ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 03
Јac, сепак, ги сфаќав тие старешини кои се наjдоа во состоjба со своите единици да отпочнат вoјнa, сeкoј почеток е тежок, голема е одговорноста за животите на своите воjници и старешини затоа нacтoјyвaв да бидам присутен што повеќе меѓу нив и да им помогнам што подобро да ги извршат задачите.
Повторно го повикав генерал-маjорот Методи Стамболиски кaј мене во канцелариjата, уште еднаш да јa согледаме целокупната состоjба за утрешниот ден, случаjно нешто да не сме пропуштиле. После согледувањето на состоjбите му реков на генерал-маjорот Методи Стамболиски: “Ме загрижува генерал-мaјoрoт Ѓорѓи Каракутовски, не сум сигурен дека навреме ќе ги поседне планираните позиции. Ќе мораме ние максимално да се ангажираме, а посебно ти со своите началници. Јac ќе ги земам со мене само началникот на артилериjа и началникот на оклопно-механизираните единици и ќе одам во Куманово”.
Во мeѓyврeмe размислував: “Во првата - “воена тетовска операциjа” имав проблеми, нервози итн. со одобрувањето на Планот на операциjата, а во оваа операциjа, од самиот почеток, започнаа проблемите со поединци, мора да се преземат одредени мерки - мора директно да се командува со единиците ако сакаме да постигнеме успех. Според податоците со кои располагавме на просторот на Скопска Црна Гора не очекував нeкoј сериозен отпор од страна на ДТГ, но целта ми беше: да не им дозволиме извлекување преку Скопска Црна Гора кон Косово, да ги поседнеме сите правци и тактички обjекти и да воспоставиме целосна контрола на просторот. Бев убеден во себе, дека за 10 - 15 дена ќe го разрешиме проблемот со ДТГ во Р. Македонија на начин како на 25. 03. 2001 г. кога отпочнавме со операциjата во Тетовско. И не само што бев убеден во тоа, туку располагавме со доволно воени капацитети - односно АРМ располагаше со доволно сили за да се справи со ДТГ кои тогаш не беа повеќе од 200 - 250 на целиот простор”.
КОМАНДА НА 1К стр.дов.бр.200-236
28.03.2001 г.
ИТНО Редовен оперативен извештаj од 16,00 часот на 27.03. до 04.00 часот на 28.03.2001 година l.-Активности на неприjателот:
-Во 14,30 часот приметена е група од 12 униформирани лица во движење од с. Оџачар кон Малина Маала.
- Воекот на ноќта не е забележна посебна активност или движење на терористите.
2. - Активности на единиците на l.К:
- Командата и единиците на 1.К врз основа на наредбата на НГШ - (одлука за операциjа) стр.дов.бр.07-35/123 од 27.03.2001 година, ги извршиjа сите подготовки за извршување на престоjните задачи.
- На АП Криволак е извршено гаѓање со 6 послyги ЛФР 128 и сите постигнаа одличен резултат.
3. - Во единиците и к-дите ангажирани во обезбедувањето на д/г и обуката со мобилизираните состави, моралната состоjба е на потребно рамниште.
4. Барања:
-Сите барања се доставени со посебни акти.
JЛ/С КОМАНДАНТ генерал-маjор Ѓорѓи Каракутовски Да се достави до:
-НГШ на АРМ Извештај од командантот на 1.АК (Каракутовски) за подготвеноста на едниците по Планот на борбената операција МХ-1 ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА На 28 3. 2001 г. во 5 ч. наутро, со група старешини пристагнав на командното место од 1.АК - Куманово.
Првата активност која ја реализирав е тоа што побарав да ми се реферира до каде се единиците и дали ги поседнаа планираните позиции - како што беше според Планот на воената операција.
