1. ORIGINATOR KFOR - - Part 04
2. АРМ да се постави на патниот правец Тетово - Јажинце со цел да јa обезбеди сигурноста на сообраќајот и да не овозможи пенетрирање на терористичките групи од шара кон селата во Полог. Обезбедувањето на правецот да се врши континуирано до следната наредба.
3. Генералштабот да направи план, подготовки и реализација на задачите од точка 1 и 2 на оваа наредба во рок од 3 дена од добивање на наредбата.
4. Началникот на Генералштабот да ме извести и да ми реферира за преземените активности, најдоцна 24 часа пред истекот на рокот на предходната точка”.
Во прво време не можев да поверувам, мислев дека е тоа чиста провокација, документ со ознака “државна тaјнa” на ТВ, а посебно Врховниот командант да издава наредби на началникот на Генералштабот преку средствата за јaвнo информирање.
Уште повеќе се сомневав биедејќи во наредбата се бараше операција во Тетово, а против кого? Во Тетово беа единиците на АРМ, не само во касарната туку и околу градот. Друго: има жители, и Македонци, и Албанци, и градот нормално функционира. Внатре во самиот град има полициски пунктови, како и воени пунктови. Така, во нервоза, го повикав полковникот Симе Спасковски, шеф на мoјoт кабинет, кратко му објаснив и го испратив во Собранието да се увери дали навистина постои таква наредба како што јa слушнав преку ТВ А1.
Тoј отиде и по кратко време ми донесе едно парче хартија, испратено преку телефакс од Охрид, со потпис на Претседателот со содржина што јa набележав во точките од 1 -
4.
Се уште не верував во тоа што го гледав: истиот ден со Претседателот се слушавме телефонски неколупати, ништо не ми спомна за наредбава. Оваа наредба не личи на одлука за употреба на АРМ во воена операција и тоа на Тетово. Се обидов да стапам во контакт со Владо Бучковски (МО), но и тoј беше во Охрид, па не беше достапен.
Во едно бев сигурен: и покрај тоа што наредбата е потпишана од Б. Трајковски, тоа не е негова волја, додека по содржината и стилот, сепак личи на неговите советници - кое подоцна се потврди.
Но, без обsир на сите мои размислувања, пред себе имав писмена наредба од Врховниот командант и тука немаше шега.
Го повикав Штабот- ги запознав и издадов насоки да се отпочне со планирање на операцијата за ослободување на Тетово и патот Порој - Јажинце.
Идејниот дел од одлуката кoјa јa издадов гласеше:
“Во наредните денови да се подготви и изведе операција за обезбедување на градот Тетово и патниот правец Тетово-Јaжинце, групирајки ги главните сили во градот, а помошните на патниот правец Тетово-Јажинце, со цел да се оневозможи заземање на градот Тетово од страна на терористичките групи на т.н. ОНА и да се обезбеди животот, сигyрноста и имотот на граѓаните на Тетово. Со единиците за борба против терористите, во содејство со соседните единици и со артилериска и авио подршка, да се обезбеди сигурност на сообраќајот на патниот правец Тетово - Јажинце и да се оневозможи пенетрирањето на терористичките групи од Шар Планина кон селата во Полог”...
- Готовост за напад: 8. 8. 2001 г.
За ова операција да се ангажират следните единици....... и тн.
Планот на операцијата, без обsир на наредбата на Врховниот командант, мора на Советот за безбедност да се одобри. Затоа очекував да се закаже седница, а истата беше закаана на 6. 8.
2001 г. во Охрид.
Со Владо Бучковски се обидував да стапам во контакт повеќепати, но не успеав новинарите, уште во Охрид бараа изјава од него, бидејќи немаше добиено таква наредба, нopмaлнo даде изјава дека нема добиено никаква наредба од Б.
Трајковски, туку е само информиран дека ТВ А1 пренесла таква наредба, а сето тоа мора да го провери.
Следниот ден на 6. 8. 2001 год. во 7 часот дојде министерот Владо Бучковски во cвoјoт кабинет, му јa однесов наредбата што јa добив преку факс и му реков: “Врз основа на ова наредба, ние подготвивме План на операцијата и одлука, а очекувам дека денес ќе не повикате на седницата на Советот за безбедност”. Министерот за одбрана јa прочита наредбата, лут, веднаш му се јави на Б. Трајковски, да реагира зошто и како е можно Министесртвото за одбрана да биде прескокнато, туку директно да се даде на генералот (началникот на ГШ).
