Front Matter - Part 04
Марко Бошнаков бил роден во Охрид, каде што завршил прогимназија. Потоа завршил гимназија, а од 1900 година се вклучил во револуционерните чети. Во прво време бил под влијание на Борис Сарафов и учествувал во убиството на романскиот новинар Михајлјану во Букурешт како заштита на извршителите. Како што е познато, тоа убиство било извршено по наредба на Борис Сарафов и предизвикало значителен одглас во Европа, а Бугарија и Романија ги довело до работ на оружен конфликт.
Марко Бошнаков во Гемиџискиот кружок се вкпучил доцна - во 1902 година. И неговите карактерни особини биле: скромност, некористољубивост, исполнителност.
Цвеко Трајков (околу 1860-1903)
Цветко Трајков бил најстар учесник во атентатите. Тој во последниот момент бид вклучен во гемиџиската акција. Трајков бил испратен во Солун од Борис Сарафов. (П. Шатев, Солунскиятъ атентатъ..., 46.) Цветко бил од Ресен, долго живеел во Бугарија и бил доста болен. Нему му била поставена задача да го убие солунскиот валија.
За сега се знае дека во директните подготовки и во самите атентати учествувале дванаесетина лица. Меѓутоа, најмалку уште толку лица биле ангажирани во помагањето на гемиџиската акција. Познато е дека секоја конспиративна дејност не би можела да биде успешна ако покрај главните актери не би биле вклучени и други лица како помагачи, коишто би служеле како прикривачи, курири и слично.
Гемиџиската револуционерна акција била од таков карактер шпо ниту имала потреба од широк круг на соучесници ниту пак можело лесно такви да се најдат. Лицата што им помагале на гемиџиите не биле упатени во нивните тајни, не знаеле и не смееле да знаат што тие конкртно подготвувале. Тие всушност биле симпатизери на македонското револуционерно движење и помагајќи им на гемиџиите сметале дека ги помагаат ослободителните напори на нашиот народ.
Шатев пишува дека му треба простор за да ги прикаже сите соучесници во солунската динамитна акција, меѓутоа, поконкретно зборува само за неколку, а на другите не им ги посочува ни имињата.
Меѓу познатите имиња - помагачи на атентаторите, но не во Солун, туку во Цариград, е Нанчо Стојанов. Нанчо бил син на Калчо, трговец од Ресен што живеел во, Цариград. Преку изнајмениот магазин од Нанчо Сл. Мерџанов, П. Соколов, П.
Манџуков и П. Шатев го копале каналот што требал да ги доведе до темелите за минирање на Отоманската банка во Цариград. При една провала во 1900 година биле уапсени сите, под сомневање дека нешто подготвувале против поредокот на султанот. Сите, а особено Нанчо, за кого четворицата заговорници се плашеле дека нема да издржи, успеале да се претстават како невини и биле ослободени. Нанчо и натаму не се откажал од заговорниците, иако бил наполно свесен дека откривањето на нивните планови значело смрт за него и пропаст за неговото семејство. И навистина, кога во 1901 година магазинот бил откриен, Нанчо и татко му Калчо биле уапсени, осудени на доживотен затвор и испратени на заточение, каде што од големите маки Калчо умрел. По Хуриетот Нанчо бил ослободен, но тешко болен набрзо умрел.
Нивните семејства, останати сами, биле изложени на глад и страдања.
Милан Саздов бил од оние македонски младинци кој наполно свесно го ризикувал својот млад живот во корист на ослободителното дело. Милан бил роден во Велес, но како дете го напуштил својот град барајќи корка леб. Се вработил како келнер во вагон-ресторанот на железничката линија Белград- Цариград. Имал 18 години кога бил придобиен за гемиџиската кауза. Задачата што му била поставена да го прими динамитот во Бугарија и во најголема тајност да го пренесува во Цариград, ја извршил беспрекорно. “ Милан Саздов - пишува Шатев -преку целата зима ја исполнуваше наложената конспиративна задача со ентузијазам и секогаш со особена радост. За исполнетиот долг и внатрешно душевно задоволство се среќаваше со нас, како да сакаше со поглед да ни каже: “Ако со друго не можам да и услужам на мојата Татковина, барем со тоа можам..." Гоце Чанев бил едно од најдоверливите лица на гемиџиите во Солун, надвор од Кружокот. Гоце бил од Кукуш, но со семејството живеел во Солун. Неговото мало дуќанче станало едно од најсигурните сврталишта на некои од гемиџиите. Исто било и со неговиот дом. Како бивш член на Револуционерната организација во Кукуш, Гоце знаел многу работи и познавал многу луѓе. Целото свое искуство (тој бил четириесетгодишник) го ставил во служба на гемиџиите. Им помагал со се што можел, а најмногу со госто-примството што им го давал во дуќанчето и дома и со информациите што им ги давал во тешките моменти. Орце и Кирков, коишто најмногу контактирале со него, го сакале извонредно многу и му биле крајно благодарни. Гоце Чанев ги преживеал Солунските атентати и продолжил да се интересира за судбината на гемиџиите и нивните блиски.
