Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

The Solun Assassins

Front Matter - Part 02

Од Крсте Битоски · Дел 2 од 20 · Околу 19 минути

Читај на English

Населувањето на македонскиот елемент во Солун не било гледано со добро око прво од грчката колонија и пропаганда, а подоцна, кога се открило дека градот бил центар на македонското револуционерно движење, и од властите. Поради тоа била силно присутна појавата неговиот број да се прикажува што помал, а по Солунските атентати бил направен обид македонското население да се истера од градот.

Според една официјална статистика, бројот на Македонците во Солун во 1903 година изнесувал околу 1.200 души. Според тврдењето на Стег, иако имало квартови населени со македонско население, ниту еден од оваа средина не ја вршел функцијата мухтар. Оваа функциј а ја вршеле Грци, а Грците секое новороденче го запишувале во графата “Руми”, што значело “ГрК”. Така се случило една година официјално да бидат регистрирани само две раѓања во Македонските квартови.

Поголемиот број од Македонците биле преселени во Солун, што значи не биле родени тука. Официјалните статистики, меѓу тоа, за основа ги земале новородените, намалени за бројот на умрените. Доселениците се воделе под “летечко население”, а такво водење не давало податоци ниту за етничкото потекпо ниту за религијата.

Иако К’нчов бил заинтересиран македонското население да го прикажува побројно, бидејќи го запишувал под графата “Бугари”, сепак неговата статистика, споредена со други горе-долу непристрасни статистики, дава релативно најточни податоци. Затоа бројката од 10.000 што ја дава тој може да се смета за најблиска до вистината. (Васил Кънчов, Избрани произведения П, София 1970,440, Архив на Македонија, Скопје, филм 238, Француски конзулат во Солун, 13 мај 1903; Крсте Битоски, Прилог кон прашањето за бројот и националниот состав на населението во Македњнија во почетокот на ХХ век, Гласник на ИНИ XXVI, 1, Скопје 1982, 181.)

Солун останувал константно најголем стопански и увозно-извозен центар на Македонија. Тој бил најголема порта преку која влегувал и излегувал европскиот капитал од нашата земја.

Општиот промет на извозно-увозната трговија во 1888 година изнесувал 53.480.000 франци. Во оваа трговија учествувале Франција, Италија, Турција, Грција, Белгија, Германија, Швајцарија, Романија, Шпанија и други. Во оваа трговија, и со стока и во превозот, првото место и припаѓало на Франција.

Увозната и извозната стока пренесена со француските бродови изнесувала 13.127.264 франци. Другите учествувале во превозот со помал дел.

Слично било и со бројот на бродовите и нивната тонажа. Во 1889 година низ солунското пристаниште минале 1.254 парни бродови и 7.364 бродови со едра. Најмногу бродови со едра што минале низ солунското пристаниште биле турски (6.574) и грчки (791). Најголем број од паробродите биле француски (398), потоа турски (250), англиски (236) и така натаму.

Најмногу стока превезле француските (544.766 тони), англиските (252.712 тони) пароброди итн. (Александар Матковски и Поликсена Ангелакова, Извештаи ва француските конзули од Солун од 1887 до 1889 година - Гласник на ИНИ, XVI, 3, Скопје 1972, 195 - 198.)

Францускиот капитал, значи, доминирал во секој поглед.

Слична била ситуацијата и кога гемиџиите го направиле својот план за напад на странските претпријатаја. Солун и францускиот пароброд не случајно биле одбрани.

СТОПАНСКИ ПРЕГЛЕД НА ВЕЛЕС Основна причина за ширење на револуционерните идеи мегу македонскиот народ во целина и одделно меѓу македонската младина била економско-општествената и политичката криза што настанала во Европска Турција во последните децении од XIX век, чии манифестации најочевидни биле во Македонија.

