Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste
МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА
МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА
“ЦРВЕНОТО” ГУБИЛИШТЕ Стојан Кочов МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ВИОРОТ НА
“ЦРВЕНОТО” ГУБИЛИШТЕ Скопје, 2006 All rights reserved. No part of this book may be reproduced or transmitted in any form or by any means, electronic or mechanical, including photocopying, recording or by any information storage and retrieval system without written consent from the author, eџcept for the inclusion of brief and documented quotations in a review.
****** September 6, 2023
****** ПРЕДГОВОР
“Македонците низ ЦРВЕНОТО ГУБИЛИШТЕ” - За големата последна измама на Македонците во граѓанската војна во Грција 1945 - 1949 СТУДИЈА: Истражувања од областа на историографијата на Македонците во Грција кој посака Македонците под Грција, ова мирно население да го внесе во глобалниот процес за советизација на Балканот?
Зошто ние Македонците влеговме во моделот за социјализам на Балканот, кога тој модел по Втората светска војна веќе беше исцрпен и бесмислен.
Истражувањето на воено историско – политичката студија, покажа горчливи сведоштва за Македонците во Грција во Граѓанската војна (1945- 1949)
Повеќе од половина век историската вистина чемрее под идеолошката пајажина, а искоренатите луѓе танаа: талкачи и заробеници на големите илузии.
За смртната идеолошка стапица, за длабочината на трагедијата, за корените на злото и мрачните тајни за геноцидот над Македонците во Грција во Граѓанската војна (1945–1949), студијата покажа дека умислено се прикривани фактите во напишаната секторска историја за егејците.
По Втората светска војна, Граѓанската војна беше нов тест за нас Македонците и таа имаше две димензии (барем сега) тоа го потврдија исходот и фактите. Таа се водеше и за размена (протерување) на населението и затоа беше лоцирана баш тука и како второ и за ликвидација на комунистите (кои се покажеа дека не беа доволни информирани) што посакуваа да спроведат социјализам во Грција.
Рускиот став (Сталинов) е чуден: Нека се буричка во капитализамот, а целта на власта во Грција (Западните сили)
беше сосема јасна: Грција е под сфера на влијание на Англија и САД и договорот со Сталин на Јалта 1 беше гарант дека социјалистички систем во Грција нема да се дозволи со Граѓанската војна. Значи остануваше да се изврши етничкото Чистење на Македонците и со тоа што повеќе меѓународно да се легализира донесеното новородно население - Просфигите од Мала Азија.
Ние Македонците под Грција требаше да имаме сфатено дека бевме во Грција и таму ни беше коренот, инаку ќе бевме третирани како неподобни. Тоа им го овозможивме сами да не ископачат, кога решивме да се браниме со оружје покрепени од Југославија.
Тоа беше време кога Балканот, беше преполн со парадокси и контраверзии, мешавина од старо, анахроно и ново, недефинирано, илузии и заблуди, од една страна, и желби да се пронајдеме од нашите историско трагични поделби што ја чекавме пригодата со години за нашето обединување, тугинците ни ја поттурија теоријата на крв и почва, која ни донесе пустош и конечно повеќето исчезнавме од прадедовските огништа со завршувањето на војната, но, само за Македонците прогонството остана. Сметката ја плативме, точно спрема зацртаното во ЗАГОВОРОТ.
Македонскиот селанец, вклештен помеѓу МОЃНИЦИТЕ:
(КПЈ/КПМ - Тито и Колишевски, КПГ - Захаријадис и Маркос Вафијадис) ПОДАНИЦИТЕ: (НОФ и АФЖ) И во моите предходни книги за кои бев бесмислено напаѓан, токму од овој историчарот Р. Кирјазовски, кои сега во оваа негова книга изнесе многу прикриени факти,се запрашувам што бранеше:
“Како можело, да се бара логика во “братска” подршка, по поделата на Македонија (1913) и да се намамува Македонецот за “Обединета Македонија” по Втората светска војна, со нашите горди идеолошки активисти е триумф на, танцување во мрак.
