Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste
ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 05
Зарем може некој да смета(ше) дека (бугарската, Југословенската или Грчката) власт била толку ступидна што би го вооружувала НОФ или било какво македонско ослободително движење, само и само да одвои дел од нејзината државна територија?
Знам, дека секој разумен, ќе рече: Не! А тоа, се виде дека и од “братските” комунистички партии (Бугарската-КПБ, Југословенската-КПЈ и Грчката-КПГ) не беле толку не доветни, па да не подржуваат за да одделат дел од својата државна територија. Напротив, во таков случаи и НОФ и било која партија од наведените-конкретно за во Граѓанската војна: НОФ и КПГ би биле прогласени за предавници и како такви осудени.
Но што со улога на чело со НОФ (создадена од КПМ/КПЈ, па препорачана и покорена на КПГ) и зошто беше различна од таквите официјални ставови, па и од било која војна во светот.
Но, што е најстрашно за сите борци по ликвидацијата на ДАГ, учесниците во Граѓанската војна (Македонците под Грција) не не дефинираа во македонската интегрална историјата: “Како патриоти што погинаа за својата татковина”. Ако грчката држава ги дефинира Грците-како борци што учествуваа заедно со нас, вистината е во тоа што не командуваа во таа војна:
“Како големи патриоти беа тие Грци што не тараа да гинеме за нивната татковина”.
ПРВИОТ КОНГРЕС НА АФЖ 18 Како последица од Балканските војни (1912-1913) и со Букурешкиот мировен договор од 28 јуни (10 август) 1913 година,санкциониран од Нејскиот мировен договор од 14/27 ноември 1919 година и од Северскиот мировен договор од 28 јули (10 август)1920 година, Македонија беше поделена меѓу Грција, Србија, Бугарија и подоцна Албанија ги доби Долна Преспа и Голо Брдо. Грција доби 34. 356 км2 или 51% од македонската етничко-историска територија; Србија 25. 713 км2 или 39%; Бугарија 6. 798 км2 или 9, 5 % и Албанија 0. 5 % од македонската-историска територија.
На 29 април 1948 година во Костурско се одржа Првиот конгрес на АФЖ на македонските жени од Егејска Македонија. На него присуствуваа 420 делегати и гости, а реферираше Евдокија Николова - вера, секретар на АФЖ за Егејска македонија.
Дел од говорот: „... Денешниот конгрес ја наоѓа македонската жена со расчистена национална свест, ја наоѓа како офицер и борец на ДАГ и како херојски се бори рамноправно со мажот во борбените редови на сите помошни сектори...” Две концепции за стратегиско војувањето на ДАГ На 25 август, 1948 година, на инсистирање на Захаријадис, со тајна одлука на Политбирото на ЦК на КПГ, генерал Маркос бил отстранет од неговата функција главен командант на Демократската армија и бил исклучен од Политбирото.
Официјалното објавување на маркосовото отстранување од неговите функции уследило на почетокот на 28 август 1948 година, Кога радиото Слободна Грција извести дека на „На вонредниот Пленум на КПГ, земајќи предвит дека во текот на повеќе месеци другарите Хриса Хаџивасилиу и Маркос Вафијадис биле сериозно болни и не способни да ги извршуваат сериозните задачи одредени од ЦК на КПГ, едногласно одлучил да ги ослободи од сега партиската работа.” Ден потоа, преку истото радио, било објавено и отвореното писмо на генерал Маркос упатено до „Грчкиот народ, до ДАГ и до сите другари”, во кое тој потврдил дека поради лошата здраствената состојба бил принуден да даде оставка од функцијата премиер на ПДВ и командант на Демократската армија.
Генерал Маркос во почетокот на септември 1948 година од тиранскиот аеродром со авионот Илјушин прстигнал во Москва.
По смената на Маркос, неможеше повеќе да се чека.
Захаријадис на 27 август 1948 година, објаснил дека дошол до идеја да образува Биши Воен Совет (ВВС), кои ќе управува со сите воени формации на Демократската армија.
Самитот беше отворен со химната и дневниот редослед беше прочитан лично од Захаријадис, кој беше прекинуван од силните ракоплескања и извикувања: „Да живее големиот Сталин! Да живее нашиот верен водач Захаријадис!
На самитот беше донесено решение:
а/ Претседател на Високиот Воен Совет да биде Захаријадис, кој со тоа и станува Главнокомандуши на сите андарти во Грција б/ Главен на воените операции на Декратската армија се назначува ГУСИАС.
