Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Death in Solun

VII ДЕЛ - Part 01

Par Јован Парлапанов · Partie 23 sur 28 · Environ 21 minutes

Lire en English

VII ДЕЛ

1. Ставре Наковски стана утрото порано. Се облече набрзина и излезе во дворот. Кратко време размислуваше. Тргна по патеката што водеше до брегот. Два часа талкаше покрај големата вода. Се врати уморен. Седна на скалите. Му пријде Ксантина. Го помилува по косата.

“Многу си се замислил, кир Ставре? Ќе те боли главата”.

“Нешто мораме да работиме. Аргатлакот е лоша работа. Што мислиш да правиме?”

“Не знам. Еве доаѓа Дионис, можеби тој ќе знае.”

Дионис Влахос полека се искачуваше по нагорнинката. Косата му се бушавеше на ветерот што дуваше откај морето. Застана до скалите.

“Калимера Ксантина!”

“Калос иртес!”

“Како си, добар човеку?”, му рече Ставре. Стана од скалилата и му појде во пресрет.

“Многу сте замислени. Нешто големо ве измачува.”

Ставре Наковски го фати под рака и го завлечка кон ридот. На врвот на ридот застанаа.

“Сакам нешто да работам. Ајлак не ми се седи.”

“Лесно за тоа, кир Ставро. Покрај морето има доста трски. Има и вреж покрај реката. Можеш да почнеш да изработуваш разни предмети од трска и вреж.”

Ставре Наковски се замисли. Долго гледаше во синилото на Средоземното Море.

“Да, но јас не знам да плетам, ниту што било да правам од вреж и трска.”

“Ќе плетеш кошови, кошници и други предмети и така ќе заработуваш. Тоа ќе ти обезбеди пристоен живот. Вие сте тројца во семејството што можете да работите. Размисли”.

“Кој ќе не научи да плетеме?”

“Се во свое време кир Ставре”.

Ставре Наковски се насмеа гласно. Потоа слегоа кај куќата. Влегоа внатре. Дионис седна на креветот. Ставре на еден од столовите. Ксантина ги понуди ракија.

“За плетењето!”

“За плетењето!”, му одврати Ставре.

Дионис испи две чашки ракија едноподруго.

“Утре би можеле да собереме трски и вреж. Наредните денови ќе работиме”.

“Договорено, кир Дионис! Ќе те чекам рано изутрина да појдеме до брегот”.

“Тогаш, да заминам. Ќе ми дојдат на гости некои мои стари пријатели”, му рече Дионис и стана од креветот.

Ставре Наковски го испрати до дворот.

“Ќе те чекам, кир Дионис”.

“Довидување до утре, кир Ставро!”

“Собравме доволно трска. Можеме да почнеме со плетењето. Тоа е лесна работа”, рече Дионис. Зграби неколку трски и почна да ги преплетува една со друга.

Ксантина и Ставре ги следеа неговите вешти движења. Ставре зеде неколку трски и почна да ги вкрстува една преку друга. Дионис се насмеа.

“Бргу учиш. Трската треба да се држи некое време во вода за да се смекне, потоа полесно ќе се витка под прстите”.

“Да ја однесеме кај потокот и да ја потиме во водата”, рече Ксантина.

“Секако”, рече Дионис. Преграби сноп и зачекори кон потокот.

Ставре Наковски со друг сноп појде по него. Ксантина зграби колку што можеше да носи и зачекори по нив. По Дионис и тие ги спуштија сноповите во водата. Дионис ги притисна до пропаднат во вирот и стави врз нив големи камења за да останат на дното и за да не ги однесе водата.

“Сега е се во ред. Можете мирно да спиете. По два дена ќе почнеме со плетењето. Сега назад да испиеме по една ракија”.

Ставре Наковски се насмевна задоволно. Почесто отскришум го погледнуваше питомото лице на Дионис и му се восхитуваше. Се вратија во куќата. Ксантина ги послужи со ракија.

“Вечерва ќе направам сарајлија. Остани на вечера!”

“Кога би можел, со задоволство”.