Зарем можеше некој да смета дека (бугарската, југословенската или грчката) власт била толку ступидна што би го вооружувала 1 Конференцијата на Јалта траела од 4 до 11 февруари 1945 годна. На неа присуствувале претседателите Черчил, Сталин и Рузвелт, во присуство на министрите за надворешни работи.
НОФ или кое било друго македонско ослободително движение, само и само да одвои дел од нејзината територија? Значи, секој разумен, ќе рече: НЕ!
Тоа значи, со право да ние Македонците им кажеме како на МОКНИЦИТЕ, и на ПОДАНИЦИТЕ: Зошто не лажевте и ни донесовте несреќа која со ништо не се лечи? И изгубената татковина земја, со ништо не се враќа!?
Граѓанската војна беше најголемата измама и Грамос е најголемата гробница на сосила мобилизираните Македонци, а тоа е најтрагичниот настан за македонскиот народ (никаква македонска револуција, како што се пишуваше во “секторската историја”), бидејќи сите нас од таму не прави луѓе без корен и кај сите е всадено чувството на оттугеност.
СТУДИЈА: Истражувања од областа на историографијата на Македонците под Грција Истражувањето на воено историско - политичката студија, покажа горчливи сведоштва за Македонците под Грција во Граѓанската војна (1945-1949)
Повеќе од половина век историската вистина чемрее под идеолошката пајажина, а искоренатите луѓе останаа: талкачи и заробеници на големите илузии.
За смртната идеолошка стапица, за длабочината на трагедијата, за корените на злото и мрачните тајни за геноцидот над Македонците под Грција во Граѓанската војна (1945-1949), студијата покажа дека умислено се прикривани фактите во напишаната секторска историја за Егејците.
ФАКТИ И АРГУМЕНТИ За големата последна измама на Македонците во Граѓанската војна во Грција 1945 - 1949 ВОЈУВАВМЕ ПРОТИВ ВЕКОВНОТО НАСЛЕДСТВО И СВОЈАТА СУДБИНА Повод е книгата на Евдокија ФОТЕВА - Вера „До пеколот и назад”, издавач „Аз - Буки”, Скопје 2005.
Книгата „До пеколот и назад”, од Евдокија Фотева - Вера, настои да не запознае со еден дел од својата животна судбина и ни понуди чувствително сведоштво преку болно бележена автобиографска сторија (со нејзините идеи и идеали, свест и совест, соништа и копнежи, радост, таги и патила) со многу лични емоции за една сурова вистина и бездруго како травматични последици: очај, неверица, расколебаност, бесилие, немоќ, апатија, омраза, поделби, разделби, потреси и конфликти. Можеби за оваа книга, би бил по адекватен наслов
„СВЕТОТ НА СНИШТАТА И НА НАЦИОНАЛНАТА КАТАСТРОФА”. Текстот на оваа книга на свој начин возбудува и привлекува и го турка читателот кон размисли за местото и улогата на македонските борци и раководството на НОФ и АФЖ, некогаш и сега по половина век. Во одредени поглавија ги содржи нејзините размисли, нејзините мечти, нејзините акции, нејзинито жртвување (само - жртвување), нејзиниот живот и идеали. Остава впечаток на личност:
конструктивна, толерантна, демократична, неосветољубива и
„невластољубива.” Текстот е компониран по оската на времето и од првата до последната реченица на оваа автобиогравска сторија, ни сугерира дека токму таква е вистината. Многу собитија со историски и семејна посебност, поврзани со животот на Партијата и авторот и со нејзината „отвореност” и предозираност во возвишувањето на нејзината кариера -зборовите и летаат од нејзината уста како куршуми. Пишува со јазикот на омразата и со својот триумфализам се поставува како нов коректор на напишаната официјална (секторска) историја за Егејците.
