Анета Георгиевска Шајн, истакнат научник со почести дипломи по хуманистички науки и соработник на Факултетот на Колеџот за уметности и хуманистички науки на Универзитетот во Мериленд ја претстави „Убавината и уметноста во нашите цркви“. Професорката Георгиевска Шајн има импресивно академско потекло, со коавторски книги за Рубенс и бројни статии за северноевропски, италијански и шпански уметници објавени во ценети академски списанија. Нејзината последна публикација „Вермер и уметноста на љубовта“ (2022), наиде на широко признание. На оваа сесија, Професорката Георгиевска-Шајн го сподели своето опширно знаење за македонските иконографи, фокусирајќи се на Димитар Крстев Дичов, надалеку познат како Дичо Зограф. Дичо Зограф, еден од најисклучителните уметници од 19 век на Балканот, е роден во 1819 година во планинското село Тресонче, тогаш дел од Отоманската империја. Тој е познат по својата работа во византиската традиција на иконописот и фрескоживописот и беше клучна фигура во Дебарската сликарска школа. Професорката Георгиевска-Шајн не водеше низ животот на Зограф, неговите придонеси како иконограф и моменталната состојба на некои од неговите најзначајни дела. Овој настан навлезе во приказните зад уметноста што ги краси нашите цркви, откривајќи ја богатата историја и духовност пренесени преку иконите и иконостасите. Ни беше чест и што во публиката го имавме Георги Даневски кој насликал многу наши цркви во Канада. Македонската православна христијанска уметност има и продолжува да има длабоко културно и религиозно значење не само за Македонците, туку и за христијанството ширум светот.
