Canadian Macedonian Heritage Society Canadian Macedonian Heritage Society Devenir membre !

Noose

Глава 20. - По враќањето од Голи Оток По враќањето од Голи Оток; од сибирскиот - Part 02

Par Стојан Кочов · Partie 27 sur 27 · Environ 2 minutes

Lire en English

Всушност, во овој политички роман доминантно место зазема фактографијата, а литературно се анализираат суровоста на војната, најстрашните мигови за некои општи и индувидуални судбини во таа повеќеилјадна армија несреќни млади мобилизирани луѓе кои говорат за најелементарните морални вредности, човечноста, сочувството и хуманоста кон македонското семејство.

Трагедијата на илјадници мобилизирани млади луѓе е потресна, а авторот на ова дело го поставува прашањето. Кој им ја стави јамката на Македонците?

Судбината е парадигма за овие насилно мобилизирани момчиња и девојчиња (деца без детство), принудени да се борат и да прават се што се бара од нив во една герилска војна.

Во романот е направена опширна анализа на злото. Приказните за изгубеното родно место, за горчливата љубов и за вечната потрага по сопствените корени се предадени сликовито, со длабока и искрена авторова тага.

За Авторот Стојан Кочов е роден 1930 година во селото Турје, Леринско. Во годините на Граѓанската војна (1946-1949) е активен учесник во единиците на ДАГ. Од 1950 до 1957 го-дина живее и се школува во СССР, се до своето враќање во Република Македонија во1957 година.

Дипломирал на Бел-градскиот универзитет. Живее во Скопје.

Автор е на делата: Средба (раскази, 1989), Една мртва војска (поезија, 1992), (Само)жртвувањето на македонскиот народ под Грција (критички огледи, 1994), Мртвото лице на војната (поезија, 1996), Ѓорѓи Пејков – македонски воин низ историјата на ДАГ (1945-

1949) (монографија, 1996), Талкачи (роман, 1997), Нова година во земјанките на Грамос (роман, 1998), Казна без вина (роман, 2001), Во пресрет на судбината (раскази, 1998), Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција (критички огледи, 2000), Гревот на потомците (роман), Есеи и литературни толкувања (критички огледи, 2002), Коба (Раскази), Гробарот од Лерин (роман, 2001), Балканска сага (роман, 2004), Билет во еден правец (историски критички огледи, 2004), Големото враќање на талкачите (роман, 2006), Македонците низ пеколот на црвеното губилиште (историски критички огледи, 2007), Воинот и Маргарита (роман, 2008).