в/ Да се унапредат во генерали: ГУСИАС во генарал потполковник, а во генерал - мајори БАРЏИОТАС, ВЛАНДАС, ИПСИЛАНТИС И ПАЛИОЛОГУ.
г/ Отсуството на Маркос како претседател на привремената влада, да го замени ЈОАНИДИС.
Ете, уште еден факт дека Грците раководеа со Граѓанската војна, а не НОФ и АФЖ. Веќе целокупното македонско население беше мобилизирано и Граѓанската војна се менуваше драматично и панично, сурово и тегобно, омалодушено и куражно, со мешани и просипани чувства, со сматени емоции.
Но пропагандата од НОФ и АФЖ уште по засилено продолжуваше. Ни велеа, ќе го оствариме сонот на недобројните сонцељубиви македонски синови, патриоти и родољупци кои низ долгата вековна борба за самостојна Македонија не ги жалеле своите животи, оти верувале дека еден ден тие сониште ќе се остварат.
Видовме, преживеавме многу нешта. И многу потреси, многу драматика, а сега никој од тие (наши големци) не сака да ја каже вистината. Foreign Office in Belgrade, March 4, 1949, објави:
Захаријадис на 20 август, побарал од неговиот командант Маркос да замине на малку одмор на лечење во Москва.
Поранешниот југословенскиот амбасадор во Прага го уверувал британсккиот амбасадор во Белград, сер Чарлс Пик, дека „Маркос го преферирал Титовиот вид на комунизам наспроти коминформската варијанта,” додека Беблер, заменик - министер на надворешни работи на Југославија, во разговорот со британскиот државен министер Меклин, укажал дека отстранувањето на Маркос било „случај на титоизам”. Сепак, се чини дека единствената реална причина за Маркосовото отстранување било неговото несогласување со Захаријадис околу стратегијата и тактиката на Демократската армија, односно неговото залагање за примена на герилското војување.
Сите интерпретации што го поврзуваат Маркос со „титоизмот”, може да се сметаат неосновани бидејќи, како што констатирал Сфикас, „не само што тој се согласил со определбата (на КПГ)
против тито, ами доколку бил „титоист”, неговото патување во Москва во септември 1948 година, најверојатно, би било патување во вечноста.” ПЕДОМАЗОМА - НАСИЛНО ЧЕДОСОБИРСТВО, СО ПОЛИТИЧКА УМИСЛА ЗА ОБЕЗДЕТУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА КУЌА.
Кој и како ја режираа судбината за геноцидот над македонците под Грција?
Невидена трговија со судбината на детските души : Треба отворено да се каже, дека по ова акција (со децата), НОФ повеќе не преставуваше ништо. Со судбината на овие деца располагаше КПГ и ДАГ, како што беше и со нивните татковци и мајки.
Додека во светски рамки се вршат важни истражувања во проучувањето на миграционата проблематика, т. е на присилните и со политичка умисла-преку идеологијата миграциони движења и се појавуваат нови трудови и студии се откриваат најсуровите и најсложните елементи за проектираното прогонство, нашата наука на оваа проблематика, полавек остана глува. Како да не се случило ништо со Македонците под Грција и нивните одземени 28.000 деца, за време на Граѓанската војна и се до ден-денес да немаат право да се вратат.
Проблемот со одземените деца за време на Граѓанската војна во Грција, за нас Македонците претставува еден од најсериозните проблеми во македонската историја. Зошто? Затоа што, тоа не се случило ни во најсуровите балкански војни, да се посегне по недолжното дете и да се вршат таквите миграции со политичка умисла (Одземените Македончиња, од своие родни огништа беа испратени со билет во еден правец, а Грчињата со повратен билет. По Граѓанската војна Грчињата се вратија, Македончињата остана по светот. Како што стана и со нивните;
татковци, мајки, браќа, сестри, дедовци и баби.) и со невидена бруталност, во современата цивилизација да му се спречува нивнотото враќање во родното место, на своите прадедови корени. Тоа не ќе беше толку иронично, ако во тој судбиски зафат и Македончињата ќе добиеја, како и Грчињата повратен билет.
Основната цел на ова иследување е да се дојде до што по реални погледи кон историската вистина и политичката умисла за т. н. „Педомазома 19 ” Чедособирството, реализирано од двете завојувани страни:
Владата на атинскиот режим во Атина 20 , и Привремената 19 Спрема УНСЦОБ -А/754-1948, акцијата за собирање на децата и вршењето преселби на одредени села, беше со умисла на владата и кралицата Фредерика, да ги отсечи партизаните на ДАГ од изворите за снабдевање со продукти и да предизвика таква ситуација на неможна мобилизација.
