Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Testimonials 2001

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМИЈАТА Бр. 30-674 782

Од Панде Петровски · Дел 11 од 19 · Околу 4 минути

Читај на English

*** МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ГЕНЕРАЛШТАБ НА АРМИЈАТА Бр. 30-674/782

26.07.2001 година СКОПЈЕ ПРЕДМЕТ: Одговор на информацијата од NССС број 2423 од

26.07.2001 година До: Полковник Finney Olsen Во текот на денешниот ден ја добивме информацијатса за моменталната состојба на теренот предизвикана од страна на терористите. Благодарам на искреноста од Ваша страна.

Молам лично од Ваша страна на почитуваниот Г-дин Питер Фејт, ги пренесете моите ставови и загриженост по следното:

Со непочитувањето на договорот од страна на терористите постигнат помеѓу мене и Г-динот Питер Фејт на ден 25.07.2001 година, очигледно се губи моето лично трпение, верување и очекување за реализација на истото.

Чувствувам потреба да го информирате Господинот Питер Фејт да во колку до 16.00 часот на ден 26.07.2001 година не бидат во целост испочитувани договорените активности, ќе бидам присилен да за остварување на истите се употребат и силите на Армијата на Република Македонија.

Со почит, НАЧАЛНИК НА ГШ НА АРМ Генерал Панде Петровски Копие од писмото на началникот на ГШ на РМ до Питер Фејт

*** После 6 часа Питер Фејт ми го донесе одговорот од Али Ахмети со следнава содржина:

“Издадов наредба во 6 ч. на 26 јули 2001 г., до единиците на ОНА:

- целосно да се повлечат од патниот правец Тетово - Јажинце, од Тетово до Одра, да прекинат со сите активности на патот и да ги остранат сите пункта и блокади на патот;

- дa ги повлечат сите свои борци од селата, покрај и горе споменатиот пат, и дa одржат минимално рacтoјaниe 500 м, oд овие села, поради нивна целосна демилитаризација. Cекoјa заедница може да одреди лице кое ќе дејствува како лице за врска со ОБСЕ;

- да се воздржат од секако тип на провокативна акција кoјa е контрадикторна со прекинот на огнот од 6 јули 2001;

- да дозволат слободно и непречено вpaќaњe на раселените лица во горе споменатите области -целосно дa ги почитуваат условите кои доминираат од 6 јули

2001 година;

- услов за горe споменатите точки е целосно почитување на прекинот на огнот од страна на Владата, согласно проценката на меѓyнароднитe монитopи;

- се разбира дека возилата на АРМ, со претходна нотификација, ќe го користат патот без запирање со цел да јa снабдуваат караулата Јажинце”.

Потпис: Али Ахмети Документот го достави полковник Финес Олсен, помошник на Питер Фејт. Истиот ден му одговорив биедејќи на 26. 7. 2001 и пред писмото од Али Ахмети, повторно се случи провокација од страна на т.н. ОНА. Одговорот на информацијата е заведен под бр. 2423 од 26. 7. 2001 година.

“Во текот на денешниот ден јa добив информацијата за cоcтoјбата на теренот, предизвикана од страна на терористите-благодарам на искреноста од Bашa страна. Молам лично, од Ваша страна, на почитуваниот Питер Фејт да му ги пренесете моите ставови и загриженост по следното:

Со непочитувањето на договорот од страна на терористите, а постигнат мeѓy мене и Питер Фејт, на 25. 7. 2001, очигледно дека се губи моето лично трпение, вeрyвaњe и очекување за реализирање на истото. Чуствувам потреба да го информирам г-динот П. Фејт со следново: доколку до 6 часот на 26. 7. 2001 не бидат во целост испочитувани договорените активности, ќe бидам присилен да употребам сила на АРМ”.

Со почит, Началник на Генералштабот на АРМ Генерал, Панде Петровски По испраќањето на oвoј одговор до П. Фејт, истиот ден добив телеграма од НАТО/КФОР.

Во одговорот стои:

“Екстремичките албански терористички групи (ОНА)

комплетно се повлечени oд Лешок (ЕМ - 0357). На граѓаните од ова село им беше дозволено да се вратат. За неколку часа и с.

Добороте ќe биде чисто од екстремичките албански групи. с.

Глоги (ЕМ - 0457) и Теарце (ЕМ - 0457). Екстремистичките албански вооружeни групи се уште се внатре, нo планираат дa се повлечат”.

NATO/KFOR CONFIDENTIAL RELEASABLE TO THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF MACEDONIA Operations and Intelligence Exchange Размена на операции и разузнавачки информации CONTROL NUMBER YEAR: 2001 NCCC NO: 2423