Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ВТОРАТА ФАЗА ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ. ТРЕТАТА ФАЗА - Part 04

Од Стојан Кочов · Дел 5 од 17 · Околу 19 минути

Читај на English

Ми се чини дека не снајде несреќа и, неоспорно е, веста за одење во Титовата армија предизвика тежок впечаток кај сите Македонци кои останаа во Грција. Но во исто време сосем е природно кај нас Македонците, заедно со чувството на радост, да расте и чувството на тага: ги оставаме своите семејства, своите домови и се што нашите предедовци го печалеле и го чувале со векови. Ние се радуваме заради отворената вистина во тоа „братско” соопштение… Оној што не се плаши да ја каже вистината, колку и да е горчлива таа, тој е силен. Во таквите моменти лажат слабите. Можеби намерно го правеа тоа КПГ и КПЈ, за да ги држат Македонците во страв, во покорност, а покорноста не убиваше како нација. Тие преку своите идеологии спрема Македонците, умееа (со обмислени заеднички зафати) без куршум да го убиваат националното чувство, само со една цел: да остане status quo на границите, согласно договорот за подела на Македонија од 1913 година.

Може да не се согласуваме, но навистина не разбирам каде беше нашата свесност. Од анализата на настаните ми се чини како да бевме (и остануваме) во конфликт со себеси. Не разбирам како тие што отидоа во Титовата армија можеле повеќе да го сакаат овој дел на Македонија од тие што останаа на родните огништа? Не разбирам како секој може да се бори повеќе за афирмација на Македонците во Костурско, Леринско и Воденско од нас кои се бориме токму тука каде сме родени, а тоа е наше исконско право да го браниме татковинското и прадедово огниште. До вчера ние самите ги повикувавме комитите да дојадат со нас и тие ни поверуваа и дојдоа во нашите редови, а да не забораваме дека сме направиле доста гревови спрема нив. Тоа наше братојадство народот нема да го заборави.

Јас, сепак, мислам дека ние, Македонците, или немаме сознање за тоа што значи одење во туѓа држава, или пак, напротив целосно се потпираме на надежда дека Тито ќе не ослободи. Со нас, на тој план, како и на многу други планови, владееше логиката „или - или”. Или сега верувавме дека комунистите не можат ама баш ништо да ни помогнат, или веруваме дека сега комунистите од Југославија, тие се семоќни и дека нашата судбина треба да им ја повериме целосно во нивните раце. Само знам, дека никогаш не требаше да се ставиме во таквата безрезервна варијанта.

Комунистите што останаа во редовите на КПГ реагираа и им упатуваа на тие што преминаа во Титовата армија: „Вие за секогаш му го свртивте грботт на родниот крај и своите луѓе.

Нашата борба треба да биде тука, и само така ќе може да ја покажиме нашата борба и грижа за својот народ тука. Вие ќе станете луѓе кои се туѓи прислужници и нема да можете да се вратите? Се прашувам: да ли може некој туѓ прислужник да биде господар на својот народ, односно водач на својот народ?

Вие целосно ќе ја спроведувате политиката на КПЈ - Југославија. За жал, ние Македонците во редовите на КПГ не сторивме многу, да ги заштитиме комитите, да не ги навредуваме и омалоуважуваме како наши браќа оти тие беа луѓе кои не станаа никому прислужници. Тие не кренаа рака против Македонецот, туку ние кренавме рака исполнувајќи ги наредбите и советите на еласитите и Темпо.

Секој од нас се прашува: зошто и од ошто страдаме? Страдаме од себеси. Така ние Македонците, терајќи по линијата (разработениот систем за народот да се држи во страв) на приклонување, си делувавме погубно!

Но, не можеме да бидеме и светски (што значи - космополитски) и да биде ред и поредок (праведен). Зашто барем досега правдата секогаш се мерела со, метарот на посилниот.” Сега со одењето на нашите луѓе во Титовата армија, таму да се борат за интересите на југословенската држава, со тоа нараснаа поделбите околу идеологијата, вербата, после неколку години се доведовме во прашање со нашето заедничко потекло и цел живот потоа одвоени, тоа не правеше да не можеме да ја докаже нашата борба и грижа за овој наш народ. Ние, токму од тие причин бевме присилувани од туѓинците да се оттуѓуваме од својот народ самите. Ние станувме заложници објективно на тежок проблем и затоа не требаше да бидеме изненадени од жестокоста на грчкиот национализам и екстремизам.