“Тогаш, ќе ти чувам неколку парчиња и ќе ти ги дадам кога ќе дојдеш да плетеме.”

Ставре Наковски се насмеа гласно.

“Дојди утре! Ќе биде дома Алики. Недела е”.

Дионис Влахос ја допи ракијата од чашата.

“Време е да појдам”, им рече. Стана од креветот и со насмевка си замина. Ставре го испрати до вратата.

“Прекрасен човек”, рече Ксантина.

“Прекрасен”, воздивна задоволно Ставре. Легна на креветот и задрема.

3. Алики Периклис, поголемата ќерка на Ксантина имаше дванаесет години. Беше облечена во нов жолт струкиран фустан со високо затворено деколте. Се приближи до Ставре Наковски и срамежливо му ја подаде раката да се ракуваат. Потоа ја гушна Ксантина и заплака. Ксантина ја помилува по долгата руса коса. Следени од Ставре и Поликсена влегоа во куќата. Масата беше поставена. Алики си ги изми рацете и седна на столот крај масата.

“Да ручаме. Денес е свет ден, недела”, рече Ксантина.

“Јас сакам сарајлија. Не ми се јаде”, рече Поликсена.

Сите се насмеаја. Ксантина и извади в едно чинивче три парчиња сарајлија и го стави чинивчето на масата. Се прекрсти и седна да јаде. Поликсена ги изеде трите парчиња сарајлија, стана од столот и замина во другата соба. По неа од масата стана Алики. И таа појде во другата соба.

Ксантина ги раскрена остатоците од ручекот. Ја исчисти масата и влезе во собата да прилегне. Внатре Алики и Поликсена лежеа на креветот и спиеја. Излезе од собата. Во кујната на креветот лежеше Ставре. Излезе за миг на терасата. Потоа се врати во кујната.

“Зар ти не спиеш?”

Ксантина се насмеа тивко. Седна на креветот до него.

“Ми го зафатија местото”, се насмеа.

Ставре Наковски се насмеа гласно.

4. Ксантина Периклис легна до Ставре Наковски. Потајно и заблагодари на Алики што и даде можност да остане сама со Ставре. Алики просто ги принуди да спијат заедно. Како да знаеше дека потребата за топло тело ја чувстуваа обајцата.

Лежеа и се милуваа. Иако беше пладне никој не стануваше од креветот. Во кујната девојчињата не се појавија ниту за време на вечерата. Ксантина Периклис се разбуди сосема случајно. Го слушна звукот на бунарската кофа и стана. Набрзина се облече. Слезе во дворот и се изми. Го побара со поглед Ставре. Потоа се насмеа. Ставре и доаѓаше одзади со сноп трска во рацете.

“Нестрплив си”.

“Без работа нема леб”, се пошегува Ставре и го спушти снопот на земјата.

“Како ќе плетеме кога трската е мокра? Не верувам дека нешто ќе испадне од сето тоа”.

“Подобро е да веруваш. Секој што не верува оди во пеколот”, се насмеа Ставре и се загуби кон потокот.

II

1. Сонцето заоѓаше. Ставре Наковски слезе по скалилата и се упати по патот кон морето. Чекореше полека. Внимаваше да не се сопне по патот преполн со камења. Ги одмина последните куќи од селото и забразди покрај брегот. Често погледнуваше во недогледната морска површина во која се отсликуваше зајдисонцето. Тропна на вратата на малата куќа и почека да му отворат. По миг на вратата се појави Дионис. Ставре се насмеа тивко. Дионис му одврати на насмевката и го покани внатре. Влегоа. Седнаа покрај малата софра. Дионис запали цигара.

Извади едно полупразно шише ракија и го стави на софрата. Потоа донесе и чаши. Тури ракија од шишето во нив и едната му ја подаде на Ставре.

“Не знам што би правел без тебе”.

“Би живеел, кир Дионис, што друго би правел”, се насмеа Ставре.

