Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Lifelong Noose

ДОЖИВОТНА ЈАМКА 159

Par Драгица Најческа · Partie 21 sur 21 · Environ 13 minutes

Lire en English

ДОЖИВОТНА ЈАМКА 159

„.Никој He 10 видел ни од соседише кога заминал. Бабаша шшоточуваше ирешиладне не можеше ga сеиомиридека ишшо незабележала. Сечувсшвуваше виновна. Тој ден само колку еден час си ошишла до дома, ми се колнеше сосем искрено. Токму wo-гаш шој заминал. Доброволно или насила, ако некој дошол цо Helo од власша.

Седнати двете, Стефка и Вера, во ходникот од болницата, во очај, не знаеја што да прават. Голку се чувствуваа беспомошни. То- гаш Вера рече:

— Сепак утре ќе одам кај Слободан, ќе го прашам. Да видам што ќе ми рече. Ако Милане взатвор, барем на неколку дена да го пуштат. Cera, пред крајот, да го види. — Солзи и течеа без запир. И мајка И почна да плаче... Им се приближи една од болничарките и гизамоли да не гивознемируваат болните.

Излегоа на улица. Како да се поприбраа малку од студениот воздух, од вревата на луѓето и поминувањето на колите. Не знаеја каде да одат. Само што мислеа да ја преминат улицата, забележаа некоја кола што возеше бавно, како да сака да запре. Вера ја пре-позна колата на чичко и. Застана. Слободан, целиот збунет и упла-шен, да не е веќе завршено со Душица, излезе од колата иги прегр- на.

—oaras Bo болницата. bes да се распрашам 3a Милан. Некои мои познати од Внатрешни разбрале дека се наоѓа во Психијатрис-ка болница во Н. Го пронашле железничари во товарен вагон. Ле-жел на штиците во сосема несвесна состојба. Без никакви докумен- ти. Никој и ништо не знаел за него. Кажал деновиве милиционер, што го препознал, кој случајно навратил таму. Се уште не можело да се комуницира со него. Не се знае до кога. Тоа ти е. На Душица подобро не кажувајте и. Зошто да и кажете? Има ли полза од тоа?

- Не,јассепакќеи кажам. Нека знае дека неговото заминува- ње е од болеста, зашто е болен, - без колебање рече Стефка.

160 Драгица Најческа

- Можебиимаш право... Јас ќе морам веќе да си одам... Да ce надеваме дека нема да дојде најлошото. Ќе не одмине.

- Тоа е... Се прават лекарите. Колку што можат и не можат.

Но, таа не помага. Откажана е, - со болка во гласот проговори Ве- ра.

- Утре Ke поминам Kaj Hea. Да пробам да видам дали нешто ќе послуша, - рече Слободан.

- Никого однасне слуша, ни мене, ни сестра И. A за Раде и да не зборуваме. Со затворени очи го пречекува, со затворени го ис- праќа. А тој не може итака да издржи да ја гледа колку е болна. Са- мо плаче. - Стефка едвај ги додржа солзите.

- Колкуможете гледајте да не плачете пред Раде. A и помал- ку да доаѓа B болница. Од еден, двајца болни да не направиме. И не-му сосем му е кревко здравјето. Многу често спомнуваат неговите шефови. Се грижат дека наскоро не ќе може да ја вршитаа работа.

Најмногу се плашат поради пиштолот што му е в џеб. Да не напра-ви нешто непромислено. А и не би можеле да му го одземат. Мора итно даго преместам на друга работа, -зборуваше Слободан.

— Како излегоа толку преосетливи, селски деца... Дали Bo градов многу се изнежнија или не беа подготвени за животот BO не-го, -проговори со тивок глас Стефка.

- Лоши времиња дојдоа. Кој можеше ова сето да Го замисли или да го предвиди. Русите да не остават на цедило. Народот, некои луѓе од народот, е вакви како Милана, се залетаа - држава со глава ќе рушат. После - не останала главата. Кај ти била на време да мис-mui? Зошто ти е дадена? Која власт најжестоко He се пресметува со тие што ќе застанат против неа... А девојчево наше се заплетка-ло TOKMY со него, со еден отпадник. Што може од него да очекува?!

Тој и да оздрави, готово е со него. И зошто му е тој живот поната-му?! Јажето постојано ќе му биде околу гуша... Ја жалам, многу ја жалам Душица, - зборуваше Слободан.

