Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Станете член!

Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste

ЗВУКОТ НА ВОЈНАТА - Part 04

Од Стојан Кочов · Дел 9 од 17 · Околу 20 минути

Читај на English

Ова заплеткано сфаќање со утешни илузии, покажува дека владееше мрак во македонското лидерство. По 1946 година, таквиот „успех за будението на македонската свест”, всушност, не им требаше ни на КПЈ ни на КПГ и немаше никаква значајна 17 На сеницата на Претседателството на организацијата “Илинден” на Македонците од Егејска Македонија формирана по иницијатива на Захаријадис, што се одржа на 4 јуни 1956 година, раководителот на организацијата полковникот Пандо Вајна во својот реферат во врска со прогонот на Македонците од КПГ, меѓу другото, рече: “…Во периодот на борбата на ДАГ и после поразот, Захаријадис спроведуваше политка на клеветење и прогонување на еден добар дел од славомакедонските кадри и народни борци. Сосема неосновано и многу лесно на славомкедонските кадри и народни борци им ја лепеше етикета “агент на непријателот” итн.

Врз основа на лажни обвинувања во 1948-1949 година и подоцна, повеќе Славомакедонци беа уапсени, а некои од нив и ликвидирани…” (Ам, Ф-

21/1600.)

вредност, кога сите Македонци, заедно со лидерите на НОФ и АФЖ се најдоа во менгемето на КПГ.

Но, да се вратиме на најголемата манипулација од раководствата на КПЈ и КПГ, кога на средбата на 2 април 1946 година Тито и Захаријадис во Белград без присуство на Македонците решија:

Македонците од Егејскиот дел на Македонија предводени од НОФ, а раководени од КПЈ/КПМ, да се стави под раководство на КПГ и да се измени програмската цел на НОФ во која сега ќе гласи:НОФ и АФЖ ќе се бори во сојуз со грчкиот народ за спасување на Македонскиот народ од физичкото истребување.

Идеолошка офанзива со својот космополитизам (против македонската национална свест) страшно го разниша македонскиот староседелски корен.

Состојбите беа уште пострашни, бидејќи тие потекнуваа од највисоките политичари (на НОФ, АФЖ и КПГ). Политичарите, дури и во Граѓанскат војна, негуваа опасни анахронзми во нашето национално опстојување и живеење, напаѓајќи ги своие политички противници-комитите и сите тие Македонци кои не гледаа никаква корист од таквата војна. Дали (НОФ и АФЖ)

беа свесни колку со тоа го оптоваруваа и го навредуваа својот сопствен народ, а посебно младите македонски поколенија (деца на комити и деца на партизани-комунисти). Дали беа свесни колку им ја заматуваа младата душа и нивната национална свест.

Во заклетвата на борецот во редовите на ДАГ во основа се вели:

Јас син на грчкиот народ борец на ДАГ (Демократската армија на Грција) ќе се борам за да го одбранам интегритетот и безбедноста на државните граници на татковината – Гр ција…и.т.н.).

ЗАКЛЕТВАТА НА БОРЕЦОТ НА ДАГ: “Јас син на народот на Грција и борец на ДАГ, се колнам дека ќе се борам со пушка во рака и ќе ја пролеам мојата крв и спремен сум да го дадам и својот живот за да го истераме од земјата на татковината Грција и последниот надворешен окупатор. За да се ликвидира секакво присуство на фашизам. За да ја обезбедам и да ја воспоставам националната слобода и територијалниот неповредлив интегритет на татковината Грција. За да се обезбеди демократијата и добрто на народот.

Се колнам дека ќе бидам добар и истакнат, дисциплиниран војник, и ќе ги извршувам сите наредби и канони и ќе ги чувам сите тајни на ДАГ.

Се колнам дека ќе бидам пример и ќе имам најдобар однос кон народот со цел за трајно помирување и ќе го одбегнувам секој обид што ќе ме компромитира и ќе ме понижува како личност и како борец. Основните интереси ќе ми бидат: слободата и трајната демократија во Грција. За сите овие интереси на народот на Грција, спремен сум со пушка во рака да го положам и животот.” Веднаш се ралативизивме, и од се напрививме пустош, но најмногу од идентитетот.

