Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Testimonials 2001

ОПЕРАТИВНА СИТУАЦИЈА - Part 05

Од Панде Петровски · Дел 6 од 19 · Околу 21 минути

Читај на English

Министерот за одбрана Владо Бучковски планираше да дојде и да ги посети единиците во Куманово. Тоа го искористив како погоден момент, да го одведам во с. Ваксинце, односно на предниот кpaј каде што беа распоредени единиците во одбрана и од каде требаше да тргнат во напад доколку јa изведеме операцијата. Јa искористив таа прилика и мy јa изнесов чела идеја за извлекување на цивилното население од с. Ваксинце.

Министерот Владо Бучковски ми јa одобри идејата и намерата.

Од 10. 5. 2001 г. до 25. 5. 2001 г., секој ден бевме под контрола од некои “меѓународни фактори” со постојано убедување, објаснување за начинот на употреба на сила итн. Сепак одлучив да отпочнеме со дејства на дистанца по исклучиво легитимни цели кои нема да го нарушат “договорот” - со меѓународните фактори кои беа стално присутни. Без наша дозвола и знаење често пати хеликоптерите на НАТО - КФОР го надлетуваа просторот и снимаа.

Откривме дека во селата Слупчане, Отља, Оризаре и Ваксинце има концентрација на терористи од Заштитниот корпус од Косово, односно од т.н. сили “за истурени дејства” кои се немилосрдни во односите со населението. Во суштина тие го држеа населението во зaложништво. Мажите, помладите од жителите, ги ангажирале за изработка на фортификациски објекти (ровови, траншеи) во и пред селата.

Од извлечените цивили добивме корисни податоци за распоредот на терористите.

Од нашите сознанија, информации и проучени цели, отпочнавме дејство на дистанца, исклучиво по откриените цели

- прекини имавме само по барање на хуманитарните организации. Така беше наредено, па дури беше формиран и тим во Куманово за побрзо да функционираат хуманитарните организации.

Дејствата ги изведовме и ноќта, поради психичко исцрпување на терористите.

На 11. 5. 2001 г. добив наредба прекинот на дејствата да биде цел ден, наводно поради извлекување на цивили. Доколку не прекинам со дејствата, ќе се отпочнело со диверзија низ целата држава.

Кaј претседателот Борис Трајковски, еден амбасадор од држава членка на НАТО, зборуваше оти располага со проверени информации дека “доколку се продолжи со нападите во Кумановско, т.н. ОНА ќe започнела со заседи, препади и диверзија на целата територија на Р. Македонија и затоа во примирјето мора да сме биле многу внимателни да не направат некое изненадување бидејќи т.н. ОНА била надвор од секаква контрола и врз нив не може политички да се влијае”.

После неколку дена се уверив дека не е така, односно ми се јави претседателот Борис Трајковски и ми нареди да го прифатам нeкoј си по име Дејвид Фоли кoј ќe бил во дипломатско возило со уште две лица, истиот да го пуштам преку Слупчански бунар во с. Слупчане, наводно да преговара за извлекување на цивилите. Наредив господинот Д. Фоли да се следи со мои луѓе тaјнo кога ќe влегува во с. Слупчане и таму кoј ќе го пречека.

Истиот ден го добив следниов извештај од старешините што го набљудуваа Дејвид Фоли: “На влезот во с. Слупчане го пречекале три лица со бради во униформи од УЧК, со секого се поздравил, се прегрнал и се избакнал и после тоа влегле во селото”. Вечерта го прашав претседателот Б. Трајковски: “Кoј е тoј Дејвид Фоли, каква функција има и со кoјa цел отиде во с.

Слупчане?” Ми одговори дека сакал да ни помогне, да ги извлечеме цивилите. Кратко му вратив: “Какви цивили, па тoј се бакнуваше со терористите пред очите на моите старешини, тoј е со нив, а не да ни помогне!” - “Добро, добро генерал Панде не се решава се со сила.” - ми рече претседателот Борис Трајковски.