Авторот, на стр. 13, пишива: „Чесните, достојните раководни синови на Егејска Македонија најлошо поминаа. Тие што дезертираа, што го потикнаа народот на борба, го оставија на цедило, во република Македонија ширеа лаги и клевети против достојните, ја пракажаа борбата и сите нејзини настани како што ними им одговара исклучиво тоа нешто да кажат. Тие мислеа дека е “завршено” со оние вистинските. На нивните лаги наседнале доста политичари и историчари По поразот на ДАГ, раководителите на НОФ, АФЖ И НОМС на Егејска Македонија бевме обвинети за тоа како “агентие на Југославија, на Тито и на Лазо. Бевме уапсени во Бурели, Албанија, па бевме испратени по затворите и логорите на СССР. Наместо заштита, застапување за наше ослободување од обвиненијата, дезертерите и најблиските со кои што сме делеле доброто и злото во борбата презедоа се што повеќе да не оцрнат, мислејќи дека нема живи да останеме, а за “мртвие може што сакаш да зборуваш. Меѓутоа, издржавме секакви тортури и чесните, тие кои со ништо не го извлакавме својот образ и образот на татковината, на својот народ, дојдовме во Република Македонија. Но кога дојдовме што ќе видиме: дезертерите ја извртиле вистистината за 180 степени. Тие се збунија со нашето доаѓање, но позициите и привелегиите не ги изгубија зашто на секоја власт и требаат полтрони и кодоши.” Авторот на книгата, на место да се задоволи со помирливото „сите ние сме виновни” таа бара одмазда дури и по 55 години и посакува да ја оствари со комунистички методи.
НОВИ ИСТОРИСКИ ФРУСТРАЦИИ И ВРАЃАЊЕ ВО СТОЛЕТНАТА АГОНИЈА ПОД ИДЕОЛОШКАТА ПАЈАЖИНА Се поставува прашањето: што по лавековно клечење пред митови, со големи илузии, со жртви и злосторници? Нели е, време да дознаеме: кој не одмести од темелите на својата земја.
Злото во егејска Македонија не паднало од небото?!
Текстот е комплексен и полн со неверојатни случки па дури и апсурди: „Минатото се толкува од позиција на партијата”, еднаш во корист на КПГ, други пат во корист на КПЈ. Дали обидот за историско назадување на одреден број луѓе е дел од туѓата столетна политичка акција.
Со идеите на нашите дедовци - ИЛИНДЕНЦИ, кои имаа за цел да ги зачуваат многувековните национални вредности:
живеалиштата, имотите, традиција, верата и светилиштата, достојанството и мирисот на родниот крај - Родината. Токму во тие етнички македонски граници, а не со напуштање многувековното наследство што исконски ни припаѓаше само нам Македонците, и сега нашето саможртвување, доживеаниот геноцид и дезинтеграната македонска реалност да го оправдуваме со идеолошко - комунистички космополитизам и дека сме ја изгубиле борбата во Граѓанската војна. Тоа е само оправдување и бегање од големите национални идеи.
Низ текстот, авторот, умот често пати и игра помеѓу потсетувањето и заборавеноста, но оди токму по линијата(струјата) и границите што строго ги имаше одредено партијата. Потсетувањето го опишува како моменти на сознавање на вистината и жестоко ги осудува масовните кршења на човечките права. Во книгата направи достоина морална осуда на комунистичките тоталитарни режими. Но заборавот на некои собитија, чиниш со леснотија минува, со некаква привремена амнезија. Но, има и такви искази и описи на самофалење (од историски аспект, авторот како лидер на македонската жена) книгата „До пеколот и назад” ја девалвираат.