Таа криза била придружена со се поголема диференцијација и заострување на општествените спротивности, коишто, поради различната припадност на угнетените и угнетувачот, добивме во исто време национална и верска обоеност. Поради тоа што носителите на политичкото ропство и оние на економското угнетување биле исти, во сознанието на македонските маси социјалната неправда, економската експлоатација и корупцијата на државниот апарат се врзувале со политичкото и националното ропство. Тие сметале дека пропаѓањето на занаетчиството и трговијата, чифлигарството, и ограбувањето на селаните, со еден збор сите неволји од било каков карактер, се должат на фактот дека земјата се наоѓала под османското владеење.

Како изгледала таа криза, како изгледало пропаѓањето на занаетчиството, трговијата и воопшто на македонското градско и селско стопанство конкретно може да се види и врз примерот на Велес.

Во првата половина и средината на XIX век Велес бил еден од најголемите и најразвиените градови во Македонија, Според некои податоци, кон 1860 година градот имап околу 20.000 жители од кои една третина биле муслимани. (Данчо Зографски, Условеноста и намената на Велешкото трговско училиште од 1857 година Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата, МАНУ, Скопје 1979, 44.) Економскиот просперитет на градот бил условен од развитокот на три главни стопански дејности: изработувањето на жолти сахтијани, трговијата и лозарството.

Во Велес се изработувале мошне квалитетни жолти сахтијани.

Со овој занает се занимавала една четвртина од населението. Во прво време кожите се купувале во разни делови на Македонија, а потоа кози започнале да се олгледуваат во Велешко. (Според Васил К'нчов, тој Велес го посетил подоцна, кога стопанскиот процут на градот бил минато, се изработувале до 400.000 кожи (Сегашното и недавно минато на град Велес – Избрани произведения. П, София 1970, 196). Друг еден автор (Хр.

Чочковъ, Градъ Велесъ, София 1929, 48) тој број го сведува на 100-150.000 кожи.) Тоа придонесло да се развие сточарството и да се развие месарската “индустрија” (пастрма, лој) и заедно со тоа и трговијата со овие производи. Месото во Велес било толку евтино што можеле да го јадат и сиромасите. Но, според К'нчов, во тоа време сиромаси во велес немало. (В. Кънчов. ц.

д., 197.)

Велешката сахтијана и белата сахтијана изработена во Ѓаковица, Призрен и Пеќ велешките трговци ја купувале и ја продавале во Виена и Будимпешта. Но Австрија, штитеики ја својата индустрија, увезените стоки од Турција започнала да ги обложува со високи царини. Така сахтијанат,а ја обложила со

30% царина. Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценм извозна царина. Србија ја наметнати 6% транзитна такса, така што велешките, и воопшто трговците од Македонија, требале да плаќаат 48% царина за да ги продадат своите кожи на пазарите во Австрија. Тоа всушност довело до пропаѓање на кожарството во Велес и во некои други градови во Македонија каде што тоа било развиено. Повеќето трговци биле уништени, како и кожарските занаетчии. Стотици семеиства во Велес останале без леб. Пропаѓањето на кожарството имало силно влијание и врз назадувањето на сточарството.

Трговијата со хранителни продукти во Македонија и одделно во Велес се развила особено во времето на Кримската војна (1853-

56) кога побарувачката во Европа значително се зголемила, исто така и цените. Тогаш Велес станал центар откаде што по реката Вардар до Солун се транспортирале стоки од еден добар дел на Североисточна Македонија. Меѓутоа, конкуренцијата на поевтините жита увезени од други земји имала за последица назадување на земјоделското производство во Македонија а заедно со тоа и на трговијата. Пуштањето во сообраќај на првата железница во Македонија во 1873 година, што се очекувало со нестрпливост, не ги дало саканите резултати.

Превозот на македонските земјоделски производи по железницата бил мошне скап. Од друга страна, пак, со пуштањето на железницата Велес го изгубил значењето што го имал како пункт од каде што се упатувале стоките по Вардар за Солун. Сега по должината на пругата отвориле повеќе станици преку кои населението од разни места ги транспортирало своите стоки.