“Би живеел, но не вака. Војната ме истошти. Се кријам како ретка ѕверка пред ловците што ја гонат и сакаат да ја внесат во кафез. Со тебе времето ми минува многу по содржајно. До пред две години да ми речеше кој било: слушај ти, Дионисе, не будали се, фрли ја пушката и седи си мирно на газот, ти се колнам во најмилото – ќе му ја скршев главата. Сега гледам колку наивно постапив. Проклето време! Се отиде во мајчината!”

“Не очајувај, кир Дионисе!”

“Времето ме тера. Полудувам”.

“Се каеш што излезе со пушка в планина?”

“Само понекогаш, во миговите на малодушност. Тргнав во војната за преку трупови да си го остварам убавиот живот, оној што го извојував во борбата против хитлеросите и нивните слуги во Грција. Наместо да се радувам попаднав во бунар без дно. Не гледам никаков знак што ќе ми ја стопли душата. Моето се сврши. Што е важно сега дали се кајам или не. Кому му е грижа за тоа? Цел Пелопонез стана и тргна во борба против монархофашизмот. Не можевме да ја издржиме тортурата што ја спроведуваа кситосите над селаните. Убиваа, палеа, пљачкаа. Владата ги поддржуваше и храбреше. Тие сечеа глави по островот...”

“Би тргнал ли повторно во борба?”

Дионис отпи голтка од ракијата. Внимателно ја врати чашата на софрата.

“Јас немам што да загубам. Двата сина ги загубив во 1944 година. Островот беше преполн со англиска војска. Тие беа во првите редови. Се бореа како лавови. Англичаните беа подобро вооружени и помногубројни. Кога се вратив ми кажаа некои луѓе со кои војував против хитлеристите и кситосите. Немав во очите солзи за да ги исплачам. Дојдов во Периклисис. Куќата срушена од бомбардирањата на англиските авиони. Сопругата убиена од кситосите. Што можев да правам? Се сместив во оваа мала куќа што ја користевме само кога доаѓавме да работиме на лозјето. Сам сум на светов, кир Ставро, сосема сам и осамен. Подобро да загинев во војната. Барем немаше да се измачувам мислејќи на минатото... Тебе ти е полесно, многу полесно. Покрај Ксантина и девојчињата полесно ти минува времето. Од плетењето кошови и кошници заработувате убави паре... Не си сам. Самотијата те убива”.

“Животот е далеку од Периклисис, кир Дионисе. Некогаш работев во Атина. Бев артист. Доаѓаа сите да ме гледаат на сцената. Заработував убаво. Ми недостасува таквиот живот. И мене ми е тешко. Само со тебе разговарам, како да не постојат други луѓе во селото. Се плашам да не ме поткаже некој на полицијата... Ќе ме осудат најмалку дваесет години. Живеам со страв. Живот ли е тоа?”

“Не грижи се, кир Ставре! Луѓето од Периклисис нема да те предадат на власта. Од секоја куќа на селото отиде по една жртва. Некои загинаа во борбата против хитлеристите. Многу паднаа во војната со монархијата. Народот е питом и цврст. Не треба да ги одбегнуваш луѓето од селото. Овој народ знае да почитува, да плаче и да се радува. Никогаш не и се покорил на тиранијата”.

“Ми влеваш храброст”.

“Плети кошови и кошници и не грижи се! Периклисис е тврдина на демократијата. Сиромаштвото ги одржува селаните заедно. Нивната солидарност е надалеку позната...”

“Се плашам, кир Дионисе. По се што поминав овие неколку години тешко ми е да решам некому да се доверам”.

“Не плаши се, кир Ставро! Имај доверба во човекот! Приближи му се и тој ќе ти врати десетпати повеќе.”

Ставре Наковски се насмевна и ја допи ракијата. Стана од триножното столче.

“Морам да одам, Дионисе. Доцна е”.

“Како си милуваш, момче. Намини повторно. Поздрави ги Ксантина и децата. Дојдете сите!”, му рече Дионис и солза му се појави на очите.

Ставре Наковски му мафна со раката. Ја отвори вратата и излезе надвор.

