Глава 4 - Тага, љубов и војна
Глава 4 - Тага, љубов и војна
1.
Најпосле, ете го тој час. Налегнати сме на многуслојниот папрат, а во огништето дотлеаните цепеници одвај од нив се јарчи едно пламенче. Рула влезе нечујно и кацна над оголениот буков трупец и со долга прачка не пробудува, не буди од длабокиот сон.
Прв пат по неколку месеци ја видов во земјанката и, кога се расонив добро, што да видам: задницата и беше цврста како тапан, а телото извишено како руска бериоза -Ви дојдов на гости, еј диви момчиња!
Во нејзините очи болскаа жарчињата и лесното пламенче што и ги истакнуваше контурите на симпатичното лице.
Што и да беше вистинито, од нејзиното доаѓање во нашата земјанка, од лесното прекрстување на нејзините нозе, од таинственоста на нејзиното лице, можеше да се почувствува огромната напластена тага.
-Еј, генералката дошла да не види, - рече Спирос кој, пред да се омажи Рула, најмногу и се додворуваше, ама сите знаевме дека таа го одбиваше со зборовите:
-А море, старо петлиште, и ти посакуваш да ти бидам невеста.
Но сега му се обрати со видлива иронија:
-Изгледа по навика, стариот петел прв пропејува. И сите гракнавме да се смееме, па дури ни се придружија и уште недобро расонетите.
Спирос остана со зината уста.
Тој рече со бележита лутина:
-Знаеш што рекол Платон: “љубовта е машавина од мед и отров:
понекогаш е слатка, а најчесто отров”. Ти да не го изеде медот попрва од генералот, па им се врати.
Рула му одговори:
-Знаеш ли кој ми беше маж?
Претпоставувам. Некој како мене што го одминала љубовта…
-Не, туку треба да знаеш дека љубовта е како жолтица; сите треба да ја поминат, но тој ја поминал во гимназиските години. Тој сега е чуден: другите не можат да дојдат до збор, зашто само тој зборува, сака да се шегува и да ги наградува само лојалните. Кај потчинетите бара признание дури и на емотивен план. Ако не го прифатите неговиот стил, може да бидете ставени настрана или да се откажете од зависноста. Јас се откажав, затоа што сум храбра.
Спирос беше пргав човек на триесетина и некоја година и тукушто имаше завршено курс по марксизам и беше на листата за назначување на политкомери. Имаше дозволи од највисоките партиски инстанции за работа на доверливи работи, но сега секој го одминуваше во разговорот. Имаше кафеава коса, долгнавесто лице со еднонеделна млада брада. Носеше вреќести панталони со каки боја и блуза од англиско потекло. Во големиот џеб имаше пакетче со преврски и лекови. На ременот од панталоните имаше закачено рачна бомба “милс", а знаеше дека тоа го прави како одан и верен војник на маркосовите партизани.
Спирос, како што го дал Господ брз во мислата, гледа и нестрпливо, промрмори:
-Затоа го напушти? Знам дека мажот не се менува преку ноќ. Тебе некако ти успеа дури да го промениш и својот изглед.
Рула му одговори без лутина:
-Се прашувам дали има некој што е доволно луд да го каже тоа што навистина го мисли. Понекогаш мислам дека цивилизацијата, каква што ја познаваме, ќе се распадне доколку сите бидеме сосем искрени.
Но со него има што да се научи поради долгогодишното искуство.
Народот вели “За да има човек нова визија за иднината, веројатно е неопходно да има вистинска слика и за минатото".
Спирос и дофрли иронично:
-Какво искуство, кога велиш дека со тебе му е прв брак? Ако навистина му е прв брак, кој е најдобриот совет што си го добила од него?
Рула го погледна напреку:
-Има многу работи. Треба е да сте свесни за положбата и ситуацијата. Тоа ми послужи да го искористам за мојата кариера. На пример: ти Спирос, стари петелу, што би и дал на една жена - борец на ДАТ ?... He дај Боже, да не и дадеш жешка њубов!
