Macedonians Through the Whirlwind of the "Red" Waste
МАКЕДОЦИТЕ НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА НОФ СЕ ВРАЌААТ НА ПОЗИИТЕ НА БУКОРЕШКИОТ ДОГО
МАКЕДОЦИТЕ НА ВТОРИОТ КОНГРЕС НА НОФ СЕ ВРАЌААТ НА ПОЗИИТЕ НА БУКОРЕШКИОТ ДОГОВОР
(1913)
На 25 и 26 март 1949 година во селото Попли Преспансло се одржа вториот конгрес на НОФ, во присуство на оклу 700 делегати и гости. Поголемиод дел од делегатите беа припадници на ДАГ.
Конгресот го отвори Евдокија Николовна - Вера која меѓу другот рече: „Денес го одржуваме Вториот конгрес на НОФ, кој ке прокламира нови програмски принципи на нашата организација. Македонскиот народ, кој има дадено стотици жртви ќе може утре со победата да се определи како што сам сака. Конгресот се одржува во моментот кога целиот македонски народ учествува во борбата против монархофашистите...” Од името на ЦК на КПГ Конгресот го поздрави Никос Захаријадис кој рече:„ Вториот конгрес на НОФ се одржува во тешки и решителни моменти. Синоќа во Атина зборуваше Глизбург и рече дека ситуацијата билакритична во почетокот на 1949 година како никогаш дотогаш... Заради тоа мерките што ќе ги преземете на овој ваш Конрес треба да бидат такви за да придонесат кај вашиот народ борбата да биде уште поголема и сите заедно да одлучиме и да направиме пресврт за да победиме уште оваа година. Од овој аспект вашиот Конгрес е воен конгрес и треба да ја изврши решеноста на вашиот народ да го зголеми својот придонес. Кога е така треба да ги мобилизираме сите ваши македонски сили, сите ваши средства и можности за да стигнеме до победата. Вашиот Конгрес е конгрес на единството на македонскиот народ.
... Сега поминувам на прашањето на тие кои го потхрануваат разбивањето на единствтото. Тој кој ја напушта борбата и шири гласови дека: Грците (ние) ќе не предадат “тој го предава својот народ.” Забелешка: Ова се што го зборуваше комунистот Захаријадис пред Македонците, а и самите Македонци е и остана една невидена манипулација и хипокризија спрема еден мал народ кој навистина со измама беше турнат во една катастрофална војна и уште посакуваше да го дотолчи , но откука се гледа дека и Македонците во НОФ немаа никакви информации. Тоа се потврдува, дека Захарајадсис од Сталина беше известен дека војната треба да ја прекине (требаше на 10 април 1949 да биде во Масква), а тој у ште го туркаше народот во тотален гибел.
Но, да ја проследиме настаната ситуација во единството на НОФ, па ќе можеме да просудиме какво македонско раководство сме имале и како сме го решавале македонското прашање? Така што, на целото тоа прашање се става акцент што не му припаѓа.
ДЕФОРМИРАНА СВЕСТ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРОСТУМЕЊЕ. НЕ ВИДЕН РАСКОЛ МЕЖУ НОФИТИТЕ
(МАКЕДОНСКИ РАКОВОДИТЕЛИ) А ЗА ОДГОРНОСТА НИШТО. НИКАКВА ГРИЖА СПРЕМА СВОЈОТ НАРОД ЗА ОПСТАНОК НА СВОИТЕ ВЕКОВНИ ОГНИШТА?!
Народот вели: „Ако некој посака да ги раздели Македонците, може да се откаже од таквата намера: Тие сами ќе се си го организираат расколот најдобро од секој друг.” Резолуцијата на Инфорбирото, односно судирот меѓу КПСС и КПЈ во јуни 1948 година, имаше крајно негативен одраз во редовите на НОФ и АФЖ. Настана ново политичко раслојување и приклучување кон нови политички реторики, нови маки за прегрупирање: реагирање, спротивставување, и жртви. Само борците во единците на ДАГ надвор од етничките граници на македонија не знаеја ништо за овие игри. По разединувањето на НОФ, и КПЈ и КПГ сватија дека можат да манипулираат преку нив со Македонците под Грција како сакаат.