Евдокија Фотева - Вера, со злоупотреба на зборот на стр. 236, ќе забележи со извишен глас и горчина: „Кога ги пишувам овие редови, ми доаѓаат разни размислувања. Зошто, и покрај големата способност, ние во Македонија страдаме? Зошто со нас тугинците манипулираат? Така ќе биде додека народни изроди 2 навреме не се откриваат, додека националното не се издигне над личното...” 2 Авторот под изроди (предавници) на иста страница ги наведува: Пандо Вајна и Ставро Кочев, а историографот Христо Андоновски во својата книга:„Македонците под Грција во борбата против фашизмот(1940 - 1944)
“на стр.115, пишува:Македонските комунисти и кадри на движењето на отпорот од Соровичка околија, Леринско беа: Киро Пилаев, жорги Турунxа, Ставро Кочев, Вангел Којчев, Трифко Поповски и други. Главно тие беа јадрото на раководствот на СНОФ во Леринско. А во градот Лерин каде уште од 1941 година излегува на македонски јазик весникот „Искра“, од Македонците најактивана е групата: Илија Димаки - Гоче, Кочо Калинов, Ламбе Попов, Михајл Трпков, Пандо Дурдуловски и Уште некои други.
Авторот, на крај не осведовечува: „За моите заслуги во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција сум одликувана со следните одликувања:
1. - Орден за храброст,
2. - Орден братство и единство со сребрен венец,
3. - Ордени заслуга за народ со сребрени зраци,
4. - Плакета на Сојузот на борците на Југославија,
5. - Јубилеен медал од Руската федерација, по повод 50 години од победата над фашизмот, 1945 - 1996,
6. - Орден, 50 години од ДАГ, 1946 - 1996,
7. - Медал на НОФ, 1941 - 1949.
Исто така, добитник сум на многубројни признанија и пофалби, плакети и т. н.” Останува не отгатнато: зарем на Евдокија Фотева - Вера и требаше толкава временска дистанца од 55 години да се ослободи од стравот и да си ја земе слободата за да си го каже ставот за многу притаени нешта, да може тоа јасно да го каже, на начин на кој тоа ќе го примат Сегашноста и Историјата?
Дистанцата, можеби и била потребна, да направи историска реконструкција? Таа како лидер на АФЖ, за одредени прашања од национален интерес, кои се изместени од реалноста и се интерпретирани во историјата на Егејците - токму во интерес на тугинците. Требаше да дади одговор бидејќи и самата беше - одобрувач и спроводител на сите тие директиви, од чии политички и воени акции Македонците под Грција доживеа геноцид.
За нас обичните борци во ДАГ, таа војна, секогаш ни се враќа како глуво ехо што не занемува. Но, предизвикот ќе беше голем и историски, ако таа ќе пресудеше и ќе извршеше корекции по најболните теми, особено од Граѓанската војна за што не осведочи погоре дека добила високи национални признања. Да проговори за сите оние што ја претворија Егејска Македонија во зона на тешко и задушливо сивило – губилиште со изгубен народ во беспаќето меѓу Исток и Запад.
Кој ја направи таа ЈАСНА БРКОТНИЦА? Како да го најдеме вистинскиот одговор и од кого? Нашиот? Каде сме? што е со нас? Како да се најдеме сбеси? Нашата реалност?
Ние бевме народ со минато, кој длабоко во себе ги носеше верата и традициите од своите предци, народ со долга историја и вековно опстојување.
Многу пати сме биле измамени. Знаеме дека и сега е така, но и сега нее кажано ништо.
