Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste
ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 06
Документот е на грчки и се наоѓа во архивот на Македонија.)
Тоа знажи, враќање на поциите на Букорешкиот договор (1913).
Која му била целта на Захаријадис? Дали со тоа тој посака да ја оцени нашата зрелост по националното прашање дури по тригодишната борба, да дознае што сакаме? Оти периодот на дејствувањето НОФ и АФЖ под КПЈ од 23 април 1945 -октомври 1946 година за КПГи комунистите во Грција, остануваше докрај нејасен.
Захаријадис, одговарајќи на критиките потврди дека тоа го направи со двојна цел:
Прво: Масовно да ги вклучи Македонците во борбата и второ:
да ги неутрализира сепаратистичките дејности на групата поранешни раководители на НОФ и АФЖ Македонци кои беа пребегнати во Југославија и од таму ги повикуваа Македоските борци од единиците на ДАГ да дезертираат, бидејќи немало никва цел да крвари Македонецот во таа војна.
Реакциите од создавачите(КПМ и КПЈ) на НОФ, па од нив препорачани и покорени на КПГ Вториот Пленум на ЦК на КПМ (одржан на 19 и 20 април, 1949 година во скопје. Види „Борба” од 6 март 1949 година) остро ја осудува паролата за обединување на Македонија во рамките на балканаската федерација, како парола на империјалистите, кој ја прифатија некои наши “критичари”, во кампањата против нашата земја, што е поведена на база на злогласната Резолуција на Инфорбирото, да ја искористат за разбивање на единството на македонскиот и на другите југословенски народи, заради отцепување на Народна Рапублика Македонија од Федеративна Народна Република Југославија и да и нанесе штета на социјалистичка Југославија.
Лазар Мојсов во својата книга:Бугарска радничка партија (комунисти) и македонско питање, Белград, Борба, 1948, стр.
288 - 290 пишува: „Да се покренува прашањето за обединување на Македонија надвор од границите на Југославија, значи обична провокација против независноста и интереситњ на македонскиот народ.” Всушност, најжестоко противење имаше од оние кои го орагнизираа НОФ и го пратија во егејска Македонија година дена пред да почне Граѓанската војна. Сега со став: дека тоа прашање ќе предизвика стничко чистење, сецесија или други геноцидни зафати во сите соседни земји на Балканот. Накрај, во таа војна доживеавме само ние Македонците под Грција геноцид.
Значи, Југославија (КПМ/КПЈ), како и Грција КПГ, беа против секаква ревизија и строго бара зачувување на позициите на Букорешкиот договор(1913).
*** Делегацијата на КПГ предводена од членот на ЦК и министер за правда при ДПВ, Милтијадис Порфирогенис, во Белград била примена од А. Ранковиќ. Тој, за формирање на македонска држава во рамките на Балканската федерација рече: „... дека таквиот акт бил насочен против интегритетот на Југославија”.
Види: „Борба” од 27 април 1949 година.
Но, се поставува прашањето: што сакаше КПМ/КПЈ со оформувањето на НОФ И АФЖ во Скопје на 23 април и ги испрати во егејска Македонија да го организираат македонскиот народ дури до степен на семејна револуција!?
Има ли нешто врска со договорот помеѓу Сталин и Тито: да се прави се само да се сочуваат социјалистичките системи во источно европските земјите по Втората светска војна, посебно беше многу несигурно за Југославија која по договорот во Јалта беше 50% под влијание на Запад и 50% на Исток.
Има аналитичари, кои ценат дека потикот на Македонците со помош на Југославија бил за советизација на Балканот ? Но, тоа е негирано од самиот Сталин, а покасно и од Тито. Останува, само едно: „нека се запали огнот подалеку...”. Сталин рекол:
„дејствијата да бидат партизански, ненасилни, полека но да се буричка во капитализмот”, а и Тито беше на иста позиција и на почетокот посакуваше да го стимулира до максимум. Потоа, се беше јасно...
Но, едно останува не јасно за нас дури и по 55 години: ЧИЈ ЖРТВИ СМЕ НИЕ!?
*** Во судирот меѓу КПЈ и КПГ, односно, во антијугословенската кампања, раководството на КПГ се обиде да го вклучи и македонскиот фактор од егејскиот дел на Македонија.
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/secrets-of-the-south-mac/11 на 29 октомври 2026