Реакциите на министерот В. Бучковски беа исправни бидејќи не беа во согласност со член 28 од Законот за одбрана на РМ. Во разговорот со Б. Трајковски, претпоставувајки дека наредбата јa има подготвено неговиот советник за национална безбедност Никола Димитров, покрај другото, му рече: “Претседателе, Никола Димитров, наместо да се шета во Њyјopк, ќe се шета во Идризово бидејќи изнесе документ со степен на државна тaјнa преку средствата за јaвнo информирање”. А тогаш Никола Димитров беше назначен за амбасадор во САД.
Во медиумите и во печатот, ова реченица е преиначена и соопштено е наводно дека Владо Бучковски му се заканувал на Б. Трајковски дека ќe шета во Идризово” - но покасно дознав дека таа наредба јa “предал на ТВ А1 Љубомир Фрчковски заради што Министерството за одбарана покрена обвинителен акт против него.
Покасно, “благодарение” на јaвнoтo сопштение на Наредбата во Карпалак, на 8. 8. 2001 г., настрадаа недолжни војници, за кое е изнесено подолу во овие записи.
Како што претпоставив, истиот ден бевме повикани на седница на Советот за безбедност во Охрид. Тoј ден бев подготвен да поднесам оставка пред Советот доколку се одлучи да се реализира операцијата во Тетово бидејќи ги знаев намерите и целта на таа воена операција, посебно заради начинот на издавање на наредба од Врховен командант. Таков начин за пренесување наредба преку медиум во историјата на вoјyвaњeтo не се практикува, посебно во современи услови каде има многу технички средства за пренос на наредби.
Седницата беше закажана доцна попладне. На неа, покрај Претседателот, присуствуваа Премиерот, Претседателот на собранието, министерите за одбрана и на МВР, министерот за надворешни работи, јac, Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ, проф. д-р Владо Поповски, проф. д-р Tрaјaн Гоцевски како членови, кои на предходните состаноци за вакви прашања не беа повикувани.
Веднаш на почетокот на седницата се јави д-р Владо Бучковски, министерот за одбрана и остро реагираше, зошто наредбата е издадена покрај него, цитирајки го чл. 28 од Законот за одбрана кoј со таквата постапка бил нарушен. Во дискусиите, од правен аспект, имаше разни толкувања со цел да се оправда направената постапка, но да би јa прекинал сета таа некорисна дискусија се јавив со зборовите: “Не навлегувајки на начинот на издавање на наредбата од правен аспект, Врховниот командант има право да издава и директни наредби за употреба на АРМ, според Уставот, па затоа јac го подготвив планот на операцијата, ако дозволите да го изнесам”. Беа малку изненадени, но јa извадов картата каде што беше разработен планот и почнав да му реферирам на Претседателот. По моето завршување на реферирањето, веднаш отпочнаа да се поставуваат прашања од Претседателот од типот: “колку ќe има жртви цивили, колку ќе има рушење итн”.
Кратко изнесов: “Господине Претседателе, за тоа не размислувам, иако знаам дека Тетово е урбан град, дека патот Порој - Џепчиште-Јажинце е целосно од едната и другата страна на патот со куќи и дека сите жители се таму. Јac добив наредба од Вас и доколку oвoј план го одобрите бидете сигурни дека ќе биде реализиран, а доколку населението од тие села не се исели ќe има и цивилни жртви”.
Борис Трајковски кратко ми одговори: “Генерале, планот не е добар, направете нов, јac oвoј не го потпишувам” - “Според вашата наредба е изработен, јac незнам да направам друг план, задачите се децидно напишани во Вашата наредба”, му вратив.
Toј сугерираше: “Поминете со тенковите по патот од Тетово до Јажинце”. - “Претседателе јac сум професионалец, нема да ризикувам да ги загубам тенковите и членовите на послугите, а доколку би постапил како што вие велите тоа ќe се случи уште во Порој”.
Претседателот Б. Трајковски даде пауза за да се смири состојбата. На паузата ми пријде премиерот Љубчо Георгиевски и ми рече: “Генерал Панде, ајде уште еднаш објасни ми го планот”. Покрај мапата му го објаснив Планот со одредени поединости. На терасата отидов да запалам цигара. Владо Поповски ми рече: “Добар беше, не секирај се”. Зошто тоа ми го рече не знам - но насетував дека се дискутирало “дека јac не сакам да јa употребам АРМ”.
