1. ORIGINATOR KFOR - - Part 02
Не ми беше доволно јасно, зошто писмото (т.е. спогодбата) го потпишувам јас и генерал Ристо Галевски во име на Владата на РМ кога ние не бевме членови на истата!? Ни беше објаснето дека ние командуваме со вооружените сили и дека ќе издадеме сопствени писмени наредби за целосно спроведување на истото.
Истата содржина, во вид на договор за прекин на огнот, другата страна ќе потпише со посредство на Питер Фејт. Таков документ не сум видел ни тогаш ни после тоа - веројатно Владата располага со документ потпишан од Али Ахмети или Г’зим Острени.
Без оглед на моите размислувања, доследно го прифатив и го потпишав документот за безусловен прекин на огнот бидејќи вкупната состојба во РМ, во која беше односно вмешаност на меѓународната заедница, а посебно на НАТО и воената криза да отпочне да се решава со политички средства и истата што побрзо да се резреши да не би се случила граѓанска војна во РМ, а уште полоше поделба на Република Македонија.
Истиот ден издадов сопствена наредба на потчинатите единици за спроведување на договорот за прекин на огнот.
Влеговме во фаза кога со помош на посредници, олеснувачи, отпочна да се решава воената криза, се разбира според Планот за мирно разрешување.
На самиот почеток на кризата предизвикувачите јавно ги нарековме терористи, иако самите се нарекоа ОНА (Ослободителна армија). Секако дека според нивниот начин на воени акции, употребувајќи класични методи на терористички дејства, посебно во Кумановско и подоцна (држење во заложништво граѓани, малтретирање, уцени, подметнувања на јавни патишта, поставување заседи надвор од зоната на военото дејство итн) беа терористи.
На самиот почеток т.н. “ОНА” сама се дефинираше како организирана бунтовничка војска која имала за цел: “добивање на поголеми права за албанското малцинство во РМ”. За добивање на “посебни” права со извршување на терористичките дејства некако е сфатливо бидејќи во денешни услови често се случува, но за добивање на “посебни” права со организирање на “востаничка организирана армија” - тоа претставува воена револуциија за постигнување на радикални измени во државата.
Воената револуција никогаш сама за себе не оди - мора да е водена од политички структури и тоа внатрешно- политички структури кои ги поставуваат целите во самата држава каде се изведува истата и пред меѓународниот фактор. Во нашиот пример, во однос на подршка на”Востаничката организирана армија” уште со самото појавување беа подржувани и тоа од политичките структури кои беа на власт, а подоцна и од опозицијата (преговорите во Охрид) од албанскиот блок.
Доколку во почетокот на конфликтот Владата на РМ јавно ги дефинираше целите на “востаничката Армија”, а не ги нарекуваше терористи, текот на разрешувањето ќе добиеше поинаква конотација во РМ и во меѓународната заедница -посебно што албанскиот блок на партии директно беа во Владата на РМ и во сите други државни структури. Сето ова и се што се случуваше до прекинот на огнот ме наведува на заклучок дека “Воената криза во РМ е однапред договорена со внатрешно политички структури во РМ кои беа на власт и строго контролирани од меѓународниот фактор поради постигнување на радикални политички цели”. (промена на Уставот и се од тоа што произлегува). Според претходно истакнатите случувања и документи, видливо е дека Меѓународната заедница им даваше отворена подршка во остварување на целите, под вид “кризата да се реши со мирни средства” - но сепак “воената револуција, односно воената криза” отпочна однадвор, од странска држава, со уфрлување на легални единици (Заштитен корпус од Косово), а за цело време, до потпишување на договорот за прекин на огнот, раководена и командувана од Призрен каде што беше Генералштабот и раководството на ОНА - со кои директно се комуницираше со внатрешно-политичките структури во РМ, а дури и таму - во Приштина и Призрен легално одеа на состаноци. Сепак, иако сето тоа беше познато нашите државни структури ги нарекуваа ДТГ (Дивезантско-терористички групи - терористи). Уште при прекинот на операцијата во Арачиново - Питер Фејт отворено ми рече: “Господине генерале, тоа не се терористи, тоа е етиничка востаничка вооружена организација и војска која ги бара своите права во Вашата држава, со нив мора да се постапува според Женевската конвенција”. Тоа не ми го рече само мене, кога говореше беа присутни министри и други владини функционери и никој од нив не реагираше.
По моето повторно влегување во активна служба во АРМ, од самиот почеток ми беа многу нелогични два различни става за разрешување на воената криза - во државниот и во воениот врв.