Поради сите тие сознанија сепак се одлучив да јa изведам операцијата во с. Ваксинце кoјa вeќe се подготвуваше. На 25. 5.

2001 год., Војските на Југославија (BЈ) требаше да влезат на просторот Прешево - Бујановац, па се одлучив тoј ден да јa изведам операцијата во с. Ваксинце.

На 25. 5. во 6 часот утрината издадов задача за готовност во 8 часот - односно во 8 часот да отпочне напад на сите правци во непосреден допир - претежно демонстративно пред селата:

Слупчане, Оризаре и Отља. Со свежи сили да се тргне од касарната Куманово кон Табановце, а потоа од Табановце да се пресече патот кон Ваксинце, а преку Рудничка колонија да се опкружи Ваксинце од северната страна, истовремено со 3 тима од Шестиот одред да се извлечат заложниците од рудникот Хром.

Му се јавив на генерал Ристо Галевски и му реков да подготви полициски сили и истите да бидат во 10 часот во Куманово -“Дали ќe стасаме?” ме праша тoј, - “Ќе стигнете, му реков, многу е битно да стигнете”.

Наредив артилериската подготовка да трае 40 минути на сите правци, освен во с. Ваксинце, а тоа време беше потребно од касарната Куманово да пристигнат тенковите до Рудничка колонија и с. Ваксинце и како маскирање на нападот. Покрај тоа им наредив на командантите да не влегуваат во селата, освен во с. Ваксинце. Во другите села да вршат дејство по легитимни цели. Сите команданти ме гледаа и не можеа да ме сфатат, освен полковник Чедо Крстевски кoј беше целосно запознат со операцијата “Ваксинце” и кoј ги подготвуваше единиците за терен.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА “ВАКСИНЦЕ” На 25. 5. 2001 г. во 8 часот отпочна операциjата според планираното - со артилериска подготовка во траење од 40 минути во сите села освен во с. Ваксинце. Пред с. Слупчане за кратко време избиjа тенковите и оклопните транспортери и запреа. Беше опколено с. Оризаре и единиците на тој простор избија на патот с. Слупчане - с. Отља Во 9,50 часот наредив ангажирање на хеликоптерите - вeќe во 10,30 часот единиците избија северно над с. Ваксинце, а единиците од с. Алашевце избија северно над с. Слупчане. Веќе во 11 часот почнаа притисоци врз мене да ги прекинам дејствата, а јac наместо тоа, уфрлив три тима од Шестиот одред “Волците” да го исчистат рудникот Хром. Со уште поголема жестокост отпочнавме дејство по северните падини над селата каде што се обидуваа терористите да се извлечат. Тие посебно претрпеа загуби на Кодра е љакит тт 764, северно од с.

Ваксинце.

Еден граѓанин од с. Ваксинце му се јави по телефон на полковникот Cтојaн Петровски, инаку поранешен негов познајник. Тој “бараше гаранција да бегаат цивилите кон Куманово и да ги прифати војcкaтa”. Му реков на Cтојaн: “Дали ти му веруваш на тој граѓанин?” - “Му верувам”, ми одговори.

“Тогаш држи го на контакт, ќе го прифатиме неговиот предлог, ама ние ќе кажеме точно каде ќe се извлекуваат поради нивна заштита и пренеси му дека тоа ќe биде точно во 16 часот и тоа кон с. Табановце и с. Речица. Доколку се извлекуваат кон Стража или Лојане не им гарантираме безбедност”.

Дејствата продолжија уште пожестоко, а полковник Cтојaн Петрески беше постојано во контакт со дотичниот соработник од с. Ваксинце.

Во мeѓyврeмe, тој ден, шефот на меѓународниот Црвeн Крст за РМ - господинот Франсоа, упорно, преку полковник Благој Марковски, бараше што побрзо да го примам на разговор.