Таквата политика, беше успешна и на владата и даваше можност за поглема контрола во одредени реони во Грција.)
А во истиот документ се вели дека: акцијата за одземање на 28.000 деца од КПГ - партизаните на ДАГ, била дека децата се сметаа како човечка сила на воени ресурси. Во март 1949. УНСЦОБ покрена многупати петиции за деца кои од раководството на ДАГ, беа вратени на бојното поле во единиците на ДАГ. Во 1948 година кога ги собраа децата, најверојатно очекуваа дека војната ќе продолжи повеќе години и така многу од одземените деца ќе мораат да се вратат за да војуваат во Грција.
демократска влада на партизаните (КПГ и ДАГ) во планина, кои војуваа во Граѓанската војна 1945-1949 година.
Зарем така и на овој начин го решавме македонското прашање?!
МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВАЛКААТ МЕЖУ СЕБЕ Да му објасниш некому дека Македонците навикнале да се делат на два табора кои меѓусебно се мразат е невозможно.
Проблемите биле толку длабоки, но само според идеолошките убедувања, а тоа се потврдува кај повеќето од нас Македонците дека Револуцијата не беше внатре во нивната душа, туку надвор и склона спрема моќниот.
Не ги валкаа нив од врвот на КПГ и КПЈ, не: сами се валкаа.
што е за чудо: сите пак кои до сега обвинуваа тврдеа дека обвинуванијата се вистинити.
Тие настојчиво велат дека пред македонскиот народ се чувствуваат горди. И факт е дека ниту еден македонски политичар од организациите НОФ и АФЖ не признал дека згрешил, вклучително сега и авторот на книгата „До пеколот и назад”.
Не е од вчера, не е ниту од денес фактот дека се одминуваат важни личности и настани битни во миговите кага се промовирала пресвртничкиата мисла за зачувување на се што имаше со нас Македонците.
20 На 2 јули 1948 година, грчкиот парламент, го прифати Маршаловиот план.
Со Маршаловиот план беше предвидена економска помош, соочување и решавање на сите стопански проблеми, посебно индустријата и стопанскиот развиток на Грција. Меѓутоа, еден добар дел од средствата (од 300 милиони долари, околу 190 милиони за вооружените сили) што и беа доделени на Грција, во согласност со Маршаловиот план беше употребен за воени цели, односно за ликвидирањето на Демократската армија и за ставање Грција под целосна американска контрола. Овој план ја затекна Грција во најголемото разгорување на Граѓанската војна. Се покажа дека средствата доделени според „Трумановата доктрина” не беа доволни за дефинитивна пресметка со Демократската армија.
Значи, тоа не упатува дека можеби народот „згрешил”.
Забележливо е, како кај предходните автори кои пишувале на оиве теми, така и кај авторот Евдокија Фотева - Вера, со исти манири, на однесување шетаа по политичките саклила, се додека им беа потребни, односно спрема политичката матрицда на наредбодавците (КПЈ и КПГ). Наводно: „не биле убедени во исправноста на концептот за водење на револуцијата.” Значи, сега „Убедувачот” во зависност кон која партија се приклучил, неговата преокупација била да постигне снажно влијание врз одредена група Македонци - борци на ДАГ или бегалци, за политички пресврт и настојува да пропагира со иста емоционална зараза.
Очевидно, дека кај овие „Убедувачи” едните немаа национална програма, а на другите програмата им беше потрошена и сето се сведе на тоа кој кого ќе „отстрела”. Тоа се случуваше од како егејска Македонија „стана гроб во кој е закопано се”.
Што значи, тешко е да се говори за постоење на македонски концепт во Граѓанскат војна. Во нашиот случај, ако нешто се идентификува како влог во таа војна е нашето масовно (само)
жртвување и тоа според многу факти е потврдено од сериозни странски историчари, токму за таквата СТРАТЕГИЈА НА ПОРАЗОТ.
Нофитите не дадоа одговори на дилемата, дали оружената борба што ја поведоа демократските сили, по договорот во Варкиза, односно по Втората светска војна, беше неизбежна и дали имаше најелементарни услови за успех, или пак, беше предизвикана и наметната од големите сили, во интерес на нивните глобални стратешки цели за пресуредување на Балканот. И, дали беше возможно, со примена на политички средства, да се реши грчкото внатрешно прашање, со што и Македонците немаше да ги претрпат геноцидните зафати и денеска во Грција ќе имавме сосема поинаква ситуација.
