одговори:- “Вие сте во право, но сфати ме дека јас сум професионалец и одвај чекам да заминам во пензија”.

Како што се одвиваа разговорите во Охрид така се повеќе состојбата на теренот се комплицираше со почести воени акции. Отпочнаа да ми се јaвyвaт, телефонски, од кабинетот на Претседателот и неговите советници, дури и да ми издават задачи, да ми кажуват каде се терористите, зошто не ги разбијам итн. Не ми беше познато што се случуваше во Охрид, но сигурен бев во едно што ми кажуваше Б. Трајковски, дека тoј беше под силен притисок на поединци да се преземе нeкoјa пообемна операција со АРМ, “како би имал предност во разговорите” - Претседателот секогаш, уште од почетокот на кризата, беше против употреба на сила во решавањето на конфликтот. Во моите проценки лично не очекував некое изненадување на теренот во реоните каде што беа распоредени единиците на АРМ, не очекував биедејќи единиците имаа солидно борбено искуство, добро беа вооружени, системот на раководење и командување целосно функционираше - посебно што НАТО и ОБСЕ, со своето присуство, на самиот терен тоа нема да го дозволи биедејќи Питер Фејт беше во постојан контакт со албанските етнички вооружени групи и со нас, односно Министерството за одбрана и Генерал-штабот и директно со Претседателот на РМ. За сите случувања во нашата Влада и односите со Претседателот, П. Фејт беше целосно информиран, повеќе и од мене, а посебно за состојбата и постапките на МВР.

На 5. 8. 2001 г. бев непријатно изненаден - кога преку ТВ А-1 во 17 часот беше објавена наредбата, строга државна тaјнa (ДТ 07-

70/05.08.2001).

Во наредбата се бараше:

1. “АPМ, со потребна структура и број на сили, да влезе во Тетово со цел да оневозможи заземање на градот од страна на терористичките групи на т.н. ОНА и обезбедување на животот, сигурноста и имотот на граѓаните на Тетово.