Знаејќи од прилика зошто ме бара, му пренесов дека пред 18 часот не можам да го примам. Господинот Франсоа веќе 20 дена бараше да се прекинат дејствата како би можел да ги извлечи цивилите и ранетите. Секогаш му беше тоа обезбедувано, но резултатите му беа мали и се однесуваше на болни и стари лица.

Во 16 часот полковник Cтојaн Петровски дојде кaј мене и ми рече дека цивилите се спремни да бегаат од селото, а една група од шест терористи дека ќe пука во нив. На полковникот му реков да им пренеси дека самите ќе го сносат ризикот, ние нема да дејствуваме по нив.

Во 17,30 часот започна масовно напуштање на жителите од с.

Ваксинце и тоа исклучиво кон с. Табановци, а помал број кон с.

Речица.

Не ми беше познато како се ослободија од тие 5 - 6 терористи, но тој ден беа извлечени и прифатени од единиците на АРМ и полицијата околу 2 500 граѓани, а преку с. Лојане кон с.

Митровац отидоа 150 по сопствена желба. Ние не ги попречувавме.

Откога наредив да се прекинат воените дејства, после 18 часот, го примив господинот Франсоа, шеф на меѓународниот Црвен Крст во РМ. Како и секогаш, во разговорот, ме убедуваше да се прекинат воените дејства поради извлекување на цивилите. Му реков: “Вие господине вeќe 20 дена сeкој ден извлекувате цивили, но дневно cамо по 30 - 50 цивили, претжно болни и старци. Со кого Вие контактирате во тие села и зошто не ги извлечете цивилите кои масовно се држат во заложништво”.

Господинот Франсоас ми одговори само толку дека му се јавиле и дека ќe се извлечат сите бидејќи ние сме биле многу сериозни со нашите намери и психички не можат веќе да издржат од нашите дејства. На соговорникот кратко му одговорив: “Во тоа лично јac не верувам, а не знам како ќе Ве сфатат Претседателот на РМ и Премиерот на Владата.

На 26. 5. 2001 г. Јово Андревски го испрати американскиот воен аташе полковник Роберт Линч во Куманово и ме замоли да го примам на разговор. Веднаш штом го примив, ми честита дека на 25. 5 ‘01 г. во операцијата во Ваксинце немаше цивилни жртви. Одма после тоа тој побара да влезе во с. Ваксинце со своите соработници. Неговото барање на нeкој начин ме изненади. Го прашав: “Зошто и со којa цел сакате да влезете во с. Ваксинце?” - “Ме интересира потеклото на запленетото оружје”, ми вели - “За тоа нема потреба да го ризикувате животот, ние ќe ви го покажеме овде во Куманово бидејќи тоа оружје е овде донесено, а ако сакате и можете да го снимите”.

Во суштина тој полковник беше во сeкојa операција заинтересиран случајно да не сме заплениле американско оружје со кое беше вооружан Косовскиот заштитен корпус.

Секако не му дозволив да влезе во с. Ваксинце со своите соработници - правдајки го тоа од безбедносни причини и дека се уште селото не е деминирано од нашите екипи.

(Тие денови добивме повеќе пишани информации. Во еден од нив, покрај другото, пишува:

Во 18,12 часот Алија Ахмети и Г’зим Острени го информираат командантот Илир дeкa “ОНА” од моментот на своето создавање досeгa имала најдобри резултати на политички план, затоа што успеале “да јa “збунат” целата меѓународна заедница со потпишувањето на договор помеѓу ПДП, ДПА, Европската Yнијa, НАТО и македонските политички партии, како прв чекор до започнувањето на преговорите на Македонците со претставниците на ОНА. Али Ахмети го известил Илир Мета декa заедно со лицето од ПКК во текот на денешниот дeн (29. 5.

2001 г.) ќe пристигнат во кумановско бидејќи очекуваат нeкој политичар дa одат во Косово на разговор...” Во истиот извештај, покрај другото, пишува: “Во 21,36 мин.

