ЈОВАН ПАРЛАПАНОВ
ЈОВАН ПАРЛАПАНОВ
(био-библиографска белешка)
Јован Парлапанов е роден на 12 јануари 1948 година во село Марвинци-Валандово. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје (Историја на литературата на народите на СФРЈ). Со литература се занимава повеќе години. Објавувал прозни текстови во повеќе весници и списанија во земјата (“Млад Ворец”, “Трудбеник”, “Македонија”, “Четврти јул”, “Борба”, “Стремеж”, “Современост”, и др.). Преведуван е на јазиците на народите и народностите на СФРЈ.
Автор е на повеќе фото-монографски изложби (“НОВ во Македонија 1941-1945”, “Фебруарскиот поход”, “XIV младинска бригада “Димитар Влахов”) како и на повеќе прикази, фељтони и пригодни текстови за НОВ и Револуцијата.
Добитник е на првата награда на традиционалниот општо-југословенски конкурс за расказ со тематика од НОВЈ за 1982 година што традиционално го распишува секоја година гласилото на СЗБНОВЈ “Четврти јул” од Белград.
Автор е на поетската претстава “Враќање нема” работена според стиховите на Ристо Ѓ. Јачев, изведена на сцената на Салон 19, 19 во Центарот за култура и информации на град Скопје.
Во 1983 година, во издание на ИРО “Култура” од Скопје го објавува романот “Отаде пеколот” прв роман од триптихот со епилот под наслов “Пеколно време”, посветен на борбата за егзистензија, национална и социјална слобода на македонците во Егејска Македонија.
Романот “Смрт во Солун”, е трет роман од триптихот “Пеколно време” и го обработува најсудбоносниот дел.
Од 1953 година живее и работи во Скопје.
Јован Папрлапанов: Смрт во Солун * Авторско издание * Рецензенти: Илхами Емин и Симон Дракул * Лектура: М-Р Васил Дрвошанов * Нацрт на Корицата: Група автори * Печатено во графички завод “Гоце Делчев” – Скопје
Тираж: 3000 Примероци Изданието се печати по пат на самофинансирање
Во настојувањето да ја заокружи приказната за борбата за егзистенција, национална и социјална слобода на Македонците од Егејска Македонија, Јован Парлапанов ни предочува слика на нечовечко прогонство на Македонците и други напредни луѓе во Грција, кои се стремеа да зачекорат во иднината овенчани со човечко достоинство. Со прецизна хронологија изразена со сочен јазик и препознатлив стил, со документарно градиво, не воведува во се што се случувало на тлото на Егејска Македонија, оставајќи ни можност низ настаните, судбините и личностите да ја нављудуваме генезата на злото кое прераснува во геноцид каков не се памети на овие Балкански простори. Ненаметливо се одвива приказана пострашна од пеколот, онаков каков можел да го замисли само човекот... Роман, исполнет со сите политички превирања во грција, од и за време, и по војната. Негов основен белег е антивоената порака, искоренување на страотиите предизвикани од човековата неразумност и алчност и единствен заклучок: ниеден народ да не ја доживее трагедијата на македонците од Егејска Македонија, без оглед на кои географски простори и да се наоѓа...
Бранимир Станојевиќ
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/smrt-vo-solun-macedonian/28 le 29 octobre 2026