Тоа е вистината, и можеби е дел од стратегијата на туѓинците кои посакаа преку манипулацијата на НОФ и АФЖ, да си ја остварат целта, бидејќи од таквото делување на НОФи АФЖ, грчката држава имаше преземено законски мерки со невиден терор и прогон, таквите воени зафати наликуваа на физичко истребување. Народот беше принуден да ги напушта родните огништа и да бега во Југославија или владините сили за безбедност ги испраќаа по островите.

Таквото погрешно сфаќање на националното прашање, веќе наплатено со жртви и со поништување на многу национални вредности, слепо се брани и денес по цена на тотално национално пропаѓање. Тешко беше да се излезе од лавиринтот на сите манипулации околу КПГ и КПЈ, зошто се работеше за едно добро разработена стратегија во која дури и оние луѓе со т.

н “тврди националисти” пред агресивната катадневна пропаганда потклекнаа, во корист на т. н “класното”, а националното (посебно за нас-Македонците) беше формално.

Но, од исходот на настаните се покажа дека за НОФ (За сите нас Македонците, посебно под Грција), беше лет во хаос?! А во хаосот кој е моќен, тој е праведен. Значи правдата не е во правилноста, туку во моќта. Тоа се потврди!

Значи, што се случи: народот ја предаде својата слобда бидејќи на тоа го принуди НОФ, извориштето на тоа идеологија, а тие луѓе, туѓинците ги имаа устоличено да не водат, но до одреден период на време.

Практично, прогласувањето на територијалниот интегритет на Грција, загрозен преку НОФ и АФЖ, се јави како повик до Грците во Македонија и цела Грција да се борат против НОФ и АФЖ, да ја спасуваат Македонија под Грција.

Значи, со појавата на НОФ и АФЖ, во регионот настана пекол.

Со тоа се создаде сива зона, опасно место за живеење и поле за воено-стратешки натпревар меѓу идеологиите за туѓи цели.

Ако и малку ја анализираме таквата неповолна ситуација, посебно, од национален интерес, никој умен не би го дигнал на оружје македонскиот народ-кој се наоѓаше во една најфлуидна (неизнасилена, но менлива) ситуација, а тоа го стори само НОФ и АФЖ -диригирани од КПМ/КПЈ. За Македонците, Граѓанската војна, беше време без логика, посебно прогласувањето на НОФ - Народноослободителен фронт, а тоа значеше мобилизација на целокупниот македонски потенцијал под Грција. ЗОШТО?! Како ќе стигневме до успех?

И ден-денес, секој страдалец си го поставува прашањето ЗОШТО?!

Она што се нарекува „Идентитет на човекот и на народот, таа исконска сила - Македонецот ја открил токму во НОФ и АФЖ, бидејќи го мобилизираа, за наводно да ја носи историјата, онаква каква што и прилега, на националните интереси, но таа ти било по налог на КПЈ и КПГ доведе до геноцид. ќе се објасни ли еднаш: Дали Граѓанската војна за Македонците била револуција (продолжување на илинденските традиции - како што се сретнуваме со таквата оцена во официјалната историографија) или беше алиби за доуништување на Македонците под Грција?

Денес после половина век, секој од талкачите што ја доживеа Граѓанската војна како најголема трагедија посебно за нас Македонците под Грција велат дека била најкобна. Но, никој од водачите да каже дека: „ЗЛОТО ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА НЕ ПАДНАЛО ОД НЕБОТО!? ТУКУ НЕКОИ ОРГАНИЗИРАНО СО УМИСЛА ГО ДОНЕЛЕ”.

Можеби не по вивна волја...

Ете, и така, полека ни се оддиплуваа спомените и брзо ни се редеа настаните се пласти таа крвава цена. Многу талкања, многу злосторства, многу грдотии и тагобни болки. Исторјата во сите нас крвари и никој не ги напиша тие потресни, пеколни и морничави страници од Граѓанската војна (1945 – 1949).

Многу болни и грди работи останаа зад нас и во нас. Очудени и збрложни. Повеќе од половина век од животот заробени на туѓите идеолошки стапици и нивните растурачки фурии, минуваме низ трескавично талкање, занемени, омалодушени.

Во текот на Втората светска војна комунистичките партии во земјите меѓу кои беше поделена Македонија цврсто го почитуваа декларираниот принцип на големите сили за непромена на предвоените граници.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1947 Сега генерал Маркос сме го овластиле за нашата судбина, верувајќи му на празни ветувања.

Со спогодбата (Иоанидис - Караиванов) и директивите на Колишевски, НОФ, целосно и речиси безусловно му се отстапи на КПГ.