Затоа овој повик за нас Мекедонците имаше многу нејасни работи. Покорност, а покорноста не убиваше како нација. Тие преку своите идеологии спрема нас Македонците умееа без куршум да го убијат народот, да го омаловажат, да го обезвреднат националното, и да го заплашат...

После овие јасни цели на нашите соседи, но ина меѓународниот фактор, кога веќе беше јасно со македонското прашање, во што беа убедени Македонците организирани во НОФ и АФЖ дека може да се добие уште поголем максимум по тоа прашање?

Ниту Евдокија Фотева - Вера по 55 години, не само што не дава одговор, туку ги дезавуира основните политички и стратешки национални прашања. Ете, тоа само како опомена: „Се случило, може да се повтори...” До тогашните настани ни даваа силно потврдување, ние Македонците од егејска Македонија да речеме: НЕ! Она Гандиевото НЕ!

Се поставува прашањето: Кој ги намами Македонците под Грција во идеолошкото ГУБИЛИШТЕ?! Во кое се исчезнува, се губи глас, право на човекиување и надеж за повторно враќање.

Но, да видеме што ни донесе Граѓанската војна и зашто пак тие (КПЈ и КПГ) ја организираа таа војна, а ние Македонците преку нивните идеологии и измами се (Само) жртвувавме?

ТРЕТТА ФАЗА: Третиот дел од кариерата на авторот Евдокија Фотева - Вера. Но спрема најзиниот изнесен став: Развитокот и дејноста на НОФ и АФЖ разликува разни периоди, но главно, мина низ три фази:

Првата фаза - ИЛЕГАЛНОСТ - Тајна незаконска политичка дејност (Од 23. април 1945 година до 10 октомври 1946 година)

командувана од КПЈ.Во оваа фаза вели: „Во ФР Македонија, во Скопје, од мај 1945 година до крајот на јули истата година заврши три месечен курс при ЦК на КПМ.” Види: Стр. 87.

Но, за да бидат јасни работите во понатамошната анилиза - едно објаснење: за нас - Македонците како полувековен проблем е тоа што (од никој лидер на НОФ и АФЖ, вклуително и овој автор) не е докажано со каква национална стратегија на 23 април 1945 година е создадена во скопје организацијата НОФ (Народно ослободителен франт за Егејскиот дел на македонија), надвор и независно од КПГ и од каков било политички субјект во Грција кој повеќе од година дена делува и се раководи од КПМ/КПЈ.

Она на што НОФ можеше да смета во перспектива, а сигурно и сметаше беше заштитата од КПМ/КПЈ. Таквото погрешно сфаќање на националното прашање, веќе наплатено со жртви и со поништување на многу национални вредности, слепо се брани и денес по цена на тотално национално пропаѓање.

Втората и третата фаза - ПРИЗНАВАЊЕ ОД КПГ и командувана од КПГ и потоа се до ликвидацијата на ДАГ до крајот на август 1949 година, потчинета и казнета од КПГ. Да ја проследиме нејзината најбурна дејност како лидер на АФЖ.

ВИСОКАТА ЦЕНА НА МАСОВНАТА ПОЛИТИКА ПРИМЕНЕТА НАД МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРАЖАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1945 - 1949) БЕШЕ ПРОБЕН МОДЕЛ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МИГРАЦИОНИТЕ ДВИЖЕЊА И ТОА НАВИСТИНА ИМ УСПЕА.

Во почетокот на 1945 година веќе беше јасно дека капитулацијата на Германија се гледа хоризонтот. Значи беше крајот на најкрвавиот судир на цивилизацијата - Втората светска војна и човештвото со многу жртви и голем хероизам посакуваше да ја затвори најцрната страница. Светот со нетрпение излегуваше од темницата што му беше наметната од мрачните умови во Берлин, Токио и во Рим. Черчил, Рузвелт и Сталин се состанаа во Јалта 12 да ја договорат поставената распределба на моќта и влијанието. Сојузничките трупи од запад и Црвената армија од исток незадржливо се пробиваа кон срцето на третиот рајх - БЕРЛИН. Хитлер не го изгржа понижувањето, се самоуби на 30 април. Берлин падна на 2 мај, а Германија конечно се предаде на 9 мај.