Едните беа кризата да се реши со употреба на воени средства и употреба на сите легални безбедносни сили; Другите застапуваа теза: “кризата да се решава со политички средства, бидејќи тоа биле групи кои не се согласуваат со одредената државна граница меѓy СРЈ и РМ!” Лично сметам дека тогашната владеачка гарнитyра ја знаеше вистинската цел на воената криза уште на самиот почеток, но не се осмелуваше да ја прикаже во јавноста. ДПА (политичка партија на Албанците во РМ), како коалиционен партнер во Владата, се задржа до новите избори. Без оглед на двата различни става во начинот на разрешувањето на кризата (кога ќе се донесеше одлука за употреба на безбедносните сили, ќе се отпочнеше операција и пред да заврши ќе беше прекината. И секогаш со некакво објанување “поради големи цивилни жртви”, “да не се дигне албанскиот народ во востание” итн).
Во суштина, ќе се отпочне воена операција, ќе се постигне воен успех и ќе се вклучеа инструментите за контрола на воената криза, бидејќи така “Режисерот” одобрил, а “Владата да ги употреби безбедносните сили, но со воени средства не може да се решава проблемот” - оправдување пред сопствениот народ, а по прекинувањето на секоја воена операција не реагираа ни тие што ја застапуваа кризата да се решава со политички средства, ни другите - кризата да се решава со воени средства. Па затоа е одбрана третата опција “и топло - и ладно” - воено-политички средства.
Ставот на Претседателот беше познат во јавноста, посебно со неговиот План за разрешување на кризата, односно, Претседателот секогаш се залагаше кризата да се решава со политички средства и со подршка на НАТО, ЕУ и ОБСЕ, правдајќи го својот став за мирно разрешување на кризата, додека премиерот Љубчо Георгиевски се залагаше за целосно воено разрешување на кризата, па дури и да се прогласи воена состојба во РМ. Откога ќе се отпочнеше со воената операција, Премиерот, пред истата да биде прекината, ќе дојдеше на командното место, а после тоа ќе се прекинеше операцијата -класичен пример воената операција во Кумановско и Арачиново. Премиерот и некои околу него јавно се залагаа кризата да се решава со воени средства, а откога ќе се прекинеа операциите не реагираа зошто се прекинало.
Со спогодбата за безусловен прекин на огнот, зад кое стоеше Владата на РМ, во фаза на кризата безбедносните сили на РМ, посебно АРМ, беа во највисок степен на борбена готовност.
Така, прекинати беа дејствата, поставени беа услови, како што стои во писмото од Питер Фејт, односно за проблемот за разрешување на кризата директно да се вклучи НАТО, ЕУ и ОБСЕ.
НАСТАНИ ПОСЛЕ ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ Што се се случуваше после 6. 7. 2001 г. во РМ откога стапи на сила Спогодбата за безусловно прекинување на огнот - со посредство на личниот пратеник на Генералниот секретар на НАТО?
АРМ ги задржа сите позиции и реони во којa се затекна на 5. 7.
2001 г. Во реонот на Сува Гора (с. Гргурница - Седларево) се добибија сознанија дека теренот се подготвувал за престој на ДТГ, бидејќи во Тетовско немале можност за проширување поради присуството на јаките армиски и полициски сили.
Обидот да јa заземат Попова Шапка и тaмy да се смести командното место на т.н. ОНА беше неуспешен во два наврати бидејќи тие беа разбиени. Во с. Рашче беа распоредени полициски сили и теренот целосно беше под контрола. Но, ценејќи го целиот тoј простор, посебно изворите во Рашче и пошироко, имавме одлучено борбените единици на Командата за одбрана на град Скопје (КОГ) да се засили со 8-та пешадиска бригада од Велес и да се распореди на просторот Рашче и пошироко. Со распоредувањето на 8. ПБР (Осма пешадиска бригада) во целост главните објекти околу Скопје беа поседнати и ставени под контрола на КОГ - Скопје. Се обезбеди и поширок терен да се контролира со дејство од дистанца (ВВ и ПВО и артилерија); па дури и во ловиштето Јaceн беа поседнати позиции со една батерија од 122 м/м, поради поддршка на единиците на тoј простор, беа намалени можностите ДТГ да се прошируваат на Сува Планина. Обидот на една ДТГ, да ја поседне раскрсницата на патот од с. Мерово кон с. Седларево беше разбиена на самиот почеток.
На 03. 07. 2001 г., хеликоптер на КФОР (УХ - 60) летајќи од с.