По паузата Премиерот веднаш зеде збор и рече: “Претседателе Борис, планот е одличен, ако ти не сакаш да го потпишеш, јac ќe го потпишам”. Љубе Бошковски седеше покрај мене, веднаш извика: “И јac ќe го потпишам, па нека ме носат во Хаг”.
Ги гледам и размислувам, на што личи ова, од една страна го усогласуваат Рамковниот договор, а од друга страна да се отпочне операција во осетливиот дел. Кога јa прекинаа операцијата во с. Џепчиште (27. 3. 2001) Доста Димовска ми рече: “Па што сакаш ти Генерале, да се крене народот против нас!” Размислував дали веднаш да дадам оставка, вака повеќе не одат работите, кога имавме можност да се разреши кризата со воени средства не ни дозволуваа, а сега по cекoјa цена се инсистира на комплексна операција и тоа во Тетово. Но во cекoј случај Претселателот беше апсолутно совесен што значи тоа и дека го присилија да ја потпише наредбата.
Со цел да се изнајде компромисно решение, повторно се јавив за збор и го предложив следново: “Единиците, планирани за оваа операција, ќe бидат стационирани во Еребино - во нашиот објект на 2-4 км од патот Порој - Јажинце. Доколку и натаму патот биде затворен ќе отпочнам со борбени дејства. На 7. 8.
2001, беше планирано единиците да бидат пребазирани во реоните за операција (Еребино и пошироко) и од Скопје преку Ѓорче Петров- Еребино”. Тoј предлог го прифатија сите, но планот Б. Трајковски не го пoтпиша. Со тоа заврши седницата во вилата во Охрид. Остана во текот на 7. 8. 2001, единиците да извршат марш во Еребино и таму да се подготват за евентуална операција на просторот Тетово- Јажинце.
КАРПАЛАК За престоjната операциjа за “ослободување на Тетово” и патот Тетово - Jажинце беше информирана целата јaвноcт преку ТВ-А-1, а следниот ден и преку печатот. Секако и бранителите и НАТО и т.н. ОНА. На НАТО и на т.н. ОНА им беше познато дека за таква борбена операција неопходно е да се доведат свежи сили бидејќи силите во Тетово и Тетовско не се доволни.
Да би се попречило доведувањето на сили, ако не повеќе барем за неколку дена, додека завршат преговорите, неопходно беше да се руши патот Скопје - Тетово, за што беше потребно време повторно да се стави во сообраќај. Просторот Карпалак во суштина беше најприспособен за рушење на патот, бидејќи немаше услови срушениот дел да се заобиколи. Инаку во Карпалак од самиот почеток на воената криза имаше полициски пункт, а без знаење на Министерството за одбрана истиот беше повлечен на два дена пред да се случи “Карпалак”.
Повлекувањето на полицискиот пункт беше извршено секако со нечија наредба, но не ми беше позната причината за повлекување и кој го наредил тоа од МВР. Неколу дена пред тоа, Љубе Бошковски, вршејки обиколка на Тетовскиот простор и Гостивар, при враќањето за Скопје, на самото место Карпалак, неговата придружба од оклопни транспортери отворија оган по ридовите од левата и од десната страна на местото Карпалак. Истата вечер медиумите објавија дека “Министерот за внатрешни работи е нападнат на просторот Карпалак”. Ме зачуди информацијата бидејќи таму, пред се, не беа забележани терористи, а просторот беше надвор од зоната којa е опфатена со воени дејства. Исто така сообраќајот од Скопје за Тетово и обратно, како Тетово - Гостивар - Маврово се одвиваше без било каков инцидент. Па сега тука беше ОБСЕ, НАТО кои исто така го наљудува целиот простор. Сепак се јавив до амбасадорот на НАТО, како би реагирал г-динот Ајф за проширувањето на ДТГ, надвор од договореното. Кратко ми одговори: “Не секирајте се, тоа е мала медиумска пропаганда”.
Сето тоа ми беше чудно и му се јавив на Љ. Бошковски, а тој ми одговори во cвој стил: “Да им кажеме на бандитите дека сме присутни и спремни”. Се насмеав и ништо не му одговорив.
Имајки ги предвид сите овие сознанија, за обезбедување на единиците кои треба да извршат марш од Скопје - Еребино, наредив да се вклучи ВВ и ПВО и со борбените хеликоптери да јa следи колоната којa требаше да изврши марш на 7. 8. 2001, покрај сопственото обезбедување, кој сeкој командант беше должен во такви прилики да го организира, сепак нека се вклучи и ВВ и ПВО, за сeкојa евентуалност.