НОФ, наоѓајки се близу две години под раководство на КПЈ, а потоа минувајќи по раководство на КПГ без да ги прекине целосно врските со КПЈ, раководството на НОФ се подели на спротивстваени табора. Едниот, под влијание на постоењето на македонската држава во рамките на СФРЈ и на перманентните илегални врски што ги одржуваше со офоцијалните југословенски фактори и служби, стакна уверување дека КПЈ не се откажа од Егејска Македонија и дека КПЈ на македонското прашање ќе му даде југословенско решење во рамките на НР Македонија во СФРЈ. Другиот табор од раководството на НОФ, имајќи ги предвид договорите меѓу КПГ и КПЈ и директивите што ги доби од југословенското раководство, а повеќе поради опортунзам, беше близок на КПГ и ја спроведуваше нејзината политика и го брана гледиштето за целосна рамноправност во рамките на грчката држава. Но, и тој дел од раководствот целосно не ги прекина врските со КПЈ, што значи и покрај спогодбата меѓу КПЈ и КПГ од 1946 година, КПГ немаше целосна контрола врз НОФ. Поради значењето што го имаше Југословија во борбата што ја водеше ДАГ, раководството на КПГ, не преземаше радикални мерки за да ги прекине врските на НОФ со Југославија и да го истисне влијанието што го вршеше НР македонија врз Македонците од Егејскиот дел на македонија. По ибувнувањето на судирот меѓу КПСС и КПЈ ситуацијата целосно се смени. Набргу по Резолуцијата на Инфорбирото 21 односно на Првиот пленум на Централниот совет на НОФ, одржан на 8 август 1948 година, под притисок на Захаријадис беа суспендирани главните раководители на НОФ и АФЖ. Таков беше вечниот Балкан. Сега Македонците од Егејска Македонија во трескавичен и драматичен раскол, длабат во уште поголеми неби - днини а сето тоа им одговараше на тугинците.
21 Резолуцијата на Инфорбирото, ПБ на ЦК на КПГ ја прифати на 30 јуни 1948 година, а ЦК на КПГ на својот четврти пленум, одржан на 28 и 29 јули
1948 година.
НОФ и АФЖ станаа фиктивни организации со бројни комбинаторики каде се правеа остапки по цена на губење на националните интереси и динината на Македонците под Грција.
Второ (со умисла) оптимистичко сценарио: се создава комунистичка партија на Македонците под Грција.
СУПТИЛНА КОМУНИСТЧКА МАНИПУЛАЦИЈА СО МАКЕДОНСКИОТ ЧОВЕК И СО НЕГОВАТА ИСТОРИЈА.
- СИТЕ РАКОВОДСТВА НА НОФ И АФЖ СЕ ВРАѓААТ МЕЖУ ПОЗИИТЕ НА СТАТУС КУО СО ГРАНИЦИТЕ НА ГРЦИЈА И ЈУГОСЛАВИЈА.
За таа цел, на 27. 03. 1949 година, свикан е основачки состанок од 163 комунисти,делегати на ИИ-от конгрес на НОФ,на кој едногласно е решено да се формира комунистичка партија на Македонија од Егејскиот дел на Македонија, која би била засебна организација и дел од КПГ и би се викала КОЕМ (За овој настан, се велеше дека е најсветлата точка од грижата што ја водеше КПГ спрема нас Македонците, но да ја оставиме историјата да каже колку навистина беше и остана “светла”...”)
Една од главните цели на КОЕМ беше да се спречи секаква духовна и друга врска меѓу егејските со вардарските Македонци.