Драчево кон Водно во реонот на ТТ - 416 (тригонометриска точка над населбата Пинтија (ЕМ 390442), во непосредна близина на Скопје, го активира уредот за противракетна одбрана (ИЦ мамки), а потоа изврши трипати огнено дејство од митролез.
На наше предупредување и реакција, добивме одговор дека по истиот било дејствувано од страна на ДТГ, секако дека не е точно бидејќи таму воопшто немаше од нив. Секако дека е тоа почеток во директно дејство на силите на НАТО, односно КФОР пред потпишување на Спогодбата за прекин на огнот, иако КФОР за такво дејство немаше мандат.
Спогодбата за прекин на огнот во целост не се почитуваше до потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид. Во дневните извештаи од потчинетите команданти регистрирани беа 139 директни напади врз позициите на македонските безбедносни сили и тоа во Тетовско 117, во Кумановско 12 и во скопското кризно подрачје 10 случаи. Во исто време соодветно безбедносните сили на РМ возвратија 74 пати од кои во Тетовско 60, Кумановско 7 и скопско 7. Во јули 2001 погинати беа 5 припадници на безбедносните сили, 25 ранети, 81 случај на киднапирање на цивили (во Тетовско 79 и во Кумановско 2), а истиот месец беа ослободени 61 киднапиран.
Од погоре истакнатото видливо беше дека Тетовскиот простор добиваше значење за проширување на ДТГ. Но тоа проширување не можеше да се изврши на просторот каде што беа распоредени единиците на АРМ-просторот околу Тетово, градот и селата северно од Тетово, затоа беше одбран просторот во селата со македонско население - односно каде што беше распоредена полицијата.
Зошто се случи иселувањето на Македонците од Шарпланинските села?
Самата идеја за иселувањето на жителите Македонци од македонските села или мешаните села со Македонци и Албанци беше многу погрешен потег или смислен потег на поедници кои беа во тогашната Владата на РМ.
Тезата или идејата “дека ние (Македонците и Албанците) не можеме да живееме заедно бидејќи секогаш ќe имало проблеми со албанскиот фактор, поради тоа преселбата од Тетовско на Македонци и чистење на Кумановскиот простор од Албанци” беше нереална.
Тензиите на таквата идеја дојдоа после прекинот на огнот во Тетовско во јули 2001 г. Избран беше многy погрешен метод за иселување на Македонците. Имено, по формирањето на широката коалција во Владата на РМ постепено се создаваше сомнеж за преземање на сериозни воени акции од страна на АРМ, бидејќи “началникот на ГШ бил под влијание на Владо Бучковски и Бранко Црвенковски, односно на лидерите од партијата СДСМ!” Од таквите сомнежи тогаш дојде до дистанцирање помеѓу Министерството за внатрешни работи од Министерството за одбрана - односно се отвори сомнеж во искреноста на системот за раководење и командување, во изведување на заеднички воени акции против ДТГ. Во почетокот таквиот сомнеж не се чувствуваше во извршувањето на воените дејства.
Првите сигнали се појавија во изведувањето на операцијата во с. Ваксинце (25. 5. 2001) во Кумановско. Имено, по успешната акција на единицата на АРМ во истото село, единицата на МВР за специјални дејства “Тигри”, со кoјa директно командуваше министерот за внатрешни работи (Љубе Бошковски), откажа послушност - дојдоа до влезот на с. Ваксинце и организирано се вратија во Скопје, а задачата не јa извршија во целост. После ваквата постапка на оваа единица МВР презеде мерки за одредени смени во командниот кадар, што беше сосема исправно. Во средствата за јaвнo информиpaњe се пласираа разни невистини околу промената на поединци во таа единица.
Шпекулациите беа од типот “дека таа единица партиски внатре е поделена” - секако дека ова беше кpaјнo несериозно да се определуваат и манипулираат партиски, посебно што тогаш безбедносните сили на РМ секојдневно изведуваа воени дејства.
Мислам дека сето тоа се случуваше поради неизградени ставови помеѓу македонските партии во широката коалиција на кoј начин натаму воената криза да се решава. Од таквите ставови повеќепати се случуваше да се повлечат некои полициски станици, па дури и полициски единици, а за таквата постапка да не биде известено Министерството за одбрана -што во кризните региони можеше да биде катастрофално по безбедноста на припадниците на безбедносните сили - што подоцна и ќе се случат такви жртви и иселување на цивилното население.