Чичкото замолче. Молчеа и тие.

ДОЖИВОТНА ЈАМКА 161 Мајката одлета со мислите неколку години наназад. На вр-вот на јазикот и дојде да му каже на Слободан дека брат му Јован пред умирачка зборуваше поинаку. Дека Тито и тие околу Hero ro изневериле Советскиот Сојузи Болшевичката партија, Kako и сите земји што биле со него. Дека само ние сме испаднале црна овца. Но, се сети дека браќата секогаш избегнуваа да зборуваат за политика пред неа и си помолче. Не е нејзино да зборува за тие работи. Сега умот и беше кај ќерката. Што ќе стане со неа?

- Најмногу згрешишто ro зеде дома болен. И таа се доразбо- ле, -го слушна да зборува Слободан. - Јасоткако разбрав дека така постапила, иако користејќи го моето име, не направив проблем, за да не ме замрази. Утре да не мисли дека ја спречив да си го земе По-блиску до неа, да го лечи и да го излечи, - како што веруваше таа.

Но, ете што се случи. Токму тоа и го предвидов, тоа што се случи.

Но, мислев дека кога ќе го види од поблиску, ќе оцени дека мора да се откаже од него. Ако самиот не побегнеше, ќе мораше таа да ба-рада говратив болница.

- Макинејзини, брате. Кој може да и влезе водушата? Несре- ќа, голема несреќа не снајде. Неа најмногу. Добро брат ти што си умре порано. Се спаси. Не виде. Многу од лошите работи што дој-доа во државава и кај него во куќава, не ги виде. Мене ми било Ш-шано сето ова да го истргам.

— Да одам, Ke ме мислат домашните, - побрза Слободан.

--Создравје. Ти благодариме, - рекоа двете во еден глас.

- Имамвест за Милан, не е баш најдобра, - се обиде Вера со тивок и поспокоен глас да и каже на Душица, кога влезе кај неа во собата. Таа, колку што можеше, се исправи во креветот и широко ги отвори очите:

— Данепочинал? Живлие?

— Живе! Типакведнашна најлошото! Во болницае.

— Данелажеш?-липаше Душица со сосемизнемоштен глас.

162 Драгица Најческа

- Се колнам за мама - He лажам. Ако сакаш, прашај го чичо.

Тој синоќа ни кажа. Доцна. Ги беше заспана. Не сакав да те будам.

- Да одиш, веднаш да одишкај него. Да видиш kako е. Со свои очи да се увериш и да дојдеш да ми кажеш, - шепотеше Душица ка- KO вотреска.

- Но,чичо рече дека треба да ce причека некое време, да му се подобри здравјето, па потоа да се посети.

Вера, прегрнувајќија, се обидуваше да ja придржи Душица.

- Не, така секогашвикаат докторите. Нема да можам да че- кам. Уште веднаш да одиш, одовде право таму! Не сакам ништо да зборуваш -тргнувај!

Вераја погали по косата, И вети дека ќе го сторитоа, иИпомог-на пак да легне итргна конвратата. Слушна како шепоти сестра и:

- Да му кажеш дека овој пат тој мора да дојде в болница кај мене и да ме земе, како јас тогаш него... Дека го чекам... дека не му се лутам што така си отиде, без поздрав...

Гласот на Душица речиси сосем се изгуби. Вера се стресе и се подврати кон нејзиниот кревет. Изгледаше како да заспала... Дали оваа мала надеж ќе и даде макар малку сила да издржи уште некое време - не знаеше. Речиси со трчање излезе од болницата... Силен плач ja задуши.

хжжкх Вера прва пристигна на гробиштата. Колку беа убаво уреде-ни тие гробишта. Ако воопшто нешто може да биде убаво во овој невесел крај од огромниот град. Тука се преселуваа еден по еден лу- ѓето...

Наближуваше полека догробот на сестра и Душица. Вера го чувствуваше истиот болен грчво градите како тогашкогаја Погре- баа. Како оттогаш да не беа поминале цели три години. Се беа до- говориле со братот да дојдат и да го закитат гробот со цвеќиња.

ДОЖИВОТНА ЈАМКА 163 Сестра, Душица, немаше никого. Ни сопруг, ни деца.