“Ќе се потрудам да му се приближам на човекот, Дионисе, но дали се сите како тебе. Ако не се што ќе стане со мене мојата желба да живеам?”

2. Ставре Наковски по истата патека се врати назад. Во дворот, иако беше доцна ги затекна Ксантина и Алики како плетат кошници. Седна на тврдата земја крај нив.

“Време е да престанете со работата. Доцна е. Ќе оќоравите”.

“Кога ќе почнеме со изградбата на новата куќа? Цела година измина. Само зборувате со мама за градење на новата куќа”, рече Алики. Гласот и трепереше. Го гледаше Ставре право во очи.

“Зашто прашуваш? Ќе почнеме со градбата кога ќе бидеме подготвени”, се зачуди Ксантина.

“Ми здодеа да живеам во старата куќа. Сакам да се почувствувам како човек. Имаме доволно пари да подигнеме нова куќа. Зошто да не подигнеме нова куќа?”

“Секако дека ќе подигнеме нова куќа, Алики. Мислам да почнеме идната недела. Се согласувате?”

Ксантина се зачуди. Алики скокна од радост.

“Сега оди да се измиеш и на спиење”, и рече Ставре.

“Навистина ќе почнеш со ѕидањето на новата куќа?”, праша се уште изненадената Ксантина.

“Зошто да не? Имаме се што е потребно да почнеме да живееме пристојно”, и рече Ставре. Стана од земјата и и подаде рака на Ксантина. “Да појдеме на спиење. Веќе е доцна”.

Ксантина се фати за неговата рака и се подигна од земјата. Ставре извади вода од бунарот и и помогна да се измие. Се искачија по скалилата и влегоа во кујната. Ксантина носталгично ја разгледа просторијата и предметите во неа.

“Ќе ми биде жал за куќава”.

“Нема зошто. Оваа куќа ќе ни служи како работилница”, и рече и легна во креветот.

“Зар нема да се пресоблечеш?”

“Вечерва ќе спијам облечен. Ме тера да го направам тоа, нешто што е посилно од мене”.

“Тогаш и јас ќе спијам со овие алишта”, му рече Ксантина и бувна во креветот.

Лежеа и молчеа. Ставре почна тивко да ‘рчи. Ксантина му го сврте грбот и по кратко време заспа.

III

Зимата во Периклисис се појави ненадејно и нешто порано. Го покри селото со снег. Поликсена му се израдува на снегот. Алики стана многу посериозна. Ката ден маршираше низ новата куќа. Му се восхитуваше на новиот убав мебел. Имаше засебна соба и во неа големо огледало. Почна да си ги крие колената од Ксантина и Ставре. Стана повнимателна кон нив. Наутро почна да се излежува до доцна а навечер легнуваше порано. Ксантина и Ставре беа се почесто сами. Поликсена одеше в училиште.

2. Ксантина седеше на креветот и плетеше џемпер за Поликсена. Ставре Наковски го поправаше шпоретот. Им се придружи Поликсена. Заврте неколку кругови околу Ставре. Се врти во својата соба. Ставре ја стави големата плоча на шпоретот и воздивна задоволно. Си ги изми рацете и излезе на терасата. По него на терасата излезе Ксантина. Стоеја потпрени на оградата. Не зборуваа. Ксантина се загледа во собата на Алики. Ставре појде по нејзиниот поглед. Се погледнаа зачудено. Пред нивните очи, внатре во собата, осветлена од слабата газиена ламба пред огледалото стоеше гола Алики. Ксантина поцрвене во образите. Ставре се претвораше како да не го забележа руменилото. Двајцата гледаа во Алики. Таа стоеше пред огледалото и си ги триеше бујните гради и телото. Забележаа кога почувствува сладотија од тоа. Алики имаше бујни гради, мазни голи нозе, мека кожа на телото, убави црти на лицето и сочни меки усни. Мирисаше на расцутен багрем.