Сега, во оваа смртоносна војна ти текна за жена. Ти многу работи не сфаќаш. За среќа мажот треба толку да го сакаш, а тој треба жената многу да ја сака и да не се обидува да ја разбере. Ти знаеш дека неженетите мажи живеат пократко од жените, ама затоа женетите имаат помала желба за живот.
Опиши го првото твое њубовно разочарување.
Спирос и одговори:
-ЈБубовта не ме разочарала, туку луѓето. ЈБубената не сум ја нашол, се уште. Жена која треба да ги заборави своите грешки, зашто нема смисла двајцата да паметат исти работи.
Рула се насмевна и рече:
-Најголемата лага што сум ја слушнала досега од старо беќариште. Ти треба еднаш да разбереш дека жената се мажи со надеж дека ќе го промени мажот, ама ако тоа не и успева, тоагаш ќе сфати каков маж има.
Разбери дека е среќен оној што умее да сака! Нели е среќа да бидеш сакан? Но ти во животот си се сакал само себе. Да сакаш друг, тоа е најголема среќа. Ама ти, стар петелу.
Спирос се почувствува предизвикан и и рече:
-Што би направила ако момчето те изневери?
Рула, задоволна од ова што го откри кај Спирос, му одговори:
-Би му се извинила поради својата несовршеност. А тоа можеш и ти да го сториш ако се погледнеш во огледало, но тука, во планината, такво удопство немаме. Останува само да се помириме; какви сме такви сме.
-Како знае генералот дека си вљубена во него?
-Се ми оди од рака.
Спирос, иако знаеше дека претерува, сепак ја праша:
-Тој ти го подари револверот? И овој период во животот ти е најубав? Си станала пиштолџија!
И сега одеднаш беше исполнет со страшна љубомора кон генералот и рече:
-Бакни ме еднаш, - клекнувајќи и прегрнувајќи ја преку рамото.
Но Рула се истргна и со студен глас му рече:
-Те молам, тргни се!
Рула рече:
-Да, тој ми го подари револверот. Но ми подари и рамка за фотографија. Тоа го стори кога сфати колкави беа мојата страст и емоциите што ги имав спрема него.
Спирос беше изненаден:
-Тоа е многу егоистично од негова страна, нели? Можеби почувствувал некаква несигурност и се исплашил дека ќе го заборавиш или, не дај боже, ќе го оставиш?
Зар не ти се чини дека таквиот подарок е многу самобендисан? А со што може најмногу да те извади од такт? Еден дофрли “дијамантите се најдобар пријател на жените”.
Рула смирено рече:
-Да, со овој подарок сигурно сакал да ме натера да ја ставам неговата фотографија на која беше сликан со генералската униформа во таа рамка и да ја имам постојано меѓу моите најинтимни работи.
Ех мој стари петелу, кога љубовта ја нема, токму во таа рамка останува да се врамат тајните на љубовта, на стравот и надежта.
Со него е мошне пријатно и да се расправа за филозофијата на животот. Има оригинални илузии. Генералот вели:
‘Правилата на животот се необјасниви, но чекорејќи кон комунистичкото општество, сите маки на човекот (на работничката класа) ќе се решат’.
Смета дека: ‘најважната работа е борбата против капитализамот.
Ме сфаќате?’ ќе прашаше тој. ‘Се има на овој свет, и треба да го живееш своето, а не да плачеш затоа што не си свој или немаш ова или она. Затоа што се бориме, веруваме дека еден ден ќе му се радуваме на комунистичкото општество или, ако не ние, тогаш идните генерации.’ Во тоа цврсто верува генералот, - рече Маргарита. Таа беше на нозе – лицето и беше вледо и во ужас. Сега се загледа во нас тргнувајќи накај излезот од земјанката.
Јас, Леонидас и Андонис не отворивме уста. Се сетив на зборовите на Леонидас: “Човек не смее да му создава болка или друг вид страдања на друг човек. Човек не треба да користи насилство, дури ни над растенијата и над кое и да било живо суштество”.
Леонидас лежеше до мене и слушаше. Тој беше воспитан и потекнуваше од попска фамилија, ама и учел на високата школа по теологија. Го имаа мобилизирано и не беше по своја волја дојден тука со нас.