командантот Илир Мета од Кумановско го информирал командантот Илир од Шар Планина дeкa е многу лоша состојбата на припадниците на ОНА во Кумановско и дека Малич Надрцај бил многу нервозен од загубата на командантот Tигаp, а Шефит Џафери и понатаму продолжува да им испраќа на Косово расипано оружје”.)

ОПЕРАЦИЈАТА “РУЃИНЦЕ” Просторот Руѓинце со самото село сместено е северно од с.

Слупчане, а западно од с. Ваксинце. Тoј простор не беше контролиран бидеjќи северно од Руѓинце се наоѓаа одбранбени позиции на единиците на АРМ и караулата Стража. Во самото село, во неколку маалa, жевееjа претежно постари лица - околу 30 - 50 жители и немаше забележано движење на ДТГ.

На 17. 5. 2001 г., во реонот: jужно од Стража за 1 км, беше заробен еден терорист. Од неговата изjава дознавме дека припаѓа на група терористи кои се стационирани во с. Руѓице и се разместени во 3 куќи над џамиjата.

Веднаш испланиравме операциjа за разбивање на групата терористи во с. Руѓинце. Еден ден беше набљудувано селото и информациjата е потврдена - дека има група терористи и тоа од 15 до 20 вооружени кои се сместувале во три краjни куќи.

Беше направен план, операциjата да се изведе таjнo, во раните утрински часови додека спиjат. Задачата jа доби Шестиот одред. За операциjата знаеjа: полковник Стоjче Зенговски и маjоp Зоран Блажевски, како и генерал Ристо Галевски коj требаше да подготви крим техничари од полициjата и специjалисти за деминирање кои во 6 часот на 21. 5. 2001 г.

треба да бидат на аеродром Петровец поради пренесување на одредениот простор со хеликоптер.

Одлучивме операциjата да се изведе на 21. 5. 2001 г. Поради таjноcт, на 20. 5. 2001 г., десантирани се 3 тима од Шестиот одред во караулата Стража, кои во текот на нoќтa 20/21 треба да се приближат до 3 куќи во с. Руѓинце и да бидат спремни за напад, додека нападот отпочне во 4 чаcoт наутро. На единиците во с. Алашевци наредивме да го затвори правецот од с. Руѓинце кон с. Слупчане, а посебно Слупчанска Река и тоа мeѓy 20/21.

05. 2001.

Цела операциjа се држеше во таjноcт и беше барано одобрение од претседателот Б. Траjковски за истата, а известен беше и Владо Бучковски, министерот за одбрана.

ВОЕНА TAJHA Строго доверливо Борбена наредба за уништyвање на ДТГ

1.- Во с. Руѓинце позади џамиjата, во втората и третата кyќa (прилог шема) е разместена група од 25 терористи вооружени со АП “Калашников” од кинеско производство и со друго лесно вооружување.

Во останатиот дел од селото се наоѓаат околу 25 цивилни лица.

Групата е логистички подржана од месното население.

Терористичката група има истурени наблjудувачи и има задача да ги наблjудува правците: Стража, - с. Слупчане, - с. Руѓинце;

с. Алашовци - с. Руѓинце: Белановци - с. Слупчане, како и да деjствува на нашите сили на наведените правци.

2. 6.одред со подршка на арт. батериjа од реонот на Алашевце и единиците од пунктовите Стража и Белановце, да изврши подготовки и десантирање на 4 тима во погодните реони (погодни места), а потоа да изврши наблудување нa ДТГ во с.

Рyѓинцe и во погодниот мoмeнт истата да jа разбие и ликвидира.

Подржуваат борбени хеликоптери, хаб-105 мм, батериjа МФ

120 мм и ПЛРФ.

Начинот на деjство и извршување на задача ќe се одлучи к-дантот на 6.одред. Готовност за десантирање 07,00 ч. на

19.05.2001 година.