Документите даваат доволно податоци за однос спрема раководствата на КПЈ и КПГ, тие беа пасивни и соработливи извршители, кои во прв ред водеа сметка како да останат на власт. Теоретски, повеќе од бледи и изиграваа апаратчики во т.
н „политичката екипа”. Тука неминовно се појавува прашањето на комунистичката чесност за срамот на кодошењето, наспроти грижат за македонска свест. Што значи не упатува да имаме почит кон предходниците на вистината.
А пак, како лидер на АФЖ зошто ништо не кажува?!
Посебно: Факт е дека Евдокија Фотева – Вера како лидер на АфЖ ја стави македонската жена да маршира во политиката и да гине по бојштата на Граѓанската војна. Но, иаку поминаа повеќе од 55 години, во својата книга требаше тоа да го образложи со историски факти. Зошто токму Македонката требаше да се стави под таков воен режим и со таква невидена масовност во однос со Грчката жена. Тоа е големо и најсериозно прашање и останува отворено за историската наука.
Но, многу авторитативно и длабоко убедливо, се разбира по комунистически, во убедувањата, на стр 33, вели: „... и тогаш а и сега мислам и го велам истото, дека чесните комунисти својата вина никогаш не ја префрлуваат на други како правеше Захаријадис неговата одговорност за загубата на движењето ја префрлуваше на други, на нас македонците. Дали тоа е чесно?” На иста страница - читаме: Обвинувања против својот соборец Раковски:
„... Павле Раковски, пред процесот. Порано, со писмо се обратил, а и лично, до ЦК на КПГ и до Захаријадис, самокритикувајќи се дека не бил искрен пред раководството на КПГ и дека божем во Преспа им предложил не некои раководители на НОФ да бегаат во Југославија за да не бидат уапсени, но Минчо Фотев му се спротистави. Така, на основа на тоа писмо беше содржано обвинувањето (обвинителниот акт)
на Захаријадис во Буреле – Албанија.” Како Павле Раковски станал прво југословенски па по враќањето во Југослоавија бил обвинет за руски шпион. Тој во својата книга „Автобиографија” – моите страдања, на стр, 181, вели: „... Во Алма – Ата по ослободувањето од сибирските затвори Митровски беше за тоа одма да се бара визи за заминување во Југославија. Јас, убедено тврдев: нашето место е меѓу илјаднците наши македонски борци и народ во емиграција.
...продолжува Раковски на стр. 197 и вели: „Било како било, но останува факт: Митровски и Вера во Москва ме обвинија како југословенски агент кој работи против КПГ и ДАГ (застанаа против Југославија), а во Скопје ме обвинија како советски агент кој е определен да работи против Југославија (застана против СССР) при тоа, што е најкарактеристично, свесно лажејќи во обата случаи.
Раковски на страница 298, продолжува:
КАКО СУМ СИСТЕМАТСКИ УНИШТУВАН ОД МОИ СОБОРЦИ Како Македонец комунист - ПРОТЕСТИРАМ И ОБВИНУВАМ!
...Еднаш пред бифето на Институтот за национална историја, другарот Тодор Симовски страсно ја бранеше нашата заедница од некакви мои напади!„Кој си ти бре! Како смееш да објавуваш државни тајни и да ја напаѓаш државата!?... (Колку што занм, се работеше за тоа што НОФ се формира и година и пол се раководеше од КПМ/КПЈ...” Факт е дека по таквите клевети, Раковски во Македонија по смртта на 10 февруари 1990 година, не доби место за свои гроб и беше закопан во туѓ гроб, а семејството му остана не згрижено.
Но, треба да се каже дека по неговата смрт во списанието „Македонија”, Скопје, бр 444, 1990 година, од Евдокија Фотева
– Вера беше објавена многу пристојна и искрена статија, со неизмерана почит беше отсликан ликот и делото на Раковски, со наслов: „Животот посветен на Татковината” со поднаслови:
борец и културен деец, во самиите на советскиот затвор.
НОФ И АФЖ во политички хаос - ерупција во македонската свест.
Токму во тој хаос кога максимално беше загубена довербата во политиката и во македонските политичари беше изгубена контролата за нај значајното на главната цел: ЗАЧУВУВАЊЕ НА НАРОДОТ.