Маркос ги издава и првите нардеби:

Наредба Бр. ЕП 13 од 27. 12. 1946 година, генерал Маркос, гласи: “Сите партизански единици на НОФ од денеска се ставаат во составот на ДАГ”.

Значи, НОФ од овој датум не претставуваше никаков воено-политички фактор, туку по т. н. “Братство и единство” на НОФ и се земени сите ингернции. По ова настана деликатна рамнотежа, помеѓу НОФ и КПГ, но полека влегуваше во менгемето на КПГ, охрабрувано па дури и од македонскиот врв на КПМ и несомнено стануваше жртва на политичките игри. А, бргу потоа се најде во рацете на бескруполозната апсолутистичка власт на КПГ.

Дали некој помисли на фаталното дејство на омразата која никогаш не ја имаа заборавено спрема поранешни ЕЛАС (ИТИ), сега НОФ (ИТИ)?

Дали пред некои меѓународни институции НОФ и АФЖ беа признати како легитимни субјекти и од нив можеа да бараат (државно-правна) заштита?

Документ преведен од Грчки:

Не помина година, во вечерните часови на 24 октомври 1947 година, неколку членнови на политбирото: Јоанидис, Стрингос, Маркос и Еврипидис жоргиос - Петрос ги овикаа Митревски, Керамитчиев и Вера на „посебен разговор.” Маркос, се искашла во дланката и со погледот кон Митревски, но никој неможеше да препотстави какви мисли му поминуваа низ Главата. Маркос чувствуваваше потреба еднаш за секогаш да ги укори водачите на НОФ и АФЖ. Тој, се воомјази и гласно, но саркастично се намсеа и рече:

– Вие треба да знаете дека сте членови на КПГ и овоа сакам да го повлечам, не еднаш, туку трипати. Тука постои само КПГ и никој друг. Јас не знам зошто се бунтувате и велите дека еден ден Македонците ќе кренат „врева” и ќе ги напуштат редовите на Демократската армија. Јас одгорно тврдам дека организациите НОФ и АФЖ не се само ваши. Вие добро знаете дека со благослов на Маршалот Тито и нашиот водач Захаријадис, сте ставени под капата на КПГ. Треба да сте комунисти, а потоа родољубци. Така треба да гледате на славомакедонското прашање а не да размислувате за некаква „Обединета Македонија”. Ако вие го посакувате тоа, тогаш ние Маџирите - просвигите како што не викате, каде треба да одиме? Дасе вратиме пак во Мала Азија?!

Ех, мои Славомакедонци. ТРЕБА ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА ОВА ЗЕМЈА - МАКЕДОНИЈА, СЕГА МУ ПРИПАЖА НА МНОЗИНСКИОТ НАРОД А ТОА СМЕ НИЕ!

ВИЕ НЕМАТЕ НИШТО СО МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА. Тоа многупати го има повторено и Ленин. „Малцинствата треба да се покоруваат на мнозинството.” Вие се борите за туѓи интереси и против мајка Грција. Но на крај ќе изгубите. Никој нема да ви помогне ни Тито, ни Сталин. Се разбира сами сте направиле да Партијата ве има на око...

Ние се знаеме и за секој од вас подробно. Покажувајќи им го листот на кој пишуваше строго доверливо: известува Периклис Колодакис, шеф на службата за безбедност при Демократската армија.

- Со таквите ваши преправања просто си го сопирате вашето унапредување во политичкиот живот.

што сакате, од вас партијата да направи генерали?! Вие сте го читале „манифестот упатен до ослободителната армија на кинескиот народ”. таму се вели: „Сите офицери и војници треба да се образовани како би храбро пошле во борба и ивојувале победа.” Вие не успеавте да се ослободите од ганџите на шовинизмот и сами се изолиравте од славомакенскиот народ, посебно од тие

6. 000 борци во Демократската армија кои храбро се борат и жртвуваат за високите идеали на социјалистичката револуција во Грција.

Ние добро знаеме се за секого од вас и за вашата политичка дејност и обврска што сте ја зеле пред известителните служби на Југославија.