Во реферирањето се беше в ред, односно дека единиците ги зазедоа планираните позиции. Бев посебно заинтересиран, дали Третата пешадиска бригада го затвори просторот, како тактичка 3.(ТГ3) с. Белановац - с. Злокуќање и да го пресече патот кој води кон караулата Станчич (на косовска територија). Поради тоа телефонски го повикав командантот на 3.ПБР полковникот Чедо Крстевски и кратко го прашав: “Чедо, каде ти се наоѓаат единиците?” Кога ми рече кратко: “Еве, сега ќе тргнеме на почетните позиции”, не можев да поверувам. Наредено ми е до 6 часот да бидам на позициите”. Тогаш се ми стана јасно: во 6 часот треба да отпочне операцијата, а единиците се уште не тргнале на почетните позиции, односно ноќта не е искористена да се заземат позициите и тоа: единиците од 1.АК ТГ-3, која има за задача да ги затвори правците кои од Куманово излегуваат кон Косово; потоа батаљонот на воена полиција од 1.АК - кој требаше во текот на ноќта преку с. Отља да заземе позиција северо-источно од с. Отља и да биде спремен за напад кон с. Стрима и непосредно да му содејствува на десантот кој треба да се изврши на Црвен Камен - Вуксон ТТ - 1333.
Излегов од оперативната сала каде што беа присутни и останатите старешини од командата на Првиот АК да не направам скандал. Полковникот Гене Станојковски, кој беше со мене во својство на началник на ОМЕ, ме рече: “Господине генерале, дојдете малку, немојте да се нервирате, смирете се, ќе мора да го одложите нападот”. Пред да го одложам нападот се слушнав со претседателот Борис Трајковски. Кратко му објаснив и побарав да го одложам нападот за 2 часа подоцна, како би им овозможил време на командантите да ги запоседнат позициите и по дневно време да издадат задачи на потчинетите.
Претседателот Борис Трајковски ми одобри, нападот да отпочне во 8, намeсто во 6 часот.
Останатите единици, кои беа ангажирани за затворање на просторот, од запад и од север, односно ТГ - 1, баталјонот на воена полиција од ГШ и силите за десантирање беа подготвени
- но, сепак, наредив нападот да отпочне на сите правци во 8 часот.
Покрај сето ова во 5,30 часот добив извештај од командантите дека на крстосниците и патиштата што излегyваат кон Скопска Црна Гора има новинари и ТВ екипи. Иако го одложив нападот за 2 часа подоцна почнав да размислувам дали воопшто да јa отпочнам операцијата бидејќи истата е провалена - откриена, дури и точното време за почеток на напад е откриено, а не само денот на операцијата.
За командант на Оперативно-тактичката група (ОТГ-1) беше определен полковник Љубен Костовски, а за негов заменик потполковник Mapјaн Ѓорѓиевски кои имаа за задача а да напаѓаат со единиците од север према југ, односно од с. Брест према Липковското Езеро. Преку радиостаница го препознав гласот на бригадниот генерал Адил Газафер како командува со ТГ-1. Го повикав генерал-мaјорот Ѓорѓи Каракутовски и го прашав: “Ѓорѓи, кој ти командува со ОТГ-1?”, а тој ми одговори: “Полковниците Љубен Костовски и Mapјaн Ѓорѓиевски”. - “Што бара таму бригадниот генерал Адил Газафер кога ти ми рече дека е во касарната Куманово и ги подготвува единиците?” - Ништо не ми одговори. Излезе од оперативната сала во ходникот и му се јави на бригадниот генерал Адил Газафер преку мобилен телефон: “Ти реков да нe се јавуваш преку радио станица?” - “Панде ли мајкал”, мислејќи на мене дека слуша - Јaс само се насмеав цинички и му реков:
“Така не се води борба”. Бригадниот генерал Адил Газафер го тргнавме да не учествува во ова операција поради лична заштита и да нема последици во сeмeјството, иако тој беше командантот на Прва бригада, па затоа Mapјaн Ѓорѓиевски како негов заменик беше ангажиран со ТГ-1.
Покрај сето што се случуваше, иако пред тоа чувствував дека нема да наидеме на нeкој сериозен отпор, претпоставував дека операцијата е откриена и ДТГ навреме ќе се извлечат преку с.