12 Во декември истата 1944 година, Британците испровоцираа вооружен судир со единиците на ЕЛАС во Атина. На 12 февруари 1945 година во местото Варкиза надвор од Атина, беше потпишан истоимениот договор. По силата на овој договор капитулираа и беа ликвидирани сите еденици на ЕЛАС ширум Грција, иаку само некои нејзини еденици во Атина (Главно, од територијалната резерва ЕЛАС) беа победени од здружените сили на Британците и домашната реакција.” Студена војна: Многу историчари кои се занимаваат со поновата историја на Еврапа и на светот имаат констатирано дека состанокот на „Големата тројка“ што се одржа од 17 јули до 5 август 1945 година во гратчето Потсдам близу Берлин, во дворецот Селиенкоф, во основа бил бесполезен освен за една историска релевантна последица - отварањето на таканаречената Студена војна. Од тогаш сојузниците на антихитлеровската коалиција Велика Британија (Вистон Черчил), САД (Хари Труман) и Советскиот сојуз (самодржавецот на СССР Јосиф Висарионович Сталин) кои со крајни напори успееја да го победат германскиот фашизам, престанаа да се сакаат меѓусебе, отварајќи ја онаа етапа во поновата историја што дури подоцна ќе го добие името Студена војана.

Железна завеса: Токму на конференцијата во Потсдам Вистон Черчил ја фомулира синтагмата за „железната завеса” што ја означи поделбата на Европа на свери на интерес.

Сепак, големите сили, како и секогаш во човековата историја, останаа главни актери во меѓународниот живот. Тие продолжија да ја зголемуваат својата моќ и да го шират своето влијание понатаму од своите граници во обид да го моделираат светот во согласност со сопствените интереси. Притоа, кога во 1945 се распадна политичкиот и воениот сојуз кој го порази фашизмот, „безбедносната дилема” почна да ги разјадува односите меѓу Америка и Советскиот Сојуз.

*** Во овој труд, авторот, се гледа дека нема големи знајби за положбата на поделените Македонци во четири држави, но и за тој период на време кога државите се најдоа под влијание на разни политички сфери (глобализација - световна идеологија) и тука се раѓаат прашањата кои следат:

Прашања кои досега многу автори не ги допреле во своите книги напишани за егејците ДАЛИ ВО ИЛЕГАЛАТА НА НОФ И АФЖ (Тајни, незаконски политички дејности) НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА ИМ НУДЕА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ДУХОВЕН И ФИЗИЧКИ ОПСТАНОК НА СВОИТЕ ОГНИШТА?

Еве неколку непобитни факти и клучни моменти во целата историја на НОФ, непочитувајќи ги влезе во конфликт (да го саможртвува својот народ) за туѓи интереси. Што значи за чиста идеологија којашто немаше никаков реален човечки контекст со македонскиот селанец под Грција. Чисто залажување на сопствениот народ.

Како е било можно?

Кој посака Македонците под Грција, ова мирно неселение да го внесе во глобалниот процес за - Советизација за Балканот?

Зошто ние Македонците влеговме во моделот за социјализмот на Балканот, кога по Втората светска војна, кога веќе беше исцрпен и бесмислен. Зарем, нели беше тоа почеток (за да вршат ”легални миграцони движења” за тие што одамна посакуваа да го снема од тој простор македонскиот човек. м. з)

на нашата глобална, светска одисеа, сега преку идеолошкиот активизам? Тугинците, преку тие идеолошки активисти, го натераа народот не само да ја прифати, туку полавек се тераше и да ја преживее. И со тоа, процесот на миграцијата почна и по се изгледа ништо не можеше да го запре. Откука, се чини, тешко веќе можат да се прифатат оние во историјата наша, кои и понатаму инсистираат на некаков политички одлуки на автоктона Револуција-продолжувание на Илинден. Таквите тези се веќе проблематични. Ете зошто: НОФ, “минувајќи” преку подоле наведените добро познати - политички паравани, (не само од капиталистичкиот режим, туку и од комунистичкиот)

направи кобна грешка: си го изгуби народот и својата земја, значи го доведе својот народ да доживее национален пораз.