МОЃТА НА ВАЛКАНИТЕ ТУЖИ ПОЛИТИКИ И НАШЕТО МИТАРЕЊЕ Со ова навраќање кон трагите на вистината и, кога човек ќе ги анализира авторовите факти (што не ги негира) и коментари, заклучни согледби што ќе се запраша: „Зарем е било можно да се стигне ‘до пеколот и назад’, ако не му предходела некаква причина?” Читателот останува скаменет, кога не наоѓа ништо за долгогодишниот пекол низ кој мина Македонескиот народ под Грција и накрај доживеа геноцид, токму кога таа лично од позиција на лидер на АФЖ агитирала (спроведувала директиви:
било на КПЈ или на КПГ) и манипулирала со македонската жена. Тогаш, зошто и по 55 години, во себе сака да крие ПРИТАЈНИ НЕШТА ОД ТОЈ ГОЛЕМ СОН!? Но ако по длабинско ги анализираме фактите и аргументите што ги има во изобилје во историографиите: македонската, поранешна Југославија, Грција, Англиска и Советската, се насетува дека со политичка умисла е дезавуирана една вистина заробена во вечна тајна: Кој и зошто манипулирал со Македонците во годините (1940 - 1950), а тоа е токму: трагедијата на Македонците под Грција во Граѓанската војна. Фактите токму тоа говорат дека злото не паднало од небото во егејска Македонија. Се открива најстрашното дека раководствата на НОФ и АФЖ талкајќи низ една бркотница од приклонување (со иста емоционална зараза како член на партијата) кон КПГ или КПЈ и токму во тој хаос го изгубивме од контрола значењето на главната цел „Зачувување на народот и земјата на нашите прадедовци”.Таквата идеолошка интимност со двојните старндарди на нови и стари душегризници, значи нова партија - нов свет, помалку ред и поверење. Со тоа го доведовме својот народ во заблуда дека токму од новиот сојузник треба да ја очекуваме националната слобода. Значи, во тој период на време „вистината”, се кажуваше според критериумот на лојалноста кон носителот на моќта. Се покажа дека никој не сакаше да биде жртва за ради вистината. За тоа се бараше доблест.
Но, за македонскиот народ, посебно за Македонците под Грција, оформувањето на организациите НОФ, АФЖ и НОМС се покажа дека бил чин на политичка бесмислица. Во нивните програми, немаа автентична стратегија, со историска перспектива за националните интереси на македонскиот народ.
Тоа го потврдуваат фактите. И, за за жал, досега сите раководителите на НОФ и АФЖ имаа една многу нереална желба - сакаа да ја прикажуваат историјата без никаква нивна вина. Но, оа не било така: минатото никогаш целосно не умирало.
Значи, ли тоа како да не ни недостасуваа грижи за сопствениот народ? Со години, по националната катастрофа, се прашуваме:
„Зошто во општо тие луѓе (раководители на НОФ и АФЖ:
Нивната активистичка ангажирана борбеност во корист на КПЈ или КПГ и нашиот македонски пораз - геноцид) се занимавале со политика? Зошто само бараа од македонскиот народ масовно учество во ДАГ, без дефинирана национална програма за Македонците и Македонија под Грција? Но сега, секој од нас се убеди дека и по половина век само единствено тие што ја водеа војната знаат како се играше играта - војна, наречена живот или смрт.
Не зависно кое чувство или идеолошко убедување се крие во нашата потсвест, но треба да знаеме дека Македонскиот човек, се покажа дека беше во состојба да застане на нозе и пред најсилните удари на судбината, ама ете и токму од тие луѓе и денеска се заобиколува вистината за таа трагедија...
Значи, за пеколот на војната, авторот не кажува ништо.
Останува неосветлена вистината за бројните табу - теми:
забранети премини и црни дамки од историскиот гибел на Македонците под Грција. Многу мрачни и длабоко скриени тајни околу (само) жртвувањето, за една потресна историска хроника, агресивните пропаганди и тугите политики кои ги потикнуваа луѓето на миграции и не им оставаа простор на луѓето да се осоземат како Македонци кои треба да бидат чувари и да го сочуваат многувековното староиседелско огниште што значи тоа? Тоа значи:
ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА НЕ Е ДЕФИНИТИВНО ЗАТВОРЕНА - ТОА Е ГОЛЕМАТА ВИСТИНА!
Зошто историјата за Македонците под Грција останува отворена? Тајна чувана пет и пол децении. Можеби затоа што од сите лидери на НОФ и АФЖ не се почитувани фактите за правилното прикажување за Граѓанската војна.
Какви се историските факти на грчката историографија за оружената борба што ја водеше КИТ? Во грчката официјална историографија се вели: Во оружената борба што Ја водеше КПГ (1946 - 1949) разликуваме два периоди:
Првиот период беше од март 1946 година (по решението кое беше завземено на 12 Пленум кој беше одржан на 12 февруари
1946) до февруари 1947 година, кога оружената борба ја користеше како притисок врз десницата за мироњубиво решение на грчкото прашање.