Но, да видеме како нашата истрориграфија го оцени тој настан:
“Создавањето на КОЕМ беше своевидна тактика со крајна цел македонското национално прашање да се стане составен дел на антијугословенската ИБ кампања, да се предизвика прекин на сите духовни и политички врски меѓу Македонците од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија создадени во борбата за национална и социјална слобода, дезориентација на национално-ослободителното движење на егејските Македонци и вклучување на македонскиот фактор во божемните причини за поразот на ДАГ”. (Види: вес. “Вечер”-Историската вистина не е дневна политика. Од 2 јули 1989 година, д-р Ристо Кирјазовски.)
Зарем, е тешко да се сфати, дека ние Македонците под Грција им станавме предмет за одмаздување во нивните идеолошки ставови на КПГ и КПЈ, но и државната политика на Грција и Југослвија.
На 20 јуни 1949 година, раководниот актив на КОЕМ (Комунистичка организација на Егејска Македонија) под режија на Захаријадис, прифати и потпиша Резолуција, со која ги потврди сите обвинувања против Југославија и македонските организации:
„НОФ и АФЖ се агентурски организации. Тие во Егејска Македонија дејствуваа и имаа корени на трите агентури: едната ОЗНА, втората на Известителната служба на ЈНА , управата на југословнскиот Генералштаб, и третата, на Колишевски.
Работеа на иста цел: да ја поткопат и разбијат КПГ, особено НОФ одвнатре и да ја потчинат нивната политика на политиката на КПЈ, што за главна цел има присоединување на Егејска Македонија кон Југославија.
Следуваат многобројни обвинувања (скоро од сите членови на НОФ и АФЖ), лични дисквалификации и морални навреди, митарења и дефинитивно ФЕНОМЕНОТ НА ПОДАНИЧКАТА СВЕСТ кај овие луѓе е реализиран. На видело е веќе, дека за секој член на НОФ или АФЖ кој бил како успешен спроведува на колективната поданичка свест стоеле три важни работи:
1. Идеолошка заднина од КПЈ или КПГ,
2. Гарантирана лидерска позиција и
3. Уживање на државно партиските привелегии.
А со илјадниците борци во редовите на ДАГ: Тие кои ги дадоа животите на бојштата во Граѓанската војна и нивните семејства? А со живите кои станаа талкачи по светот? Сите тие прави борци, останаа без историја и со години не можат да си ја пронајдат сопствената среќа. Се до денденес не се споменуваат и ценат, ниту во матичната историјата на КПЈ/КПМ во Р.
Македонија, ниту во историјата на КПГ во Грција.
Нова ситуација На 4 април 1949 година во Вашингтон се потпиша конкретна согласност за оформување на НАТО, од владите на САД, Британија, Франција, канада, Италија, Португалија, Белгија, Холандија, Луксенбург, Исланд, Данска и Норвешка.
Значи, се работи за една значајна согласност, со која Западноевропските држави ги ставија своите воени сили под рамковна контрола на американскиот Пентагон.
Владите на сите потписнички држави, паралелно со потпишаниот документ, посебно потпишаа и договори за воените обрски со САД, во кој се одредени условите за американската помош кон овие држави и соответното наоружување на сите воени формации.
Така со создавањео на НАТО, се заокружи едно прегрупирање на меѓународен план под водство на САД-, една таква прегрупација која го характеризираше економското и политичкото ниво со “Трумановата доктрина” и со
“Маршаловиот план”.
Оформувањето на НАТО, силно се одрази и на целокупната грчка положба во однос на Граѓанската војна.
(САМО) ЖРТВУВАЊЕ НА МАКЕДОНКАТА На 16 јуни 1949 година извршниот одбор на АФЖ на жените Македонки од Е. Македонија на чело со Евдокија Фотева -Вера, усвои резолуција за активирање на жените Македонки во одбрана на фронтофската линија Вичо. „НОВА МАКЕДОНКА, списање на АФЖ.
ПРЕДЛОЗИ НА КПСС КОЈА ГИ УПАТИЛА НА КПГ ЗА ПРЕКИН НА ВОЈНАТА На 11 април 1949 година Захаријадис беше повикан во Москва, каде што лично Сталин му дал директива ДАГ да ја прекине оружената борба. Сталин оваа одлука ја мотивираше со информацијата што ја имал, дека во текот на летнаста офанзива против ДАГ, грчката владина армија со НАТО ќе ја нападнат Албанија, а СССР поради конфликтот со Југославија, нема да биде во состојба да и помогне.