1. Македонскиот народ, во тој период на време беше поделен, во четири суверени држави и со различни системи.

Посебно тешките последици за семакедонското движење на отпорот настапиле по истакнувањето на познатата теза на Коминтерната “Една држава-една партија”.

По завршувањето на Втората Светска војна и познатиот довор за подела на свери на влијание помеѓу големите сили, Македонскиот народ се најде во следната положба:

Македонците во вардарска Македонија под влијание: 50% Источно, 50% Западно.

Македонците во пиринска Македонија под влијание: 90% Источно, 10% Западно.

Македонците во Македонија под Грција под влијание: 100% Западно.

Македонците во Албанија под влијание: 10% Западно и 90% Источно.

Со времето, а посебно по Версајскиот договор, во 1919 година, таа теза, преминува во практиката, се повеќе придобива карактер на злосторство над ослободителната борба на македонскиот народ. Но, не помалку донесе и одлуката на И.

Сталин во мај 1943.

Што значи, се создавале претпоставки според кои секаков повик за конструирање на општ македонски фронт за заедничка борба, однапред бил третиран и осуден како сецесионистички, предавнички, разурнувачки или фракционерски. На истакнувањето на општо македонскиот национален стремеж, се спротивставувале државно-правни реалности на државните-окупатори кои ја заземале и воспоставиле власт на македонската територија. Во таквата ситуација македонското национално движење добивало карактер на сепаратистичко (Како што се случи со НОФ во 1945). Но, тоа важеше за во сите три комунистички партии (југословенската, бугарската и грчката). Суштината на проблемот може да се сублимира во неколку прашања, но за тие да бидат појасни и да се избегнат недоразбирањата, неопходно е овие проблеми да бидат соодветно објаснети.

Положбата во Грција и ставот на Велика Британија и на САД.

Многу компетентно со непобитни факти се говори во документот од 16-08-1944 година “Македонија-Меморандум”, на Државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, во кој се вели: „Ние сме готови да дадеме согласност за формирање на македонска држава во рамките на федерална Југословенска држава. Притоа мора да инсистираме оваа држава да не смее да анектира, ниту да бара други територии, независно од тоа дали тие територии им припаѓаат на Бугарија или Грција”.

Потоа во Спогодбата се вели за поделбата на интересни сфери на влијание, и дека Грција беше 100% под британско влијание, со право, по потреба, во секое време да може да интервенира со сите можни средства. За таа цел Тито, летото на 1944 година, барал од единиците на НОВ на Македонија да се обезбеди јужната граница со Грција.Тоа значи да се чуваат суверените граници на овие држави. Но и САД ја истакнува неопходноста од зачувување на територијалниот итегритет status quo на предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција и дека САД беа категорично против каква и да е ревизија, иако притоа признаваа македонска територија во Грција.

Реакции и други настани во тој период во Грција

1. На 17. 04 1946 година, солунскиот десничарски весник „Неа Алитија” (Нова вистина), објави напис со наслов „Нашите Судети, во ко се зборува за Македонците и се квалификуваат как Судети и како такви, пишува весникот„... во интерес на мирот и безбедноста во Грција, треба да бидат ликвидирани”.

2. Весникот „Етникос Кирикас” пишува: „Од Грција треба што поскор да се протераат 80. 000 Славомакедонци”. Истото се вели и во неделникот - републички весник „Елефтерос типос” од 28. 01. 1946 година во стаијата: „Нека си одат Славомакедонците од нашата Македонија - нека си одат каде што сакаат”.

3. Каков беше ставот на англискиот амбасадор во Атина.