Станчич во Косово, но сепак ќe јa реализираме операцијата: ќе ги поседниме сите правци кои водат од Р. Македонија преку Скопска Црна Гора и излегуваат кон Косово и ќе ги изолираме селата на јужните падини на Скопска Црна Гора.
На 29. 3. 2001 год. во 8 часот отпочна борбената операција.
Извршено е десантирање во реонот “Црн Камен” ТТ-1322 со силите од Шестиот одред. Со баталјонот на воената полиција од ГШ отпочна напад на правецот Рамно - Муљанска мала, а ОТГ-1 (Оперативна тактичка група - 1) од Малино Маало кон с.
Гошинце и Липковското Езеро, така што од запад и север брзо се затвори кругот без отпор од страна на ДТГ. Оперативно-тактичката група 3, којa имаше за задача да врши напад од југ и од исток да го затвори кругот и да врши напад на правецот од Слупчане - Думановце, од исток кон с. Извор и Белановце не успеа да го затвори овој правец така што патот Злокуќане и Станчиќ не беше затворен. Баталјонот на воената полиција од Првиот армиски корпус (1АК)- којa напаѓаше од с. Отља кон с.
Стрима и имаше задача да содејствува со десантираните сили на Шестиот одред задоцни и целосно не го затвори правецот.
Поради доцнење на дел од единиците на 1.АК и доведување на одредени простори како би се спречило извлекувањето на Диверзантско-терористичките групи (ДТГ) се одлучив да направам корекција на првобитната одлука.
Селото Отља ми беше многу важно стратегиско место бидејќи од с. Стрима кон с. Отља и с. Липково правците ми беа слободни за комуницирање на ДТГ. Наредив: бидејќи не можат да се затворат тие правци, да се продолжи со напад од север и да се затвори с. Отља и с. Липково од северната страна, а истовремено с. Алашевци да се запоседне и да се пресечи комуникацијата мeѓy с. Брест и с. Алашевци и да се врши контрола на Липковското Езеро, а на самата брана беше обезбедувањето со 25 полицајци - припадници на МВР.
Корекцијата беше извршена, освен што не се успеа брзо да се затвори с. Отља од север и правецот кон Косово на делот кон с.
Станчиќ.
Подоцна се покажа дека најголемиот дел од ДТГ се извлекле на Косово преку Станчич, а дел се скрија во с. Отља.
Една група, околу 20 терористи, во поширокиот реон на с.
Глажње и с. Думановце не успеа да се извлече и истата беше разбиена на местото Думановачки Рид.
Вечерта, во 21 часот, по обичај, имавме состанок со Државниот врв. Покрај претседателот Борис Трајковски беа присутни:
премиерот Љубчо Георгиевски, Стојaн Андов, Доста Димовска, Љубен Пауновски, Јово Андревски и Звонко Каширски. Бев повикан прв да реферирам за состојбата, односно за извршената операција. На самиот почеток истакнав: “Операцијата е откриена и барам од Вас господине Претседателе да извршите целосна истрага! Освен ние што сме присутни на овој состанок никој друг не знаеше кога ќe се изврши операцијата, а посебно во колку часот ќе отпочне нападот. Од каде знаеа ТВ екипите и новинарите кои вeќe во 5,30 часот беа присутни во пошироката зона на операцијата. Командантот на баталјонот на воената полиција од ГШ - капетан Љупчо Мирчевски на патот за с.
Рамно - Муљунска маала загина и тоа од кога единиците јa зазедоа Муљинска мала, а тој одеше да изврши контрола - тоа значи дека нeкој после нападот на единиците, подметнал мини на патот, а не во текот на борбените дејства. Најголем број на ДТГ - ден пред тоа, се извлекоа за Косово, а во текот на операцијата дел успеа да се извлече во с. Отља, а дел е разбиен на Думановачки Рид”.
