News

Macedonian Immigrants  Refugees
МАКЕДОНСКИ ИМИГРАНТИ И БЕГАЛЦИ – Двајца автори, три романи

Дали некогаш сте прочитале роман во кој главниот лик е Македонец? Сме прочитале десетици романи од белетристиката сместени во разни земји, што опишуваат настани од Првата и Втората светска војна, Холокаустот, Француската револуција и слично. Но ретко се случува во англиската белетристика да се појави македонски лик, како во делото на Мајкл Ондаатје (Michael Ondaatje) кога избра Македонец за својот роман „Во кожата на лавот" (In the Skin of the Lion). Кога наидовме на овие три книги напишани од австралиски романсиери, посакавме да ги споделиме со вас. Ќе разговараме со двајцата автори, во онлајн-презентација во која тие ги претставуваат своите книги - „Совршен камен" (A PERFECT STONE) од Силвија Каракалцас, и „Фицрој ро" (FITZROY RAW) и нејзиното продолжение „Магла" (FOG) од Том Петсинис. Зошто ја избраа токму оваа епоха од македонската историја за да пишуваат за неа и зошто токму македонско дете како главен лик во своите приказни? Како нивното истражување влијаеше врз раскажувањето? Дали можеа да се потпрат на некои лични случки? Каде го спроведоа своето истражување, зошто се одлучија за токму овие теми? Дознајте какво било да се биде младо бегалче кое бега за да го спаси животот. Или како се чувствувало да се биде млад имигрант во нова земја, со нови правила, нов јазик, нова околина. Толку многу од нашите баби и дедовци, или родители, исто така ги имале овие искуства. Сите три книги се достапни на Amazon, како и на Thrift Books. Можеби ќе сакате да ги прочитате пред – или откако - ќе го чуете Разговорот.