Меѓу луѓето што им помагале на гемиџиите треба одделно да се спомене името на една жена којашто со Македонија немала никаква врска, освен што имала едно големо сочувство со борбата што тука се водела против султанската тиранија. Таа била Унгарката Ана Шепец. Ана работела како собарка во познатиот хотел во Софија “Батемберг”, во кој редовно отседнувал Гоце Делчев кога престојувал во Софија и во кој навратувале голем број македонски револуционер.
Контакстирајќи со нив, таа имала можност да се запознае со страдањата и борбата на македонскиот народ и станала голема симпатизерка на македопското револуционерно движење.
Затоа, кога и било предложејно да замине во Цариград и да им биде во услуга на гемиџиите, (што ги знаела како револуционери, но за чии конкретни планови најверојатно ништо не знаела), прифатила со задоволство без да се исплаши од евентуалните катастрофални последици за нејзиниот живот.
Гемиџиите се излажале кога помислиле дека Ана “услугата” ќе им ја наплатува. Кога ја прашале каква награда ќе бара за соработката, таа смело одговорила дека за пари нема да работи, бидејќи знае дека се става во услуга на едно свето дело, зашто ги “сакала Македонците што умирале за слободата на својата татковина”, а знаела мнозина од нив коишто привремено живееле во “Батемберг” дека млади загинале за таа цел.
(Истото, 254-256.) Единствено што побарала Шепец било да и биде откупен заложениот накит и багаж од еден комисионер и лихвар. Откупот чинел вкупно шест наполеона. Накитот го зела, а багажот им го оставила на гемиџиите и заминала во Цариград. Во Цариград се вработила како кабаретна пејачка во вариетето “Кристал”. Задача и била да го прибира и чува динамитот што тука го носел Милан Саздов.
* Велешката група дефинитивно се конституирала во кружок со името “гемиџии” во 1899 година. Зошто на својот револуционерен кружок младите велешани му го дале токму името “гемиџии” и што всушност значело тоа? Одговорите на ова прашање што можат да се најдат во постојната литература не се совпаѓаат наполно. Еден од одговорите е дека гемиџиите го добиле ова име затоа што сакале на симболичен начин да кажат дека тие биле луѓе што веќе се простиле од животот и го пуштиле својот чун (гемија) во бурното море, што или ќе го извадат на брегот (ќе успеат) или ќе го разбијат од карпите, т.е.
нема да успеат. (Стефанъ Аврамовъ, Солунското съзаклятие - Ил. Илинденъ, год. V, кн. V, София 1932, 4. Речиси исто објаснување дава и П. Шатев (В Македония под робство, 84).)
Според едно друго тврдење, велешките ученици, шетајќи се покрај морскиот брег во Солун, често гледале како Евреите-рибари и чунчии ги вадат гемиите надвор од морето за да ги поправат. Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво
- најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица коишто мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех. Ете зошто требало да се фрли гемијата надвор од водата! А тоа значело: нека се напушти вообичаениот пат на простосмртниците и нека се поднесат сите жртви за доброто на поробениот народ. (Ст. Симеоновъ, Солунското съзаклятие (1898-1903), София 1921, 5.) Според ова тврдење, името “гемиџии” било алегоричен израз за специфичниот револуционерен и животен пат што го избрале младинците од Кружокот.
Наједноставен и најкраток одговор дава Тодор Органџиев, еден од членовите на Кружокот. Според него, бидејќи решиле “да се арчат” велешките младинци, иако биле добри ученици, започнале да бегаат од училиштето и да скитаат покрај морето.
Земале мали гемии, шетале со нив по морето или пак им помагале на гемиџиите кога овие ги ваделе гемиите на суво за да ги поправаат. “Постепено го добивме името гемиџии. Така го примивме тоа име” - пишува Т. Органџиев. (Тодор Органџиев,
117.)
Толкувањето што го дава Органџиев ни изгледа најлогично и најприфатливо. Впрочем, тој е еден од двајцата останати живи гемиџии што оставиле свои спомени и што пишуваат за ова прашање.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/solunskite-atentati/4 на 29 октомври 2026