Информацијата од нашите разузнавачки служби гласи:

„Раководството на КПЈ, сакајќи да има увид и влијание врз настаните во Грција и врз македонското ослободителано движење, тајно обврза еден голем број борци и активисти на НОФ (што се вратија од Југославија) преку организирани канали да го информираат за се што се случува во егејскиот дел на Македонија и во Грција. Раководството на НОФ беше принудено да добива и да извршува директиви од двете раководства: од КПГ и од КПЈ.” Вие сте свесни дека со овој потег на КПЈ сте направиле и уште правите големи штети и со тешки последици. Со вашите антипартиски ставови, кои не се реални ставови на Партијата, верувам дека кога ќе се разбудите ќе биде многу доцна, но Партијата нема да ве толерира како фракционери. Нашата известителна служба досега има десетици Македонци идентификувани кои треба да бидат осудебни и гонети како агенти на југословенските инвестителни служби а дезертерставата стануваат се побројни…

Настана уште една подолга пауза. – Веројатно е така, - рече Јоанидис и продолжи: – Немоите да мислите дека револуцијата е игра. Но кога многу ќе прочитате и кога, исто така многу ќе размислувате, Сами ќе се убедите дека вреди да се жртвувате за целите на Партијата.

Вие славомакедонците, морате да ги разберете овие два света, вашиот свет што сега многу барате и светот на Грците за да бидеме безгрижни. Ние сме спремни да ве вратиме назад во Скопје и немоите да мислите дека сте помалку титоисти од Илија Димовски - Гоче и многу дрги, кои од неодамна ги вративме или дезертираа, а тие и така беа неподобни за редовите на Демократската армија и за КПГ и воопшто за грчкото општество. За нив повеќе нема враќање во Грција! Тоа ви го велам во името на партијата!

По овоа укорување, со невидена поданичка свест македонските лидери (на НОФ и АФЖ) се вовлекоа во широка лепеза на политички зафати во името на револуцијата и на народните грчки интереси. Влегоа во такви акции, што човек не може да замисли ниту во една држава која себеси се смета за доминантен народ, а камо ли народ како нас Македонците во Грција.

Доволно дилеми предизвикаа таквите насилни мобилизациски акции, и сите тие мобилизирани Македонци да ги турка (распоредува во единиците на ДАГ во длабината на Грција), посебно со македонските жени што во општо човечкиот ум е способен да го замисмли тоа токму по Втората светска војуна.

Во аналите на историјата, таков случај не е регистриран.

Ако НОФ беше политички македонски субјект, требаше да каже: какви отстапки би можела да направи спрема КПГ, а притоа да не му нанесе трајна и неповредлива штета на својот народ-на национален план. Но, настана она другото: значи ако го создаде КПМ/КПЈ, тогаш таа и го предаде (продаде) на КПГ, а со какви и кои политичките цели?!!! Само тие знаеја (КПЈ и КПГ)!

И, така нашите надежи сега се најдоа пак на масата на КПГ, ние Македонците и старо и младо и жени се најдовме во униформата на ДАГ, а покасно ги собраа и децата од 3 - 14 години и ги однесоа по светот. Значи, добро соработувавме ни целиот период за “мекото етничко чистение”.

Повеќе од јасно, дека тоа беше „романсата без бакнежи.” Тогаш, раководството на КПЈ, сакајќи да има увид и влијание врз настаните во Грција.

Преку организациите НОФ и АФЖ тајно врзуваа еден голем број борци и активисти на НОФ и АФЖ преку организирани канали да го информираат за се што се случува во егејскиот дел на Македонија и во Грција. Раководството на НОФ беше принудено да добива и да извршува директиви од двете раководства: од КПГ и од КПЈ. Овој потег на КПЈ се покажа штетен со тешки последици. Таквата активност на Македонците, која не можеше да не биде откриена, беше искористена од КПГ за да ја обвини организацијата НОФ за агентурска. Десетици Македонци беа осудени, а стотици гонети како југословенски известителни служби. Оваа двојна улога на македонското раковоство на НОФ резултираше со негов расцеп и со создавање на две крајно спротивни крила (подржувачи на пројугословеската политика што ја креираше КПЈ и на прогрчка комуниситчка политика што ја водеше КПГ), кои меѓу себе водеа непомирлива борба: Македонецот - против македонецот.

Јасно дека голем хендикеп беше, што особено селаните во Македонија под Грција беа максимално политизирани од пропагандите на КПЈ/КПМ а покасно кога беа препуштени на располагание под команда на КПГ просто беа зајдени, а сиромаштијата пустошеше, но скоро сите се занимаваа со голема политика. Значи , изборот на НОФ од КПЈ/КПМ, не беше случаен. Но македонското перчење под командата на КПМ/КПЈ не уништи самите нас Македонците. Токму во тоа време беа големите политики, на малите водачи. Сите знаеме, кога организацијата НОФ успеа да се вгнезди во македонските села и низ таквите односи НОФ - неконтролирано создаваше меѓу Македонците „бранови надеж за триумф на револуција”:

да ги организира мажите, по нив и жените во АФЖ, а младината во НОМС; македонското семејство се најде во хаос, се растури, а домот им се претвори во селска канцеларија.