Карактеристично за велешкото стопанство било мошне развиеното лозарство. Според некои податоци, во Велес имало околу 1.200 дунуми лозја. Во градот се произведувале околу 420.000 оки ракија. Приходите од ракијата изнесувале околу еден милион гроша. Меѓутоа по Руско-турската војна на (1877-

78) и на ова производство и трговија им бил нанесен силен удар. Териториите што најмногу ја купувале велешката ракија по силата на решенијата на Берлинскиот конгрес биле откинати од Османската империја, а за извоз на ракија требало да се плаќа висока царина. Од друга страна, пак, од европските земји започнал да се увезува шпиритус, што се мешал со ракија, и така се добивал евтин пијалок што силно и конкурирал на природната ракија. Со тоа било уништено лозарсттвото како сериозен стопански фактор во животот на градот.

На тоа треба да се додадат бројните даноци и други давачки што постојано растеле, корупцијата, како и перманентното разбојништво, за да се заокружи претставата за општата положба во која се нашле Велес и Велешко при крајот на XIX век. Главното занимање на населението во Велес и околијата останало земјоделството, во градот – и ситното занаетчиство и ситната трговија, но приходите од тоа одвај можеле да ги задоволат најосновните потреби на луѓето. Положбата на населнието во Велес и казата, пишува В. К'нчов “е плачна.

Градот изгледа како да опустел, селата исто така. Овде-онде се издигнаа некои личности, коишто благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде 'ржан леб за да го смири гладот.” (В. Кънчов. ц. д., 199.) Треба да се забележи дека во иста и слична положба се нашла цела Македонија кон крајот на XIX и во почетокот на XX век.

ИДЕЈНОТО ОФОРМУВАЊЕ И ФОРМИРАЊЕ НА ГЕМИЏИСКИОТ КРУЖОК Токму во ова време, додека траел процесот на економско-општественото назадување на Македонија, се родила и израсната една нова македонска генерација што во последната деценија на XIX век била готова да ја изврши историски определената мисија: по револуционерен пат да отвори нова страница во развитокот на македонскиот народ. Во ова време во Велес се родиле и израснале и оние младинци што ќе го формираат Гемиџискиот кружок и ќе ги извршат солунските атентати во 1903 година. Економско-општествената положба во која се нашле Велес и цела Македонија кон крајот на XIX век извршила пресудно влијание врз револуционерното определување и на велешките младинци.

Во 1893-94 година била создадена Македонската револуционерна организација, со задача да се бори за ослободување на Македонија од османската власт.

Организацијата постепено се ширела по градови и села и ги опфаќала речиси сите економско експлоатирани и политидки обесправени македонски слоеви. Во нејзините редови Ја започнале својата револуционерна активност и некои од идните гемиџии.

Идните солунски атентатори го следеле развитокот на Револуционерната организација во своите средини. Ним силен впечаток им направила Виничката провала од ноември 1897 година, што всушност била прво откривање на Организацијата во Турција и пред Европа. Како што е познато, една разбојничка чета дошла од Бугарија и со помош на свои јатаци во Виница го убила богатиот Турчин Казимага и дигнала од неговата куќа околу 800 лири. Вршеиќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза. О5верени од ненадејното откривање на Организацијата властите речиси два месеца вршеле ужасен терор во овој дел на Македонија. Околу 220 души биле жестоко мачени, десетина од нив убиени, над 500 затворени, а 300 избегале во Бугарија.

Ваквиот терор што одамна не се помнел во Македонија предизбикал силен одглас во земјата, меѓу дипломатските кругови и во Европа. Тој го зголемил револтот и одвратноста што постоеле кај нашиот народ против постојниот поредок.

Пишувајќи за тоа како ja доживеале Виничката провала, еден од идните гемиџии раскажува: “Таа го изнесе на видело постоењето на Револуционерната оргацизација и зверствата на деспотската турска власт. Со масовни апсења и мачења Турската власт предизвика гласење и негодување кај сите нас.

Таа провала ни показа дека има против што да се бориме - тоа е турското господство." (Тодор Оргаџиев, За Солунското сьзаклятие - 50 годинии от Илинденското въстание, София 1953, 116; Види и: Павел Шатев, В Македония под робство, София 1968, 49-50.)