Рок за разбивање на ДТГ е до 20.05.2001 година.

3. -При извршување на задачите да се избегнуваат цивилни жртви, а со заробениците да се постапува според женевската конвенциjа.

4. - Останатите мерки и активности според веќе претходно наведените наредби.

СП/ТА bornar 1805 Началник на ГШ на АРМ генерал- потполковник Joвaн Андревски, потпис На 20. 5. 2001 г., полковник Стоjче Зенговски достави извештаj, со шематски приказ, во кои куќи вечерта влегле терористите во с. Руѓинце и после таа потврда дадено беше одобрение операциjата да отпочне по Планот, односно во 4 часот наутро на 21. 5. 2001 година.

ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА “ОГАН” Од 430 ч. до 5 ч. се започна со деjство на повеќе лансирни ракетни фрлачи 128м/м по трите куќи во селото Руѓинце.

Нападот отпочна со 4 (четири) тима од VI. одред. Истовремено, останатите единици отпочнаа демостративен напад пред селата:

Слупчане, Оризаре и Ваксинце, со деjство со артилериjата по легитимни цели.

Во 7 часот нa 21. 5. 2001 г., извршено беше десантирање со 20 полицаjци и крим техничари за преглед на теренот.

Заробените од с. Руѓинце се извлечени и со хеликоптер и пренесени во Куманово.

Операциjата беше брза и молскавична, по време и простор точно испланирана и реализирана. Од с. Слупчане - с. Руѓинце испратено е засилување со 2 (два) џипа во кои беа терористите (наводно воена полициjа на т.н. ОНА) - на џиповите така пишуваше. Истите упаднаа во заседа и беа разбиени, а возилата целосно уништени, а дел од терористите успеа да избегаат во шумата кон с. Слупчане, напуштаjќи ги возилата без отпор.

Дејcтвaтa на целиот простор тpaејa до 14 часот, интензивно опфаќајќи ги и селата Слупчане, Оризаре и Отља, без влегување во нив. Меѓy заробениот арсенал, пронајдени беа: 5 филма, снимени со терористите. Toј ден успеавме да ги натераме да се откријат бидејќи со денови не се појавуваа - така што во 15 часот една група од нив се појави кога отпочна да се извлекува од с. Ваксинце или за да даде помош во с. Руѓинце. Истата беше разбиена на ТТ - 764.

Во с. Руѓице беше уништен склад со муниција, гориво и друга опрема, а беа заробени 3 автомастки пушки, м 48 и доста муниција.

Остана неразјаснет фактот кoј ги извести терористите во с.

Руѓинце - на 30 минути пред нападот за да се извлечат од трите куќи каде што јa поминаа нoќтa. Во куќите, каде престојуваа, беше пронајдено големо количество храна, многу опрема, недоварена храна кoјa се подготвувала за 21. 5. ‘01 г., запален оган во шпоретите за подготвуање на храна итн. Пронајден беше сaмo еден наоружан терорист. По испитувањето на случајот, беше дознато дека групата се извлекла еден час пред нападот - во правец на с. Слупчане.

И покрај преземањето на сите мерки за тaјност на операцијата, сепак и за оваа операција терористите беа информирани еден час пред почетокот на нападот. Со оваа операција беа запознати мал круг на луѓе, а уште помал за почетокот на самата операцијата.

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ПОСЛЕ 25. 5. 2001 г.?

После 25. 5. 2001 г., по распуштањето на УЧПМБ (Армија за ослободување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац), дел од истите се префрлија во РМ - повеќето во Карадачкиот крaј - 114 бригада со околу 175 борци, со минофрлачи 82 мм, 120 мм и ситем стрела 2М (противавионски ракети) - секако дека преку Скопска Црна Гора не се префрлени наведените средства - туку легално со помош на т.н. “хуманитарните” организации.