Селските жени станаа смеа и горчина во политката на овие организации, а омразата поцврсто ги врзуваше отколку љубовта.

На тој поразителен факт секојдневно се сеќаваме. Тоа беше време, кога на површина испилуваа секакви скудоумни, недораснати, но и бескруполозни типови, што водеа во пропаст ослободителни движења, поединци и цели народи. Нашето учество во таа борба беше едно историско задоцнување, но и непотребно.

Ние Македонците, долго време во војната живеевме во светот на лагата, по војната останавме половина век да живееме во светот со тагата - ТАЛКАЧИ. Нашето оправдување и денеска е исто: Јас не сум непријател! Мене ме излажаа! Јас верував!

Оттогаш целиот наш живот почна да се тркала со главата удулу и станавме да бидеме народ на изгубени надежи и изневерени очекувања. Национален пораз доживеавме со губење на историската територија на татковинското - најитимното, што е свето место и признато во цивилизацијата им го препуштавме на просфигите кои беа донесени од Венизелос од Пондија од 1924 - 1930 година, токму со оваа цел, да наследат се што беше исконско наше.

Историјата за нас Македонците под Грција треба да ја каже вистината: Кој и зошто го разгоре огнот? Како и зошто го изгубивме правото на враќање во родните огништа и зошто 55 години го браниме ставот дека беше неминовно нашето жртвување во Граѓанската војна. А вистината е дека бевме згазени под чизната на КПГ и се прашува секој дали се боревме за обединета Македонија, против англо - американскиот фашизам или против некое трето што уште го носиме магловито во нашата свест од доживеаниот геноцид и неможеме да го дефинираме?!

Како сме могле да се бориме со таква цел за обединета Македонија, а да немавме преставници ни во политичкиот врв, ЦК на КПГ, ни во воениот Главен штаб на ДАГ, кои беа носители на таа војна? Но, најмногу ме мачи следното: Ние Македонците во текот на Граѓанската војна претставувавме повеќе од половината од ефектите на ДАГ. Ете зошто: ако се има предвид дека официјално таа бројка достигна 25. 000 - 30.

000 борци, а ние Македонците бевме повеќе од половината од тој состав, тоа значи дека 6 - 7% бевме од вкупното македонско население (280. 000 - 300. 000) додека тој процент за Грците изнесува 0. 35 - 0, 40 од вкупното грчко население (9. 000. 000 -

10. 000. 000) во државата Грција.

Како и зошто, ние дозволивме туѓинците да не излажат за да се само - жртвувале. Во Македонија под Грција ударнички се испустија сите села, луѓето ги одвоивме од родните огништа и отворивме процес за легална миграција. Кај нас беше доволно само некој фалшив авторитет надвор од Македонија да каже нешто и ние ќе се испотепавме да го спроведеме.

Знаеме дека првата, односно македонската национална максимална програма беше неприфатлива за сите политички сили на Балканот од левите сили до десните и со граници на балканските држави кои беа прогласени непроменливи.

Ние Македонците со години пристрасно се врзувавме кон Големиот брат, се додека Ј. В. Сталин на 15 мај 1943 година, кога донесе одлука за распуштање на Комунистичката Интернационала (Коминтерна) и зеде клетва пред Черчил и Труман дека границите на Балканот остануват со поделена Македонија.

Едно е вистина, дека политичките сили на Балканот ја подржуваа „минималната програма” и ништо повеќе, но со особена препорака да се дејствува под раководството на соответната комунистичка партија и само во рамките на Југословенското, Грчкото и Бугарското револуционарно движење. Со таквата препорака од левите сили на Балканот, беше многу јасно дека ние Македонците требаше да го почитуваме Букорешкиот и Версајскиот договор. Значи, тоа беше ист став што го имаа и западните сили.