Револуционерната организација врз идните гемиџии влијание вршела и преку нејзините основачи и раководители: Даме Груев, Пере Тошев, Петар Поп Арсов, Горче Петров и други.

Гемиџискиот кружок бил составен од релативно мала група македонски младинци, од кои најпознати биле: Јордан Попјорданов, Костадин Иванов Кирков, (Диме), Мечев-Мечето, Илија Трчков, Владимир (Владо) Пингов, Георги Петров Богданов, Милан Арсов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Попјорданов - сите од Велес, потоа: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Цветко Трајков.

Идејното оформување припадниците на Гемиџискиот кружок го стекнале и од влијание на револуционерната литература. Во 1896/97 учебна година во Солунската егзархиска гимназија учеле Јордан Попјорданов, Коста Кирков, Георги Богданов, Тодор Органџев и други. И во Велес и во Солулн во тоа време младинците доаѓале во допир со социјалистичките идеи и со разна , литература што се читала со голем интерес. Васил Главинов во Велес, покрај другото, ги донел книгите “За братство и социјализам” од Васа Пелариќ “Е ли крива судбината” од Љубен Каравелов. Во Солун се читале книги од Пушкин, Шекспир, Жан Жак Русо, Виктор Иго, Балзак, Чернипевски, Писарев, Христо Ботев, некои преводи на делата на Плеханов, А. Херцев; Бебел Кауцки... Некои книги, како “Бог и наука” од Л. Бјухнер, “Жената и социјализмот” од Бебел “Цибир и заточените во Русија”, “Подземна Русија” и други од Чернишевски, “Речи и прокламации” од Иго и други, биле дела што некои од учениците ги читале со поголемо внимание отколку книги во врска со редовите предмети, (Т. Органџиев, ц.

д. 16; Павел Шатев, Ц. Д.;42 – 43.)

Формирајќи се како револуционери и прифаќајќи ја македонската ослободителна идеја, идните гемиџии не ја прифатиле и масовната оружена борба, како најстравно средство за ослободувањето на Македонија. Тие се определиле за индивидуални револуционерни акции сметајќи дека на таков начин побрзо и со многу помалку жртви ќе се постигне целта.

До такво сознание и определување младите велешани дошле под влијание на следниве околности.

Во 1879 година во Солун дошол велешанецот Јордан Шурков, кој извесно време живеел во Пловдив, каде што се запознал и ги прифатил социјалистичките погледи. Тој ги собирал учениците

- велешани, им зборувал за Маркс и Енгелс и им го објаснувал нивното учење. Од него тие стекнале поими за научниот социјализам, за класната борба.

“…Постепено кај нас - пишува Т. Органџиев – се зароди мислата да започнеме револуционерна борба но не знаевме на кој начин. Нихилистичките книги ‘Боиштето на нихилизмот’ и ‘Подземна Русија’, што ни паднаа в раце, влијаеја и создадоа кај нас негативен однос кон се што беше старо. Ние бевме наполно под влијание на тие идеи за негирање на се. Решивме да извршиме нешто против тираните на нашиот народ во кое да изгориме. Паролата ни беше ‘ќе се арчиме’ т.е. ќе умреме во името на слободата на народот” (Т. Органџиев, 116-117.).

Ваквото сфаќање влијаело и врз начинот на живеењето и учењето. Тие завршиле гимназија, но на матура не се јавиле, бидејќи требало да се “арчат”, т.е. да се саможртвуваат за слободата на Македонија. Инаку, сите, биле добри ученици, но тоа “‘е се арчиме” сосем ги преокурирало и нивните мисли ги пренасочило кон револуционерна акција. Но каква?

Во 1896 година неколку ученици од Пловдивската гимназија формирале тајна група со цел да се борат за ослободувањето на Македонија преку револуција во самата земја. Организатори и раководители на групата биле Михаил Герџиков и Петар Манџуков, внук на бившиот охридски митрополит Натанаил.

Сите тие биле под силно влијание на руското народништво и на нихилизмот, како и на одделни епизоди и херои на Француската буржоаска револуција. Сметајќи дека немањето пари е главна пречка за реализирањето на ослободителните планови, Герџиков и Манџуков решиле до такви да дојдат по секоја цена.