Кога Вера наближа сосем до алејата, нешто И се засени меѓу гранките на разлистените дрвја. Си помисли - ја згрешила патека-та... Висок споменик на жена од бел мермер се исправи пред неа. Во бел невестински фустан, со невестинско венче на главата... Сигур-но починала некоја невеста, што ја погребале веднаш до Душица...

И додека тоа го мислеше, полека се приближуваше до гробот на својата сестра и го читаше напишаното на статуата: „Ја уби ЗЛОТО во човечките срца“! Воликот Ha надгробната статуа во човечка го-лемина, во мигот го препозна ликот и фигурата на својата сестра.

Тоа беше Душица! Душица како жива, со скриената насмевка во очите, во лицето. Насмевка низ солзи... Вера се сруши врз сестри-ниот гроб. Ја гушкаше сестрата од мермер ина гласплачеше:

.. Ова никој друг не би можел да го направи освен Милан. 30-што сега... Зошто Милане... Доцна... Премногу доцна... И во тоа гласно плачење слушна чекори што брзо ce оддалечуваа... Го здо-гледа... Свиткан... Подведен... Отчовечен... И стана жал... Сакаше да му свика... Нешто се спротивстави во неа... Остана со отворена уста, но нема. Беше занемена...

Набргу потоа ги слушна чекорите на братот. Да му излезе во пресрет... Да го поштеди од шокот што го доживеа таа... Не најде сили. Не најде зборови. Слушна како тој одеднаш застана. Недале- ку. Само на неколку чекори. Изгледа брзо сфати. Сигурно ја виде неа, згрчена под споменикот. Го гледаше како стои како одземен, вчудовиден. Полека, сосем бавно се приближуваше. Силен бес му се покажа во изразот на очите. Болен грч на лицето. Вера во први-от момент си помисли дека нема ни датргне кон споменикот. Голку долго остана таму каде што запре.

— Koro ro прашал... Кој му дал согласност?! Тој не смее да се приближи до нејзиниот гроб... А камоли... Сака да си ја смири со- веста...

Бесот го задуши. Вера не прозборе ништо. Што можеше да

164 Драгица Најческа се каже... Само повеќе ќе го разлутеше.

Ги оставија цвеќињата покрај белите ружи, што секако ги бе- ше донел тој...

Bo колата ништо не зборуваа. Се до дома. Вера не се осмелу-ваше ни да си поплаче, иако се во неа, во нејзината душа, плачеше.

Дојдоа дома. Вера се колебаше дали веднаш да И каже на мај-каиза споменикот. Подобро не сега. И без Toa никогаш сама He оди на гробиштата. Но, мајка и уште од врата забележа дека нешто се случило... Посебно кога погледна во синот.

- Имаше луѓе нагробишта? - праша.

- Многумалку... Ретко, - Вера зборуваше полека.

- Се мислев дали да правиме помен... Да викнеме луѓе... Не- што не ми даваше... Дури и не најдов, не собрав сили да дојдам со Bac... Сиго лажам умот дека не е таму... Се е попусто...

Вера знаеше дека мајка И сака да праша уште нешто... По u3-разот на нејзиното лице знаеше што е тоа... Дали тој, дали Милан беше таму, или дали имаше донесено барем цвеќиња. Но, не рече ништо. Можеби во тоа неизречено прашање имаше желба - тој, иако Душица не е жива, и натаму да не ја заборава, да ја сака... Беа слушнале дека излегол од болница идека пак подработува во иста-та продавница. Вера знаеше дека мајка и не го мрази Милан. Дека го сожалува.

- За се што се случи меѓу Душица и Милан, - не ретко збору- ваше мајка И, -- виновни се други луѓе... И тие некои лоши времиња.

Поради ваквото нејзино размислување, Вера веруваше дека на Стефка ќе и биде мило за споменикот. Таа нема да смета дека Милан тоа не требало да го направи. Кутриот, како собрал толку многу пари! - си мислеше Вера. Можеби некој од неговите колеги вајари не му зел за тоа пари, од жал за состојбата во која се наоѓа...

Или, My ro има направено некој од голооточаните...

Таа, нивната мајка, иако оптоварена со некаква, само нејзи- ДОЖИВОТНА ЈАМКА 165 на, мајчинска неповторлива болка, ни во еден момент не сакаше да го обвини човекот кој поради сплет на околностите се раздели од нејзината ќерка.