Господинот П.А. Липер уште во ноември 1944 година се носеше со идејата за раселување на 120. 000 словенски -Македонците северно од Грчката граница под Грција. Тоа му го предлагал на министерот за надворешни работи на Велика Британија Антони Идн во писмото од 24 ноември 1944 година со цел „Грција да нема било какво славјанско малцинство и заради тоа што ампутирањето на славјанската територија кон западна Македонија и нејзиното анектирање во славјанската федерација е практично невозможно и би било истовремено економска катастрофа за Грција”.Види: ФО 371/43649 ХП 00201 Р. 20431/1009/67.

Меѓутоа и самиот заклучи дека во тој момент тоа беше невозможно. Таа идеја сепак беше реализирана во текот на Граѓанската војна (1946-1949).

Но, во тој период на време капетанот Еванс и неговите луѓе (од кои 18 беа Англичани) се движеле и ја скенирале целокупната положба межу Македонците кои ги примиле и многу им верувале. Сите информации биле добиени од прва рака во периодот март - октомври 1944 година во селото Бапчор, во Турје и селото Дрбишта крај Мала Преспа и други и препорачувале по македонските села да се основа ВМРО, сакајќи да создаде движење на т. н Автономна Македонија и тоа под покровителство на Англија и Америка. Пропагирањето се базираше и се повикуваше на многучленото печалбарство во Америка, Австралија и Канада. Со сите овие акции раководеше искусниот Англичанец Еванс, кој беше агент на Интелиџенс Сервис. Значи , се беше јасно за расположението на Македонците и таа сондажа беше беше искористена во Граѓанската војна, а се покажа дека НОФ и АФЖ, Македонците ќе ја подржат таквата идеа.

4. Историските факти исто говорат дека во 1945 година и по завршубањето на Втората светска војна дури 35.000 етнички Албанци - Чамите, со муслиманска вероисповед, кои се ставија под команда на Италија, биле истерани од денешна Грција поради соработка со окупаторските германски власти. Грција се изјасни дека тоа поглавје од нејзината историја и во албанско -грчките односи е затворено со оправдување: „Тие соработуваа со италијанско - германските окупатори за време на Втората светска војна и бидејќи се воени злосторници беа казнети според грчките закони”.

Положбата во Н. Р. Македонија и Ставот на КП на Југославија ЗОШТО НА СРЕМ А НЕ НА СОЛУН?

Од историографските истражувања: „Луѓето што добро не ги познаваат приликите за време на Втората светска војна повремено го покренуваат и прашањето зошто македонските единици тргнале на Сремски фронт, а не на Солун за да ја обединуваат Македонија. Од тоа време се знае и за побуната на артилериската бригада која била сместена на Скопското кале и која на 7 јануари 1945 година тргнала кон центерот на Скопје, извикувајќи „На Солун, на Солун”. Побунетите веднаш билое вратени назад, а некои од актерите затворени и осудени.

Историчарите кои го истражуваа овој период велат дека одлуката да се замине на Сремски фронт не ја донел еден човек туку Президиумот на АСНОМ, највисокото тело на новоформираната македонска влада, откако стасала наредбата на Врховниот командант Јосип Броз Тито.

За да не се оди на Солун постоеле повеќе причини. Во тоа време Британија во Грција имала стационирано околу 200. 000 војници, 400 авиони и 3. 000 тенкови. Покрај тоа обединетите грчки единици располагале со околу 100. 000 војници, а во Солун се наоѓале и околу 10. 000 војници на кралска Југославија. Сите тие биле под команда на британскиот генерал Скоби. Ако македонската војска тргнела за Солун, таа практично требало да го нападне големиот сојузник во антифашистичката борба и да се бори со моѓната и добро вооружена армија на Велика Британија. Со тоа практично би пропаднале сите придобивки за кои се избориле македонските единици во четиригодишната борба и најверојатно денес не би постоела македонската држава. А тогаш Македонија била призната како една од членките на светската антифашистичка коалиција. На нејзината територија престојувале сојузнички мисии, а нивни преставници присуствувале на Првото заседание на АСНОМ.