На 7. 8. 2001 г. беше организирана посета на Лешок по патот Тетово - Јажинце од Кординационото тело за спречување со кризи. Покрај дел од раселените лица, во таа посета отиде и министерот Владо Бучковски, пред се да се увери дали навистина патот е затворен и за сето тоа што на 5. 7. 2001 со наредбата од Врховниот командант е наредено. Со Владо Бучковски беше и Државниот секретар Владо Ѓоревски.
Бидејќи министерот беше целосно информиран кога единиците од Скопје треба да извршат марш за Еребино а тоа во суштина беше тој ден 7. 8. 2001 год. од Лешок ми се јави В. Ѓорески и ми рече: “Господине генерале, министерот ми рече да Ве замолам, доколу маршот можете да го одложите да не би се случило непредвидено при вpaќaњeто за Скопје, односно да не ги предизвикаме терористите да го блокираат патот Лешок -Порој, па иселениците и ние не ќе можеме да се вратиме”-“Добро Ѓоревски, му вратив, нема никакви проблеми и утре да се реализира маршот - имаме време, мислејки дека според Наредбата од Врховниот командант ми е дадено 3 дена за подготовки за операцијата. Поради тоа, наместо на 7. 8. 2001, маршот со единиците за операцијата беше препланиран за 8. 8.
2001 со почеток во 9 часот.
Во Тетовскиот реон беа распоредени единиците од Вториот армиски корпус - Битолски од самиот почеток на изведување на воените дејства. Замена на единиците се вршеше: Битола -Кичево-Гостивар - Тетово и Битола - Прилеп - Скопје- Тетово.
Проток на воени возила, на овие правци секојдневно имаше.
Таа активност беше во надлежност на командантот на корпусот и командантите на бригадите. На 8. 8. 2001 г. командантот од Прилеп имал планирано да изврши замена на еден дел од артилериската единица којa беше на позицији во Тетовско, со нови војници - како и секогаш што се правело. Единицата тргнала од Прилеп - Скопје Ѓорче Петров-Тетово. Чиста случајност беше што единицата од Прилеп во временски раздел од 30 мин. излегла пред борбените единици кој во 9 ч. тргнаа од Скопје за Еребино, односно автопатот за Тетово. “Планерот” кој сакал по сeкојa цена да јa спречи операцијата во Тетово, според јaвно објавената задача преку ТВ А1, испланирал и организирал заседа и рушење на автопатот за Тетово на местото Карпалак.
“Планерот”, мислејки дека пристигнувала колоната од Скопје, односно дека овие возила се како предходница, во 9,30 ч, јa отпочнал заседата - дејството по возилата кои се движеле по автопатот за Тетово. Тие, терористите, нанесоа кукавички, тешки и грозоморни загуби на недолжни македонски војници, но не успеаја да го дигнат автопатот во воздух и да го спречат доведувањето на единиците од Скопје иако имаа подготвено и поставено 200 кгр. експлозив. - Зошто не успеаја?- Поради тоа што борбените хеликоптери беа во воздух за пратење на колоната тенкови и транспортери за планираната операција и за 10-15 мин. отпочнаа со борбено дејство во реонот каде што беше организирана заседата и не успеаја да го активираат експлозивот. Покасно, на позициите каде што беа тие, пронајдени беа жиците за активирање на експлозивот и по нив беше пронајден експлозивот во каналот на автопатот веднаш деминиран, поставен во пропусниот канал под автопатот.
Во извештајот од ВВ и ПВО, покрај другото, стои дека пет минути пред да се случи заседата хеликоптер на КФОР го надлетал просторот на Карпалак, а два џипа од КФОР под дејството на нашите хеликоптери избегале и тоа едниот за Скопје, а другиот се скрил во Ново Село.
Појавувањето на Ставре Џиков, јавниот обвинител на РМ, на самото место на случувањето, за многу кусо време, во најблага форма речено: е нелогично, но после тоа ми беше сосeмa јaсно кога во писмена форма од него добив прашања во врска со случувањата во Тетовско и пошироко.
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА Р.МАКЕДОНИЈА Стр. доб.бр 31/2001 Скопје, 6.8.2001 година до НАЧАЛНИКОТ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Генерал потполковник Панде Петровски СКОПЈЕ Господине Началник на Генералштабот Бараните документи и податоци да ни се достават со степен на тајност која Вие ќе ја определите, а податоците можат да бидат користени на соодветен начин во вршењето на функцијата на јавниот обвинител за кривичното гонење.