...Кој тука ќе навлезе толку длабоко во немилите настани BO државава пред неколку години? Како да сфати чија беше вината — на тие што го затворија Милана во тие судбоносни моменти во не-говиот живот и животот на Душица... Или можеби негова? Негова

- само поради тоа што, за тие настани што тогаш се случуваа, за расправиите меѓу највисоките раководители на нашата држава и другите социјалистички држави - не мислел така како што го при-силувало да мисли раководството на Партијата. Така едноставно си објаснуваше мајката, за да и биде некако полесно.

Додека Вера се колебаше дали да и каже на мајка сиза ClIOMe-никот, Раде излезе од собата игрубо рече:

— Несудениот зет дури и споменик И направил на ќерка ти!

Таков што го нема на целите гробишта! Ја усреќи на живот, па еве да и ce оддолжи ина оној свет! Hu да праша некого, ни да каже!

Мајка им стоеше како вчудовидена. Најпрвин си помисли де-ка нешто се случува со Раде. Вера сфати дека Стефка не знае дали да верува на неговите зборови, па и рече:

-- Навистина ce изненадивме... Некако чудно нидојде! Споме-никот не да не чини, убаве, ама ете...

- Штозборувате... Како можел"... И создравјето не ево ред, a исо пари... како собрал?... Кутриот...--шепотеше мајката.

- Кутриот! Уште го жалаш! Кутрата таа, што лежи вземи! - викаше Раде.

- Зарем нему му е арно, туку арно да не видат тие што ГО зе- доа на душа, па со него и сестра Ти...

Сите тројца подолго молчеа. Мајката сепак се реши прва да проговори:

— Аконаправил, синко, за спомен, не го направил со лоша на- мера, од жал го сторил тоа. Вие барем знаете колку се сакаа. -

166 Драгица Најческа Стефка одвај ги дорече последните зборови и на глас силно запла- ка.

- Ајде, Веро, стави кафе, --рече Раде за да ја прекине таа мач- нина идаги ублажи своите обвинувања.

По кафето, се разотидоа.

Да имаше некој да ја однесе Стефка, веднаш би тргнала на гробишта за да го види споменикот. Но, не им го кажа тоа на деца- та.

хжжкх Само по неколку дена, некој ja беше нашол почината, со раце загрнати околу мермерното тело на нејзината ќерка. Можеби Ми-лан, бидејќи кажуваа луѓето дека многу често го гледале околу гробот на Душица... со бели ружи BO рацете...

БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА е родена во Прилеп, на 26 март 1933 година. Средното об-разование и Правниот факултет ги завршува во Скопје. Во периодот од 1959 до 1969 годи-на работи како асистент на Економскиот фа-култет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа - како новинар.

Драгица Најческа почнува да се зани-мава со писателска работа уште како ученич-ка, објавувајќи раскази за деца и возрасни во сите најпознати македонски и југословенски списанија и весници. Нејзиниот прв расказ е отпечатен во списанието “Иднина“ во 1950 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1969 година.

Првиот роман, Пеперуѓга co нашопени крилја, рецензиран и пред-ложен за печат од Блаже Конески, го објави во 1969 година. Во 1979 го-дина беше издаден нејзиниот втор роман Друга мајка, роман за деца и младинци, рецензиран од Петар Ширилов. Истата година беше објавена и збирката Раскази, рецензирана од Томе Саздов.

Драгица Најческа се претстави пред читателската публика со поезија во 1988 година, со збирката Неспокој, рецензирана од Михаил Ренџов. Романот Крсшопаши, рецензиран од д-р Елена Колева, автор- ката го објави во 1996 година. Во 1997 година излезе од печат нејзината прва збирка раскази за деца За глувчешо, мачкише, за мечкише, рипчи-њаца, зајачињаша, лисичињајда и... дечиња!ца, рецензирана од Михо Атанасовски и Славка Манева.

Романот Омраза - длабоко, потпишан од рецензентите Георги Сталев и Димитар Бошков, беше објавен во 1998 година.

СТР - Каталогизација во публикација Народна и универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски“, Скопје

821.163.3-31 НАЈЧЕСКА, Драгица Доживотна јамка : роман / Драгица Најческа. --Скопје : Нова наша книга, 2004. -- 168 стр. ; 20 см Белешка за авторот : стр. 167 ISBN 9989-112-03-7 COBISS.MK-ID 57787914