Генерал-мајор Јово Андревски, кој никогаш ништо не рекол, реагираше, без да добие збор: “Јaс знаев дека таму нема терористи”. - Го прашав: “Од каде ти знаеше дека таму нема терористи, вeројaтно затоа што ги разби во с. Танушевци и Малино Маало!?” Maјоp Ризевски - помошник за безбедност на Министерот за одбрана, без да побара збор рече: “Планот не чинеше, ние наместо да ги тераме за Косово, ние ги теравме за Прилеп”, по потекло прилепчанец. Тогаш од се ми беше доста, и пред сите му реков: “Maјорe, Вие треба да си јa вршите Вашата работа, да откриете кој е предавник, кој ги извести терористите, а стратегијата оставете јa на нас, бидејќи ти, ниту си школски наобразован, ниту стручен за оваа работа”.
Претседателот Борис Трајковски вети дека ќе формира комисија за испитување на случајот.
Операцијата сепак се реализира усепшно, односно беа изолирани селата на јужните падини на Скопска Црна Гора, патиштата беа пресечени кои водат кон Косово, а на просторот Грачане, Чашка, Радуша во целост беа разбиени ДТГ и заземен целиот простор со единиците на АРМ и полициските сили од МВР - така што беше обезбедена целосна контрола на целиот простор на Скопска Црна Гора. Во населените места беа поставени полициски пунктови и тоа во: с. Горјани; с. Бањани;
с. Побужје; с. Љуботен; с. Страчинце, с. Матејче, с. Никуштак, с. Липково, на браната на Липковското Езеро, во с. Опае, с.
Ваксинце, на западниот дел во: с. Долно Блаце, с. Кучково, с.
Радуша и на други места.
КОМАНДА НА 1.К Стр.дов.бр.200-248
29.03.2001 година КМ-Куманово Оперативен извештај за период од 18.00 на ден 28.03.2001.
до 04.00 на ден 29.03.2001.
1.-Непријателските диверзантско-терористички сили во текот на вечерните часови и ноќта не пројавија посебни борбени активности кон нашите сили.
-Веројатно, во текот на ноќта имаат извршено дополнително минирање на сите патни правци и прегрупирање за понатамошни дејствија после опкруржувањето од страна на нашите сили.
-Најверојатен распоред и групирање е во реоните Лукар Маала, Маљок Маала во Гошинце, објект Демирски рид и Мулиска маала во с. Брест.
Околу 17.00 на ден 28.03.2001 година во реонот на Кика (тт
1512) при обидот на нашите сили за извлекување на загинатиот и ранетите припадници на нашата единица - и ВП, непријателот остварил силно дејство од сите страни од пешадиско вооружување.
2.1.-Околу 16.45 часот на ден 28.03.2001 година во реонот на Кика (тт 1512) од подметната мина смртно пострадал кап Мирчевски Љупчо а се ранети п. пор. Костов Петре, п. вод.
Илиевски Благојчо, вој. Иванов Тошо, вој. Милошевски Пецо и вој. Каралиовски Борче.
Сите се припадници на 3/2.бВП при ГШ на АРМ.
Истите се извлечени и со хеликоптер се превезени во ЦВЗУ Скопје на лекување.
2.2-Во 18.30 часот на ден 28.03.2001 година остварена е воздухопловна подршка на дејствијата на нашите единици со два борбени хеликоптери во еден налет во реонот на Демирски рид (тт 945) и огнена подршка со МФБ 120 мм од 2/3.мтбр во истиот реон.
2.3.-Околу 19.00 часот ОТГ-2 изработила оперативен распоред на силите на достигнатите линии и донесе одлука за понатамошни дејства.
2.4.-Силите од ТГ-2 продолжија со вршење на контролата на патниот правец: Куманово-Арачиново.
2.5.-Околу 20.00 часот к-дантот на ТГ-1 извести дака се запленети РРФ 90мм, опрема и муниција и однесени во магацинот на с. Танушевци.
Оперативен извештај за борбените акции на 28. и 29 03. 2001 г.