Различните ставови во разрешувањето на воената криза дојдоа до најголеми тензии во Координационото тело за разрешување на кризата, односно некои министри не присуствуваа на седниците, а министерот за внатрешни работи ова тело го нарече “Клуб за дебатирање”. Од самиот почеток на работата на тоа тело не можеа да се договорат некои битни ставови за начинот на разрешување на кризата. Најповеќе неединство изразуваа министрите од ВМРО-ДПМНЕ со министрите од СДСМ. Подоцна, после прекинот на огнот, Координационото тело, пред се, разрешуваше технички прашања, главно, околу санирањето во кризните подрачја.
Од ваквите различни ставови, лично јac имав голем притисок за начинот на разрешување на кризата, од 3 страни (СДСМ -ВМРО-ДПМНЕ и НАТО). Посебно од НАТО.
Пред потпишување на Договорот за прекин на огнот, на 28. 6.
2001 г., на барање на амбасадорот на НАТО во РМ и командантот на НАТО во РМ, имавме подолга средба. Темата на разговор секако беше состојбата во Р. Македонија.
Во разговорот, покрај другото, амбасадорот на НАТО - Ајиф истакна дека НАТО во РМ бил разочаран од мислењето нa јaвноcтa и подвлече: “Ние ги тргнавме терористите од Арачиново, па сме на страната на РМ. Ние понатаму имаме намера да ги разоружаме, сега ги убедивме да престанат со пукање”, и продолжи: “затоа од Вас бараме да употребувате пропорционална сила против нив, бидејќи тоа е многу важно.
Ве уверувам дека сега ние водиме разговори, ги убедуваме да престанат со оружјето, да се продолжи со разговори и дијалог.
НАТО е подготвен да помогне и со оружје, ќe доведеме и набљудувачи, само да најдеме начин да ги попречиме натамошните дејства итн”.
Во разговорот се вклучи генерал Ланге, командант на НАТО во РМ, го изнесе своето мислење: “Јaвноcтa е дезинформирана за улогата на НАТО и тоа од највисоки претставници во Владата на РМ”. - “Ние сакаме да ги разоружаме албанските бунтовници и правиме напори за мирно разрешување на кризата.
Бунтовниците немаат друг избор и затоа на претежното водство му останува да прифати разоружување и предавање на оружјето
- тие тврдат дека ќe го направат тоа без промена на статусот во Р. Македонија”.
Бидејќи тогаш (28. 6. 2001 г.), се уште не бев информиран дека Претседателот испратил барање во писмена форма до Генералниот секретар на НАТО за помош и вклучување на НАТО во разрешување на кризата, а дознав од писмото, (после
5. 7. 2001 г.), испратено до Владата на РМ од страна на Питер Фејт реагирав во тoј разговор со зборовите: “Господа, јac сум само извршител во интерес на одбраната на РМ. За Вашите барања и предлози може да одлучува само Претседателот на РМ и Владата. Од Вас барам да не ги вооружувате терористите, да не ги пропуштаат војниците на КФОР од Косово во нашата територија - имам сознание дека турскиот баталјон во составот на бригадата “Југ”, кoј јa обезбедува границата на Шар Планина и Рестилица ги пропушта терористите преку Караниколичко Езеро”. Како секогаш, “тие” одглумија дека се изненадени од сознанијата и дека ќе ги испитаат моите предупредувања.
Натаму во разговорот нагласив: “Во однос на Вашето барање за употреба на соодветна сила од страна на АРМ кон албанските бунтовници, ние ќе ги употребиме оние средства кои ќe обезбедат успешно разбивање на ДТГ, а притоа да нема цивилни и сопствени жртви” - “Вашата помош секако јa прифаќам за мирно разрешување на кризата и разоружување на терористите доколку имате искрени цели, како што искажавте”.
По потпишувањето на Спогодбата за прекин на огнот имав повеќе средби со воено-дипломатските преставници акредитирани во РМ од скоро сите земји - но средбата со господин Пердју и американскиот воен аташе полковник Р.
Линч беше во стилот на давање на насоки за натамошното постапување на АРМ - односно како што истакна Пердју:
“Трезвеноста во периодот на прекинот на огнот доколку на нeкoи простори сепак дoјдe дo нарyшyвaњe од Вас зависи”, и продолжи: “Bиe можете да гo реализирате oвoј прекин на oгнoт или истиот дa не успее, а тоа е голема одговорност лично за Вас и Вашата држава затоа во Вас гледаме cитe” - “Јac ни по Уставот на РМ, ни по Законот за одбрана не сум фактор кoј донесува одлуки за употреба на АРМ, туку сум извршител на донесените одлуки од Врховниот командант (Претседателот на РМ) и Владата на РМ”, му возвратив на Пердју за советот. -
“Ние знаеме за тоа, но сепак ние гледаме што Вие предлагате и кое е Вашето мислење за мирно решавање на кризата, а имаме и довреба во Вас” - на тоа одговори Пердју.