Еден голем орден со брилијанти на владиката Натанаил и еден брилијантен прстен на Герџиковата мајка им биле дигнати и дадени на нивниот пријател Јордан Бошков, емигрант од Велес, за да ги продаде. Меѓутоа, “кражбата” била откриена и акцијата, извршена во името на македонското ослободување, не успеала. Двата ученика биле исклучени од гимназијата. Групата се распаднала.

Во 1897 година повеќемина младинци се нашле во Женева како студенти. Меѓу нив биле и Петар Манџуков и Михаил Герџиков. Изобилството на револуционерна литература и контактите со руските револуционери го дооформило нивниот миропоглед, но и ги раслоило. Едни под влијанис на Плеханов станале социјадемократи, а други, под влијание на бакуњизмот, се ориентирале полево. Но, и натаму останале блиски создавајќи го Македонскиот таен револуционерен комитет (МТРК) свој устав и програма.

Во Апелот испратен од Комитетот се осудува ропството и се бара од слободољубивите луѓе и одделно од младината да придонесат за негово уништување. На едно место се вели: “Со што може да се оправда тој грозен факт - робувањето на македонскиот народ?... Таму во Македонија, таа со векови несреќна земја, отсуствува секаква правда и никакво добро не може да се замисли...” (Взвание отъ Македонският таен революционенъ комитетъ - ИНИ, ф. к. 357.)

Целта на МТРК е искажана во Програмата приложена кон Апелот. (Истото.) “Да ја скрши власта на тиранинот, да ги симне оковите од нозете на робот, да ги ослободи од векови потиснатите измачени Македонци - ете зошто се организира и ете за каква цел се бори Македонскиот таен револуционерен комитет”.

Во Програмата се барало:

1. Полна независност и најширока слобода за македонскиот народ да си создаде управа каква што сака;

2. Комитетот нема да протежира ниту една народност во Македонија, туку ќе се труди да ги организира во една целина за урнување на турската власт во Македонија;

3. Комитетот не дозволува при решавањето на прашањето за иднината на Македонија туѓо мешање...

4. Комитетот ги смета како непријатели не само турските власти, но и сите оние лица што на било кој начин му пречат на неговите работи и посредно или непосредно му нанесуваат штета на народот и на неговото ослободително дело;

5. Мирното турско население не само што не се смета како непријател, ами напротив...

За реализирање на оваа цел, Комитетот “наоѓа само едно средство: револуцја...” На крајот од Програмата во “нужна забелешка”, Комитетот објавува дека на сите шовинистички дејности во Македонија, било тоа да се од Бугари, Грци, Срби или било кои други, “нашите комитетски работници се должни да противдејствуваат, а самите носители на таа дејност ќе се прогонуваат како најголеми народни непријатели”. Овој став на Комитетот нашол место и во чл. 81 од Уставот.

Уставот содржи 100 члена и во детали ги регулира должностите и правата на членовите. Основната должност на секој член била кога ќе дојде очекуваниот момент да го опаше своето оружје и да умре, ако треба, за македонската слобода. (Опширно за МТРК, за Уставот и за неговите печатени изданија види:

ДАНЧО Зографски, Македонскиот таен револуционерен комитет и “Отмъщение”, Скопје 1954.)

МТРК имал крајно негативно мислење за улогата на македонската емиграција во македонското револуционерно движење. “Македонското движење - тврдел тој - ниту оддалеку не ќе има некаква особена полза од емиграцијата што ја полни Бугарија. Таа можеби е добра за партизански борби, но за револуцијата таа, каква што си е сега, би била само една пречка.