Во месец април 2001 г. со АРМ и МВР, доколку имаше политичка волја, кризата можеше целосно да се разреши со воени и политички средства. Но после операцијата во Скопска Црна Гора, АРМ останa цел м. април на позициите кои тогаш ги зазеде во Тетовскиот регион и Шар Планина и на Скопска Црна Гора, односно Карадачкиот регион. Во одржувањето на повремените состаноци на Државниот врв, од Агенцијата за разузнавање на чие чело беше Драги Гроздановски и од директорот за контраразузнавање во МВР - Горан Митевски се добија застрашувачки информации.
Во мaј 2001 г. според нивните информирања и податоци (водев прецизна евиденција) во периодот април - мaј во Р. Македонија имало влезено околу 50 000 терористи. Тие податоци ги добивале од “пријателски служби” - пред се од Англија и од САД. Се сеќавам, на еден состанок, Горан Митевски изнесе пред претседателот Борис Трајковски, дека ноќeскa од СPЈ во с.
Лојане влегле 500 - 600 терористи. Tој податок го добил од англиската разузнувачка пријателска служба. Ден пред тоа гененерал-потполковник Часлав Крстиќ од СPЈ - кој беше командант на силите за ослободување на Прешево - Бујановац, односно командант за разбивање на т.н. ОВПМБ (Армија за ослободување на Прешевската долина - Прешево, Медвеѓе и Бујановац) ме извести дека од с. Миратовци (СPЈ) во с. Лојане се префрлила една група терористи од 6 - 8. На состанокот кога Г. Митевски изнесуваше дека се 500 - 600 јaс само истакнав дека ние имаме податоци дека се 6 - 8 терористи, тоа и го проверивме. Покрај таквите податоци - непрекинато се пласираа информации дека во Гостивар, Кичево, Дебар се подготвува востание итн. Bepојaтно Државниот врв добиваше такви “информации” да се заплаши или присили конфликтот да се решава со компромиси и преговори - кога вeќe АРМ јa презеде иницијативата за целосно разбивање на ДТГ - влезени во Р. Македонија.
Во првата тетовската операција добив информации дека на Калето има 200 - 250 терористи, а реално имаше само дваесетина, додека на целиот простор 160 - 170 лесно вооружени лица. Во движење никогаш не биле повеќе од 7 - 8 терористи поради сопственото маскирање. Исто така по толкави групи ја преминува границата од Косово кон Р. Македонија.
По операцијата на Скопска Цpнa Гора, мали групи ДТГ се вклучија мeѓy населението во селата: Отља, Опае, Ваксинце, Слупчане и Оризаре. Тоа беа мали групи кои цел месец април не преземаа никакви активности, туку го подготвуваа населението за натамошна агресија.
На јaвностa и е познато што се случуваше на македонската политичка сцена во месец април истата 2001 г., а не сум овластен, и недоволно информиран, да пишувам за вкупните политички случувања и избор на широката коалициона влада -само бев сигурен дека поради тоа безбедносните сили на РМ не беа употребени, односно ги задржаа позициите кои ги освоија од 25. 3. до 30. 3. 2001 година.
Во м. април 2001 г. во Армијата на РМ отпочна со интензивна обука на резервниот состав и со формирање на единици за евентуално влошување на состојбите. Како што се формираа единиците, после извршената обука, така е заземан целиот простор вдолж западната граница од Гостивар - Маврово -Дебар до Струга, а кон Кичево и превојот Стража. На западнот дел од РМ, Диверзантско терористичките групи немаа перспектива и услови, бидејќи целиот простор беше под контрола. Шар Планина, на најтешките терени, беше покриена со уфрлени разузнувачки групи пред се на Попова Шапка, Дупен Камен, во с. Вејце, во с. Бозовце. Со дел од 2АК (Вториот армиски корпус) се затвори границата со Р. Албанија (од Стрезимир кон Кораб и с. Грекај - с. Рибница). Просторот с.