РАЗВОЈОТ НА НАСТАНИТЕ ВО 1948 Значи, ако политичката стратегија и тактика на генерал Маркос била за не омасовување на вооружениот отпор и тоа со искусни борци од ЕЛАС, тогаш каде да ја бараме логиката на таквите политички процеси. Тоа што го правеше НОФ и АФЖ со невидено галопирање во омасовувањето на македонските селани? Посебно организацијата АФЖ.

Се е под контрола на КПГ и ГШ на ДАГ Првиот конгрес на НОФ (13 јануари 1948 година) претставува најсветла етапа во македонската поилинденската историја.

Види книгата: народноослободителниот фронт и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-

1949), издавач „Култура”, Скопје 1985 година. Официјалната историографија иторичарот Р. Кирјазовски вели:

„Раководството на НОФ и АФЖ и покрај лошото искуство од минатото и разните појави на неискреност и опуртунизам на раководството на КПГ, стоејќи на интернационални позиции и со искрена намера да помогне во развитокот на грчкото движење, се согласува три четвртини од Македонците партизани да се борат во редовите на ДАГ јужно од Олимп, односно во сите краишта во Грција. Понатаму, за да се зајакне грчкото младинско движење, да се расформира македонската младинска организација НОМС и нејзините членови да се зачленат во грчката младинска организација ЕПОН, а за да може да егзистира, односно опстане Земјоделската партија на Грција, НОФ им поставува задача на своите членови да влезат во нејзините редови.” Но, дали Македонците од организациите НОФ и АФЖ водеа сметка за македонскиот идентитет?!

И уште еден мотив: се вели дека дислоцирањето на македонските единици во длабината наГрција било како превентива, да не се повтори случајот од 1944 година, кога мекедонските баталјони се одделија од ЕЛАС. Стр. 213.

Ете токму за ова, Труман што потенцира:

„... Ако падне Грција под контрола на некое вооружено малцинство многу лесно ќе завладеат збрки и аномалија на целиот Среден Исток. така, исчезнувањето на Грција како независна држава ќе има длабокок одраз врз сите европски земји чии народи се борат... Ако не и помогнеме на Грција во овој критички момент последиците ќе бидат тешки, колку за Запад, толку и за Исток. Должни сме да превземеме непосредна и решавачка акција. “За таа цел побара од Конгресот околу

4000. 000 долари за економска и воена помош за грција и за Турција. Советскиот сојуз ја осуди како „Труманова доктрина”.

ВИСОКА ПОСЕТА НА АТИНА На 31 декември 1947 година беше формирана Американската воена советодавна и програмска група „ЈУСМАРГ” на чело со Ван Флит. Преку Американската воена советодавна група, Американците воспоставија контрола не само врз политиката и економијата, туку и врз вооружените сили.

Воен дневник:

На 7 февруари 1948 година, американскаскиот генерал -поручник Џеимс А. ВАН ФЛИТ, ја презел командата на ЈУСМАРГ, а една недела подоцна, заедно со шефот на британската воена мисија, генерал мајорот СТЈУАРД РОЛИНС, биле приклучени кон Грчкиот национален совет за одбрана.

Види: Foreign Office in Belgrade, March 4, 1949.

Но, да ја потсетам Евдокија Фотева- Вера дека постои една чудна верзија, која можеби објаснува зошто се уште не се открива историската вистина за Македонците под Грција, верзија која се уште не се “прифаќа”. Таа верзија вели дека Македонците под Грција биле турнати во Граѓанската војна од самите Македонци кои раководеа со ФРМ, по наредба на КПЈ (по само ним на КПМ/КПЈ - значајни тајни стратегии, но и проблемите во тоа време што се јавија со “Сакаме на солун, не на Срем” и др. ), поради тоа што претставувале опасен потенцијал за немир во Југославија. Во таа верзија се вели дека имало големо грчко лоби и кое преку Англија и Америка одиграло голема улога во таквата реализација (прво, во Југославија ја разоружаа и расформираа егејската бригата, потоа ја образува во Скопје НОФ и ја раководеа повеќе од една година и најпосле ја натераа да се потчини на КПГ. Резултатот за секоја историска вистина е познат - Македонците доживееја национален пораз.

Зарем неможеше да согледа дека идеолошкиот активизам на туѓинците, се ширеше како малигно заболување на душата, кај Македонците под Грција во годините 1944-1950 година...

Да се бара логика во “братска” подршка, по поделата на Македонија (1913) 18 и да се намамува Македонецот за “Обединета Македонија” по Втората светска војна, со нашите горди идеолошки активисти, тоа е триумф на “танцување во мрак”.