Секогаш ги држеше во тајност деталите од својот приватен живот и велеше: “Не сакам да создавам некаква мистерија околу мојот личен живот, туку едноставно, толку полесно ќе можам да ве убедам дека јас сум против војната”.
Леонидас рече:
-Кога ќе помислам дека Рула го љуби тој импотентен генерал, таа чудна машка креатура, се срамам од неа и од нејзините илузии. Рула во своите оцени е сосем слепа, но веројатно тоа го прави со мисла дека сака да спаси глава додека да помине ова зло…
Таа сака да ја живее војната од својата убавина. Тоа и го доживеа, кога првата ноќ Рула беше заспана во земјанката на генералот, не мислејќи на минатото, со надеж и со слободни мисли. Нејзиниот сон бил лесен и беспокоен, како сон на птица.
Леонидас зачудено ги крена вежите.
Ја вртеше главата и рече:
-Животот во овие најбурни, брутални и најпресудни времиња за една млада девојка, што може да се очекува од вакви идеолошки злосторници над младите луѓе. Тука човек ќе се соочи со минатото, со сегашноста и со иднината. И тие што се снаоѓаат, ништо не сфаќаат. Меѓутоа, ова не е време на сфаќање туку на снаоѓање.
Додека го слушав ова тажно и никако сфатливо филоовско толкување, се прашував во себе:
“Колку патишта мора да изоди човекот пред да му се обрати (каква и да било сила на психата) како на човек?” Од воената и партиската хроника Врз основа на решенијата на Третиот пленум на ЦК од 12-15 септември и на ПБ на ЦК на КПГ од 2. 12. 1947 година, на 23. 12.
1947 година е формирана Привремената демократска влада на Грција (ПДВГ), а се самораспушти на 15 октомври 1949 година.
Седиштето на Владата требаше да биде во грчкиот град Коница во Епир, како што тврдеше генералниот секретар Захаријадис велејќи дека признавањето е обезбедено: “…Ќе го заземеме градот Коница, ќе формираме влада и веројатно ќе не признаат”.
Борбите за освојување на градот се одвиваа од 24 декември 1947 до 4 јануари 1948 година.
Единиците на ДАГ водеа тешки борби, со големи загуби, за да го освојат овој град, но безуспешно. Поради тоа, не се оствари формирањето на влада во овој град. Но формирањето на ПДВГ не изостана, се формира во Преспа, во Асамати (Н.Р. Македонија – Југославија), во зградата на предвоената пристанишна капетанија.
Доаѓањето на членовите на Владата во Преспа го обезбедуваше потполковникот на УДБ Слободан Крстиќ-Учо, Југословен, офицер на ЈНА. Владата првобитно беше составена од осум члена и тоа: за претседател беше поставен Маркос Вафијадис, а за членови: Јанис Јоанидис, Петрос Русос, Милтијадис Порфирогенис, Петрос Кокалис, Василис Барџиотас, Димитриос Вландас и Леонидас Стрингос. Исто така, со декрет се унапредени 25 лица во чин полковници на ДАГ, но ни во владата ни меѓу овие офицери, кои претставуваа военополитички фактор на ДАГ, нема ниту еден Македонец.
ПДВГ (во планина) беше еднопартиска и еднонационална, односно беше составена исклучиво од Грци комунисти. И покрај тоа што повеќе од 50-60% од силите на ДАГ беа Македонци.
Реакции:
Грчката влада побара од САД и од Велика Британија да ги предупредат Советскиот Сојуз и источноевропските земји за последиците од нивното признавање на ПДВГ.
Свесна за последиците од признавањето на ПДВГ, американската влада веднаш реагира. На 30 декември 1947 година интервенира кај источноевропските земји да не ја признаат ПДВГ, предупредувајќи ги дека, ако го сторат тоа, ќе има сериозни последици. Балканската комисија на ООН побара од државите-членки на ООН да не ја признаат ПДВГ.
Utilisez les flèches gauche et droite pour tourner la page.
Imprimé depuis https://macedonianhistory.ca/fr/narrative/jamka/4 le 29 octobre 2026