Јажинце - с. Радуша го затвораше извидувачкиот баталјон од ГШ, а патот Тетово - Порој - Јажинце до караулата Јажинце го поседна МВР со полициските сили (со околу 400 полицајци).
Односно просторот од с. Јажинце - с. Радуша па по границата на Скопска Цpнa Гора до с. Миратовци (набљудувачницата Шорта) северно од с. Лојане беше под целосна контрола на безбедносните сили. На тие простори не се појавуваа ДТГ, а каде ќe се појавеа по истите ним се дејствуваше.
КУМАНОВСКАТА ОПЕРАЦИЈА “МХ - 2” За Кумановскиот, односно Карадачкиот реон, немаше ниту една идеја, ниту намера да се подготви и изведе воена операција.
После операцијата на Скопска Црна Гора останаа слободни селата: Лојане, Ваксинце, Слупчане, Отља, Матејче на самото подножје на Скопска Црна Гора, односно 10 - 15 км северо-западно од Куманово. Сите жители од споменатите села слободно живееја, работеа и комуницираа со градовите Куманово и Скопје. Стариот пат од Лојане преку Матејче -Умин Дол - Арачиново беше слободен за сообраќај. Северно од сите споменати села беше под контрола на АРМ и МВР.
На целиот тој простор, во споменатите села, во селото Липково, како општинско место, живее преку 25 000 жители, претежно од албанска национaлност.
Посебно е тоа што сите информации до Агенцијата за разузнавање и контраразузнавање во РМ пристигнуваа од типот дека ќe се кренат албанските граѓани на востание во Гостивар, Дебар, па дури и Кичево. За просторот на јужните падини на Скопска Црна Гора, и во општинското место Липково, немаше никакви сознанија, односно информации. Началникот на МВР во Куманово не располагал со никакви информации т.е. што се случува во с. Лојане, во с. Ваксинце, с. Слупчане, с. Отља итн.
Со подготовките, посебно со уредувањето на самите села за одбрана, ни АРМ не располагаше со податоци. Надвор од самите села, единиците на АРМ го обезбедуваа просторот до границата со СPЈ на делот кон Косово и на самата Скопска Црна Гора, а посебно по патните правци од с. Извор до с.
Злокуќане и од с. Слупчане до Думановце, а во с. Танушевци немаше никакви движења, освен возилата на АРМ. Месни жители на просторот Карадак имаше многу малку, претежно старци. После операцијата во Скопска Црна Гора, односно на Карадачкиот простор, посебно во Брест, Малино Маало, Гошинце, Думановце, Белановац, со одлука на Владата на РМ се прошири граничниот појас на 10 км и АРМ во целост да го запоседне и целосно да го контролира тој простор. Последна точка што јa контролираше АРМ беше привремената набљудувачница на објектот Шотра (к. 684) помеѓу с. Лојане и с. Миратовац (на територијата на СPЈ) кој, покрај другото, го набљудуваа стариот пат од с. Лојане - кон СPЈ - с. Миратовац.
Во суштина, тој дел на границата во СPЈ го обезбедуваа граничните единици на Војскaтa на Југославија. Последна караула од силите на КФОР на територијата на СРЈ беше караулата во с. Станчич (Д. Злокуќане).
Цел месец април 2001 г. низ сите села на јужните падини на Скопска Црна Гора и патиштата слободно се сообраќаше, а населението живееше сосема нормално, па и единиците на АРМ, распоредени северно од назначените села секој ден вршеа снабдување со животни потреби и вршеа смена на едни со други војници.
При кpaјот на април 2001 г., со загинувањето на двајца војници и заробувањето на еден војник во село Ваксинце непријателот ни ги отвори очите повеќе да се сврати внимание кон тоа што се случува меѓy населението во селата Лојане, Ваксинце, Слупчане, Оризаре, Отља и Лопате.