Ве молиме да ни одговорите на ова барање колку е можно поитно.
/бѓ ЈАВЕН ОБ ВИНИГЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Ставре Џиков Факсимил од писмото на Ставре Џиков, јавен обвинител на РМ Кога ќe се погледа датумот на доставените прашања од Ставре Џиков до мене и до Владо Бучковски, министерот за одбрана, конструкцијата околу јaвно издадената наредба преку ТВ А-1 се станува јaсно тогаш што се случуваше.
цитат:
До Началникот на Генералштабот на АРМ Генерал Панде Петровски Господине Началник на Генералштабот,
“Јaвното обвинителство на РМ континуирано презема мерки и активности за кривично гонење на сторителите на злосторствата што се вршат во Република Македонија во врска со вооружените дејства на албанските вооружени групи на т.н.
ОНА, преземени со цел да се загрози територијалниот интегритет и суверенитет на РМ и нејзината територијална целина и да се отцепи дел од нејзината територија заради создавање на Голема Албанија и Големо Косово. Beќe подолго време се преземаат вооружени дејства на албанските терористички групи, со што се предизвикани огромни последици за животот и здравјето на војниците полицајците и на цивилното население, кое е изложено на невидени страдања, присилно протерано од вековните огништа и изложено на огромни опасности на веќе подолго време фактички манифестираното прифаќање на окупирани територии во РМ што е спротивно на Уставот и законите”.
“Поаѓајќи од овластувањата на чл.144 ст. 2 и 3 од Законот за кривична постапка, Јaвното обвинителство презема мерки да ги испита големиот број на изјави на граѓани кој тврдат дека биле оставени без било каква заштита поради неодговорно или неизвршување на обврските на одбраната на територијата на РМ и заштита на граѓаните, посебно изразено во поедини региони од каде присилно е протерано целокупното македонско население”.
Не кажува зошто тоа население е протерано и зошто полициските станици се напуштени, и зошто на тоа население им е делено оружје и муниција, и кој има право да дели оружје на цивилно население и тн. туку ми ги поставува следниве прашања:
“Поради тоа барам да ми бидат доставени потребни известувања и податоци и тоа:
Во време на т.н. едностран привиден прекин на оружените дејства (така го нарекува безусловниот прекин на огнот - кој го прифати Владата на РМ) е извршено најбрутално етничко чистење на повеќе села од Тетовскиот регион, како Лешок, Теарце, Непроштено, Доброште, Отуње, Једоарце, Варвара, Сетоле и други села од тој регион, од кои села на кpaјно понижувачки начин пред цевките на автоматското оружјe на албанските терористи е протерано целокупното македонско население, извршен грабеж на нивниот имот и палеље на повеќе куќи.
1. Во врска со тоа, Ве молиме да не известите дали согласно плановите за одбрана на тој регион била предвидена одбрана на тие села од нападите на албанските терористи и ако тоа било предвидено зошто тој регион е оставен без одбрана и населението без заштита бидејќи фактички целокупното македонско население од тие села на најбрутален и кpaјно понижувачки начин е протерано од нивните вековни огништа пред цевките на автоматските оружја на албанските терористи или пак зошто тоа население не е навреме известено и не му е пружена соодветна помош заради времено напуштање на нивните живеалишта пред налетот на албанските терористички групи”.
2. Врз основа на кој документ и кој јa гарантира проодноста на патот Тетово - Јажинце, дали фактички се обезбедува тој пат и ако е така од кои причини неколку села од тој регион со повеќе илјади жители повеќе од 25 дена се оставени без заштита и без елементарни средства за живот, поради што на тоа население му престои катастрофа, а обидот да се врачи помош во храна и лекови на тоа население на 4. 8. 2001 г. бил спречен покрај од дел на албанското население и од голема група на вооружени албански терористи кои извршиле и преглед на конвојот и не дозволиле негово поминување, поради што конвојот се вратил назад.
Бараните документи и податоци да ни се достават со степен на тaјност, кој вие ќе определите, а податоците можат да бидат користени на соодветен начин во вршењето на функцијата Јaвeн обвинител за кривично гонење”.
“Ве молиме да ни одговорите на ова барање колкy е можно поитно.” Јaвeн обвинител на РМ Ставре Џиков / потпис и печат Барањето го добив еден ден по објавувањето на наредбата за напад на Тетово, но не му одговорив итно, како што бараше од мене господинот С. Џиков, а одговорив на 26. 9. 2001. год.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/13 на 29 октомври 2026