На 20 април 1949 година, Захаријадис го запозна потесното раководство на КПГ со директивата на Сталин и беше изработен план за повлекување на ДАГ од Грција, кој според Сталина требало да се заврши до крајот на мај 1949 година.
Но, на 4 мај 1949 година, ненадејно, советското раковотство, го извести Захаријадис дека повлекувањето на ДАГ привремено се одлага и ДАГ да ја продолжи борбата.
Се поставува прашањето: можеме ли ние Македонците и пред овие факти да веруваме дека бевме политички - воен фактор во Граѓанската војна и дека и командувавме на ДАГ како да постапува, во чии редови НОФ имаше мобилизирано повеќе од
15. 000 Македонци - селани?
Треба, ли, да се трошат зборови и за манипулациите на тугинците со нас, а и со нашите водачи од НОФ и АФЖ?!
НОФитите од духовни водачи станаа водачи на сервисни пунктови, каде што веќе по тоталните мобилизации не беше толку важно да се грижат за судбината ма Македонците и Македонија, туку на која партија и припаѓаат (КПЈ или КПГ) и што можеа повеќе да допринесет во нивна корист.
Овоа е прилично сурова вистина, но веќе 55 години бесмислено се оправдуваме пред поколението, наместо да си признаеме дека македонскиот субјективен фактор, не беше на ниво на барањата и целите на македонските позиции. Не успеа да се соочи со многуте сложни проблеме, што ги создаваа внатрешните и надворешните фактори. Не ги процени тугите сили, стратешки интереси и планови. Македонците, потпирајќи се на два центри (КПЈ и КПГ) напуштајќи го едниот и приклу-чувајќи се на другиот и безрезервно спроведувајќи ги неговите политички интереси, доживеавме „легални миграции” помогнати и стимулирани токму од овие центри и не снајде - ГЕНОЦИД.
ПРЕГЛЕД НА НАСТАНИ КОИ ДОПОЛНИТЕЛНО ГО ОБЈАСНУВААТ ОПШТИОТ ТЕК НА СИТУАЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА БО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА - МАНИПУЛИРА КПГ Резолуцијата на Информбирото била тема на расправа и на Четвртиот пленум на ЦК на КПГ, што се одржа на 28 - 29 јули 1949 година. Пленумот одлучил да ја прифати резолуцијата на инфорбирото, и за тоа донел посебен документ насловен како:
„Резолуција на 5-от пленум на ЦК на КПГ во врска со резолуцијата на Инфорбирото на комунистичките и реаботничките партии околу ситуацијата во КП на Југославија”.
Сепак, како што било напоманато и во самата резолуција, поради „специфичната положба на КПГ, и на нашето движење спрема Југославија”, Пленумот одлучил резолуцијата „засега да не се објави и да влезе само внатрепартиски.” Раководствата на БКП и КПСС не ја одобрија таквата политика на КПГ спрема КПЈ давајќи на знање дека нема да дозволат да се појави втор Тито на Балканот.
*** Како одговор на оваа Конференција, Раководствата на КОЕМ, НОФ, АФЖ и НОМС (Борците на ДАГ, на кои повеќето од семејствата им се во Југославија, а сега ја бранат политиката на КПГ) издава соопштение во кое се вели: Ние Македонците ќе ги браниме позициите и ставовите на другарот Захаријадис и раководство на КПГ за земените ставови спрема Југославија и нејзиното раководство кои водат предавничка политика и ќе се бориме заедно со грчките комунисти, за справедливата борба што ја води КПГ и ДАГ за ослободување на Грција од монархофашизамот.