Ксантина и Ставре молкум ги иставија главите од пенџерето. Слегоа по скалите во дворот и се упатија кон ритчето зад куќата. Го одминаа вирот во кој ја мокреа трската. Ја поминаа шумичката и се искачија на врвот на ридот. Ставре Наковски чекореше по тромо од Ксантина. Беше замислен. Голото тело на Алики му ги врати спомените за Евангелија Гаспарова и близначињата. Газеше по снегот и не можеше да ги отстрани од мислата. Стануваше се позагрижен.

Ксантина Периклис ја забележа неговата отсутност. Не му рече ништо. Сакаше да открие што го измачува. Имаа доволно пари. Можеа да купат се што ќе посакаат. Може да се валка постојано в кревет со неа. Сепак нешто му недостасуваше? Ксантина

молкум го следеше. Се спуштија од врвот на ритчето. Ја поминаа шумичката. Се искачија по скалилата. Влегоа во собата. Ксантина облече ноќница и си легна. Ставре седеше замислен на столот крај масата до доцна. Потоа нерасоблечен си легна до Ксантина. Утрото стана рано. Беше замислен. Излезе во дворот. Се изми на бунарот. Околу десет часот облече нови алишта и чевли. Ја извлече ташната што му ја даде Уранија Папајоану пред да умре. Го извлече кожното ќесе и извади од него десет златници. Ги стави во џебот на палтото. Го врати кожното ќесе во ташната и ја стави во аголот на шифоњерот. Ксантина му пријде. Го гледаше испитувачки. Ставре го одбегнуваше нејзиниот поглед.

“Ќе одиш некаде?”, Му рече љубезно Ксантина.

“Да. Ќе бидам отсутен неколку дена. Прости, но мора така да биде”.

“Твоја желба е. Строи премногу за мене. Не те задржувам, иако чувствувам дека те губам. Во вакви услови би требало да се борам за да те задржам. Премногу добро те познавам за да ти застанам на патот. Оди каде што си наумил”.

Ставре Наковски ја бакна во челото. Излезе низ врата. Слезе по скалилата и низ дворот зачекори по улицата. Снегот крцкаше под неговите тешки длабоки чевли кои се спуштаа длабоко во белилото.

Ксантина стоеше на балконот и гледаше со тажен поглед во неговата силна правилна силуета што се губеше на хоризонтот. Очите и се насолзија. Влезе во собата. Се фрли на креветот и ја нурна главата во перницата. Плачеше.

IV

1. На железничката станица во Атина имаше многу народ. Ставре Наковски стоеше на перонот и го чекаше возот за Солун. Беше нервозен. Погледот му беше тап и отсутен. Возот се појави на перонот и со силна бучава застана. Ставре се качи во првиот

вагон и влезе во едно купе. Седна на седиштето до прозорецот и замислен се загледа во багремите. Возот тргна. Во купето влегоа и се сместија на празните седишта две постари жени, една млада девојка и еден средовечен маж. Ставре молчеше и гледаше низ прозорецот. Успеа да задреме. Пред Солун се разбуди. На железничката станица слезе од возот и нервозно зачекори по перонот. Очите му грабеа од околината уплашено. Со брзи чекори се упати кон пансионот “Македонија”, со надеж да најде некој познат. Во близината на пансионот застана. Кратко време размислуваше- потоа влезе внатре. Порача ракија и седна на барските столици крај шанкот. Девојката што стоеше зад шанкот чудно и испитувачки го погледна. Му наполни чаша и му ја стави под носот.

“Вашата ракија, господине”, му рече љубезно.

Ставре Наковски кимна со главата неодредено. Ја испи ракијата и и плати на девојката за пијалокот. Излезе од ресторанот. Одеше полека и размислуваше. Не погледнуваше во луѓето со кои се разминуваше по улиците. Влезе во црквата Света Катерина. Го побара попот Иракло низ просториите. Не го најде. Излезе уште позагрижен. Помина две улици и излезе на Венизелос. Се упати кон Одос Вардарис. Го забрза чекорот. Се размина со неколку униформирани луѓе. Срцето му затупка посилно. Помина неколку куќи и влезе во старата куќа на Уранија Папајоану.