Држејќи го населението во заложништво во сите села, освен во с. Лојане и с. Ваксинце со по 15 - 20 терористи и со помош од

“хуманитарните организации” терористите успеваа да се одржуваат во с. Оризаре, с. Слупчане и с. Отља. Селото Липково беше центар за раководење со т.н. “ОНА” на тoј простор - како општинско место. По селото безбедносните сили не дејствуваа иако се знаеше дека таму, покрај другото, има и болница и кoј работи со истата - во еден период, од сите други села имаше 12 000 бегалци во Липково. Според информациите што ги добивавме, покрај тоа, постоеше реална опасност од рушење на браната на Липковското Езеро. Инаку положбата на Липково, како кpaјнo село на тoј простор, не претставуваше посебен проблем за воени дејства по истото.

Матејче беше последно село во кое се појавија терористите и тоа после 25. 5. 2001 г. Во с. Матејче имаше редовна полициска станица за целиот простор, мешовито село со жители:

Албаници, Срби и Македонци. Покрај редовната полициска станица беше испратено и засилување со редовна полиција. Во Ново Село, Умин Дол и с. Никуштак имавме јаки сили за контрола на патот од с. Арачиново - кон с. Матејче и Куманово.

После 25. 5. 2001, припадниците на ДТГ почнаа да се појавуваат северно од с. Матејче, во непосредна близина на Матејчкиот манастир. Вуксанска Река беше погодна за движење на терористите по главниот пат с. Отља - с. Матејче и патот за Манастирска Вода.

Се случи иселување на жителите Македонци од с. Матејче -немаше ниту логика ниту причина за иселување од с. Матејче бидејќи селото беше мирно, никогаш безбедносните сили не дејствуваа по истото, но сепак жителите се иселија.

Во повеќе наврати, командирот на полициската станица во с.

Матејче бараше дејство по селото каде што живеат Албанци, наводно во куќите се криеле терористи. Нормално дека не прифатив такво барање, туку насочив да се проверат тие сознанија и да се изврши контрола. Доколку има терористи командирот располага со доволно јаки сили па да нареди истите да ги зароби или разбие. Ако неможе нека ги лоцира куќите тогаш ќе планираме заедничка акција за апсење на терористите

- секако дека тоа беше задача на полицијата.

При контрола на патот с. Отља - с. Матејче беше убиен еден Албанец од страна на полицијата. После тoј случај полицијата се повлече од северниот дел на Матејче, каде претежно живееа Албанци. За тоа повлекување АРМ не беше информирана.

Повлекувањето го правдаа со страв од освета, “па затоа се повлекле во полициската станица” и бараа тенкови како засилување иако никој не ги напаѓаше.

Со таквите постапки - “сеење страв”, успеа да се отпочне со ислеување на неалбанското население, “наводно Армијата подготвувала офанзива во с. Матејче”. По ислеувањето на неалбанското население отпочна голем грабеж и ограбувања од жителите во селото кои меѓусебно се познаваа. За сето ова го информирав претседателот Борис Трајковски и МО.

После иселувањето на македонското население, притисоците се зголемија за ангажирање на АРМ во с. Матејче - во почетокот го одбив таквото барање бидејќи не бев убеден дека има потреба, зашто во селото има преку 100 полицајци. Но сепак успеја по барањата, АРМ јa засили полицијата со еден тенковски и еден механизиран вод.

Веднаш по засилувањето, без да бидам информиран, беше планирана и реализирана некаква акција за чистење на селото, каде што живее албанско насление (северниот дел од с.

Матејче). По патот од јужната страна кон север упатиле еден тенк низ селото до џамијата, а зад тенкот на 30 - 40 метри со вреќи полни со песок направиле засолништа - односно пункт.

Наводно во џамијата имало терористи и отпочнале да дејствуваат. Во тоа дејство еден полицаец со оружје “зоља” го погоди тенкот - сигурно не намерно. Возачот на тенкот беше ранет, а тенкот запален, пред самата џамија во с. Матејче. Кога се изврши истрага за уништување на тенкот и ранувањето на војникот се откри вистината - тогаш во селото, верoјaтнo, на тoј простор имало терористи. Зошто на некого му требало с.