СЕ СЛУЧУВА ВО Н. Р МАКЕДОНИЈА ВО СКОПЈЕ - МАНИПУЛИРА КПМ?КПЈ На 9. февуари 1949, Порфирогенис (член на Политбирото на КПГ), во Скопје беше примен во својство на делегација на КПГ и се одржа состанок со претставниците на НОФ и се бараше регрутирање на околку 300 ниви борци за ДАГ од редовите на бегалците што се наоѓаа во Југославија, но не се реализира.
*** На 1 август 1949 година, Органот на Главниот штаб на ДАГ „Прос ти ники „(Кон победата) бр.168 од 3.08.1949 година. го донесе одговорот од раководствата на КОЕМ, НОФ, АФЖ и НОМС, дека на 29 јули 1949 година во Скопје е одржана Конференција на преставниците на околу 30.000 бегалци од Егејска Македонија (на кои повеќето синови, браќа и сестри им се мобилизирани во редовите на ДАГ и гинат на боиштата на Грамос , Вичо и низ цела Грција и сега ја бранат политиката на КПЈ )
Понатаму се вели: Неколку поранешни активисти на НОФ и АФЖ - предатели од титовата клика, кои дезертираа од редовите на ДАГ, сега со предавнички повици од митингот до Македонците што се бората во редовите на ДАГ со зборвите:
„Браќа Македонци! Фрлете го оружјето и пребегајте во Југослвија и повеќе не ја проливата македонската крв за туѓи интереси. Грците не излагаа и не жртвуваа во ова војна!” На Конференцијата, покрај другото, е донесена резолуција во која се вели дека македонскиот народ од Егејска Македонија, никогаш нема да ја заборави укажаната помош и секогаш ќе ја зачуваат вечната љубов и благодарност кон југословенските народи на чело со маршал Тито. Конференцијата најостро ја осуди клеветничката кампанија и со најголемо гнасење ги отфрли најновите клевети од раководството на КПГ.
СТАЛИН ПРОТИВ ТИТО, А ТИТО БАРАЛ БЕЗМИЛОСНА ПРЕСМЕТКА СО ИНФОРБИРОВЦИТЕ, НО СЕГА ВО ИГРА МАКЕДОНЦИТЕ За време на овие идеолошки и ривалско политички воени игри што се случуваа помеѓу Сталин и Тито во периодот на време помеѓу 1948 и 1949 година, Сталин започнал да обликува една нова концепција, „Планот Вишински”, за уривање на југословенското раководство. Со овој план, покрај останатото, била предвидена и акција за создавање „независна македонска држава”, во која под закрилата на Инфобирото би биле „собрани сите пирински, вардарски и егејски Македонци”.
Инфорбировската парола за создавање на единствана македонска држава требала да ги насочи против Југославија, Македонците од егејскиот, и од вардарскиот дел на Македонија.
Види по опширно: Милован жилас, „разговорите со Сталин”, стр. 175-178. Од истиот автор во книгата „Власт”, Милован жилас пишува: „Тоа престрого, неодмерено и безобѕирно постапување е последица на ставот дека треба коминформизмот од корен да се откорне”. „Тој став не го одредил никаков форум. Го одредил Тито кој бил највисок форум, ако не и единствен, особено за таквите прашања. Тито од советското сталинистичко искуство, а, исто така, и од сопствените желби и амбиции, знаел дека по Револуцијата може и него и државата да ги загрози единствено внатрепартиската комунистичка опозиција. Тито тогаш, есента 1948 година, викал и тоа не еднаш: „Во апс! Во логор! Ами што, кога сакаат са служат на други против својата историја”.
Види: По опширно„Утрински весник “3 јули 2006.
Во книгата „Југословенскиот комунизам и македонското прашање” од Стив Е. Палмер и Роберт Р. Кинг, Арцхон Боокс, 1971, стр. 117 пишуваат: „Но, онака како што разликите меѓу југословенските и советските партиски водачи се повеќе се изразувале, во февруари 1948 година Сталин го пресвртил своето мислење и се обидел да го наметне создавањето на бугарско-југословенската федерација со цел да ја потчини КПЈ.