Македонскиот роб нека не се надева на неа; тој нека се потпре на своите мишки...” Комитетот, притоа, потсетува на улогата на емиграцијата во политичкиот живот во Бугарија, каде што станала орудие “во рацете на бугарските шарлатани... орудие преку кое тие се качуваат и слегуваат од власта”; на нејзините “шовинистички слуги” спрема Бугарија, Србија, Грција и Романија. Таквата емиграција не можела да ја разбуди народната свест, затоа што самата не знаела што прави... “Затворени зад зелените маси или зад позлатените тезгафи, македонските емигранти врескаат до бога за слобода, но не се срамат да си го наполнат ќесето од секое бунтовно време, како во 1895 година. Дејноста надвор од народот не е дејност туку губење време. Македонската емиграција се занимава токму со такви работи...” (Истото, 59-60, 68. Кога Комитетот зборува за емиграцијата, секако го има на ум раководниот слој од емиграцијата, кој во големо мнозинство навистина бил таков каков што го карактеризира в.

“Отмъщение”.

Се поставува прашањето: Кој да му вдахне ослободителна свест на поробеното население? Училиштата не можеле да придонесат во таа смисла. Тие биле “сејачи на шовинизмот на ропската потчинетост, каде што младото поколение се труе и расцепува на бесно-непријателски шовинистички лагери... каде што се сее уважение кон оние котила на развратот, бескарактерноста и заблудата - Орта-ќои (Егзархијата – б.м.) и Фенер (Патријаршијата - б.м.)”; каде што се вдахновувало почит кон историските и филолошките “права” на Бугарите, Грците, Србите и Романците; каде што се проповедувала љубов кон владата што не задушува и синовска преданост кон султанот “нашиот цар-татко.” (Истото, 67 (“Отмъщение”)).

Црквата ја играла истата улога како и училиштата и, според тоа, и таа не можела да придонесе во ослободителните напори на македонскиот народ. (Истото, 69 (“Отмъщение”)).

МТРК агитирал дека македонскиот народ не треба да се надева на никого во своите ослободителни борби, а најмалку на соседните држави. “Историјата на македонското движење ни открива дека секој бугарски управник со задоволство би каснал малку македонско месо и би пивнал малку македонска крв...;

дека македонското дело за нив (бугарските управници - б.м.) не е друго освен средство за владеење”. (Истото, 60-61 (в. “Глас”)).

Одговор се дава и на прашањето: Дали нашиот народ треба да се надева на помош од европската дипломатија и одделно од Русија. И тука одговорот е негативен. Не можело да се очекува слобода од Европа, бидејќи таа не го чувствува ропството, туку го чувствува Македонија. Не можело да се очекува слобода и од Русија, зашто руски цар и слобода меѓу себе се исклучувале.

Нечистите христијански побуди ја натерале Русија (царизмот се двои од рускиот народ, што и самиот страдал како македонскиот) да ја ослободи Бугарија, да го помага ослободувањето на Романија, Србија и Грција, а чисто задоволувачките интереси, “Русија ќе ја побара нашата слобода не за нашите црни очи, а да се направи пат по кој полесно да стаса до Цариград... Како Русија, така и европската дипломатија, би не ослободиле ако има од тоа некаква полза или ако беа присилени тоа да го направат. Но, тие немаат никаква полза од ослободувањето на Македонија...” (Истото, 65-66 (“Отмъщение”)).

Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава. (Истото, 59-60

(“Отмъщение”)).

Овој нивни правилен став за улогата на Европа и на масите во ослободителните борби не им пречело на луѓето од МТРК и на гемиџиите слободата на Македонија сепак да ја очекуваат од интервенцијата на Европа.

* Ако се суди според Уставот и Програмата, не би можело да се рече дека МТРК стоел на “класични” анархистички позиции.

Како средство за ослободувањето на Македонија, покрај другото, тој ја посочувал револуцијата на обесправените маси.

Во Комитетот се чувствува посилно социјалистичкото влијание отколку анархистичкото. Меѓутоа, диференцијацијата што се забележувала меѓу членотвите во, Женева дошла до полн израз по нивното враќање во Турција. Уште во, Женева се појавила групата “Македонски револуционери терористи”, што го издала весникот “Отм’штение”, со мото “Око за око, заб за заб”, и го пропагирала теророт како средство на ослободителната борба.

(Да ги премавнува сите пречки на нашата пропаганда и да пропагира на дело - ете ја задачата на теророт што ќе го сееме.