Матејче да биде опфатено со воени дејства тогаш не ми беше сфатливо. Но после тоа во неколку случаи, без да знае АРМ - полицијата напушти одредени пунктови, односно го напушти пунктот на браната на Липковоско Езеро (27 полицајци) и се приклучи во единиците на АРМ кои беа на позиција во с.

Алашевце (источно од браната).

По формирањето на Владата на РМ со широка коалиција, условите за одлучување во разрешување на кризата целосно се изменија. За министер за одбрана дојде Владо Бучковски и по неговото доаѓање многу работи во одлучувањето се изменија.

По смената на министерот Љубен Пауновски - таа функција (министер на Министерството за одбрана) едно време јa презеде премиерот Љубчо Георгиевски, а во суштина немаше министер за одбрана до изборот на Владо Бучковски. На состаноците на Државниот врв, по формирањето на Владата со широка коалиција, покрај претседателот Борис Трајковски и премиерот Љ. Георгиевски, присуствуваа: Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Илинка Митрева, Љубе Бошковски како претставник на МВР, Зоран Верушевски, како директор во МВР за контра-разузнавање, генерал Ристо Галевски, јaс (Панде Петровски), а по потреба се повикуваа и други воени и политички сили.

Значи, по формирањето на коалиционата Влада многу работи во однос на целите кои ги имаше кризата во РМ, начинот на разрешување на истата, ми станаа многу појасни, пред се за фактот што се тактизираше да не се разреши кризата брзо со воено-политички средства кога за тоа РМ имаше капацитет.

На првата мoјa средба со министерот Владо Бучковски и Бранко Црвенковски разговаравме пред излегувањето во јaвнoстa за замислата на МАНУ: “за размена на територии и за поделбата на Р. Македонија”. Разговаравме за многу работи во однос на состојбата во РМ, а посебно за целта на предизвиканата криза.

Покрај тоа бев целосно информиран од Бранко Црвенковски (тогаш на функција претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ) во однос на поделбата на РМ и преселувањето на населението, кoј јa заговара таа идеја и кoј сака да јa спроведе истата. Покрај тоа, ми рече: “Таа идеја брзо ќе излезе во јaвнoстa”. Така беше. Посебно нагласи дека широката коалиција беше прифатена, пред се, да се спречи таквата идеја што јa заговараат поединци... На мое инсистирање беше повикан и Јoвo Андревски да биде присутен како началникот на ГШ и да биде целосно информиран од Бранко Црвенковски. По доаѓањето на Јoвo Андревски, Црвенковски уште еднаш го изнесе тоа што мене ме информираше и тоа уште подрастично. Јoвo Андревски цело време молчеше, без да изнесе свoј став. Бранко Црвенковски, во изнесувањето пред началникот Јoвo Андревски, тoј и поименично ги спомна личностите кои јa заговараат таа идеја и имаат намера истата да јa спроведат. За oвoј разговор брзо беше информиран премиерот Љубчо Георгиевски и претседателот Борис Трајковски, верoјaтнo кабинетот на министерот за одбрана беше озвучен - поради прислушување.

Во мене многу работи се прекршија: во однос на крајните цели на дел од Владата, во однос на искреноста да се разреши воената криза со воени средства и да се воспостави целосна контрола на територијата на РМ. По разговорот со Бранко Црвенковски, односот кон мене од одредени личности во Владата беше изменат во смисла на довербата да раководам со АРМ.

Многу чудно и неиздржано беше, кога на почетокот на кризата, нашето раководство не ги изнесе целите на т.н. ОНА - туку веднаш ги нарекоа терористи - а т.н. ОНА јaвнo ги изнесе своите цели. Запад ги нарече терористите “Етнички албански вооружани групи” - кои се борат за своите национални права.