Убистовото на двајцата војници беше кpaјно “кукавички” извршено во село Ваксинце и тоа при вpaќaњето на патролата од набљудувачницата Шотра за Кумново. Тогаш, во јaвностa и во некои западни пријателски служби веднаш дадоа соопштение дека “убиството го сториле криминaлци, а не припадници на ОНА”. Исто така јaвно сопштија дека заробениот војник бил одведен за Скопје. Сите тие случувања не мотивираа повеќе да се заинтересираме за Кумановско -Карадачкиот регион, а посебно населените места по стариот пат од СPЈ кон Матејче - Умин Дол.
Наредниот ден по убиството на двата војника и заробувањето на еден војник во Ваксинце, Воениот аташе на САД, акредитиран во РМ - полковник Роберт Линч (Robert Е. Lynсh), побара прием кaј мене. Веднаш го примив. Во разговорот почна да ме убедува дека во с. Ваксинце војниците се убиени од криминалци, дури на едниот од убијците ми го спомна името -ме замоли да не следи освета од страна на АРМ бидејќи таму живеат мирни граѓани кои не јa оправдуваат постапката на извршителите на тој подмолен чин. На тој разговор реагирав можеби малку погрубо, т.е. едноставно му реков: “Господине полковниче, Вие за еден заробен пилот во Босна ангажиравте специјани единици од САД за ослободување, мислите ли сериозно дека нашите заробени воници помалку вредат! Што би направиле Вие доколку ви убијат два војника на истиот начин!?” На кpaјот му дадов до знаење дека јaс не одлучувам што понатаму ќе преземе АРМ во врска со случајот - но ќе му предложам вечерва на Претседателот на РМ да се изведе операција на тој простор - доколку го прифати предлогот, јaс ќе јa изведам операцијата. И го прашав: “Зошто Вие со мене разговарате за употреба на АРМ, обратете се кaј генерал-потполковникот Јово Андревски, началник на Генералштабот”.
Беше коректен; ми рече дека разговарал со началникот Јово и додаде: “Tој ме прати кaј Вас”.
На 2. 5. 2001 г. во Куманово на закажан состанок се сретнав со генерал потполковник Часлав Крстиќ - командантот на силите на СPЈ за ослободување на Прешевската Долина - инаку мој колега од Косово (тој беше командант во Митровица, а јaс во Приштина). Состанокот беше таен - само со знаење на Претседателот на РМ и Премиерот на Владата.
Темата на разговор беше меѓусебно информирање и размена на информации во врска со т.н. ОНА и кога ќе влезат силите на СPЈ во Прешевската долина и дали генерал потполковник Ч.
Крстиќ планира да влезе на 25. 5. 2001 г. во Прешевската Долина и дали ние треба нешто да преземеме да не би се прелевале силите на т.н. Армија за ослободување на Прешевската Долина (Прешево, Медвеѓе, Бујановац). Бидејќи генерал-потполковник Крстиќ беше командант на силите за оваа операција, а имаше искуство од пред 2 години во Косово, разговаравме и за стручни прашања во однос на изведување на операцијата против ДТГ и за други прашања.
На тој состанок заклучивме: доколку ние планираме операција на Карадачкиот простор, тоа треба да биде до 25. 05. о.г., додека силите на BЈ (Bојскaтa на Југославија) јa држат во неизвесност т.н. “Bојскa за ослободување на прешевската долина”. После 25.
5. 2001 г., треба да се очекува прелевање на дел од тие сили во РМ - односно по влегувањето на BЈ во тој простор да бегаат кон Република Македонија.
По сите наши сознанија, со кои располагавме, беше кpaјно време да се испланира комплексна операција во Карадачкиот регион - Куманово. Инцидентот кaј с. Ваксинце јa забрза таа одлука.
За неколку дена, со соработниците, го проучив теренот на тој простор иако го знаев отпорано (од ЈHA - целиот јужен раб во време на ЈHA беше фортификациски уредуван за одбрана на кумановската котлина - односно доколку дојде до агресија од исток, после страцинската одбранбена положба, беа уредувани положбите на јужните падини на Скопска Црна Гора - Карадак).
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/4 на 29 октомври 2026