... Раководителите на НОФ кои ги имаше поставено КПЈ - КПМ по формирањето на 23 април 1945 година, после 14 октомври 1946 година, судбината на Македонците од егејскиот дел на Македонија, им беше препуштена на грчките комунисти КПГ.
Македонците се соочија со опасноста, целосно да ја загубат самостојнаста и да се дезориентираат и да се претворат во инструмент за интересите на една туѓа политика. Македонските раководители на НОФ и АФЖ не издржаа пред искушенијата, и тие се поделија на две спротиставени струи, кои меѓу себните пресметки не бираа средстав. Во едната струја беа секретарот Паскал Митревски и членот на НОФ, Минчо Фотев, а во другата струја беа: Михајло Керамитчиев, Евдокија Николовна
- Вера, Павле Раковски, Вангел Ајановски - Оче, Илија Димовски - Гоце, Лазо Поплазаров и други.
... Митревски, во своите бројни извештај, писма, доставки, изјави и сл. до раководството на КПГ, ги напаѓа македонските раководители од другата струја, за сепаратизам, антипартиска дејност, за илегални врски со кругови во НР Македонија, за недоличен живот и друго. На 19 февруари 1948 година, Паскал Митревски испраќа писмо до ПБ на ЦК на КПГ и бара отстранување на старите раководители на НОФ и нивна смена со нови луѓе („свежа крв”). Тој, вели: дека овие луѓе се:
сплеткани во фракционизам, фамилјарност и јалов македонизам, славољупци, антипартиски сметкароши, ситни интереси и желба за лидерство и како такви во досегашното дејание организацијата ја водеа во секташтво и шовенизам. За највиновни во изјавата(од август, 1947 година) до Петрис (жеоргиос Еритријадис - Петрис, член на ЦК на КПГ, пол.
комесар на штабот на ДАГ за Централна и Западна Македонија.) се прогласени: Раковски Павле, Керамитчиев Михајло и Евдокија Николовна - Вера.
... Прашањето за договор и единство со Керамитчиев – Вера -Раковски, не е само партиска обрска, туку задача за мене.
Меѓутоа, тие другари имаат потреба од преобразба и партиска изградба. На тој начин, ќе се скрши авантуризмот на Керамитчиев, егоцентричниот интелектуализам на Раковски, И превртливоста и лидерскиот дух на Вера. Можеби овие другари потврдуваат се, ја прифаќаат линијата и наредбите, препораките итн, но во практика далеку се од партиското око, а работите се поинакви.
*** Македонските НОФити и АФЖити, често се спречкуваа меѓусебно и Захаријадис тие спорови ги подгреваше некако по принципот „Скарај па владај”. Дозволуваше извесни „плуралистички мислења” во својот најблизок круг и од тоа извлекуваше корист од меѓусебните спорови и непријателството, бидејќи тоа му овозможуваше, најчесто, подобро да си ја дефинира својата власт со предлози и идеите.
Захаријадис, се реши да го тестира македонскиот интелектуален и политички капацитет во егејска Македонија и да ја уттврди довербата по изминатото време на овие кадри под раководствот на КПЈ/КПМ (23 април 1945 година до 14 октомври 1946 година) кога македонската свест беше во рамките на југословенската политика.
Извадоци Б: „... На 27 март 1948 година, Захаријадис го презеде наредниот многу значен потег за усвојување на организацијата НОФ однатре. Имено, за секретар на партиската фракција во НОФ го наложи познатиот антинофитин и експонент на политиката на КПГ во македонското национално – ослободително движење, Ставрос Кочопулос (за кого авторот на ова книга: вели дека е изрод ), со што раководствотото на НОФ помина во негови раце.
ЗАХАРИЈАДИСОВИОТ ТЕСТ ЗА ПОЛИТИЧКИОТ И ВОЕНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ОРГАНИЗАЦИИТЕ НОФ, АФЖ И НОМС ... Во март 1948 година, со итна нередба на ГШ на ДАГ, беше мобилизиран, речиси сиот кадар на НОФ, АФЖ и другите македонски асоцијации. Раководството на КПГ, побара од македонското раководство да му достави предлог за кадровското ангажирање на мобилизираните македонски активисти.
Еве што, меѓу другото, наведува Митревски во својот извештај до грчкото раководство: „Согласно со вашата директива, по прашањето за мобилизацијата на кадрите, по широката дискусија, на крајот се согласивме:
Ставот на Керамитчиев – Павле Раковски и Лазо Поплазаров да бидат поставени како политички комесари на бригада. Вангел Ајановски (Оче), Михајл Малио да бидат поставени за политички комесари на баталјони, а Ламбро Чолаков за интендант на баталјон.