“Добро е што го задржав клучот”, помисли. Се оптегна на креветот и долго време лежеше на постелата со отворени очи. Се напрегаше да заспие, но не му успеваше. Стана од постлата. “Ќе поминам илегално во Југославија”, помисли.

Ги облече чевлите и излезе на улицата. Се упати кон излезот од Солун. Набргу задишан се искачуваше по планината. Пред Костанерија сврте десно. Потоа искачи уште неколку ридови. Се насмеа задоволно. Стоеше пред влашките колиби. Влезе во колибата. Внатре имаше суварки. Запали огин и се стопли на печката. Седна на столот и измамен од топлината, уморен заспа.

Наредниот ден се упати кон границата. Стигна кај Бел Камен. Си спомна за луѓето кои доаѓаа отаде границата и му носеа оружје. Му се стори дека тоа било многу одамна.

“Навистина, колку години поминаа? Пет или десет? Можеби повеќе? Не си спомнувам... Како да беше сон... Не, не беше сон. Сигурно не беше сон”, мислеше. Седна на камењата и долго време размислуваше. Замислен се врати во Влашките колиби. Беше гладен. Свари чај со старите лончиња. Се напи од топлата течност. Цревата му раскркореа.

“Подобро да се вратам. Можеби Евангелија и дечињата не се во Југославија. Можеби се во некоја друга земја. Најдобро да прашам во југословенската амбасада во Атина. Ќе прашам кришум и никој нема да знае!”, помисли. Не запали огин. Излезе од колибата и згазна во снегот. Се искачи на првиот рид и застана. Долу во подножјето на ридот пред неговите очи се ширеше Костанерија. Се плашеше да слезе во селото. Слезе по ридот прудолу и исчезна во шумата. Мракот го стаса во Солун. Повторно се најде во трошната куќа на Уранија Папајоану. Легна на креветот и заспа.

3. Се разбуди рано. Ја заклучи вратата над која се нишкаше црвен фенер и забрзано зачекори кон железничката станица. Не чекаше долго на возот. Гломазната парна машина ги оглуши сите патници што чекаа воз за Атина. Влезе во вагонот зад поштенскиот. Се смести во едно празно купе. Во очите му се оцртуваше замор и очај, некаква носталгија. Во Атина побрза во југословенската амбасада. Пополни формулар и го предаде во една од службите. Излезе од зградата на амбасадата порасположен. Се упати назад во Периклисис.

Дома стигна навечер. Ксантина седеше покрај шпоретот и готвеше моркови. Алики истрча од собата да го поздрави. Ставре истоштен од заморното патување легна на креветот. Набргу заспа. Ксантина го покри со ќебе и јорган. Седна до него на креветот замислена.

“Се би дала да знам што го измачува”, помисли и се навали на неговиот колк. Потоа стана и ја постави масата за вечера.

Алики и Поликсена ја изедоа супата од моркови и се вратија во своите соби. Ксантина не касна ништо. Се навали на масата и замислена заспа.

V

1. Деновите во Периклисис поминуваа бавно. Луѓето немаа никаква забава. Ставре Наковски стануваше се понедружељубив за Ксантина, Алики и Поликсена. Се почесто ја набљудуваше скришно малечката Поликсена како на дрвената табла учеше да ги пишува научените букви. Нејзината безгрижност во Ставре предизвикуваше огнена љубов спрема Евангелија и дечињата. Повторно отиде во Атина. Потоа двапати во Солун. И повторно во Атина. Напиша писмо до југословенската влада во Белград. Пулсот му се зголеми. Стана нервозен. Навечер се будеше испотен и го бараше поштарот што му го носи писмото од Југославија. Потоа не можеше воопшто да заспие. Се лутеше што не добиваше никаков одговор на писмата што ги испрати. Ноќите почна да ги поминува во дворот. Често заспиваше покрај запалената печка во старата куќа. Престана да плете. Рацете му се тресеа од нервоза. Испрати писмо во Скопје до владата. Престана да се бричи. Косата секогаш му беше разбушавена. Облеката му мирисаше на пот. Не се одзиваше на молбите на Ксантина да се пресоблече. Еден ден се искачи на ридот. Отиде за да се изнавика непречено.