На тoј разговор посебно истакнав coмнeвaњe дека другата страна ќe јa почитува спогодбата: - “АРМ, како изградена институција, бидете сигурни дека ќe постапува кон потпишаниот документ во однос на безусловниот прекин на огнот. - А исто така, како и досега, продолжив со објаснување, одлуките на Врховниот командант ќe бидат конечни за АРМ”.
Тогаш Пердју изрази сомневање, истакнувајќи дека не е сигурен и дека и другите институции ќе го почитуваат прекинот на огнот и мирното разрешување, вeрoјaтнo мислејќи на МВР -“но затоа сме ние тука да помогнеме”.
Во создадените услови за прекин на огнот, секако лично, не ни очекував дека веднаш ќe престане, но бев сигурен дека т.н.
ОНА нема ниту капацитет, ниту можност да преземе нешто посериозно бидејќи војнички беше во тешка состојба, посебно во Кумановско и Тетовско. Всушност т.н. ОНА беше во состојба на разбиеност.
Пред потпишувањето на договорот, односно после Арачиново.
т.н. ОНА со денови никаде не се појавуваше на просторот. За APМ беше проблем да дознае каде се и зошто не се појавуваат, а бидејќи имавме наредба за дејство исклучиво по “легитимни” цели, односно доколку нeкoјa ДТГ се појави или пројави дејство. Размислував, ангажирав органи да ги следат просторите во РМ, каде претходно немавме воени дејства, случајно да не се појават таму, односно во Гостивар, Дебар итн., но не наидувавме на нив.
Сите претходни искажувања, насоки, предупредувања во однос на натамошното разрешување на воената криза, пред се со директно вклучување на НАТО и другите меѓународни асоцијации, не одеше се како што беше замислено бидејќи нeкoј од внатрешно-политичките структури сакаше поинаку да се решава кризата, односно да се создаде општ хаос во РМ, да се повтори вoјнaтa во Босна, а кога има меѓународни сили во државата, а посебно НАТО, секако тешко би дозволиле слично на просторот на Р. Македонија.
Во јaвноcтa, во однос на иселувањето на Македонците од Тетовско, имаше повеќе верзии, кoј со кoјa цел ги пласираше.
Моите сознанија во врска со иселувањето на Македонците во Тетовско се базираа на одредени факти кои се случуваа тогаш на тoј пpоcтop.
До 5. 7. 2001 г., односно до потпишувањето на Спогодбата за прекин на огнот, патниот правец Тетово - Јажинце беше обезбедуван од страна на полициските сили на МВР, освен караулата Јажинце кoјa јa обезбедуваше АРМ. Патот беше слободен за движење и граничниот премин Јажинце беше во функција. На целиот простор имаше редовни полициски станици, резервни полициски станици и полициски пунктови со доста респективни сили, со околу 450 активни резервни полицајци.
Лично јac во почетокот немав официјална информција за иселувањето на македонското население од тoј простор “дека ДТГ се прегрупираат и дека ги тероризираат Македонците”.
Го повикав Питер Фејт, му јa изолжив состојбата за сознанијата дека патот Тетово - Јажинце, го поседнале ДТГ и “доколку истиот не биде ослободен како што е договорено во спогодбата за прекин на огнот ќe се преземат воени дејства за вpaќaњe на состојбата пред 5. 7 .2001 г.”, му предочив.
Ме замоли господинот П. Фејт, да не преземам воени дејства, туку да му дадам 6 часа да оди во Призрен за консултации со Али Ахмети. За сето ова беше информиран Претседателот и го прифати предлогот на господинот Питер Фејт. Покрај разговорот му доставив и службено предупредување.
Во писмото е нагласено:
“Со ова писмо ние уште еднаш потврдуваме дека македонските безбедносни сили имаат инструкција стриктно да ги почитуваат одредбите кои произлегуваат од заложбите за прекин на огнот од 6 јули 2001 година”.
- Понатаму тие добија инструкции да соработуваат околу аранжманот за демилитаризација на патот и селата покрај патот Тетово - Јажинце, да не влегуваат во тие села и да се воздржат од природно присуство во демилитаризираната област, освен ако добијат поинакви инструкции.
Македонските безбедносни сили нема да ги злоупотребат овие аранжмани што беше дискутирано со Претседателот во однос на областа на патот Тетово - Јажинце Началник на Генералштабот, Потпис: Панде Петровски
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/svedoshtva-2001-e-book-macedonian/10 на 29 октомври 2026