Ставот на Вера – Раковски, Поплазаров за политички комесари на бригада. Малјо и Чолаков за политички комесари на баталјони, а Оче за обавештаен офицер на бригада.
Ставот на Ставре Кочопулос – Раковски, Поплазаров и Малјо во командата на баталјон. Чолаков и Оче во чета.
... Паскал Митревски, го известува грчкото партиско раководство, дека во врвовите на НОФ, и кај Македонците, има сепаратистички тенденции, шовинизам, национализам, фракционизам, антипартиска дејност и сл. (Извештај поднесен до ПБ на ЦК на КПГ на 12 април 1948 година.)
Види: стр. 233. „... Михајло Керамитчиев, Вера Николовна, Павле Раковски, Илија Димовски – Гоце и Вангел Ајановски - Оче, со свое писмо, се обратија до ЦК на КПЈ, молејќи го да интервенира кај раководствотото на КПГ, да го измени својот став и политиката кон Македонците.
РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1949 Последна акција за мобилизација на Македонците и надвор од границите на Грција: 09. 02. 1949 година.
(Зарем овој чин не беше спротивен по меѓународните човечки права??)
На барање на Порфирогенис (член на Политбирото на КПГ), во Скопје беше примен во својство на делегација на КПГ и се одржа состанок со преставниците на НОФ (кои ги имаа напуштено редовите на ДАГ - како што ги нарекува авторот - Дезертери) и се бараше регрутирање на околу 300 нови борци за ДАГ од бегалците и дезертерите што беа избегани во Југославија, но не се реализира и следше:
Прво (со умисла) оптимистичко сценарио на Захаријадис: се дава самоопределување на македонскиот народ. Значи, ни понуди визија за независна Македонија.?!
ПРИЗНАВАЊАТА И ОДРЕЧУВАЊАТА НА ЗАХАРИЈАДИС Но да видиме како и празните пароли се дел од војната:
На 30-31 . 01 1949 година, одржан е петиот Пленум на ЦК на КПГ и на него е исфрлена паролата за “Независна и обединета македонска држава во рамките на Балканската федерација”.
Поради тоа на 3.02.1949 година свикан е II-от Пленум на централниот совет на НОФ и се прокламирани нови принципи на НОФ, за иднината на Македонците под Грција.
Од резолуцијата на 2 - от пленум на Гл. Одбор на НОФ во која се вели:
„2 - от Конгрес ќе биде Конгрес за прокламирање на новите програмски принципи на НОФ, кои што со вековното тежнење на нашиот народ, ќе го прокламира соединувањето на Македонија во една единена држава, независна, рамноправна македонска држава во рамките на народнорепупликанската федерација на балканските народи кое што ќе биде реализирањето на неговите многугодишни крвави борби. 2 - от Конгрес на НОФ ќе го прокламира сенародното востање на македонскиот народ, ќе ја направи проверката на сите сили на македонскиот народ, ќе ги соедини и ќе ги групира околу НОФ и победоносно ќе ги поведе во заедничка борба со грчкиот херојски народ во борба против монархофашизмот и американските империјалисти. 2 - от Конгрес ќе се отправи особено кон поробеното македонско население од градовите како што се: Лерин, Костур, Воден, Енидже вардар, Гумендже, Серес и Драма, ќе го покаже и ќе го дигне во непомирливата борба против монархофашизмот и англоа - мериканските окупатори за побрзото ослободување и исполнувањето на тежнењта на непокорениот македонски народ, во борба на Народна Република Македонија.” Значи, нови видици за поништување на Букорешкиот договор 1913 година со поделата на Македонија!?
ДЕМАНТ ЗА БАЛКАНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ПОГАЗЕНИ ВЕТУВАЊА На 7. 03. 1949 година ЦК на КПГ објави соопштение во кое се демантира одлуката на КПГ за заземениот став за македонското прашање на 5-от Пленум и ставовите на ИИ-от Пленум на НОФ од 3.2.1949 година. Значи, историјата не учи дека ветувањата дадени во времето на војна не се секогаш тоа што требало да бидат.
К. К. Е (Соопштение на ЦК на КПГ со кое ја демантира паролата за соединување на Македонија.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/secrets-of-the-south-mac/10 на 29 октомври 2026