2. Тој ден стигна писмо од југословенската влада, од Белград. Писмото го прими Алики. Не и го покажа на Ксантина. Се скри во собата и го отвори. Го прочита двапати внимателно. Ништо ни и кажа на Ксантина.

3. Ставре Наковски слезе од ритчето. Отиде во старата куќа. Алики појде по него. Го затекна седнат на креветот. Му го

подаде писмото. Седна до него. Ставре го отвори писмото. Голташе од буквите нервозно и љубопитно. Рикна како ранета ѕверка. Го искина писмото на ситни парчиња. Алики го гушна. Ја прифати неговата бушава коса на своите јадри гради, кои скокаа од возбуда, и го пушти да се смири.

“Ќе напишеме ново писмо. Не си единстевниот што си ја бара сопругата и дечињата. Има луѓе на островов кои напишале стотина писма”.

Ставре Наковски зина од изненадување. Полека ја одлепи бушавата коса од нејзините гради и и се вгледа со сините бисерни очи.

“Ти знаеш? Како?”

Алики ја крена високо главата.

“Утре ќе одиме во Атина. Не грижи се! Од твојата болка боледува скоро целата земја”.

“Господи боже!”

“Ќе и кажеме на мама дека одиме во Атина да го испитаме теренот за продажба на кошници и кошеви”.

Ставре Наковски не знаеше што да и рече. Ги затвори очите.

“До утре”, му рече Алики. Стана од креветот. Му ја разбушави уште повеќе косата и излезе од старата куќа.

Ставре Наковски легна на креветот. Цела ноќ не заспа. Утрото со поцрвенети очи го затекна Алики.

“Одиме кир Ставре! Измиј се и облечи се убаво! Ќе посетиме места каде треба да се појавиме убаво облечени”, му рече нежно и му помогна да стане од креветот. Го извлече од старата куќа. Ставре се изми на бунарот. Потоа се облече. Алики го исчешла. Тргнаа. Во Атина стигнаа уморни. Отседнаа во една петокатница која нудеше соби за спиење. Беше доцна и

административните згради беа затворени. Излегоа да се прошетаат. Вечераа во една таверна и се вратија во петокатницата.

Ставре Наковски долго се мачеше да заспие. Најпосле ги затвори очите и потона во сонот. По неполн половина час скокна уплашено од креветот. Алики се разбуди и се вознемири. Забележа солзи на лицето на Ставре. Тивко липање и се всели во ушите. Стана од креветот и се пикна во Ставревиот кревет. Го гушна нежно. Почна да го мазни со тенките долги нежни прсти по косата. Ставре Наковски заспа. Алики воздивна задоволно и му се препушти на сонот. Алики немаше татко и не знаеше што е татковска љубов, но имаше меко и големо срце.

4. Рано изутрина Алики стана и побрза да се облече. Го разбуди Ставре.

“Мораме да одиме, кир Ставре. Побрзај!”

Ставре Наковски се облече. Потоа појдоа. Влегоа во зградата на Црвениот крст. На еден од шалтерите ги пречека слабичок човек со ретки наместа бели мустаќи, облечен во кафеав гратски костум, бела чиста кошула и шарена вратоврска.

“Сакаме да пополниме еден од формуларите. Бараме некои наши роднини што исчезнаа во Граѓанската војна”, му рече Алики.

Човекот им подаде еден од формуларите. Алики го зеде и на една од масите кои се наоѓаа во широкото приемно одделение му го даде на Ставре да го пополни. Потоа му го подаде на човекот зад шалтерот.

“Сега одете си дома и чекајте известување!”, им рече човекот.

Алики го фати под рака Ставрета и тивко незабележано излегоа од приемното одделение на Црвениот крст. Појдоа на

железничката станица. Вечерта стигнаа во Периклисис. Уморни, не вечераа туку се клапнаа во креветите.

VI