На оваа тема многу е пишувано, но (Види: Владо Ивановски:

“Нова Макеонија” од 11-12 октомври 1997 г. број. 3 “Зошто не на Солун”. (Пренесено од Македонија Тајмс), особено во број 3:

“Зошто не на Солун” и дава пресек на настаните, посебно во поднасловите: “Желбите посилни од околностите” и “Ставовите на големите сили”, што заслужува посебен респект. Овоа прашање и други автори во своите трудови го споменуваа :

“Одиме на Солун, а не на Сремскиот фронт...” и сите преминуваа со голема леснотија, а е едно од клучните прашања.

Но тоа прашање, со неверојатна длабинска мисла го отвара и го анализира историчарот Владо Ивановски, а тоа ни ги открива сите други преземени акции од страна на КПМ/КПЈ.

Многу компетентно со непобитни факти проговори Ивановски за:

1. Односот на трите големи сили на антифашистичката коалиција:СССР, САД и Велика Британија;

2. Дека е непобитен и фактот за време на НОВ и ПК на комунистичката партија на Југославија за Македонија и ЦК на КПМ е присутен проблемот за обединување на Македонија;

3. Го наведе и документот од 16-08-1944 година “Македонија- Меморандум”, на Државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, во кој се вели: “ Ние сме готови да дадеме согласност за формирање на македонска држава во рамките на федерална Југословенска држава. Притоа мора да инсистираме оваа држава да не смее да анектира, ниту да бара други територии, независно од тоа дали тие територии им припаѓаат на Бугарија или Грција;”

4. Потоа ја наведе Спогодбата за поделбата на интересни сфери, и дека Грција беше 100% под британско влијание, со право, по потреба, во секое време да може да интервенира со сите можни средства;

5. Дека, Тито, летото на 1944 година, барал од единиците на НОВ на Македонија да се обезбеди јужната граница со Грција.Тоа значи да се чуваат суверените граници на овие држави;

6. Дека, во тоа време САД ја истакнува неопходноста од зачувување на територијалниот итегритет Status Quo на предвоените граници на Југославија, Бугарија и Грција и дека САД беа категорично против каква и да е ревизија, иако притоа признаваа македонска територија во Грција.

И на крај дава заклучок:

“...Политичкото и военото раководство на Македонија реално ја проценило, ја држеше и ја контролираше ситуацијата за време на јануарските настани, не дозволувајќи притоа да преовладаат емоциите над разумот и на тој начин штотуку формираната и кревка федерална Македонија да биде вовлечена во војна.

Последиците од таквата авантура би биле кастрофални.” Ако во историјата треба да ја гледаме иднината, ме интересира и должност ми е како учесник во Граѓанската војна да ги иследувам корените на злото: по чија волја бевме турнати во Граѓанската војна (1945 - 1949), токму по Втората светска војна и дали ние Македонците не носиме вина за обезмакедончувањето на Македонија под Грција? Имавме ли стратегија за да ги сочуваме вековните огништа или со тоа му одеше на рака на Грција за израмнување на нејзините интереси, бидејќи добро знаеме со спуштањето на железната завеса, за нас Македонците под Грција, одвај се чекаше некаков повод...

Никако не сакам да зборувам за тоа како само другите се виновни за тоа што се случило со нас Македонците. Нашата историографија се има доста сокриено и повеќе од полавек нема кажано: како и зошто КПМ дозволила Југославија да има двострана политика јавна и тајна - со која ги потикнуваше Македонците под Грција за вооружена борба? Зарем не беше тоа против волјата на македонскиот народ? Дали со тоа македонскиот народ не дозволи друг да му ја крои судбината?

Зошто во интергралната македонска историјографија не е објаснета таквата вина на КПМ/КПЈ? Зошто, сега тоа, го крие авторот Евдокија Фотева - Вера?

Проблемот изгледа компликуван, но така е навидум, зошто вистината е едноставна, ако гледаме чесно и непристрасно врз суштината на историската објективност. Значи се поставува прашањето: Дали ние Македонците (сега еден народ во грчката држава, после етничките промени, кој во 10 милионското население преставувавме околу 3%) преку таквата стратешка опција пропагирана и нудена токму од луѓето на НОФ и АФЖ, бевме интелектуално и воено - политички способни да го сочуваме територијалниот интегритет и компактноста на македонското население по Втората светска војна, кога меѓународните граници на Грција и Југославија, истовремено станаа и воени граници на двата табора?!