Вториот период беше од февруари 1947 година до август 1949 година, кога преку оружена борба сакаше да го совлада атинскиот режим и да Ја заземе власта.
Оружената борба беше водена од КШ (политичко -идеолошкиот столб) и ГШ на ДАГ (военокомандниот столб).
Значи, како што не осведочува авторот Евдокија Фотева - Вера, со оваа книга не става: ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО НАШЕТО КОМУНИСТИЧКО МИНАТО ВО ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА, таа со своите ставови внесува ново дизајнирање на историските факти за борбата на Македонците во таа војна. Таа ни нуди ДВОЈНА ВИСТИНА: за секоја од овие три настани (развојни фази на НОФ). На стр. 235, вели: „...НОФ во својот развој имаше разни периоди, но главно, мина низ три фази”:
ПРВАТА ФАЗА: ИЛЕГАЛНОСТ (Тајна, незаконска политичка дејност. Влез во идеолошкото ГУБИЛИШТЕ). Без национална платформа.) и објаснува: „По формирањето (23 април 1945), НОФ делуваше во строга илегалност и самостојно. Во тој период успеа да ги придобие народните маси и во најдалечните места.” Така вели Евдокија Фотева - Вера, но да се зборува дека НОФ имал македонска стратегија, одредена од нас Македонците под Грција е надвор од контролата на разумот.
Зарем оваа не значи дека со оваа акција на НОФ и АФЖ (АФЖ
- за нас Македонците под Грција, веќе беше излитен слоган), не беше и смислено лоцирање на војната токму во тие години во егејска Македонија? Зарем, со тоа ние самите не им ја остваривме основната стратегија на тугинците, таа нивна замисла за почеток на таа војна?! И оваа акција на илегалност ни потврдува: дека навистина во историјата наша не се памти дека секоја умислена акција во корист на тугинците, да не ја реализирале преку Македонците.
Зарем тоа не беше и првата алка за власта во Атина да ги почне „легалните” миграциони движења? Терор и законски мерки?
Сето тоа да биде оправдано дека владата во Атина врши заштита на суверенитетот и зачување на внатрешниот граѓански поредок?
Понатака вели: „Оваа активност на НОФ беше сосема во духот на прогресивните сили на Грција.”А пак, на страница 31, вели:
„Организацијата НОФ, односно нејзините членови во 1945 -1946 година беа прогонувани на ист начин: како од монархофашистите така и од комунистите.” ВРЕМЕ НА ПРЕМОЛЧЕНИ ВИСТИНИ:
НОФ И АФЖ ЗАВЕДЕНИ ОД КПЈ ВО (САМО) ЖРТВУВАЊЕ ЗА ТУЖИ СТРАТЕШКИ ПЛАНОВИ А ПРОПАГИРАА ЛАЖНА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ЦЕЛ Се повеќе личи на случајност: ако успеваш, успеваш случајно ако пропаѓаш, пропаѓаш случајно... А народот што го вовлекуваа во најопасна игра?!
Токму од таквите авторови контрадикции, на тој план со таквите идеолошки ставови, ја прават дволичност, која и по 55 години, покажува интерес од банално засенчување на историските факти и конфузија. Да не се проговори за причините, туку за последиците.
А која е вистината што НОФ ја имаше како задача раководена од КПМ/КПЈ? Од југословенските, советските архиви читаме:
„На 23 април 1945 година, по иницијатива на КПЈ, односно КПМ, е оформена македонската организација НОФ (Народноослободителен фронт) на Егејска Македонија со задача со сите средства да се бори за правото на самоопределување и обединување на Македонците. По неколку дена раководството на НОФ реши да формира вооружени групи, кои на 1 мај 1945 година ја започнаа својата вооружена дејност. Со овој потег КПЈ го зеде во свои раце македонското националноослободително движење во егејскиот дел на Македонија”.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/secrets-of-the-south-mac/1 на 29 октомври 2026