Југословените одбиле да ја прифатат инструкцијата на Сталин.
Во оваа конфузна ситуација, на првиот конгрес на бугарскиот Отечествен фронт, што бил одржан во јануари 1948 година, македонскот прашање било избегнато, но на партиската конференција на пиринските македонци што билоа одржана на крајот на месец април во благоевград, бил заземен непријателски став кон иницијативите на Македонците од југославија. Кога КПЈ била исклучена од Коминформот на 28 јуни 1948 година, настана прекин, и меѓу југославија и Москва.
По резолуцијата на Коминформот, бугарската партија упатила бесни напади против Југославените и празела итни чекори да го елиминира југословенското влијание од Пиринска Македонија.
шеснаесетиот пленум на ЦК КПБ што бил одржан на 12 јули 1948 година изјавил дека:
Федерација на јужните Словени и евентуалното присоединување на пиринската област кон Народна република македонија се возможни само под услов Југославија да му остане верна на заедничкиот фронт на социјализмот (т. е. на Коминформот).
... Во декември 1948 година, на Петиот конгрес на КПБ Димитов изијавил: „ Нашата партија секогаш го бранела становиштето и ќе продолжи тоа становиште да го брани дека Македонија им припаѓа на Македонците”. Но, тој додал дека националното единство е можно „само во рамките на една федерација на јужните Словени”.
РЕАКЦИИ ОД САД И ВЛАДАТА ВО АТИНА Меморандумот на Централната известителна служба на Американското министерство за одбрана во кое се тврдеше:
„дека целта на политиката на Советскиот Сојуз и на соседните социјалистички земји беше во Грција да дојдат на власт комунистите, да се создаде независна Македонија, која ќе влезеше во составот на Југославија и Грчка Тракија да се приклучи кон Бугарија. Во таквата ситуација Советскиот Сојуз ќе имаше излез на Егејското море и целосна контрола врз Балканот.” Американскиот министер за надворешни Г. Маршал, на 14 февруари допатува во Атина. Тој изјави дека САД е задоволни од владината промена во Грција и дека во интерес на САД и на сите обединети нации Грција да прими помош за да ги зачува својата независност и територијалниот интегритет.
Како противодговор, грчката влада, на 27 декевмври 1947 година, го донесе специјалниот закон ПЗ 509/47, “околу мерките за обезбедност на државата, уставното устројство и заштитата на Граѓаните” , согласно кој КПГ и ЕАМ се стават вон законот, а со американското одобрување, од 25 до 28 декември, во Атина е извршено апсење на 650 сомнителни комунисти.
Во ваква создадена ситуација, во која речиси и не постоеле реални изгледи за каков било успешен воен поход за Демократската армија, КПГ продолжила да апелира за постигнување согласност со грчката влада. На 27 јануари 1949 година, ПДВ, преку востаничкото радио, понудила нов мировен предлог, содржан во следното:
„1. Преиспитување на сите пактови и договори, што се однесуваат на слободата и независноста на земјата
2. Спротиставените армии да ги задржат нивните територии
3. Моменталната прокламација на политичката амнестија
4. Повторно воспоставување на сите политички слободи
5. Започнување преговори за формирање на влада прифатлива за двете страни.таа влада да ги уточни членовите на договорот што треба да биде потпишан,и во срок од два месеца да се одржат слободни избори.” Меѓутоа, како и во предходните случај, овој мировен предлог бил оценет како сомнителен и неприфатлив.
На 1 февруари, британскиот амбасадор Нортон го известл грчкиот министел за надворешни работи, Цалдарис, дека „Немало никаква измена на британската политика во однос на бандитите.” На 10 јули 1949 година Тито ги затвори границите спрема Грција, а КПГ по директива на КПСС, на 23 јули ги прекина односите со КПЈ. По овој чнин во Албанија се јавија:
Користете ги левата и десната стрелка за да ја свртите страницата.
Испечатено од https://macedonianhistory.ca/mk/narrative/secrets-of-the-south-mac/12 на 29 октомври 2026